Мене искрено ми тој пост ми бодеше очи начинот на кој е кажано, инаку, секој има право на мислење, и ти и ние . Повеќе почитувам отворено кажано, отколку вака одоколу, не знам дали ќе го погодам точниот збор, ама ете, да кажеме вака поподмолно ми делува. Јас токму тоа и го напишав, дека ми пречи начинот на кој се кажува, затоа што се е сведено на тоа „Леле колку добар човек сум, да не сум толку добра (како што сум) знаете што се ќе ми пречеше...“. Од некои луѓе може сме подобри (ама не е пристојно сами да кажуваме, секако), а од некои сме само различни. А кога веќе бев прашана, мајка ми одлично си ги менаџираше обврските кога одеше на работа (сега веќе е во пензија) едноставно си имаше ред фатено уште откако сме биле мали, а биле без помош од страна. И таква си е, не сака некој да и се меша во редот (како што вели) и ден денес е убедена дека побрзо сама се ќе сработи отколку со помош од некој. И затоа ја разбирам свекрва ти, веројатно е таков тип на човек и затоа се така работите поставени кај нив.
И моите родители кога бев девојка често ми велеа дека не сум доволно вредна по дома, но ако некој друг искоментира дека сум мрзелива очи му вадеа Така да, полека малку со коментарите кој како што работи или не, оти каква и да е, нивно дете е и лесно можеш да бидеш погрешно сфатена. Нешто во стил-мое братче си е и само јас смеам да си го тепам
Мене не само мама, туку и баба ми викаше да си лежам по дома, ништо да не работам Ќе сум се омажела, запустила, и после цел живот ќе сум работела. Кај мајка ми барем да сум си поседела За право јас бев студент кој мораше да патува, па многу време измеѓу предавања, патиштата и учење не остануваше. А и баба не ме даваше, ме чуваше женичката Е после кога ми дојде на панак си се научив се сама. Си гуглав по рецепти и упатства што како се прави, совети по скајп...а за чистење и триење со крпата не треба филозофија. Кој како си го изградил односот со родителот така ќе си тера. За некој кој доаѓа од семејство со сосема поинаков начин на водење на домаќинството некои работи се може нелогични, но доброто за едните не секогаш е добро и за другите.
Ако веќе напаѓате дека некој е неискрен и пишува само за лајкови (ово као имам 15 години и тоа ми го исполнува животот ) барем прочитај поубаво и неизвртувај зборови. Каде сум напишала дека јас сум ја научила како да му испржи јајца на мажот и (братот)? И ако имаш став ете пиши си го на соодветната тема а не да напаѓаш како сите се неискрени итн. Јас немав никаква намера да ја нападнам Ангел, само сакав да и укажам дека сите поинаку сме воспитани и да не очекува од золвата да се однесува како да е сама како таа што била, да биде потолератна и да не дозволува работи кои и не ја засегаат да ја нервираат.
Епа има една разлика Лајонес, јас на мојата золва се што ми смета и кажувам, онака како што сметам дека треба нормално. Не велам сирота свекрва ми како ја трпи, дете и е, што да прави ако на свое дете не му удоволи, мене ми е мака што за да не осетам јас дека золва ми не работи ништо она се претргнува, претерува со работа, со готвење и спремање по сите, само за јас да не фатам нешто, да не осетам. Очигледно се работи за различно воспитание, различен начин на растење, додека мајка ми се трудела да ме вклучи во сите домашни активности, од ајвар до кречење свекрва ми се трудела да сработи се сама, да не осетат дома, да не ги вознемири. И пак ќе речам, не ми смета, ако ми сметаше досега ќе си кажев затоа што како што реков не зима од моја уста, мене не ме тангира нејзината нечиста соба, нејзината незаинтересираност за кујна или домашни обврски, додека тоа со мене нема никаква врска не ми смета. Муабетот ми беше друг уште од првиот пост, дека золвите не се овде да ни бидат противници, дека не се овде да ни претставуваат пречка, со нив не делиме ништо, делиме со оние за кои сме се одлучиле животот да го поминеме, а золви и свекрви се нешто неизбежно, ако сме сакале да ги немаме требало да се омажиме за некого без фамилија, а јас напротив се радувам на неговата фамилија, тоа што сите се нормални луѓе без комплекси кои се трудат да ни го олеснат животот а не да ни го отежнат. Јас во неговата мајка и сестра видов пријателки, така се поставив од почеток, на крајот на краиштата јас не се мажам за нив, за него се мажам, он е тој кој е битен И не, не е ова за да речам јас сум добра личност и затоа не ми смета ама да бев лоша ќе ми сметаше и ќе се карав за се, сакав да ви укажам дека не треба да ги напаѓаме секогаш, туку да ги прифатиме Се разбира Битер, јас тебе те разбрав одлично, Лајонес ме нападна и на нејзе и одговорив
Ако во сестра му си видела пријателка,тогаш би требало да знаеш дека пријателките не се оговараат по форуми..или пак ,дај и нека прочита што си напишала,па ке видиш колку пријателски ке прифати се ..ке се изненадиш..
