Јас се водам по она: Ако не се гледаме и комуницираме често, нема ни да се замериме. Јас и золва ми сме страшно спротивни карактери и многу работи она што ги прави јас не би ги направила и обратно. Не дека не се добри или правилни, туку не се својствени за мене. Затоа, мм колку сака нека оди таму, ама јас си дозирам и повеќе од 1 во 2 недели не одам и не влегувам во дебати и блиски муабети. Може да си зборуваме за времето, за филмови, и слични површни работи. А мм, е тој е тој за ќотек. Толку е поврзан и подложен на влијание од нејзе, што понекогаш преку неговите муабети ги слушам нејзините мислења т.е. влијанието врз него. Ама тоа е тој крив, таа нема никаква вина. Девојката е фина и секогаш била коректна кон мене, а се надевам и она би го рекла истото за мене. Само се држам настрана. Па сестра да ми е родена може да се замериме за глупости, па камо ли золва - различно и растени и воспитувани и све. Само сестра на сестра ќе заборави, а золва и снаа ќе си памтат.
Мажот ми користеше год.одмор па си бевме дома недела,две.Леле золва ми удав! Ако верувате повеќе време поминував со неа него ли со мајка ми или маж ми.Значи ќе се јави ајде дојди на кафе.Уште раното во 9.И велам ќе видам ако доаѓам ќе ти се јавам.И ако не отидам ми звони на пола саат ајде поаѓај,јас веќе ставив кафе,или јас веќе исеков торта,купив сок а ти да не дојдеш и јас сакала нејќела одам.Толку е напорна Кога ќе отидам не ме пушта да си отидам до 14 часот.Потоа стигнувам дома седнуваме да јадеме и во 3ипол ,за време на ручек и звони на мајка си демек треба да одам до град дали може и кај вас да поминам и се нацртува во 4 и седи до вечер со бебчето.Потоа во 8 се прибира маж и од работа па и тој ќе дојде ќе заседне.Или ако треба да си оди тој во кафана,неа ја остава кај нас,а она седи по цел ден. Не ми е обврска нели да седам со нив,но сметам дека е малку некултурно иако неколку пати сме си излегле со маж ми . Кога ние не сме дома,таа по цел ден била кај нас.Последно разбрав дека заедно си готвеле со свекрва ми,колачи,кифли,торти и тоа цело време кај нас. Мислам дека таа е љубоморна на времето што го поминуваме јас и маж ми со свекор ми и свекрва ми.Зошто нонстоп и звони на свекрва ми и се распрашува-Кој има таму,а со кого зборува тато и слично,сака се да знае,ама за ова е крива мајка и што и дозволила.Минатата недела бевме со свекрва ми во Скопје ,на шопинг еден ден,таа си купуваше,и оваа звонеше на 15 мин и прашуваше каде сме во која продавница,што сум купила и слично.Понапорна амин! Секогаш ми звони четврток или петок и ме прашува дали ќе си одиме за викенд за да и биде слободна територијата.Му ги брои саботите на маж ми кога е на работа кога не и знае кога ќе си доаѓаме.Ама последно нонстоп и кажувам дека ќе си доаѓаме нека се понервира малку,иако остануваме тука. И совет што да направам? Да се разговара со свекрва ми,маж ми веќе има,неколку пати,џабе е се,кога таа е опседната со ќерка и е целосно под нејзино влијание.Како ќе и нареди така,оваа се стресува од неа.Има наредба од неа да си го носи мобилниот нонстоп со неа,и оваа сирота и кога готви или мие садови во престилка си го носи.А ајде да се некои заостанати да не ми е криво,свекрва ми на висока позиција во државна администрација,а оваа лом ја прави,е ајде де.
