Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Вие живеете заедно со свекорот и свекрвата?

    Инаку тоа се и нејзини родители и ќе доаѓа и си оди кога сака. И ако сака по цел ден ќе седи со мајка и. Ако на некој му пречи треба да пречи на нејзиниот маж. Сеа ако се ожени брат ми и снаата да ми замерува дали правам колачи со мајка ми дома, мислам дека не е во ред. Сепак тоа било мој дом до вчера и тоа е сеуште дом на моите родители. Ако им се допаѓа на младите ок, ако не нека си одат на страна.

    За односот со тебе и твојот маж те разбирам и си во право да си ја држиш интимата за себе т.е. кој кога е на работа, слободни денови, шетање и сл.и не мора да седиш со нејзе кога ќе дојде ако живеете заедно со свекрвата, но немој да замеруваш за нејзиниот однос и колку се гледа она со нејзините родители.
     
    На AloneM и tessie им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не е поентата во сопственоста на домот, туку во основната човекова култура.
    Се знае каде ми е домот кога веќе сум се омажила и сум основала семејство. Немам што јас да се мотам во туѓиот (да, туѓ дом е, кога во него свесно и со добра волја моите примиле „странец“ - снаата, и правеле се` за да ја чувствува куќата како своја, а јас сум излегла и на друго место си градам иднина), за да докажувам дека и тој е се` уште мој дом, зошто мајка ми и татко ми се таму. Ќе одам на гости, ќе си пијам кафе, ќе им помогнам ако тоа се побара од мене (првенствено снаата ако се согласи, за да нема проблеми) и ќе си одам ДОМА.

    А што ако синот, со снаата и вашите родители, се преселат во куќа/стан која ќе е платена 50/50 од снаата и синот? Дали и таму ќе одите и ќе правите што сакате зошто таму се вашите родители?
    Претпоставувам Не, што доведува до заклучок дека овие држ-недај работи се прават само заради територијата која некогаш била и ваша, а не и дека тие се и ваши родители.
     
    На midnight.flower, kravce, stetoskop и 13 други им се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Има и такви случаеви Ние кога се преселивме мојата си беше зела таква слобода како да е дома .Ама еден ден ја прашав КАКО КЕ ТИ БИДЕ ТЕБЕ АКО ТВОЈАТА ЗОЛВА ТИ ПРЕМИСТА ПО КУКИ И ТОА КОГА НЕ СИ ДОМА.И она :wasntme: Можеш да си доагаш на гости, ама јас сум домакинка ти гостинка :!:и тоа пред маж и.Така си легна на брашното.Еве мојот брат живее во таткова ми кука и јас ако сум замолена да помогнам одам а сама да се правам домакинка од туга кука НЕ.
     
