Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Aj кога веќе одиме и натаму, оваа золва НОСИ јадење. Сама си кажа женава. Ама и тоа што носи ѝ пречи. Вели носи за да покаже дека јас не правам :^) ... хммммм.... И дојдовме до тоа дека сепак проблемов е подлабок од што е кажано и дека нетрпението е подлабоко од што изгледа.
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.941
    Допаѓања:
    123.516
    A,од каде е безобразлук да се омажиш,ожениш без да имаш твој простор обезбедено?Безобразлук :?:
    Значи ако неможам да си купам стан,не смеам да се мажам.Глупости,Кој не би сакал да има свое,не верувам дека има некој жив што би сакал да живее во заедница
    И ајде одма се јавувате и судите ,стандард некој се прави паметен.
    Отсега да знам дека како снаа немам никакви права,доаѓа дека сум гостинка дома.Па ајде место да велам дома сум да си велам кај маж ми сум.Така му доаѓа.
    Човек да не каже нешто на форум.Девојката си кажа дека си наоѓа чевли и блузи упропастени а тоа не е ништо нели.
    И ако прочитавте дома готвела и носела за вистинската дома.

    Јас се ставам во ситуација кога би имала брат и снаа.Никогаш со ништо не би сакала да им наштетам и да им се мешам,а потоа да има нервози мајка ми,нејзе да ја ставам во незгодно заради моја арогантност и докажување.Никогаш,пред се заради мајка ми и основната култура и најбитно ОСЕТ што рече Скорпионка.Да имам клуч и да се шетам кога сакам во домот на брат ми и снаа ми,и што сакам да правам никогаш не би дозволило моето воспитување.Би го почитувала катчето на брат ми и снаа ми.Зошто тоа е сега и нивно заедничко.Снаата дошла во куќа значи не е странец,нити гостин,туку дел од ФАМИЛИЈАТА .
     
    На mima83, Moira, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ако се сложувате оваа золва стварно е претеризам.Ај сега јадете од моето благо а дома си јадете од вашето .Па кога снаата се потрудила да и помогне нели е ДЕЛ ОД ФАМИЛИЈАТА на гроздоберот, золвата одбила за после да рече дека јадењето не било убаво оти золвата и се мешала.Мислам дека проблемот е во ароганцијата на золвата, која ги надминува границите на нормален однос не само снаа золва туку брат и сестра.Како што рече ели 25 би го почитувала катчето на брат ми и снаа ми, и само би додала дека со моето однесување не би ги повредила.
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    И мојата золва кога се омажи си го задржа клучот и си доаѓаше и влегуваше без да ѕвони.
    Ќе си отклучи и ќе си влезе.
    Ми сметаше тоа, затоа што јас кога се омажив им го дадов мојот клуч на моите од мојата прва дома иако инсистираа да го задржам. Им кажав дека ненајавена нема да доаѓам и затоа не ми ни треба клуч.
    Мојата золва го врати клучот само затоа што се расипа бравата и моравме да ја смениме, при тоа не доби нов клуч.
    Претходно често пати знаев да дојдам дома и да ја затекнам неа седната во соба кај нејзините потполно сама. И кога ќе ја прашав каде е мајка и`, ми одговараше -не знам, кога дојдов не беше дома, еве и јас ја чекам да дојде.
    Ми сметаше тоа, да ми сметаше, таа веќе се омажи и нема што да доаѓа ненајавена и да си влага кога и како ќе и` текне, посебно со свој клуч и без да ѕвони. Мрчев на мм, ама никогаш ништо не реков на старите.

    Честопати доаѓаше и готвеше ручек за неа, за золвеникот иза старите, затоа што мајка и` не го знаела тоа јадење да го направи.
    Мрчев и за тоа. Мрчев затоа што ако сакааат конкретно јадење да јадат кое не знае свеки да го зготви, тогаш нека ја покани мајка и` кај неа дома и нека ја нагости, а не моите садови да ги користи и упропастува кои секако потоа јас ќе ги премијам затоа што на свеки не и` беше битно дали се убаво изрибани (претходно загорени) или само исплакнати.
    Тоа се мои свадбени поклони, мои садови и ако може мајка ти да ги користи, не може бе и ти.
    Не давам, и не давам, Дома готви си, а успат и купи си намирници, а не да ги користиш оние кои јас сум ги купила. Да, ова е чист безобразлук.