Најдобро би било да ги оставиш,кога и да е на свекрва ти ке и пукне филмот, од таква арогантна керка.Недај боже да се разболи или нешто слично, па да сфати каква е всушност керка и .Гледај си го сопругот , твоите обрски, кога вистина ке имаш време тогаш оди на кафе , тогаш седи со неа, а не она практично да ве контролира сите , со тоа телефонот , ко далинско да е .Имам и јас слична золва , ама си ја гледам работата.Мој совет ти е што понастрана тоа подобро
И јас сакам да сум настрана,воопшто не ме занима,среќа што не живееме таму.Инаку тешко нас.Неколку пати до сега свекрва ми ја има фатено во лажење ама секогаш ја правда.Мене мајка ми кога грешам ми укажува па и да ми свика,иако сум мажена ,а таа си молчи како ќе и каже ќерка и така.И се дере нонстоп,пример како да го држи бебето нејзино,не вака не така,заради тебе се исповраќа и оваа уште да се расплаче зошто ќерка и и се развикува.Мизерии невидени.Не е мое да се мешам,и не сакам ,што сакаат нека си прават.И воопшто не ја жалам свекрва ми,така ја научила и си дозволува.
Мима мојата сестра имаше сличен проблем долго период кога се омажи. Значи золва и напорна што да ти кажам, со таа разлика што си беше невработена и секој ден им доаѓаше на гости, без разлика дали се дома. Ќе си дојде со бебенцето, ќе го рани, ќе го заспива во спална, па после ќе си се пикне во кујна да готви. Сестра ми нема свекрва само свекор, па изговорот и беше се секира за татко и дали е јаден, што е јаден. И сето тоа најчесто кога се сите на работа, си имаше клуч, ќе си влезе и си тера, а многу често и една тетка си ја викаше друштво да и правела . Па попладне ќе дојде и маж и, па и он ќе руча милина за нив. И на крај ќе си отидат и цел стан хаос, кујната лом и куп садови за миење, па после сестра ми средувај по нив. А сето тоа проследено со леле колку сме си блиски филозофија. Исто така како што кажуваш радознала се ја интересираше, сто пати ќе се јави, сестра ми викаше немам што веќе да и зборем на секое јавување. И решение почна благо да ја дистанцира од себе. Ќе си дојде дома од работа ако види дека се тука, назад кај нас ќе дојде и ќе седи дур не си отидат. На телефон почна да ја избегава. Ама најголемиот спас беше кога се вработи таа. И крајно ставија нова влезна врата, па немаше клуч.
Mила и оваа нашата имаше клуч,а јас и маж ми незнаевме.Мојот го изгубив и мажот ми им го побара на нив резервниот.Овие трц мрц како да кажат и кажаа.Маж ми лом ги направи а јас го натерав да купи нова брава.И купивме а она го врати клучот.Изговорот им бил бидејќи живеела подалеку и дале клуч кога ќе оди на пазар да го остава пазарлукот и маж и да го зема од работа. Исто и оваа е невработена,па замисли си.Само се чуди што да измисли. Еднаш мајка ми на поминавње се качила кај свекрва ми на кафе,и вели што да видам.Врата ми отвара зетот,а мајката и ќерката во кујна готват Едвај чекам да се одделам од нив па што сакат нека си прават. Неколку пати приметувам на мои чевли што стоеле во ходник флеки кои не се тргаат.Најновите чевли ми се упропастена а знам дека тоа е нејзино масло.На една нова блуза од Зара,гледам огромна флека не се чисти.И ми пукна филм и го натерав маж ми да напавиме шкаф со клучеви и направивме таков и се мое си стои заклучено,друго чаре немаше.
Мислам дека нема лоша намера жената. Барем според ова што го пиша. Мене девојчето не ми изгледа опседнато со семејството или обратно, туку тоа едноставно е и нејзин дом. А тоа што си се кара со мајка и` тоа е работа меѓу нив две и за тебе место во таа приказна нема. Со твоето влегување во тоа семејство, не престанал да биде и нејзин дом. А во своја куќа, кога сака ќе си оди. А на тебе и на мт ако не ви се седи цело време со неа, излезете си. Не е срамота затоа што не е типичен гостин. Сама си си направила противуслуга на себе што си се обидела на свекрвата да и` збориш за тоа што те мачи. Без потреба си излегла “лошата“. Стиснете се со мажот и одете си некаде под кирија. Ако не пишува име на тапијата, додека плаќате кирија и сметки, тоа е ваш дом и ако сакате во него нема да ја примате золвата и готово. Не можете да им браните на вашите во нивен дом детето да си го примат. И што има врска во цел муабет тоа што е невработена? Не е тоа нешто ретко у Македонијава. Ја немала среќата на свекрва ти која има важна функција у државна администрација како и повеќето млади. Како и јас во моментов. Не значи дека не барам, не се трудам, не се докфалификувам и надградувам и дека го користам слободното време да правам интриги. А што има лошо во тоа?
