Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Ангел еве јас лично ти ја сфакам поентата дека не сакаше да се жалиш од золвата,но ја претстави во малце лошо светло.Не со директен напад дека таа е ваква таква или онаква,туку суптилно како тебе не ти пречи тоа што она ништо не фака по дома ,но од друга страна како може да биде таква мајка и се да работи а она да си уживка по цели денови. Едноставно жената така си ја научила.Керка и е, си ја мази си ја гали нејке да ја оптеретува. Верувај утре на твојата золва коа ке и дојде јајцето под гз ке биде поголема домакинка и од тебе и од мајка и.ПОише ке чисти,поише ке готви и коа ке дојде она да ги плака сметките за струја и тек како ке пази коа пушта болјер дали у ефтина или у скапа струја.

    Затоа викам се е субјективно и нема потреба да се праи голема работа.Сите сме приказна за себе.Крај краева ако на некој не му смета да седи на маса со 5 прста прашина на нејзе, што има па мене да ми смета и да кажувам дали е тоа во ред или не. :)
     
    На Li0ness, midnight.flower и tessie им се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Значи махери сте за испревртување и вадење од контекст на маубети. Човек да не може да си напише мислење, само се чека како гладни хиени од страна да се деси нешто и одма нафрлување и полнење на сите теми. Не може сите да пишуваат и размислуваат како вие што сакате, а ако не сте разбрале добро како во случајов дали е директно или индиректно напишано, не мора да коментирате. Или мора секаде да ве има. |( Ангел и Битерсвит или било кој, не мора ништо да ви објаснуваат и докажуваат на вас експертите за секоја тема. Си знаат они како им е дома. Немате попаметна работа па ќе буцкате и се јавувате само кога некаде е жустро. Општо зборам, не се однесува на никого конкретно.
     
    На bittersweet и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Имиња колега, имиња!
     
    На danichap, ph.orhideja, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Леле, само да не сум јас, само да не сум јас :worried: :worried:
     
    На Srekicka, kravce и tessie им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    22.174
    Пол:
    Женски
    Како викаат Србите: „Шта се мора није тешко.“ :D
    Ееее ... зортот како што знае да те натера, ништо друго. :lol: Исто важи пример и на факултет кога сме спремале испити и сме си викале „Како го немав барем една недела истиот ентузијазам и мотивираност да научам како денот пред испит.“

    Главниот момент е тоа што истото тоа Ангел што и` го кажала на золвата, ни` го кажува и нам, само мислам дека ние (со чесни исклучоци), далеку потрагично сме го сфатиле од самата золва. :D

    A и пишан јазик е во прашање, сите различно се разбираме. Можеби некој го сфатил како напад, некој како отпор кон золвата па имаше вакви бурни реакции. Искрено на место на золвата на Ангел, би ми било помило таа да ми каже во лице како што и направила, па јас да и` одговорам исто со мое мислење (за кое доколку не користам навреди или сум безобразна, нема право да се лути) и да расчистиме ко луѓе без кавги, отколку да се чудам и живцирам зошто вака или онака ме гледа и да се ствара тензична атмосфера без потреба. Во животот има многу посериозни проблеми, ако се тресеме вака на секое, ехее...

    А ако почнеш ти да и` помагаш на свекрва ти (ако и` помагаш, се извинувам погрешно сум разбрала), тогаш и на золва ти можно е да и` стане незгодно, па и таа да почне да се менува. Од пусти срам, не од друго.

    Тука се имаат напаѓано снаи и золви за многу поголеми ситници од оваа, за баналности од типот на „зошто ни` седи дома, зошто не се мажи? / зошто толку пари од платата троши на ова или она“ :^) и сл. Од постот на Ангел кој посочи дека иако се различни луѓето може и треба да се почитуваат меѓу себе, треба да се засрамат претходно споменативе.
     
    На Glasna и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ангел, нема потреба да си заминуваш од форумот, сепак мора да си свесна дека на отворен форум, со секое постирање ќе наидеш на секакви одговори. Ти, како и сите други кои сте си го откриле идентитетот, треба да сте и далеку повнимателни што пишувате, посебно на вака чувствителни теми, како семејни односи, бидејќи верувај дека и до маж ти да дојде дел од коментарите за црпката на сестра му, ќе си имаш реален проблем.

    Немам чувство дека си малициозна личност, сериозно. Само не треба да ги премеруваш луѓето според твојот живот и твоите постигнувања и начела, едноставно не е во ред, ако си ти повешта во домаќински работи или си се намачила да обезбедуваш самостојно средства, ако имаш повеќе образование или не знам веќе што, оние кои не знаат да направат манџа или немаат ни ден работен стаж, сепак не се за греота, ни инфериорни. Посебно не за нивните родители. Само постави се во ситуација како би и‘ било на било која мајка да слушне таков коментар за своето дете, размисли добро.