    Тука прво пресеков и на мм му реков да постави граници, да си каже на мајка му дека во таа кујна готвиме јас и мајка му,или ќе почнам и јас да ги викам мајка ми и сестра ми да ми зготват нешто што ми се јаде, а не знам да го зготвам.
    Да, таа кујна веќе не е нејзина, нема што таа да доаѓа и да се прави се` уште газдарица и да се наметнува на сега туѓа територија.
    Се омажи, имаш нов свој дом, таму доминирај, таму готви, миј, вари кафе, мести трпези и сл.....тука јас сум главна, јас и мајка ти. А ти, ти си гостинка и дозволи така и да бидеш третирана.

    Неколку пати кога ќе дојдеа на гости, буквално бев бркана од неа од кујна со зборовите-оди седни си, сега јас сум тука, јас ќе наместам, уживај. А ова не беше кажано затоа што и беше жал дека сум уморна. |(

    Чекај малку :^) , јас да седнам во мојата куќа, ти мене ми викаш јас да седнам. :^)
    Г-ѓо, ти си имаш свој дом, таму ќе ми кажеш да седнам и да уживам, а тука ти ќе седнеш и ќе чекаш да бидеш услужена, ама не од мене, туку од мајка ти.
    Јас ќе те услужам кога мене ќе ми се најавиш.
    Можеш да и` помогнеш на мајка ти, ама не и мене да ме бркаш и да ми викаш -уживај. :!:

    Трето, отварење фрижидер во туѓа куќа, ни под разно не смее. Знаеше золва ми да си го отвори нашиот фрижидер и да си се послужи со тоа што си сака.
    Чекај малку, јас кај тебе дома не ти отварам фрижидер, нема ни ти кај мене, можеш да го отвораш на мајка ти, ама не и мојот. Мојот не сакам да ми го отвораш, не сакам бре да гледаш што и како имам и дали имам во моментот. И тоа да биде јасно.

    И не, не сакам да ми вариш кафе во мојата куќа. |(
    Тоа не е знак дека ме почитуваш и ти е грижа за моите потреби и ете ме гостиш, туку знак дека ме понижуваш и ми викаш-ко те ј*бе ( со извинење), ова е и моја куќа и ќе се понашам како сакам.
    Е вала Бога ми, не че мочи.

    Да, се ова ми сметаше, се` му укажав на маж ми и затоа што г-ѓа свеки не сакаше да и` каже на ќерка и` малку да се потсобере и да пази како се однесува кон туѓите работи, мм неколку пати иронично и` укажа дека ако татко и` (свекор ми) ја смета за гостинка, тогаш така и да се однесува.

    И не, ич не ми е гајле дали утре, задутре или било кој друг ден откако ќе си отидеме од тука ќе се однесува како гостинка или пак ќе прави ручеци, кафиња, мафиња и итн.
    Додека сум јас тука, за мене и за брат и` секогаш ќе биде гостинка и така и ќе биде третирана без оглед каде живееме и нема да дозволам да ми се чалами, да ме гази и да се издигнува над мене.

    Не сакам наметливи и доминантни створења и поготово не сакам некој мене да ми се газдрише.
    Точка.
    Лоша сум бе, лоша. ]:) :lol:
     
    На sabatini, mima83, midnight.flower и 7 други им се допаѓа ова.
  5. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Dobro sega, neste loshi snaai, i ve razbiram. Normalni mladi zeni ste koj si posakuvaat svoj dom i svoe semejstvo. Ama za zal vasite zolvi mozat i ne treba da baraat dozbola od vas da dojdat koga i kolku sakaat kaj svoite roditeli. Tie doagaat na svoe, i ne se pravat gazdaricii tie toa i se. Snaai ako ne vi cini toa, soberete si tencerinjsta, mashiata od kumot i pravete svoj dom kaj sopstvenite majki, pod kirija..Da se razbereme jas eve sum zolva, vo Juni ke bidam i snaa i ke imam i zolva, ne sum pubertetlika samo kazuvam kako sto e. Jas ke majkami ke si doagam koga sakam i kolku sakam dodeka e ziva. Na snaa mi ako ne i cini si ima zivi roditeli nela si odi kaj niv. Jas nit od inat, nit da gotvam ke doagam, jas sega ne gotvam:) tuku samo za da si gi vidam mojte. A i zolvickata mi e tolku vnimatelna i takticna, sto ne zasluzila jas da bidam bezobrazna. Navistina ucam od nejze, za mir i netenzicnost vo semejstvoto.
     
