Фино како на други теми снаата има проблем оти „во новата дома не се осеќа прифатено и добредојдено“, ама за одење кај мајка и` и правење што сака во домот каде има друга СНАА - Не е проблем, нејзина е половина од куќата Никој не рече дека не е нејзина, уствари тоа си се решава со договор со родителите и братот, ама зборуваме за крајности, за непочитување на туѓа приватност, макар тоа бил и родениот брат. Не знам зошто Лајонес измеша „традиционални работи“ со „демек модерни жени“. Што има „немодерно“ во тоа јас да и` дадам простор и приватност на снаа ми, да си го гради по свое животот со брат ми? Не им е доста што (заради Х причини) живеат со моите родители, туку треба и ЈАС да сум таму секој ден со саати, да си правам што сакам, да отварам кај сакам, да јадам, да пијам (без да знам КОЈ во фамилијата ги обезбедува сите тие работи, оти нели, може само од парите на снаата да се) и после гозбата да си се спакувам и да си одам дома (во таа истата каде што се борам да бидам прифатена како член на фамилијата, не како странец )? Мене мајка ми секогаш ќе ми е мајка, ама јас неа нема никогаш да ја ставам во незгодно заради мои каприци и желби и слободно време, и не знам каква врска има тоа со модернизмот. И ова го зборам од аспект на ЗОЛВА спрема снаа ми (обратно нели од снаата која кука дека има проблем со сестрата на мажот), значи јас пробувам во секое време, со моето однесување да и` дадам до знаење дека е почитувана и добредојдена, и дека има предност во домот - кој го ОДРЖУВА, ЧИСТИ, СПРЕМА и најбитно - им носи вода на моите родители кога се болни и не можат да станат - да избери како сака да живее со брат ми. И што има лошо и безобразно во ова?
Совет до снаите кои имаат малку повеќе досадни золви -Ако како снаа сама се дрзнеш да побараш простор и слобода тогаш си безобразна, па се дури таа не се сети дека треба да ти ги даде, чекај, трпи, ќути, па можеби ќе дојдат подобри времиња и золвата ќе престане рекреативно да се бави со вашето домаќинство. Така ќе добиеш почит од нејзиното височество и ќе важиш за една модерна домаќинка која си знае каде и е местото. Јееј, може и диплома следува со тоа. А до тогаш давај си ја платата за прегорени инсталации, поправки на стари ѕидови и кровови, обнова на елементи стари сто години, одржавај го домот "на золвата", грижи се за нејзините родители како што можеби не си се грижела ни за твоите, и надевај се и радувај се на трошка обзир од неа...оти ќе треба да се бира измеѓу тебе и неа, па тогаш маф ти е работата Или, нормално другата така едноставна опција за која не знам како не ти текнало порано -да си купиш стан или да одиш под кирија. Ем ти ќе си ја имаш цела комоција на овој свет, ем таа на раат ќе си има две куќи кои ќе ги нарекува свој дом без да и мрчи разгракана, немодерна да не речам проста, дојденка. Бирај, оти трета опција немаш.
Ептен одите од крајности во крајности. Секоја ситуација е индивидуална, приказна за себе. Сите сте во право на некој начин. Меѓутоа вистината е некаде на средина. Можеби треба да се има осет, да не се заглавува, но тој дом, верувам дека е створен кога ќерката растела, па и таа вложувала. Можеби не дирекно, но целосно, како фамилија. Зошто моите подигале кредит, па се кратело од облека, излегувања, одмори? Можеле да ми ги дадат мене, па не морало да сме имале, и така не е тоа мој дом, мхм.. Мене секогаш мојот дом, ќе ми биде мој дом. Дали ќе дојдам на кафе/ручек, дали ќе останам цел ден, тоа се карактери во прашање и ситуации. Понекогаш ќејфот мој,на снаата, на родителите, е поголем отколку таа храна/кафе за кое сте се фатиле. Ќешки да имам па да давам на сите. И јас да им носам, да им купувам. Ексик нека е и се дадено ако не се добри односите, џабе. Да се направи компромис, ако сите тераме инат, тогаш ништо не останува.