  4. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57

    За доаѓањето на гости сосема разбира,и ајде некогаш заедно да направат нешто.Сосем нормално,воопшто не сум против.Ама се осеќам глупо,кога не сум дома,они цело време се кај нас и она си прави благо за дома,кифли слично а во почеток се дешаваше ние кога с е венчавме кога сме дома да не стапне тој викенд.И по телефон само ја прашуваше кога ќе си одиме за Скопје,дали сме тргнати и слично.
    Многупати ќе пробам нешто кај нас дома и ќе ја прашам свекрва ми за рецепт,а таа со пола уста па незнам,ќерка ми ми го правеше.Значи тоа се дешава веќе цела година.Јас се осеќам мизерно,као јас ништо да не знам да направам,она на секое доаѓање е со пластични торти кај нас,и ќе си влезе сама ќе си сервира и ако јас имам благо принесено ќе рече ајде ова си го имате сега јадете од моето,и тоа ако не пробаш избива трета светска војна.Исто 2 год наназад кога имаме гроздобер,таа готви за сите и еднаш се вмешав да и помогнам и она ми се обрати Ама мене мама ми рече јас да правам не ти....потоа откако не и излезе убаво јадењето ја слушнав како и вели на мајка и па она ми се мешаше,и мене тогаш ми пукна филм и лом ги направив.И ај сеа ќе велиме ова е нормално или не е претеризам |(
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Jас би ја оставила да си работи, нека пренаса благо , нека готви, нека СЕ ПРЧИ.ке си ручам, ке си апнам блашко, :lol: ке си седам како гостинка и ако некој ми пререче тогаш ке си кажам дека така се чуствувам како гостинка.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Meне лично многу ме нервираат тие ставови од „пусто турско“ дека ќерката откако ќе се омажи е „гостин“ и „туѓинец“ во сопствениот дом?! Аман бе, до толку сме забегани? Јас имам и ќерка и син, дај Боже да дочекам и свекрва да станам, ама не дај Боже да и текне на снаата да држи предавања дека на ќерка ми веќе не и е место во домот на мајка и и татко и, затоа што дошло „нејзиното височество-снаата“. И јас сум снаа и јас имам золва, ама на крај на памет не ми е таков муабет. И мислам дека само крајно себични и површни луѓе може така да мислат, посебно ако како врв на тоа се и материјалисти па сакаат и територијално да завладеат некаде, од пусти страв дека денес ќерката на гости иде, а утре ќе сака и дел од наследството. НОРМАЛНО дека ќе сака, и припаѓа. И НОРМАЛНО дека ќе си доаѓа кај нејзините кога сака и ќе седи колку сака-дома е! А на снаата ако не и чини слободно нека не седи со неа.
    Реално, луѓе, некогаш претеруваме, најискрено. Се однесуваме како примитивни животни кои бележат територија. А ќерката и петпати да се мажи, тоа пак ќе и биде домот, исто колку и на синот. И со сета почит на снаата, тоа што таа дошла во тоа семејство не значи дека некој треба да биде избркан, само за неа да и биде поудобно. И јас имам клуч од кај моите, и јас одам кога сакам, и јас ако сакам во кујна ќе се плеткам и детето ќе си преспие таму... Тоа е најнормално. Знам дека има напорни не само золви, туку и снаи и комшики и сл кои во недостаток на свој живот сакаат да станат дел од туѓ свет. И јас имам искусено како изгледа тоа, уште на почеток на врската со сегашниот маж, ја донесе сестра му кај мене на гости некаде 11 сабајле, пред да оди тој на работа, и ми се јавува во 9 навечер, вика што правиш, јас викам „Еве, седам со сестра ти, збориме“, и тој шокиран вика од таму „Со цел ум уште дреме кај тебе?! , демек дај ми ја да и кажам да си оди“, ама ај де, ни тоа не иде... Тогаш првпат беше кај мене и седеше скоро 12 часа на гости. СДК, знам како е. Ама тоа не го менува фактот дека таа золва е нивна ќерка, таа куќа била и секогаш ќе биде нејзин дом, таа и мажена и немажена е дел од тоа семејство и е рамноправна со синот во секој поглед. На пр. утре ако се договорат таа со мажот да дојде да живее таму, има исто толку право на тоа колку и брат ѝ, т.е. синот. Не мора тоа да ни се допаѓа, ама тоа се фактите.
     
    На bibiiii, Vetruska, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Ставете се некогаш во обратна ситуација,како би ви било вас,кои сте дошле да живеете во заедница нели,и кое го сметате тоа за свој дом,ќерката со клуч нели да си доаѓа кога сака и да прави што сака,да ви упаѓа по соби без разлика што правите.Глупости.Малку претерувате,девојката јасно си кажа дека нит обележува територии нити има против,а нејзината золва си има свој дом и нека си мисли повеќе на него него на тоа да командува уште дома! Никој не рече дека има забрана да ги посетува нејзините,ама малку погледнете и од другата страна.
     
    На Moira и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^
    Се што се бара е осет, ништо друго. Јас пак не можам да разберам толку често одење кај мајка на гости, седење по цел ден, по цели денови, таму спремање зимници, таму плеткање во кујна, кога веќе си имаш свој дом. Јас немам снаа па пак тоа не го правам. Посебно пак кога знаеш дека има друга фамилија и се тушкаат во еден простор, зар не е безобразлук да се држиш тврдоглаво до тоа -моја куќа си е кога сакам ќе одам и колку сакам ќе седам. И ако одиме по факти ниту е твоја куќа ниту на братот туку на родителите, и ако некој има потполно право на безобразлук тогаш се тие.
    Никој не става катанци на порта кога ќе се омажиш, ама пак ред и осет ако се нема и сите си се држиме до "нашето" ниту ти ќе имаш мир од золва, ниту снаата ќе има мир од тебе.
     