    И да ти се погодеше некоја бич карактер, може и ти поинаку ќе ја претставеше тука, ама ај :D ...

    И не ве разбирам искрено со глорификацијава на домаќинскиве вештини некои, демек ракување со правосмукалка или машина за перење е еднакво на работа во нуклеарна централа, или па не ќе научи некоја да припрема храна, бидејќи и тоа една активност само на малкумина посебни достапна за совладување...

    Некои жени ќе си го поминат животот лагодно, на туѓ грб цело време, некои ќе се променат откако ќе се осамостојат, трети ќе си бидат како волкот оној дебелиот во вратот и се‘ ќе биде на нивни грб, во која група и да припаѓате сте си одбрале, или пак и не баш, бидејќи некогаш и се мора да се прилагодиш, ама нема начин да ги менуваш според себе луѓето со кои си влегол во семејни врски. Нема ни оправданост, ни пак има смисла да им судиш. Или ги прифаќаш, или си градиш некој ,,се почитуваме ама оддалеку,, однос :D , толку е едноставно.
     
    На thelittle17, Vetruska, Espadrila и 17 други им се допаѓа ова.
  7. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Пред некој ден золвата се породи,но поради тоа што сме замерени не и честитав одма после некој ден и пратив една порака ај да не бидам пак јас лошата дека на крајот се јас сум лошата а не сум.Се уште не сме во брак со дечкоми но пред брек се спремаме,додека не беше мажена многу проблеми правеше се каравме .И сега на крај не можам да излезам со дечкоми,поаѓа без мене кај нејзе да и го видел бебето со мајка му и татко му а она мене не ме сака боопшто,додека не беше мажена не се согласуваја се караја често а откако се омажи се се смени многу се засакаја за чудо...и сега поаѓа кај нејзе со мајка му и татко му а мене мајка му воопшто и не ме покани па макај ра оплакнеше уста ја не дека ќе одам..јас сваќам му е сестра каква таква.....ама да иде некаде без мене а се прае дека многу ме сакал а јас се изедов од нервозе ... или некој да не го сака НЕГО нема ни јас да го сакам па макар и сестра да ми е ...Не знам што да правам преку глава ми е од расправање...ПОМОШ
     
  8. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    ако не знаеш што да правиш прво препрочитај си го постот уште еднаш. Сестра му се породила и ти само за да не излезеш лоша си и пуштила порака како да и е роденден или нешто толку небитно што може и немора веќе да се повтори??? Па се лутиш што брат и отишол со мајка му и татко му да го видат бебето. Мене тоа ми е сосема нормално дека едно семејство треба да биде заедно во такви моменти на радост или ако твоите не се во добри односи со идниот ти сопруг не треба да си го видат внучето??? Стави се на негово место да видиш дека и тебе ќе те боли повеќе за фамилија отколку за дечко или сопруг. А ќе го видиш тоа откако ќе се омажиш исто како што го видела и сестра му. Ако толку ви е сериозна врската и се спремате за брак смени малку тактика, наместо да му се лутиш и да се расправаш прашај го за бебето, за сестра му како се да видиш дека ќе биде среќен. Разговарајте за нив нему тоа му е моментално најбитното нешто што му се случило, посебно ако е прво внуче. Немој да мислиш дека во таков момент некој сака да му стои до него и да му превртува со очи. Па и венчани да сте има право да оди сам било каде а посебно кај сопствената сестра која патем ти не ја поднесуваш. Запрашај се дали и таа би сакала да бидеш таму.
    Имам и јас внуци знам што значи тоа, има и вереникот мој внук и знам колку му значи. Јас никогаш не би се осудила да пробам да го одвојам од него.
     
    На kate21, friendy, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    mackice па кај родена сестра или брат ако не отидеш кај кој ке отидеш? Кај комшијата? Па уште и бебе се родило, и најљути на свет да биле за таква работа одма проага љутината. Кој брат и сестра не се караат.Сите. Ама на крај без разлика колку и да биле скарани пак си подаваат рака затоа што се фамилија.Стварно не разбирам како можеш да се љутиш што отишол кај сестра му на гости за да си го види внучето.
     