Прво прочитај ме убаво,некои работи ти се додадени.Тоа е наш дом сега,она си има нејзин.Немам ништо против да доаѓа ама не и да се рафрла каде сака и кога сака. Во делот за невработена,додадов на ирена.1 пошто таа спомна дали е невработена или не.Напротив и јас сум невработена и немам ништо против тоа.
Ааа не може така. Тоа е „дојдоа дивите ги истераа питомите“. Како ќерка на свекор ти и свекрва ти, тоа секогаш ќе биде нејзин дом, сакала ти или не. Затоа што тоа е дом на родителите на твојот маж. Утре ако не дај Боже се случи нешто со нејзиниот брак, родителите секако дека ќе ја примат дома. И ти би направила исто за сопствената ќерка. Знам сурово е и некомотно и гужва и се`. Затоа и сум против живот во заедница. Но, за жал тоа не е повеќе ваш дом отколку нејзин. За двете деца исто. Не е ова турско време па братот да седи а сестрата клоца да добие. Ти викам, кога таа ќе доаѓа, ако ви смета, излезете си, си имате и шкафови под клуч и се`. Мора и тие свекор и свекрва да ги разбереш. Сепак и таа е нивно дете. Ќе имате еден ден деца дај Боже и ќе сфатиш како изгледа и дали би имала срце на ќерка ти да и` речеш „Не доаѓај веќе толку често тука, ова е дом на брат ти сега.“
Леле ве читам и се прашувам зошто е тоа така, зар сите се исити золвиве-болвиве (јас така си викам ) Еве и јас сум золва т.е се уште не сум баш официјално, но со снашката будуча на брат ми добра комуникација си имам не се форсираме премногу да бидеме блиски па ни премногу далечни. Си одиме си идиме на гости, ме поддржува во многу работи, си даваме совети, си се погодуваме баш онака ок, може дека и годините ни се приближно тука негде. Еве со брат ми во врска се скоро 4 години ни еднаш лош збор си немаме кажано, а сум и се качила на живци јас повеќе пати него таа мене. Ни А не ми рекла. Е сега кога се работи за мојата золва па па пааааа толку девојчето си е исфрустрирано то чудо едно, нема дечко има 27 години, неа не ја интересирало ништо освен работата и парите. Свеки и вика ајде мажи се, оваа што ќе ми е да се мажам убаво ми е со вас. Па добро ајде да речеме тоа е нејзин избор и живот. Што се однесува до мене, немаме воопшто комуникација, а годините ни се приближно тука. Ако неа и е денес денот се е ОК како подмачкано, а ако неа не и е денот боже пази да ја прашаш нешто. Се нешто неа не и чини, се некој и е крив, секогаш таа е во право другите се грешни. Обожава да ме омаловажува да ме куди пред свекор ми и свекрва ми. Само ме пецка така со зборови, а јас некогаш знам ради почит спрема маж ми да си молчам, но некогаш знам и јас да ја брецнам (кога ќе ја премине границата). Кога ќе е со свеки си зема сила па устето многу и зборува тогаш, а свеки моја кога е таа си ќути да не речи нешто зошто си ја знае каква е да не се налути ќерка е, па многу јасно ја боли за неа, не за мене ! И ништо не пофаќа по дома. Оди на работа, си шетка, си се дотерува...хммм... ок пак ќе речам нејзино е што сака нека прави, но кога гледа мајка е дека не е добра нека земи малку нека направи нешто. Јас ја гледам свеки дека не е добра ајде што треба како треба се правам, ама не може госпоѓата да скита да се кинџури а јас и мајка е да ринтаме. Само ајде, маж ми вика тоа што си посеала тоа ќе си жнее кога ќе се омажи (ако се омажи). И си викам на крај дај не си ја мачи душичката стави ја на игнор и чао-папа. И така во последно време си правам и поубаво ми е. Не ми прави муабет ?! Ма галје ми е, и јас нема да и правам муабет.