Точно носи заради тоа.Моето никогаш не чинело-сум ставила премалку,премногу,и затоа цитирам-Пробај од моево и ќе знаеш за другпат И секогаш така.Ок нека си носи за да пробаме,зошто да не,ама во нејзиниот случај не е за да пробаме туку за друго. Еднаш беа кај мајка ми на кафе,она ретко прави како неа 7,8 врсти т.е. никогаш,и мајка ми направи торта.Утредента одам кај золва ми и ми принаса еден куп слатки и викам абе што толку правиш,напрај 2,3 и готово и она знаете што ми рече-Е не како некој една торта да принесам срамота е.И знам дека тоа се однесуваше на мајка ми и ми падна криво. Инаку некој напиша дека мајка ми ме буцка незнам од каде тој нзс се најде,мајка ми е таа која не сака расправии уште да ми рече ќути си и трај си ама се нервира кога ме гледа нервозна и само ми вели да си гледам за мене и маж ми да ни биде убаво а знам дека и она се нервира.Тоа кога отишла на гости кај нив,да ми кажа дека тој и тој и отворил врата,и ја оставиле да седи со него,можела барем свекрва ми да ја испоштува и да седи со неа.Ама нормално имала забрана ,и тоа се знае од кој.Кога е заедно со ќерка и никогаш не се поздравува со мајка ми и сестра ми кога ќе се сретнат или само здраво.Тоа и беше прв и последен пат на мајка ми да отиде на кафе кога не сум јас таму. Кога доаѓаат кај мама на гости,она нонстоп и звони на мајка и доста седевте сега кај мене доаѓајте.Колкупати ќе ги викне на ручек ќе ручаат и одма стануваат оти она така наредува.И ми е криво за мајка ми испаѓа непочитување кон неа што ги поканила. Ова е нејзина болна потреба да контролира како и љубомора на времето што ние го поминуваме со нејзините.Ете така е верувајте.
Другарка, а што ако, додека ти си растела, сте имале СЕ` и сешто, секаде прошетани, најадени, задоволени, ама пред да се ожени брат ти пропаднал бизнисот и сте стигнале до момент да живеете од платата на снаата? Што е таа „крива“ што треба да покрива големи трошоци (пример огромна куќа, двор) или не дај Боже да треба да отплаќа стари фамилијарни кредити? Да си крати од шетање, од јадење по ресторани, од купување за децата и себе, само затоа што фамилијата во која влегла ја задесила таков момент? Ситуации има многу, и секогаш се индивидуални, ама ќе престане да е индивидуално ако јас цело време се докажувам КОЈ на чија територија влегол и живее и си се однесувам ко никогаш да не сум ја напуштила куќата на родителите, зошто со тоа, колку и да ме сакала и почитувала, кад тад ќе и` збогтиса и ќе ме отера у 3 лепе, и во право ќе е! Малце усул
А дали тоа значи дека снаата, бидејќи не е растена во таа куќа, тогаш таа е гостинка во домот на својот сопруг? Битерсвит опиша еден убав семеен однос, двонасочен значи, до толку се блиски што иако живеат одделно, си имаат два дома и тоа е убаво. Но ако само едната страна го искористува тоа, а другата е потисната...верувам дека има право на жалба. Јас од она што го прочитав, ми личи на случај каде золвата упорно се укотвува во тој дом, за да случајно некој не ја засака снаата повеќе од неа И да има проблеми со сопругот, дома треба да ги реши, а не со мама и тато...па нели е возрасна? Или со лолита ситуацијата, штом се појави, тие секогаш бегаат некаде Па вишок ли е, заразна ли е, што ли е? Сигурно не мора да споделат се со неа, ама едно кафе и општ муабет нема да ги здоболи. Мене, лично барем, да се чувствува како нешто помалку мојата идна снаа во нашиот сегашен дом би ми било криво. Би го осеќала како личен минус свој и на моите зошто не сме го прифатиле и примиле новиот член на нашето семејство, баш како член на семејството. Па сега, ако во карактер и е да наоѓа мани на се, и да се расправа...ќе знаеме бар дека нашето сме си го завршиле