    На tessie и stetoskop им се допаѓа ова.
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас бев скарана со мојата золва се немавме ниту видено ниту чуено можеби добри година ипол,таа кога се породив не дојде да ме посети после неколку дена дојде дома ама тоа уште не бевме скарани,јас иако бевме скарани отидов на посета во болницата уште истиот ден и другиот ден пак отидов,кога се вратија дома исто отидов,јас сум застапник на тоа дека децата се братучедовци ,таа е сестра на маж ми и дека треба да се во добри односи,не мора на гости да се оди секој ден или нон стоп да се заедно,но кога има слава или празници или било каков повод се собираме и сме заедно ,иако имав причина за што да се лутам и да сме одалечени сепак простив и поминав преку тоа,зошто и нему една е сестра му мене еден ми е брат ми,
     
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.909
    Убаво кажано Артемидис.Јас би додала дека мачкица тоа бебето треба да го смета за свое дете.Зошто?
    Па после таткото,секое дете нај нај го сака вујко си,нормално со вујната во пакет(ако заслужува).
    Неможам да сфатам како тоа уште невенчана ,а ти мачкице веќе до толку си стигнала да се замразиш со золвати ,па уште во вакви моменти наоѓаш замерки на дечко ти што решил да оди да си го види внукот?Уште од старт покажуваш негативност и злоба кон едно невино душиче.А немој да мислиш дека другите од семејството на дечко ти не го забележале тоа.
    Преиспитај се дали си за во тоа семејство.Сепак....сестра си е сестра и колку и да не ја сакаш золвата-она ќе биде присутна во твојот живот....да не објаснувам,мислам дека се разбираме(свадби,крштевки,родендени,на твои деца,нејзини деца и др.)
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Мислам дека најпаметно постапил што отишол без тебе. Тоа е за нив радосен настан, еден од најсреќните и најважните во животот, зошто да ти дозволи да му го расипеш? Да вртиш со очи, да се правиш паметна, да им правиш тензии? Од ова што го читам, ИТНО мора да си смениш нешто во однесувањето, посебно ако сакаш да останеш со него. Да не не требал да оди кај сестра му?! ТИ сега таму не припаѓаш, посебно на тој ден. А тоа што си чекала неколку денови за порака една да и пуштиш... па, за тебе зборува тоа многу. Викаат тука золвите се љубоморни и вакви-такви, ама очигледно и снаи има секакви :) . Смири се, престани со тензии и глупости, ако сакаш да припаѓаш во тоа семејство, да те викаат за важни настани, смени си го однесувањето. Тие си се среќни, сакаат да се радуваат на внучето, не им треба некој да им го расипува тој ден.
     
    На Bozica1980, Annath, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    22.174
    Пол:
    Женски
    Штом не се мирисате со золва ти, зарем забрането му е на дечко ти да има сестра? Уште невлезена во куќата, веќе командуваш кој со кого треба да збори. И како да одат со тебе? Жената сака околу себе и нејзиното дете да има луѓе кои и` мислат добро. Ти очигледно не и` го мислиш кога помислата дека ќе имаш внуче ни малку не те разнежнува. А за карањето...ти не се караш со дечко ти? Ај сега золва ти да ви ги брои караниците и според тоа да носи заклучоци колку време треба да поминувате заедно...не личи, нели?

    Кога ќе ми текне вујната на мм колку се дичи со него и како цела куќа ја крева на нозе кога ќе одиме кај нив на гости, навистина не ми се верува дека има луѓе со вакво размислување. Е таа чудна работа, на сите им чини, и на мажот и на свекорот/свекрвата и на золвата...па и на нас. :D

    Зависи од ситуација. Постојат некои кои стварно не оставиле образ да ги погледнеш веќе во животот. Јас никогаш на мм не сум му бранела да се гледа или да комуницира со сестра му, голем е, треба да мисли со своја глава, а штом приметам дека му влијаело тоа што таа му пуштила некој муабет против мене, јас сум му рекла „увото може многу да слушне, до нас е мозокот што ќе прифати“. Ако толку лесно го манипулираат чаршиски муабети, мене золвата нема да ми биде за ништо крива, туку ТОЈ. Јас сум и` лута за работите кои ми ги направила МЕНЕ лично.

    Инаку немаме деца. Золва ми има и им ја полни главата на нив против нас. Ниту јас ниту мм не сакаме да се замараме со такви работи, не можеш на дете да му речеш „мајка ти и татко ти те лажат“. Ќе потпораснат, имаат своја глава, ако сакаат сами ќе се јават, сами ќе пројават желба за контакт. А золва ми си ги потроши џокерите.
     