Девојче ај уживај малку, што си се закачила за мене. И да, золва ми знае што мислам за неа, фала богу и јас знам што мисли за мене, тоа не прави пријателки. А јас не се жалев, сакав само да ви укажам дека и покрај се постои место за компромис, ама нели кај нас мора се да биде црно или бело, нема место за боја па нема ни место да си кажеш искрено што си мислиш. Мислам стварно сте невозможни
За коментари а не за напад без да бидеш воопшто тангиран, има разлика Дентина, има разлика. И престанете да мешате баби и жаби, гледам и во една друга тема ме спомнувате. На форумов не пишувам многу проблеми ама за едниствените два проблеми за кои напишав правите фама ко да сум ги фатила за гуша. Ајде не ја полнете темата со Офтопици.
Изгледа некого не го научиле дека вистинските пријатели се искрени меѓу себе и си ја кажуваат вистината искрено во лице, без оговарање позади грб и слични работи. Ангел убаво си кажа дека си има ваков однос со золвата и дека и` има кажано свое мислење. Плус, никогаш не си го криела ликот, уште од старт се откри која е на форумова, така да сигурна сум дека не би пишувала овде нешто што може подоцна да и` се врати како бумеранг, нели И не знам што толку деновиве на овие теми се нафрливте на Ангел и на Битерсвит..мислам побогу, некој да не каже нешто убаво, веднаш напади, скриени агенди, фројдовски или „нетизнам“ какви комплекси, ги направивте „круели де вил“ со ножеви у раци како едвај чекаат да им се завртат золвите/свекрвите за да ги прободат Искрено, олабавете малку, човек ништо да не каже, ни да напише, како што тргнало и да не помисли
Мене ме напнавте побогу, а воопшто не се работи за мене... Што сте се запнале бе ко слепци за стап??? Дентина, ај прочитај таквите како тебе со истото понашање како завршуваат тука? Ова е огромен форум, и тука со гоини се дискутираат мирно темите, и се дебатира мирно. Има 'рчки од време на време, ама многу по мирно се решавало. На што личи ова, од сите, ова не е разлика во мислења и ставови, туку буквално напаѓање, па никој не се зачленил тука за да го ругате! Сваќам спротивно мислење, ама буцкање не. Не е фер воопшто, темава сега полна офтопици, и сите лути и напнати. И се тоа е беспотребно!