Toa e дом на сите нас, и на снаите и на золвите (отсекогаш сум била поборник на темава дека тоа е заеднички дом), но сопственици на тој дом (и оние кои ни` даваат право и можност да се служиме и да бидеме дел од истиот) се родителите на сопругот/сопругата и сопствениците одлучуваат кој колку ќе седи и дали ќе доаѓа. Убаво вика другарка, секој вложил на свој начин, што се вели од облека од одмор некогаш биле лишени децата за домот да биде поубаво место. Снаата пак тоа го прави на друг начин. Не спорам за тоа дека треба да се има интима и право на истата. Еве јас кога одам, ама не можам да им речам „не“ на моите кога толку сесрдно ме молат да поседам уште малку, а доволно ги познавам за да знам дали го викаат тоа од општа култура или жал или од што стварно го мислат. Значи сопствениците на куќата се тие и тие се слушаат. Истите да ми речат „не доаѓај веќе“, нема да одам. Со други очи ќе ги гледам природно, но ќе ги послушам зашто они се газди и они се слушаат. И само да напоменам, што заборавив погоре, никогаш не сум отишла непоканета, не пак ненајавена, туку секогаш било договарано недела дена однапред барем, НА МОЕ ИНСИСТИРАЊЕ. Е и за тоа да ми се префрла не би дозволила и искрено би се навредила. Башка еден саат од тоа седење и` помагам на мајка ми во раскревање, миење садови и слично. Значи гледам да сум што помал терет и што поопуштено да се чувствуваат сопствениците на куќата покрај мене. Другите не ги ни шишам, пошо не ни седам со нив. Спојлер Додека се моите живи, нивна е, потоа наместија да биде на брат ми и на снаа ми што мене многу ме навреди. Но додека е на моите родители, тие ќе се слушаат. Потоа моја нога веќе нема да стапне таму. Јас сум нивен гостин, не на снаа ми. И онака жената кога моите си имаат некои гости со кои на неа не и` оди муабетот, си оди на спрат и готово. Нека прави така и со мене. Сум против злоупотреба, интригашење и качување на глава. Но доколку е во склад со договорот со сопствениците на тој дом и нивните желби, другите нема право да се мешаат. Ај сеа на свекор ми да му речам „брее шо досадни гости, ај набркајте ги, сакам интима.“ (ни мм нема право така да му рече, што остана за мене?) Не ли ми чини друштвото, фино лепо се поздравувам културно, едно „како сте, што правите“, си земам нешто за јадење и со мм си одиме во соба. Толку едноставно. А не госпожа снаа ми што не една соба, цел спрат има само за неа, за брат ми и за бебушот. Сега со мм откако сме одделени, ние си одлучуваме заеднички со договор кој кога и колку ќе доаѓа. За тука, треба гостите да не` прашаат нас, за кај моите или неговите, сопствениците.
Мислев ќе одолеам да не се вмешам во муабетов, ама не можам. Не сум золва, ниту пак имам золва, ама имам зет кај мајка ми, па отприлика знам како им е на золвите. Мене домот на моите родители секогаш ќе ми биде дом и таму секогаш се чувствувам како дома. Дали тоа им смета на зетот и сестрата, не знам, ниту ме интересира. Тие треба да бидат среќни (а и вие кои тука мрчите за се и сешто) што им го отстапиле домот за да можат да градат семејство, а и плус да си заштедат за свој дом. Не се должни да го прават тоа, тоа е само добра волја на родителот кој што се би направил за своето дете. Во годините кога израснале семејство, ги оспособиле децата за живот, наместо да уживаат во староста, нив им се ремети мирот. А и плус што не можат подеднакво да им се посветат на сите внуци, бидејќи по дифолт тие со кои што живеат очекуваат да имаат предност. Мислите дека на родителите им е лесно? Па уште одозгора кога ќе дојде некој туѓ (да снаата и зетот секогаш ќе бидат туѓинци, колку и да се противите на тој факт) и ќе им кажува со кого да се гледаат, кога да се гледаат, кога да доаѓаат и сл. Претерувате, навистина. И гледам тука мешате некои поими. Семејството каде што сум израснала секогаш ќе биде мое семејство, а со сопругот основам ново семејство, а не со целата негова фамилија до трето колено. И за крај, многу сум среќна што имам сестри и што сум многу блиска со нив. Не знам како ќе беше да имав брат и да ми се погодеше некоја снаичка како вас тука.