    На baby-star, Vetruska, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Многу фрустрации излегуваат на површина тука, ама тоа што некој е фрустриран не значи дека е во право! А тоа изгледа многу се заборава, кому како му одговара. Фрустрирани, дрски, себични снаи тешко дека ќе живеат хармонично со било кого. Тука некако како да се сфаќа дека најкул снаа е таа што е најдрска со свекрвата и некултурна со золвата. Grow up!
    Золвите може се вакви и такви, ама кај родителите се ДОМА, сакале вие или не, прифаќале или не, без разлика дали мама и тато ве научиле дека ваше е она што лично ќе си го купите, а не каде што ќе гo брцнете знаменцето. Ни на Дивиот Запад тоа веќе не функционира.
    И ако тоа не ви одговара, убаво е кажано погоре, тенџерчињата од свадба во рака и под кирија... И утре ако вашата снаа и каже на вашата ќерка да не се занесува многу многу дека е дома кога ќе си дојде кај родителите и дека треба да биде благодарна што снаата ја пушта да влезе дома очекувам да станете и да ја бакнете снаата од благодарност, а на ќерката да и кажете „Слушна што кажа снаичкава? Ајде сега прибирај парталите и да те нема, ти се омажи, нема што тука да дремеш“. Искрено, не ми се верува што читам од жени кои сакаат да се нарекуваат современи! :x
     
    На Orthophill, tessie, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.911
    Лолитке,ова како јас да сум ти диктирала што да напишеш.
    И мојата золва ,,имаше клуч од ,,татковата куќа,, влегуваше кога сакаше без да зазвони на ѕвоното.Седиш и одеднаш ти влегува некој во соба,пупу прости ми Боже како....
    И така еден убав сончев ден,јас и мм се ,,растегливме,,(читај голи) -инаку сами бевме,старите на одмор...кога ....еве ја золвата со зетот си влагаат...не видоа со мм такви какви што бевме и за чудо ниту јас ниту мм не се посрамивме.Зетот почна да нелагодува,да ја обвинува золвата што така ненајавено влегле ,а она ...посрамена молчи.Ова и беше последното нејзино Нинџа влегување кај нас.Од тогаш,се јавува ,ѕвони на врата и то.
     
    На midnight.flower, Sweetheart87 и kravce им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Може на золвата, нејзината золва нон стоп и седи дома, па она за да избега доаѓа кај мајка си :^) И сите снаи така од золвите да избегаат дома и секој дома ќе си биде и уствари зетовците домазетови ќе испаднат :^)
    Веројатно тука некаде е вмешана поврзаноста на ќерката со мајката или некои брачни односи. Не можам да замислам да дојдам од работа со мажот (што го немам :wasntme: ) и наместо дома да си одморам, да си правиме муабет, љубови ово оно :wasntme: јас да киснам кај моите. Приватен интимен живот, создаваш ново семејство, треба простор.
    Башка, моментов, дошле гости золвата да готви, снаата да седи, како директно да и укажува Ти си таа што е гостинка овде, ти си вишокот :^)
    Што знам...ја не би :angel:
     