Види вака, да не се разбереме погрешно. Јас генерализирав. Не се работеше исклучиво за тој твој пост, ниту исклучиво за тебе или Ангел. Никако немав намера лично да ве нападнам (побогу, јас не ве ни познавам лично). Се работи за многу различни постови, од многу различни членови, на многу различни теми кои ги читам (а категоријата Семејство ја читам почесто). Затоа и не напишав овде на оваа тема, бидејќи ќе бев off, како што е сега и ова мислење, кое најверојатно ќе биде избришано, но ете се чувствувам повикана да објаснам. Муабетот ми беше дека навистина и ти во тој пост и во овој од една друга тема: наведуваш, индиректно, дека снаата не ја бивало баш на почеток, и дека ти си ги терала домаќинските работи додека таа се поднаучи. Уште еднаш да си кажам: муабетот беше, и сеуште е, за сите оние постови (вклучувајќи го и тој твој пост и тој на Ангел, и на многу други кои ќе се пронајдат) кои се замотани во украсна хартија. Не се директни, туку се убаво спакувани и затоа делуваат неискрено. Па кој како ќе си сфати. Јас не велам дека лажеш, далеку од тоа. Но ти лично имаш наведено дека си готвела и чистела за сите (меѓу кои и снаата и внукот), снаата на почетокот не знаела јајце да испржи, и кога си мислела дека снаата е доволно спремна да си ги превземе обврските во бракот - ти си се иселила. И како да се сфати сето тоа? Не извртувам јас ништо. Ти не беше директна и остави простор секој како сака да си донесува заклучок. Мојот заклучок е дека ти сакаш да кажеш дека си ја научила снаата да биде домаќинка. Можеби ти не сакаше баш тоа да го кажеш, но остави простор јас и другите читатели сами да донесеме заклучок. Не е ова личен напад, затоа не го напишав тој пост овде, и затоа никого не именував. Имено, како член те почитувам и се согласувам со многу од твоите постови, но не со сите. Сметам дека имам право да си го кажам своето мислење, без разлика дали некој ќе се согласи со мене или не. Исто така и ти имаш право да си кажеш свое мислење. Нема причина за лични напаѓања. Доколку навредив некого, јавно се извинувам. Но стојам на мислењето дека постовите треба да бидат што поискрени и што по директни. Овде сме анонимни и нема фајде од преправање. Сум пишувала и јас свои мислења и сум добивала многу одговори од кои навистина нешто научив. Да бидам искрена многу ми е полесно овде некој непознат да ми ја плесне вистината в очи, отколку да се доверам на некој кој ме познава и ќе му биде незгодно да ми го каже своето мислење во случај да е спротивно на моето.
^ Како мислиш миднајт постовите да бидат поискрени и подиректни? Наместо "мојата золва/снаа не е баш спретна во домаќинските работи" треба да кажеме "глупава една, за ништо не ја бива?" Директно или индиректно кој што сакал си кажал, а и сама знаеш дека ние сме си паметни и се си сфаќаме како што треба, знаеме ние да читаме и директно и индиректно
Не знам зошто сите толку лично го сфакаат тоа домакинисување од типот на перење,пеглање,чистење,миење садови и сл. Како што кажаа секој е различно воспитуван, секој различно по дома ги обавувал тие работи. Ако некој е навикнат секој ден да усисава, некој на 3 дена усисава дома и тоа не го праи помалку домакин од другиот. Неможам да кажам дека сум кој знае колкава домакинка бидејки ете јас навистина НЕ знам да готвам освен макарони и јајца,моите никогаш не ме замарале и не ме терале ручеци да правам а и мене лично готвењето никогаш не ми било предизвик и сатисфакција.Не сум сакала да се докажувам во кујна и да се правам домачица со престилка умотана околу мене. Јас сум повеке дома ,мајка ми и татко ми одат на работа.Секогаш кога ке се вратат од работа кујната е средена, садовите се ставени/извадени од машина, алиштата спрострени/собрани од жица ,дневната средена ако некој вечерта лежел или утрото моите пиеле кафе па шољите ги оставиле на маса. И не никогаш не ми било тешко да го направам тоа и никогаш не сум се пукала у гради како ја по дома средувам и сум јаката домакинка. Болјер пазам коа пуштам гледам да е ефтина струја ,но ако хитно ми треба да се избањам затоа што планирам да излезам а нема топла вода,тогаш и во скапа струја знам на саат време да го пуштам додека се згрее вода колку толку. Ако некој уште од 15 год научил да готви и ручеци да прави ,топ браво за него но тоа не значи дека треба да соли памет како тој е подомакин од сите останати со кои што живее. За едно домакинство да биде функционално побитно е да има мир и слога,отколку секојдневна дебата за тоа кој денес напраил ручек или кој избришал прашина. Мислам дека безпотребно од мува слон се праи во вакви случаеви.Ко да е толку врвка работата за една манџа па да мора секој да се докажува на тоа поле. Кога веке судбината наложила да живеете во заедница со 5 души глејте да се слагате со нив и да си имате мирен и спокоен однос,отколку да се натпреварувате кој подобро пржи јајца на око и кој подобро брише прашина.