    На Moira, elanor, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Па сега, некому му е чудно толку одење кај родителите, некому не му е. Ако некому му е чудно, не значи дека е во право, може да значи само тоа-дека му е чудно. А ако гледаме што е безобразлук, тогаш во цела ситуација најголем безобразлук е да се мажиш, а да си немаш обезбедено СВОЈ простор, па таму да си бидете газди и да кажете кој, кога и колку може да седи.
    Безобразлук е да му мериш некому минути и залаци, да ти пречи што со сопствен родител некој готви... Пак ќе речам-безобразлук е да се правиш газда на туѓо. На свое-да. И немојте сега со муабетот ако дошла снаата дека е и нејзино. Ако може да биде и нејзино (а како дошла, така може и да си оди еден ден, се се случува) како тогаш може да не е и на ќерката?!
    И јас зборувам и од друга страна, јас си кажав дека сум снаа и дека имам золва, и реков дека ја разбирам женава што мака има, ама тоа не значи дека е во право. Кога ќе си купат со мажот своја куќа, ТОГАШ може да определува кој и кога ќе дојде и што смее и што не смее да прави. А може ќе им даде Господ и ќерка, па да видам дали тогаш ќе и рече на ќерката „Е се омажи, сега си туѓо гајле, ќе дојдеш на едно кафе и да те нема, снаата не те сака тука многу често“ :^)
    А ако и пречи на снаата дружењето со золвата, треба да најде начин тоа да го сведе на минимум. И тоа не мора да биде со кавги и со мрчење, може да биде и културно и без никој да се најде повреден. А тука гледам дека и мајката на невестата има замешано прсти, ако внимателно прочитавте ќе видите дека демек мајка и се чуди кога отишла на кафе кај сваќата дека и пречело што зетот и ќерката биле таму... Женава е поттикнувана (да не речам буцкана) и од мајка и и ништо не е толку наивно како што изгледа, според мене.
     
    На midnight.flower, tessie, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Осет бе Лионес, не збориме за ништо друго. Ако одиме по тоа кој колку е газда на одредена куќа па со тоа сите си ги земаат правата на командување, не ќе остане ниту еден нормален однос помеѓу најблиските.
    Ако е така и золвата вели дека има право да си доаѓа и да си седи колку сака пошто е и нејзина куќа, треба ли братот да ги подели собите во кои таа може да движи? Во кујната можеш да одиш ама во веце да не си помислила, во мојот дел е!! Нема филозофија, само осет се бара...
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Не, братот НЕ МОЖЕ да дели ништо што не е негово, ни соби, ни ништо... Може да си го дели неговото, што сам ќе го стекне и ќе го купи.
    Осет е релативна работа, тогаш може да се гледа и од другата страна „Осет бе снао, осет. Си доаѓа ќерката кај родителите, осет имај малку, не туку мрчи“ :) .
     
    На bibiiii, Vetruska, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Па тогаш и куќата на родителите не е твоја. По која логика ти да имаш клуч и да си влегуваш кога сакаш и да седеш колку сакаш?
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    По логика дека газдите на куќата (во овој случај, родителите) ми дале и ми дозволиле. Сопственикот одлучува, најнормална ситуација. Не комшиите, не роднините. Ако сопственикот на куќата ми даде клуч и слобода „дојди кога сакаш, седи колку сакаш“ друг може само да се мршти, ама реално, не се прашува.
     