И мојава налик на твојата али ајде. Нека изиграва колку сака командос,ти гледај да си живееш со свекрва ти и свекор ти а за нив и нивниот однос да не ти е гајле.Ако сакаш седи со нив во соба,ако не не мора,ваше право е.Не може она да те натера да и отидеш на кафе ако не сакаш.Имај став и точка. Точно дека тоа е и нејзин дом донекаде,ама нека има малку почит.Нормално ќе си доаѓа и се,ама ова ми личи на претеризам.Очигледно дека си нема паметна работа девојката ,вишок слободно време. Затоа не и се спуштај на нејзино ниво. Нив тоа ги нервира,знам јас ,само не обраќај пажња и готово
Tesi,како прво ме навреди со оваа реченица. Како второ те сфаќам јас што сакам да ми кажеш,и ок е.Нормално е ,нека доаѓа колку сака,ама што ќе кажеш на нејзината опседнатост со нас?Значи за тие 2 недели буквално да не не остави на мира,немој нешто да испушти.Да се распрашува кој е во соба,со кого прават муабет,па што се прави муабет.Буквално такви мизерии.Она не не остави ни саат време да седиме со свекор ми и свекрва ми а ретко си одиме дома,немој нешто да испушти.Па како с е налути кога разбра дека со мајка и сами сме биле на гости кај роднина.Љубоморна е на времето (кое е многу минимално) кое го поминувам со мајка и и татко и и тоа не го зборам на памет туку се има докажано.
Муабетот имаше золвата време на претек дома да си среди од сабајле, па после да си отиде кај нив и да си го истера цел ден. А од како се вработи евидентно се намали времето кое го поминуваше во станот кај брат, едноставно толку е денот, и да сака сега да доаѓа од сабајле кога никој нема неможе, на работа е до 5. Инаку ДА. јас сум таа што е најмногу против живот во заедница. И тоа е причината поради која долго го одложувавме заедничкиот живот (дур не создадеме свое). Баш да се поштедиме и себе и другите од ваквби непријатности. Но веќе кога мора да се живее во заедница треба да се има малку од малку обзир и снаата и но и золвата. Па не е во ред на снаата да и легнеш на спалната да си спиеш и да и го отвараш фрижидерот и си земаш да јадеш, а ти не си испазарил нели.
Мима, тоа е изрека, јас не ја измислив и се однесува за снаа/золва/зет/девер односи, не дека ти си дива или золва ти е питома или обратно. Ако те навреди, се извинувам. Ако планираш убаво да го одживееш тој период во заедница, не се фаќај за зборови, моја препорака. А за другово, тоа е. Нивно дете е, не можеш тука да им се мешаш. Штом тие ја примаат, што да се прави. Сигурно и ти кога би имала ќерка слично би се поставила. Ми паднаа во очи моменти од типот на си готват мајка и ќерка во кујна, коментарот на мајка ти. Па што ако си готват. Таа не престанала да и` биде ќерка. Може не се мириса со родителите од мажот, има право кај свои луѓе да си побара утеха. Ако е човек, пробај лично нејзе, со мирно да и` укажеш дека се чувствуваш под голем притисок поради нејзините постапки. Дека ти и мт ни на крај на памет не ви паѓа да ја избришете од животот на нејзините родители, но дека ви треба малку комоција, па и самата доколку сака да биде подискретна во доаѓањата. А добив впечаток и дека сте различни карактери. На тебе очигледно ти пречи некој постојано да е на гости (во што тотално те сфаќам затоа што и јас сум истата), а таа те моли од друга страна да одиш кај неа на кафе и не те пушта да си одиш. Прва мисла ми падна дека семејството од маж и` се однесува лошо кон неа и вие сте и` единственото катче кај кое бара малку блискост (сепак тоа е само некоја интуиција со оглед на напишаново, не мора да е точно). За да го средите ова на убав начин, мора прво да се ставиш во нејзина кожа. Од аспект на жена, на нечија ќерка, на идна мајка (дај Боже). Ако не се води со арно, не знам. Одделете се. Некогаш навистина тоа е единствено решение.