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Море не да не требаше да и зборам не требаше име да и спомнам,и на неа и на свекор и свекрва ама јас сум таков човек треба време да помине да простам,не дека сум заборавила што и како туку едноставно поминувам низ тоа сепак еден е животот и не е во ред така да го живеам,јас имам едно дете се надевам ќе имам уште едно,две и не сакам да не се сакаат ,сите грешиме не сме безгрешни па и човечки е да се прости ,јас сум таков тип на човек ,сега секој си е различен секој е различно воспитуван и секој различно гледа на работите
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Мачкице, купи еден буќет :f: и право кај бепчето, што и да се случило ќе се заборави. Нов живот, нов почеток, а и голем празник Велигден, прости и. Ако некој изгуби тоа може да си ти, не е убаво новиот брачен живот да го започнуваш со кавги и расправии, кои понатаму може да ти се развлечат низ цел живот. Сестра му е, крв-нераскинлива врска, ќе ја гледаш многу често, но подобро во смеа отколку во солзи. А и незнаеш животот е тркало. Поздрав и послушај, треба да фрлиш зад тебе па да најдеш пред тебе.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Браво многу добро кажано,човечки е да се прости,па и така нема секој ден да се гледате и да пиете кафе ,барем покажи го човечкото и доброто во тебе,не секогаш треба да гледаме со лошо иако во момент на ефект сите сме исти и збориме се и сешто ,за доброто на дечко ти идниот маж и за твое добро е да премижеш сега и да продолжиш понатаму,не значи да го заборавиш тоа што таа го направила
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мачкице, јас те разбирам.

    Ем не си крива, таа ти правела проблеми, ем сега ти треба да подголтниш и да пуштиш прва нога, иако треба таа.
    Зошто? Зошто се породила, има повод.

    Лесно е да советувате, ама кој не се нашол во ситуација, не знае.

    Тешко е кога се работи и за радост, и за тага, како смртен случај, ама кога шкрипат односите, не знаеш како да се поставиш.

    А, дечко ти требало да разговара со тебе , и да направи мост меѓу вас двете, сепак таа му е сестра, ама и ти си му девојка, не си помајка.

    Мое мислење е да разговараш со него, да му кажиш зошто се лутиш, но дека немаш ништо лошо спрема сестра му и заедно да појдете таму.
    А, таа ќе си има обврски со бебето, поинаку ќе гледа на работите, можеби и ќе биде повод да се зближите.
     
  18. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    море да сте во моја кожа би виделе убоо ,што се не ми изнаправи триста проблеми,зборувања,лажење јас плачи секој ден ќе полудев, а нема веза ништо што зборуваше јас ни на крај памет ..како ме обвинувате мене кој не знаете што се ми изнаправи ќе полудев...па сега да ја гледам во очи не не,,,јас бебето го сакам тоа мене ништо не ми е криво баш ми е мило многу сакам деца и ќе го видам...Ама ако некој еднаш ми згреши готово више....Па она не заслужила ни таа порака бе што ви е на вас,,,јас пак испаднав чуек и и пратив.Па и мене ми беше роденден,завршив факултет не се јави да ми честита.НЕ СУДЕТЕ КОГА НЕ СТЕ ВО НЕЧИЈА КОЖА позз
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    и јас сум имала проблем со големата золва усте пред да дојдам во кујЧава :!: зборувала за мене тоа сто не и требасе а и мојот маж и го покажал местото и тоа двајцата го знаеме :) искрено јас со неа немам нисто блиско ни нисто туку онака само ја гледам не ја гледам сеедно :!: за срејка мажена е :)
    а со помалава зова па ок и сестра да е некогас ке се скараме малце :D ама некогас кога ке каже несто сто не треба и јас и врајкам така да не дозволувам како некои сто правеле :^) се исто ми е :^)
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    22.174
    Пол:
    Женски
    Maчкице, немој да не` критикуваш за нашиот суд кога 80% од деталите дури сега ги пиша. Како очекуваш правилно да те сфатиме кога изнесуваш 20% од ситуацијата? А и кога пишуваш на форум, треба да си свесна дека мислењето ќе биде предмет на дискусија.

    Без разлика. Сега таа ништо не ти прави, треба да си среќна што сте на дистанца, а не да се лутиш што ќе одат да ја видат без тебе. Ама штом ти си и` лута, не можеш да очекуваш и другите да и` се налутат. Сурово но вистинито. Штом дечко ти подзамижал пред сите тие работи кои ти ги направила и си продолжил со неа контакт како ништо да не било, јас мислам дека е малку неправедно вината само на золва ти да ја ставиш. Каде е дт-иден маж во цела таа ситуација? Зошто не и` се спротивставил? Зошто тебе не те одбранил? Тој е тој кој ти дал збор, не таа.