Генерално се сложувам со мислењата на Li0ness во повеќето теми, но со овој конкретен дел не се согласувам. Јас не сум мајка, но сепак знам дека туѓото дете не можам да го сакам повеќе од своето. Но во овој случај, ти како мајка не бираш помеѓу ќерката и снаата, туку помеѓу ќерката и синот! Нам мајка ни од секогаш не‘ учела дека сите три не сака подеднакво. И не ми е сфатливо сега дека некоја мајка може да ја сака повеќе ќерката од синот или дека синот го сака повеќе од ќерка си. Друго, како тоа: денес може да е снаа, ама утре и не мора!?! А што ако некој за ќерка ти го мисли истото? Што ако некој на ќерка ти и го прави истото? И снаата е нечија ќерка, и за нејзе некоја мајка душата ја боли. На крајот на краиштата синот не мора да се жени, нека си седи со мама и тато, за снаа колај работа, ќе најде некоја колку за преспивање - за друго и не мора, мама и дада се тука. Никој не и‘ брани на ќерката да (откога веќе се омажила и се иселила од родителскиот дом) да дојде да си ги види родителите, да им помогне ако смета дека треба, но не треба тоа да го прави на штета на останатите „жители“ во домот. Тука најмногу родителите се виновни. Доколку решиле да живеат во заедница со синот и снаата, и доколку тие (синот и снаата) вложуваат подеднакво во тој дом (плаќаат сметки, купуваат храна, поправаат дотраени инсталации, менуваат врати, прозори итн.), тогаш тие подеднакво имаат право на свој мир во тој дом. Доколку родителите не сакаат да живеат во заедница, нека си кажат на старт (и тоа уште пред синот да има намера да се жени, уште пред да знаат која е снаата), и нека го насочат синот да размислува во тој правец, дека кога ќе се жени ќе се исели од родителскиот дом, исто како и сестра му. Лично јас немам брат, ние сме сестри, сите сме омажени. Моите сега живеат сами. Ниту една од нас нема клуч од таа куќа, ниту една од нас не се обидела да влезе дома (тоа за сите нас е „дома“) без да заѕвони на ѕвончето. Така сме воспитани: ќе тропнеш/заѕвониш, па ќе чекаш да ти отворат врата и да те поканат да влезеш. Што дека се сами дома? Може ете решиле по гаќи да се шетаат! А за распределбата од пусто турско: „ на синот куќата, а на ќерката клоцата“ и за тоа родителите се виновни. Тие одлучуваат кој имот кому ќе припадне. Тие одлучиле да ја остават ќерка си без ништо, а не снаата.
Реков не се мешам веќе, ама ај да си дообјаснам . Значи, за делот за снаата и ќерката и кого би избрала... Прво, суровата реалност е таква, снаата може ама и не мора да биде засекогаш (од мој многу близок роднина до сега сум имала 3 снаи, на пример, и со бр.3 се разведе, што значи во иднина може и бр. 4 да има...). Второ, јас зборувам најискрено, како што мислам сега (е сега што ќе стане со мене кога ќе станам свекрва, не знам, се надевам ќе ме држи Господ на умот ), ама од овој аспект, ако снаата почне да прави тензии и да се расправа зошто ќерка ми готвела во нејзини тенџериња или зошто ќерка ми често доаѓа или зошто ќерка ми има клуч од мојот дом, верувајте, токму заради мирот дома би побарала да се растеретиме малку и секој да си оди на своја страна. Затоа што сигурно не би и кажала на ќерка ми „Ај те молам не доаѓај некое време, и пречиш на снаата“... Не можам да си го замислам тоа, ма колку и да е од овој аспект далечно тоа време. Верувајте, не можам да замислам да и кажам на ќерка ми „Врати ми го клучот, снаата се лути што имаш клуч“ или „Доста беше, оди си сега, многу седиш, ќе се налути снаата“ (посебно што познавајќи се себе мене ќе ми биде радост и празник кога пак сите ќе си бидеме собрани на муабет) или да и речам да не доаѓа... И секако дека ќе се потрудам да ја воспитам да биде нормален, срдечен, пристоен, незлобен, незавидлив човек. Ако оди некаде да живее во заедница, ќе треба да се труди да се прилагоди, не да биде судија таму. Ако не може во заедница, најчесно е тоа да се каже од старт, пред да се роди зла крв. Верувајте, нема среќен маж кој заради жената се закрвил со семејството. Нема. Како вас што ве боли за своите, така и него го боли за неговите и во тие работи е најдобро да не се чепка. Кога-тогаш, еден ден, сето тоа ќе исплива на површина. Сум била сведок на разни сценарија од тој тип, кој чии родители победил и ништо арно од тоа не излегло. Останува горчината. Јас не би се чувствувала како победник ако заради мене маж ми е во кавга со неговите. Длабоко го почитувам она „не прави му го на друг она...“. Ниту би сакала јас да се најдам во таква ситуација, ниту би сакала моите деца да се најдат во ситуација да треба да бираат. И би сакала моите деца кога ќе останат и без нас да си бидат поткрепа, без разлика што ќе си имаат свои семејства, и подобро јас да бидам лошата и да пресечам некои работи отколку тие за навек да се замразат (не дај Боже, нели). Подобро снаата да ми се налути мене отколку да се кара со ќерка ми. Подобро син ми да ми пререче мене, ама со сестра му да си бидат во пријателски односи. А за да биде така, не би сакала никогаш да ги делам по ниту една основа, ни во внимание посветено, ни во понудена љубов, ни во поддршка, ни во наследство. Можам да ја замислам Теси како се чувствува што родителите ја исклучиле од наследството. Не е само заради материјалното, понижувачки е цел тој пристап на родителите. A ни на снаата не и мислам лошо. Ако не може да се прилагоди на нашето семејство, почесно е да се на страна отколку да паднеме на ниво на кавги на селска чешма. Па и ние како родители имаме право на некој мир и раат во сопствена куќа. И убедена сум дека и дел од тие кои тука држат предавања за правата на снаите, утре кога нивните ќерки ќе бидат золви ќе бидат исто толку гласни за правата на золвите, само сега не мислат до таму.