Tesi,среќа е што живееме во друг град,а еднаш месечно си одиме на викенд. Ама за тие две недели јас си знам како преживеав.Верувај толку е напорна што неможеш да ја одбиеш ќе биде по нејзино и точка.Јас ја сфаќам ,и самата ми има кажано дека нема со кој кафе да се напие,со другарките не збори оддамна и дека по цел ден е сама,и секогаш кога излегуваме со маж ми ги повикуваме и нив,иако секогаш одбиваат,ама до толку да се меша не.Јас ако веруваш криво ми е што со мајка ми и сестра ми не си поминав ден на раат.Таа живее кај нив во комшии и ако и кажам дека сум таму одма ќе најдеше нешто-треба да му купам храна на бебето ајде со мене неможам сама,секогаш така. Ете може и јас сум крива што ајде попуштив,а од една страна бебчето го засакав многу и убаво ми е кога поминувам време со него,после спонтаниот малку ми е како утеха Сложена е работата ама неможам да се замарам.Само ми смета нејзиното мешање во нашите животи.Радозналоста,се да знае,и донекаде и контролира.Пошто како ќе каже она така е.Кога да има фамилијарен ручек,се прашува она,а не ние што еднаш во месец си доаѓаме.Нејзе ја прашуваат слободна ли си имаш ли оврски нас не.Кога да се оди на гости,таа кажува и ред др работи. Ајде не ми се пишува веќе,има многу
Е ја мислам тоа е проблемот. Од старт си попуштала, наместо најубаво и најдругарски да и` укажеш дека сте различни од тој аспект. Тешко е, повеќе ја жалам отколку што ме нервира золва ти во моментот. Затоа што сама на себе си прави штета со однесувањето. Инаку не дека заземам страни или нешто. Јас самата сум жртва на лоша золва која ме има созреано и остарено за 15 години минимум. Ама нејзиното не беше немарност или маани како инает, наредување, радозналост. Нејзиното беше апла злоба ама за среќа со свој камен на крај си се удри по глава. Дури и децата ги учела дека јас и мм сме лоши. И ај сеа. Ај вештицата Теси, ама вујко им ... ? Не знам ... Нешто ми вели дека золва ти навистина нема лоша душа, ама кога би можела да се смени ... од друга страна инает, не можеш да и` укажеш ... Што вика на ова мт, свекор ти, свекрва ти? Мора да се најде начин да и` се укаже така што ќе ја прими информацијата правилно. Инаку мислев вие живеете со нив па од работа ретко се видувате на раат а таа доаѓала на гости.
Теsi,jas не можам да разговарам со неа,навистина ми е незгодно ,не сакам кавги.Маж ми исто се нервира,али он ми вели да ги баталам и да не се замарам за нив да си гледаме за нас,за што и е во право,ама знаеш женско како женско неможе да остане рамнодушно,некогаш ќе те извади од такт,додека мажите финкционираат на друг начин.Свекор ми гледам дека ја приметува,нешто ќе и подрече,али џабе е него она не го регистрира многу.Со свекрва ми неможам да зборувам,и самата најверојатно е свесна,ама кога дозволиш премногу нема назад.Не сакам да испадне дека зборувам против ќерка и.Сме ја фатиле во лаги и двете,едно ќе каже на мене друго на мајка и,ама она секогаш ја правда,демек лелеостај ја има обврски со детето заборавила,не и замерувај. Знаеш колку пати искоментирала на татко и-пошто он е многу по благи работи,а она нонстоп прави,кај неа секогаш има мин 7,8 врсти благо, ќе му каже-Ајде да те водам кај мене,тука немаш благо,кој ќе ти прави,сега мене ме нема,-демек никој не може да се мери со неа во правење благо.а ТОА го кажува пред мене. Последно,јас правам бомбици,ги мелам оревите и ми звони нормално што правиш=еве и велам благо правам.Леле ајде со мене на пазар,нема кој да ми го чува малото и јас нормално ајде,баталив благото,и она попладне ни носи две пластични благо демек еве ви да јадете,јас не сум направила ништо така да испадне. Уф има куп ствари незнам стварно,некогаш си мислам дека не езлобна некогаш незнам што да си мислам
Ништо ... што е до тебе, си направила. Евентуално договарајте се да одат едните кога другите не се дома, штознам или ако дојде во меѓувреме, вие шетајте. Навистина не знам.