    На AloneM му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ќерки сме, нормално дека ќе ни биде дадена слобода, ама тоа што некој ја злоупотребува за штета на друг е друга работа...
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Реално, не можам да злоупотребувам мој простор. Тука ни е суштинската разлика во ставовите. За мене, родителскиот дом засекогаш ќе биде мој дом, мој простор. И родителите секогаш остануваат семејство. Јас може да се мажам, да се разведувам, да се селам, да се враќам и тоа останува мој дом. Исто и за синот, исто и за ќерката. Затоа велам, ако синот живее дома, кај родителите, со жена му, исто толку е во ред и ќерката да живее дома, кај своите родители, со мажот. Ама сосема исто. Демек не сме традиционалисти, модерни сме, ама само кога ни одговара? Посебно што женава не ни живее таму, а и пречи и за викенд кога оди. Може да е и до карактерот, нели, до ставовите, ама и с'скањето од страната на мајката на невестата не помага многу во ситуацијата.
    Јас само сакам да и кажам да се релаксира малку, да не се напнува за глупости. На крајот на краиштата, и така не живее таму, кога си одат во родниот град баш може и да оди да спие кај мајка и, зошто не? И мажот нека биде со неа, зарем тоа е проблем? За еднаш месечно одење на викенд да се прави проблем, па вреди ли? Иако, да си разјаснам, и за почесто не би требало да се бунат, деца од исти родители си имаат исти права, дали машки или женски, јас не ги делам.
     
    На bittersweet, hunny-bunny, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ама Мима83 напиша дека - Неколку пати приметувам на мои чевли што стоеле во ходник флеки кои не се тргаат.Најновите чевли ми се упропастена а знам дека тоа е нејзино масло.На една нова блуза од Зара,гледам огромна флека не се чисти.И ми пукна филм и го натерав маж ми да напавиме шкаф со клучеви и направивме таков и се мое си стои заклучено,друго чаре немаше.

    Како може золвата да и ги чепка личните и интимни работи на снаата?! Еве ако има дозвола да, нека чепка ама така од радозналост да си чепка е многу безврска.

    Никој не и забранува на золвата да си оди во стариот дом крај своите. Никој не ни може да и забрани да ја користи заедничката кујна, доколку навистина е заедничка! Ама да чепка по туѓи спални соби е просто и нималку културно.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ниту јас зборам за делење на машки и женски деца, туку на тоа кој каде створил дом. Ако нема ќерката каде да живее со маж и, нормално дека ќе си дојде кај своите и тогаш тоа ќе биде нејзин дом. Ако се разведе и се врати кај своите тогаш пак тоа ќе биде нејзин дом и на снаата дали и одговара или не небитно е.
    А за тоа дека сите сакаме куќите на нашите родители да ни се како лични викендички е ок, ама да нема друга фамилија која треба од општа култура да се почитува.И не некои дојденци од улица туку брат и снаа. Па сто клуча да ми дадат моите родители нема да ги земам и нема да упаѓам кога ми е ќеиф, само затоа што ми се може. Али ок, секој со своето, нема смисла да вртиме во круг...
     
    На BoaVista, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Најважно е да си ги сакаме блиските.Та не сме во пусто турско кога биле и по 12 деца .Сега сме по две ама вредиме за двеста. :lol: Јас сум за мир во мојот дом и ја почитувам желбата секој да има мир во сопствениот дом.Тоа е наша култура КОГА САКАШ ВО КОЛКУ САКАШ не идат тие работи така.Нели културно е да се закаже или да те поканат . Ама на нас и тоа не ни одговара , како и пустото турско... :!:
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Li0ness се сложувам со тебе дека сите деца имаат еднакви права на куќата, нема врска женски машки. Но и во своја куќа да си треба да имаш осет према останатите во однос на трошоците. Мојата сестра имаше проблем со тоа што нејзината золва на секое доаѓање навалуваше на фрижидерот. Си правеше ручеци со намирници кои таа не ги испазарила. Извини не е исто дали секој ден ќе имаш плус една фамилија на ручек. Си доаѓа золвата кај татко и ако, си спрема ручек ако, меѓутоа нека дојде со полни кеси од тинекс ко што си прави дома и тогаш ќе биде во ред. Сестра ми стално викаше абе нека седи ама неможам да постигнам со купување за јадење, па нека донесе некогаш.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Точно и поголемиот број золви не донесуваат кеси туку гледат да однесат, влеговме во суштината на проблемот .Тука лежи зајакот .Материјализмот.Дали си снаа или золва, не е битно , битно е што некои не ги е гајле за другите чуства и гледаат само да искористат, и сето тоа го прават со оправдување дека се нечии керки или снаи.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.