Ах бе миднајт, не можеш да натераш некого искрено и директно да пишува, тоа е едноставно во карактерот на човекот. Не сме ние УСА, па нема да се познаеме или дознаеме, мада и тоа не е потребно, зошто искрено, мене не ми е гајле дали ти, таа, онаа, навистина живее така по дома. Ако побараш искрен совет - ќе ти го дадам (ако имам искуство и знаење и нешто паметно да кажам) и тоа е тоа. На крај сите се враќаме на нашите реални животи, чуму фајде од глорифицирање тука кога тоа (за жал) не може да смени ништо во правиот свет? Без многу анализирање, членките на овој или оној начин после некое време се покажуваат во правото светло, остануваат само минутите што сме ги потрошиле во читање и пишување постови, што од друга страна и не е фрлено време, зошто може сме помогнале на некоја напатена душа која само чита, а не коментира.
Јас па ви се чудам зошто муабетите од типот "не знае да готви и сл" ги сфаќате како навреда. Мислам... секој си е различен нели, на некого да биде добра домаќинка му е врв во животот, ама мене ете помили ми се тие што си се мрзички, ама имаат троа во главата. Бидејќи, секој кога ќе го натера нуждата сакал, нејќел ќе стане домаќин, ама памет одеднаш не се добива, или го имаш или го немаш. И јас порано кај мајка ми си бев мрза невидена (со ретки моменти на домаќинлук) па ете ме сега со сопствено домаќинство и ништо не ми фали колку што гледам. А и не се потресувам многу ако не ми е се тип-топ исчистено и средено. Не го сфаќам тој дел од животот како многу битен
Знаете што е најголем проблем, што јас воопшто немав во план да се жалам од золвата, само сакав да дадам пример дека може да се живее убаво и доколку не е се перфектно, доколку вагата повеќе тежи на некоја страна или доколку има и некакви нееднаквости како што ги наведов, золва ми не е по домаќинлукот ама затоа е невиден другар, милина од карактер и од мерак си кажувам дека си ја сакам со сите маани и доблести. И ко што кажа некоја, од мува се направи слон, па почнаа да се спомнуваат проблемите и во други теми, да се напаѓа, да се полни со Офтопици темава. Се сметам за одговорна за оваа дискусија и затоа одговарам да се разбереме. Заради оваа случка побарав дури и профилот да ми биде избришан, дотолку сум изреволтирана што бев нападната без воопшто да ме разбере некој
Најопшт можен осврт кон темава начната тука, со свој пример, не сакам да бидам сфатена дека напаѓам некого. Не сакам да бидам сфатена дека напаѓам некого, но мора да го потенцирам ова. Значи не само мајка ми, откако живееме одделени со мм и свекрва ми така ми вика, не ми дава да направам повеќе од едно кафе (било таа да е кај нас, било ние да сме кај нив). Мајка ми со следниот изговор: „Девојче на мајка си еднаш, жена и домаќинка-откако ќе го ставиш прстенот, цел живот.“ Свекрва ми па: „Сега сте одделени. Учеше и работеше и мене по дома ми помагаше. Сега сте сами, син ми работи, цела мака е на тебе додека е на работа, после си доаѓа изморен. Треба викенд да чекаш за некој да ти свари едно кафе како фала за тоа што ја држиш куќата во живот. Седи си.“ Начин на воспитување едноставно. И јас не се бунам. На толкав труд, сум заслужила и повремено да ме тинтри некој. Кога би се нашол некој да ми спушти за тоа, би му кажала убаво. Снаа ми од тој аспект не е во состојба ни да писне затоа што е бетер од мене. А ни золва ми, што си вика жени да и` чуваат деца и да и` чистат иако е невработена моментално и цел ден си седи дома. И јас не смеам да им се мешам во тоа ни на една од нив. Зошто да им се мешам? Што прават лошо? Нивен живот, нивни сфаќања. Јас сум таа која се чувствува исполнето кога ќе ја светнам куќата и ќе направам убаво јадење, а и никој не смее да ми пререче за тоа што во моментот се погодило да не носам пари дома. И тогаш и сега, резултатот е тој кој ми бил побитен. А резултатот бил на пример, средена соба. Како-така, сум ја средила. Дали почесто по малку, или во еден ден сум и` се нафрлила додека не ја светнам не смее да биде ничија освен моја работа. Нема тука добри и лоши, правилно и погрешно. Начин на сфаќање, приоритети, табиети, воспитување. Секое од овие му дало свој зачин на производот.