    На mima83, midnight.flower, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Се работи за култура и за домашно воспитување.Кога ќе дојди снаа дома,никој не вели золвите да не идат,ама малку култура бре најавете се,уживајте и чао,никој не сака да му се душка во фрижидерот :devil:
    И, ставете се малку на место на снаите,нели е греота цел живот да се чувствуваат туѓи .
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    ehh vie ne znaete kakva zolva imam jas,,,sekoj bozji den od dva satot do edinaeset satot ona e doma so dve mali deca (kako da nema svoka kuka ) , zivee blisku do majka i i tatko i ,,,ovde jadat pijat mleko i dava na decata i duri na vecer ke si odi,, ne mozime da si posedime malku da se odmorime cel den so nea se raspravame,,,zgora na toa maz i ne raboti maz mi i dever mi ja finansiraat ,,ako treba nekade da odime taa obavezno so nas idi,,,jas nea voopsto ne ja racunam za mazena poveke e kaj nas otkolku kaj maz i ,,,isto kako da zivee ovde uste da spie i jas ne ke znam kaj da begam gospode boze,,,i posle vie se zalite za vasite zolvi :) jas imam edna ama mnogu vredna zolva :worried:
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.941
    Допаѓања:
    123.516
    Lolyta777 исто и мојата на почеток,ќе дојде ,ќе вари кафе,ќе принесува ручек,па и ќе раскренува маса само садови не сакаше да мие.И така ручаме еднаш,седнавме во дневна и таа се избацува кој ќе пие кафе,ќе варам кафе? И станува во кујна и тука и реков-Јас ќе варам кафе,како ти ќе вариш на гости си ти,седи и одмарај.Оттогаш ова не го направила.Исто имаше клуч.И сите ред работи да не повторувам.
    И како што вели Кравче-зарем не и е мило(пошто и мојата е нонстоп кај нас кога не сме дома) дома си реновира да си седи и гради живот место сеуште да меша прсти кај нас.Па дури и рамки за слики си донесе од нејзе сама и од свадбата и си ги намести на секој ќош ,сама.

    И кој во случајот е исфрустриран ние или золвите :wasntme:
    Не е фрустрација место да си градиш нов живот зошто си сакал со некого и во некое место,да мешаш прсти кај што не треба? Зошто не треба.
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас не сум золва, ама еве реално и непристрасно размислувам и пак ќе кажам-не е снаата таа која ќе каже што треба или што не треба золвата. Каква е таа дрскост? Па ако дошла снаа ќерката веќе не им е ќерка?! Мене навистина се помалку ме чуди тоа што имате проблеми... Се мешате каде што не е ваша работа. Односот меѓу родителите и ќерката НЕ Е ВАШ ПРОБЛЕМ. Ако не ви чини, никој на сила не ве донел и никој на сила не ве држи, аман веќе. Создадете си СВОЈ дом и газдувајте. Вие на туѓо се силите како кокошки на буниште. Ама навистина, навистина не ми се верува што читам! И никако да сфатите тоа што снаата станала дел од тоа семејство не значи дека ќерката престанала да биде дел од истото семејство. Не може бе луѓе снаа на врата, ќерка низ врата, сфатете тоа. И не зборувајте ама не смее она кафе да вари, не смее да готви. Смее, ДОМА Е! Во ред е ако вие си купите свој стан, со свои пари и да кажете „Од тука золва ми не смее да има клуч“. ОК. Ништо ли од дома не ве научиле? Па не е животот само грабање! Можам да замислам утре кога ќе дојде време наследство да се дели што ќе направите зашто уште со стапнувањето таму сте си зацртале дека се тоа е ваше и има да биде по ваше или војна ќе има... цццц :x
     
    На baby-star, Vetruska, andromedae и 8 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Од сето ова излегува дека подобро да си имавме јетрви :lol: .Така барем ке имаше еден ред .Оваков начин на живот ни е современ ни е старомоден.Без никаква култура :sweat:Незнам ама некако се вртиме во круг.Јас имам золва и исто имам снаа.Учам од грешките мојата золва и не ги повторувам.Да ја немав којзнае каква золва ке бев , :tmi: со оглед дека живеам блиску до братот и снаата.
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.941
    Допаѓања:
    123.516
    Не сум си зацртала дека тоа е мое,тоа е на родителите на маж ми,а јас уште малку ќе си имам мое.Ама тоа што моментално живеам во нивниот дом(по твое ,нели не е мој) не и дава право на золвата да прави што сака.Јас и мајка и сме тука,она е гостинка,ние ќе готвиме ние ќе вариме кафе,а јас немам ништо против да си доаѓа и седи по цел ден,се додека не се меша каде не треба.Тоа е непочитување кон мене,како снаа во куќата.Знаеш колкупати коментира за нејзината золва кога и доаѓа на гости,а жената доаѓа еднаш во 3 месеци на викенд со детето.И плус золва и не смее да мрдне никаде,она е главна таму,не смее ни чаша вода да си стави.Дури и кога стана еднаш да преврие водичка за детето оваа ќе ја изедеше-Не,седи ти си на гости јас ќе превријам....И ајде сега ќе се правиме газди во две куќи.
    За делењето на имотот никогаш нема да се јавам и да правам проблеми.Фала богу не ме воспитале моите така,за што сум им благодарна,колку толку ќе си стекнеме нешто наше.Последно кога ја започнавме куќата свекорот и свекрвата искоментираа како ќе ни требаат многу пари да го продале станот и да ни дале нешто.Јас им одговорив ако го продаваат парите нека ги поделат еднакво,пошто и ќерка им го средува спратот и нив им требаат пари.Така да за тоа ни јас а НАЈМАЛКУ маж ми нема да прави проблем.Откако работи тој ни денар им нема побарано.
     