Нема да имаш срце да и кажеш на ќерка ти макар и на убав начин да се прибере малку и да остави раат за братот и снаата (зборуваме за нападни золви а не за лоши снаи), но од друга страна немаш проблем да му кажеш на синот да си заминат и да ве растеретат? Значи колку и да е нападна ќерката ти секогаш ќе бидеш на нејзина страна?
Ги читам проблемите некое време на оваа тема, немам идна потенцијална золва, зашто дечко ми има брат, ама дури и да се доведам во ситуација некогаш слична на опишаните - во смисла негово форсирање (на братот), разгалување, и колку и да ми пречи (па дури и да било на штета на моето семејство или брак), пак сметам дека не е моја работа да оправам работи во туѓо семејство и средина, туку работа на мажот / сопругот. Такво мешање на лончиња не оди, ако станеш дел од нечие семејство не значи дека добиваш автоматски право да се мешаш во нивни манџи, како и они во мои (хипотетички, да имав брат или сестра). Така размислувам во моментот, ама сметам дека немам право да се мешам во тој однос. Замислувам да имав сестра / брат и дечко ми да ми кажува - ама брат ти ваков, ама сестра ти ваква, ама зошто и` дозволуваат ова, она? Кој си бе ти да кажуваш за моето семејство како треба да функционира? Таа сестра, золва ли е, што ли е, си има родители, и самата некој ден ќе биде доволно возрасна да оформи семејство, и ич да не ви е гајле. И многу нормално и јасно е дека семејството на мажот секогаш ќе си ја преферира сопствената ќерка пред туѓата (снаата), тоа е и природно... Нема многу место за чудење.
Што да кажам освен тоа дека ми е мило што имам родители што не прават божество од мене, и не се стегаат да ми кажат кога претерувам. И пак знам дека ме сакаат најмногу на свет. Дури и да не избркаат некого од куќата за да ми докажат.
Мојата золва е страшно размазена, себична и љубоморна. Свекрва ми понекогаш има страшни проблеми со неа, затоа што има 30 години, мажена е, а се однесува како разлигавена тинејџерка. Свекрва ми и свекор ми за неа се мајка, а за дечко ми маќеа. Преокупирани се со неа, секогаш гледале она прва и се да има, таа за ништо да не се мачи и ништо да не и недостасува, па нормално оваа си го злоупотребува тоа и сега душата им ја вади. За тоа си се криви нејзините, па нека си ја трпат. Ќе излажам ако речам дека ми е сеедно додека гледав како дечко ми се мачеше за да го имаме ова денес, а она се наготово си најде и уште па од ништо не е задоволна и се и е малце. Муабетот ми е, каква е таква е, јас не сум никоја да им кажувам таму дали треба да и даваат, или да им правам калкулации на кое дете колку и како. Тие си се посебна приказна и јас немам право да кажувам на кого каде му е местото. Нормално дека золвата секогаш ќе биде во право за нејзините. И уште па да се некои и малце позаостанати и да им подречеш нешто, можеби и со најдобра намера...... си нае*ала.
Човек што ли не ќе прочита на форумов СНААТА БИЛА ТУЃИНКА ВО КУЌАТА НА СОПРУГОТ???!!!! Е ваквото ограничено и себично размислување е генератор за сите несогласувања и тензии во едно семејство.Снаата го носи нивното презиме,живее на нивната адреса,им го продолжува потомството ,ја меша сопствената крв со нивната и пак е туѓинка! Еее алал да ви е на муабетов! Да ,никој не го оспорува фактот дека и золвата има свој придонес во родителскиот дом и еднакво право на имотот од родителите како и нејзиниот брат.Иако и тука не е се така црно или бело..зависи од ситуацијата и самите животни околности..Зарем иако имаат само 2 соби за делење со братот на пример некоја би се дрзнала да му ја земе таа една соба а, притоа има друга сопствена куќа кај сопругот да речеме на 3 спрата??Тука слободно би кажала дека ова не е ништо друго освен алчност и лакомост. И не секогаш кога некој не нуди со кафе и колачи мора да значи дека тоа го прави најдобронамерно од што многу не сака нели туку, во иста мера истото може да биде и злонамерно.Подароците имаат две лица.Тенка е границата меѓу двете но,сепак се чувствува и гледа. Јас не ги бранам ни снаите ни золвите..туку се залагам за едни општочовечки и коректни односи,без територијални претензии без,едната од нив да се чувствува како загрозен вид или окупатор.Само за ова да се спроведе на дело треба човек да има осет,толеранција и флексибилност за прифаќање на промените.Не е исто да бидеш мома кај мама и тато и не е исто да бидеш мажена.Не дека ете снаата дошла па сега траг нема да и се види на золвата но,сето тоа да биде пропратено без завист,љубомора,дека едната добива или губи нешто..било материјално или нематеријално.Зошто навистина е глупаво да и забрануваш на сопствената мајка да изгради поблизок однос со снаата како во примерот. Да не речите ги бранам само снаите знам за пример каде снаата не сакаше да ја прими золвата во куќата на родителите откако се разведе иако имаше простор и услови за тоа.И ова не е во ред..па беше доведена во ситуација да моли некој за да има каде да преспие.
Па тоа и ми беше поентата на муабетот. Дури и да не е секогаш во право, и да се расправаат меѓусебно, пак ќе кажам - нивна работа си е. Не знам што точно може да се постигне со наше / ваше мешање и интервенција. Зошто секогаш ќе си ја бираат золвата (ќерката) пред (вас) снаата? Зашто и вашите дома ве бираат прво вас (сакале да признаете или не), пред зетот.
Реакциите највеќе се однесуваат на онаа феминка која се пожали на золвата дека дремела кај нејзините, демек тоа и пречело иако и таа самата не живее во таа куќа туку живее во друг град, со кое право пак таа се меша во тоа колку ќе седи ќерката со мајката кога нејзе на ниеден начин не и е нарушен комодитетот и приватноста. Јас си знаев кога се ожени брат ми дека доколку јас и снаата не се погодиме/сложиме ќе ни се растури семејството, затоа што реално тоа од нас жените зависи, ние на секакви ситници гледаме, бараме скриено значење во секој кажан збор итн. И јас си имав многу мака на почетокот со снаата, не затоа што сум јас лоша туку таа влезе со веќе решен ум дека јас како золва мора под дифолт да бидам лоша, дека сакам да и го растурам бракот за да го имам братот само за себе и ред други глупости кои ги заклучила на основ на тоа што нејзините тетки и правеле на мајка и. На почетокот и попуштав затоа што ај греота е сама на крај на светот, тажна е без своите ама секоја нервоза, тага итн ги истураше врз мене, ние највеќе време заедно поминувавме така да јас највеќе и го јадев стапот.И си трпев, трпев додека и моите рогови не почнаа полека полека да излегуваат со арно не бива, со лошо пак ич, дојдовме до квалитетна караница, без вреѓање, со повишени тонови, татко ми и брат ми си излегоа не оставија сами да си ги скршиме роговите После тоа си видовме дека со инаетење никаде нема да стигнеме и си легнавме и двете на брашното, таа мене ми попушти, јас на неа и така дојдовме до тоа што сме денес. Инаку не знам што подразбирате под дремење, јас со мало дете, маж, работа и куќа за гледање не можам да дремам кај татко ми, колку ми дозволуваат обврските толку време поминувам надвор од домот. Еве денес бев 2 смена, во 8:45 бев кај снаата, го оставив моето дете го однесов внук ми на училиште, се вратив, пиевме кафе го оговаравме братот кој сега е дома искршен целиот ама оток невиден као и секој маж, таа отиде да си заврши некоја обврска, станаа внуците ги наранив и нив и моето, измив садови, го наранив и братот и му дадов лекарства, го легнав син ми да отспие малку до вујко му, си играв со внуците, испеглав една корпа алишта и си дојде снаата. Пред да одам на работа и го оставив моето дете, мм на враќање од работа го зема внук ми од училиште, пиел едно кафе со брат ми си го зема детето и си дошол дома, ете вака изгледаат нашите денови и ако јас ги оштетувам за 2 кафиња и една рака овесни снегулки тогаш стварно не знам што да речам. И околу сметки плаќање, двор средување итн, кој живее таму и троши тој ке си плаќа, и јас имав кираџии во куќата во која сега живеам (киријата ми ја покриваше ратата за кредитот) си плаќаа сметки и го средуваа дворот ама без моја согласност не смеа да заковат шајка, затоа што тоа не е нивна сопственост, моја е.