    На mima83, lolyta777 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    liones некои едноставно се такви и не и важно во чија кука се наогаат .Еве ние имаме наш дом,и таа ми има претурано по кујната , фрижидерот...Па сум била со мали деца кај мајка ми до 40 дена, и таа тогаш немаше срам, и зборуваше се само да не навреди а себе да се воздигне .Не сме знаеле да чуваме деца , а таа нема израснато ни едно..ама ние мислевме дека ни е гостинка и не во ред да се расправаме.Затоа мислам дека некои едноставно се болни да доминираат.
     
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    liones некои едноставно се такви и не и важно во чија кука се наогаат .Еве ние имаме наш дом,и таа ми има претурано по кујната , фрижидерот...Па сум била со мали деца кај мајка ми до 40 дена, и таа тогаш немаше срам, и зборуваше се само да не навреди а себе да се воздигне .Не сме знаеле да чуваме деца , а таа нема израснато ни едно..ама ние мислевме дека ни е гостинка и не во ред да се расправаме.Затоа мислам дека некои едноР


    Смајлиња

    Повеќе смајлиња
    BB-кодовите се ВКЛУЧЕНИ
    Смајлињата се ВКЛУЧЕНИ
    Преглед на темата ↓
    ставно се болни да доминираат.
     
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Кога би имала толку дрска снаа која би ми кажала „седни, ти си на гости тука“ јас едноставно најубаво ќе и кажам дека нити сум на гости нити некогаш можам да бидам на гости ДОМА. (Патем ако ЈАС која сум родена во тоа семејство сум гостин, што ли е таа?) И толку.
    А тоа што некоја золва влегувала и чепкала... Во тој случај немаш проблем со золвата, туку со сопругот кој и дал клуч и слобода да си влегува без да се договори со тебе. И еве, без намера да те напаѓам, велиш дека не им е место во домот кај родителите, а ти самата си била кај родителите тазе породена и тоа до 40 дена? Замисли да те избркале тебе за да не и пречиш на снаата?
    Јас можам да сфатам што зборувате и на што се жалите, јас сепак сум снаа што има золва, не сум золва, ама сакам да појаснам дека тоа што некому му пречи нешто не значи дека е во право. Овде доминира ставот „МЕНЕ ми пречи, ergo, мора да престане“. Не функционира така светов, а ни било кое семејство. Мене лично менталитетот на помладиов свет ме разочарува, без прилично убедена дека сме мрднале напред малку во овие односи, ама тоа поместување било селективно и се сведува на задоволување на сопственото его и себичност.
     
    На baby-star, andromedae, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.941
    Допаѓања:
    123.516
    Па сакала или не на гости е.Или кај нас си е дома а таму е на гости ,така му доаѓа :D
    Кога се мажиш си формираш фамилија,си ствараш дом.Кај мама и тато секогаш е добредојдена никогаш не сум рекла не може да дојде,никогаш .Ама има каде да готви и вари кафе,и претура по собите.Јас сега живеам таму и нека има почит кон тоа,кон нас,кон брат и.А немаат изгледа.За тоа зборувам.Нека си гледа во нејзиниот дом за нашиот има кој да се грижи.А кога сака нека си доаѓа,никој не забранува.