золвата кога се мажи иглегва од куќата на родителите, и кога веќе се осеќа како гостинка кај родителите тогаш е и гостинка на сната, ако се во заедница неможи кај еден да си на гости а кај друк да не си, и да не го регистрираш. а ако веќе сеуште се осеќаш како дома (а сепак не си) тогаш треба да си имаш граници. јас имам девер, и треба сега тој мене да ми влегва вспална да ми гиба по алишта или слични примери што прочитав само затоа што тој е дома а јас ,, не сум,,?????
Правев муабет со мајка ми на оваа тема , па ми раскажа случка од минатото . Што би рекле вие ако золвата си побара да и исплатите дел за куќата во која седите ? Злобна , алчна , безобразна што мајка бара мажена е Золвата на братучетка на мајка ми побарала да исплатат дел од куќата во која живее брат и со снаата , и тоа 3 пати помалку од делот кој и припаѓа побарала 7000 марки . Бидејки со мажот и сакале да си купат стан . А женава капнала од жалење и оговарање како била сурова золвата, и со дете тие требале да отплаќааат за неа . Па чекај малку бе , ти ќе се шириш во куќа од 100 квадрати а сестрата нека крши глава само братот е дете Таа ништо не зела од дома . Како можела да бара бе Најчесто снаите ги пецка имотното прашање па затоа золвата е непријател број 1 И да точно е дека родителите се криви за неправилната распределба , затоа моите уште од мали не учеле дека се е на 3 дела . Оти неретко гледаме како браќа и сестри не зборуваат ради имот ... Што се работи во мешање на односите , кога дечко ми се жали од сестра му јас молчам и го ислушвам и не заземам страна кој е во право кој е во криво . И така ќе остане , а не пак во односите со нејзините родители . Ако сака нека и звони на мајка и по 1000 пати тоа мене не ме засега . Како што и друг не треба да го засега какви се односите со мојата мајка и моите браќа . Треба да сум луда , да мислам дека свекрвата мене ќе ме преферира наспроти ќерка и . Јас сакам коректен однос со почит , мајчина љубов не , си имам јас моја мајка а таа свои чеда . И утре ако живееме во заедница јас не очекувам золвата да го врати клучот или да ги намали посетите оти јас сум дошла . Тоа значи дека се приклучувам кон тоа семејство а не дека станувам полицаец и стопан и да ги диктирам фамилијарните односи и динамики ... Зошто не ја гледате золвата како член на тоа семејство , или триете раца кога ќе се мажи ова се шалам де , сите знаеме што носи живот во заедница , не се изненадувајте од фактот дека вашито сопруг не е единец во фамилијата , ако толку не ви одговара инвестирајте во свое .. Тоа што родителите на мажот ве примиле да живеете таму , не значи дека треба да кажувате кој да доаѓа на гости .
Зошто стварно претерувате со вакви глупости? Вакви примери се само одраз на простотилук и некултура а не на чувство на слобода, јас дома кај татко ми се чувствувам слободна а на никого не сум во влегла во спалната, кај свекор ми и свекрвата исто се чувствувам слободна и иако сум 6 години со мм до викендов не знаев ни како им изгледа спалната, сега со свекор ми кој се опоравува од инфаркт прв пат им влегов во спална за да се поздравам со него. А за гостите, треба ли кога ќе дојдат твоите родители да седат сите со нив или културно да се поздрават и да ве остават на само да си правите муабет?