    И да кажам уште нешто,кога се омажи золва ми си отиде кај вереникот,и првото доаѓање звонење на врата и ајде ви дојдов на гости 8)
     
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    20.927
    Немам золва но јас сум золва.
    Мајка ми е сама на први спрат, снаата и брат ми горе.
    Кај мајка ми си влегувам без ѕвонење и најава. И да, слободно си отворам фрижидер и висечи од кујна- не дека ми се јаде туку онака....должна сум да проверам. :D
    Или ѕвонам на снаа ми и брат ми, или ако внуката слезе доле и викам Кажи и на мајка ти дека сме тука, дали сака кафе и каде ќе пиееме, горе кај нив, надвор во двор или кај мајка ми долу? Секогаш кафето го прави таа- освен по исклучок ако побара јас да го направам таа, од причина што малата има направено некоја беља.
    Ако мајка ми направила ручек- кревам капак и проверувам- може и да си седнам и да се наручам, но ако снаата направила- секогаш ќе ме покани, дали само јас- ако сум сама- дали комплет, повелете ако сте гладни. Туку нема формалности или неугодност, блиски сме. Ако ни се јаде седнуваме и јадеме, ако не фала...но речиси и не си дозволувам ниту јас нити маж ми да ручаме неофицијално најавени или поканети за ручек.Едно тенџерче со манџичка да се подели со уште 2 возрасни, некако не ми е вкусно да му скратам на некој ручекот. Иако тоа несебично е понудено. Се разбира 1-2 и би било ок, ама ако е често, тогаш и нема несебично да ни биде понудувано- факт.
    Кафе не варам. Ручек таму не правам. Без најава на спрат не им се качувам.Во кујна и спална не им влегувам.Фрижидер не им отворам.
    Клуч од мојата стара дома- немам. Не ни помислив да си земам.
    Дури до толку што се притеснувам кога треба да го оставам малиот на чување кај мајка ми. Снааата не е на работа, ама секогаш прашувам дали имат во план некаде да излегуваат да одат, за да знам дали да го носам малиот кај нив, оти и тие имат мала колку мојот синко- па мајка ми може да фати лудница сама со 2.- За ова последното понекогаш ми е криво што сум толку обзирна, па нај на крај таа е баба и таму и ваму...ама пусто, ваљда мајка така ме воспитала.
    А за идеална не сум, далеку од тоа. Си признавам. Посебно кога не бев мажена. :tmi:
     
    На sabatini, mima83, midnight.flower и 6 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.194
    Кога некој решил да се мажи/жени и да гради сопствено семејство, се знае кое е примарното.
    На тие што им е убаво дома(или барем се трудат да им биде) си седат дома. Си го градат својот нов дом и покажуваат соодветна почит кон оној дом од кој дошле.
    Оние другите покажуваат некои очајни обиди да се долови и доживее атмосферата во дом на едно друго домаќинство, она на своите родители и својот брат. Очигледно нешто им фали во својот нов дом, па држ не дај се држат за оној мајчиниот.

    И не може некој да ме разубеди дека тоа е нивни дом само поради тоа што они биле израснати и изгледани во таа куќа. Не зборувам за материјалната сопсвеност на тие соби под тој покрив, зборам за примарните единки на едно семејство.
    Домот на таа золва е таму каде е што е мажот и, евентуално дечињата доколку ги имаат па и неговите родители доколку живеат во заедница поради неопходноста за донесување на компромиси и одлуки кои имаат влијание на сите.

    Со доаѓање на снаата во заедницата е тешко за сите, но највеќе за нејзе.
    Неопходно е да се модифицира редот по кој функционирала таа куќа и да се стори неопходното за таа да се чуствува дека е рамноправен член.
    Секоја ротација на улогите, макар и за некои банални ствари или предмети го нарушува воспоставениот ред. Еднаш, уште еднаш...
    Доволно е тешко што треба свекорот и свекрвата од една страна а од друга младиот брачен пар да ги усогласат потребите, третава женска особа само прави каша попара.

    ЈАс не знам како им е дојдено на луѓево до тоа.
    Вишок на слободно време или неисполнување на обврските во сопствениот дом па дремат по цел ден кај мама тамо и бато :^)

    Осет да се немало.
     
    На mima83, midnight.flower, Moira и 8 други им се допаѓа ова.