^ битерсвит (за претходниот пост) Феминката со проблемот одамна е заборавена па дискусијата е повеќе општа за тоа до каде треба да е границата каде золвата може да оди со изговорот -моја куќа, мое право, за да не им ствара главоболки на братот и снаата. Инаку фино што вие така си функционирате и претпоставувам на снаата твоја не и смета пошто е во туѓа земја, нема многу или нема воопшто други блиски роднини и пријатели околу неа па заедно си функционирате вака како што функционирате. Инаку да е во Македонија не знам дали би сакала сето слободно време да го посветува исклучиво за тебе и твојата фамилија. Ќе си има и таа роднини од нејзина страна, внуци од нејзина страна. Можеби и би сакала голема близина и тоа е баш ок, ама ако не сакаат со брат ти да го имате овој one big happy family однос, тогаш ќе треба да се повлечеш малку и да почитуваш одлуки. Инаку ќе бидеш нападна, и ќе се правдаш со познатата изрека -моја куќа(на моите родители), мое право...И другото е веќе познато...
1) Не, не сум гостинка на снаата, затоа што сум поканета од страна на моите. Како што не се гости на снаата сите оние кои моите ги имаат покането а снаата со нив нема комуникација. Ако таа не збори со некој, нема ваљда моите да ги команда со кого ќе зборат. Пример, мене ме нервира некој роднина пријател што доаѓа кај родителите на мажот (во периодото кога живеам со нив) и одма треба да поставам ултиматум дека не смее да иде, пошо нали, јас сум новиот газда, божеството што им ја отворило куќата такозвано снаа. Иста сум како сите други членови на семејството. А како ќе се понашам со некој кој ми има триста глупости направено, јас ќе одлучам. A со оглед на тоа што снаата моја драга и брат ми ми имаат направено, и овој однос од моја страна е џек пот. 2) Од кај спалната и` неам ни поминато затоа што не ни седам на истиот спрат. Кога сум била уште кај моите, сум била воспитана, да тропнам пред да влезам во соба на некој друг и да не фаќам ништо кога него/неа ја нема. Тоа важело за сите. Каде сум пишала дека и` гибам по соба? Не ми го вади од контекст мислењето и прочитај убаво кога више си се фатила да се караш. 3) Сигурно нема да им го скршам ќеифот на моите затоа што некоја решила само нејзината фамилија и родбина да владее во “царството“.
^^Немаме ни двете други блиски роднини, ние сме си, ако јас не им помогнам на нив и они на мене тогаш мислам дека ќе ни е многу потешко а не мора да е така. Нејзините кога беа лани тука јас скроз се повлеков, не до степен воопшто да не одам ама до степен дека тие се сега најважни и со нив треба да го поминува целото свое време дури ја истрпев и сестра и сосе нејзините сплетки, интриги само да не им го нарушам престојот на нејзините тука. Инаку не го поминува таа целото слободно време со мене, се договараме која што може да помогне, ако сум јас слободна а тие сакат некаде да одат јас чувам деца и обратно, мислам дека нема ништо лошо во тоа, не знам можеби сум грешка, до сега не се пожалила дека нештата и се наметнати од моја страна.
Ги извртувате работите до ниво на пародија, кажувате некои екстремни примери кои се на степен на чиста некултура и непросветеност и ставате знак еднаквост со вашиот став дека золвите се такви и крај. Ретко кој чита што е точно напишано, се вадат работи од контекст или не се сфаќа суштината, не знам... Мене реално баш ми е сеедно која од вас како се однесува со золвата, ваш проблем (и некои тоа баш и како проблем го доживуваат, очигледно). Тука теоретски говориме за ставови и очигледно е дека има предрасуди на таа тема. Ама ако реално гледаме, кога работата ќе дојде до тоа кој во кои тенџериња готвел, мизерно е, навистина. Ќе делиме ист кров, некој тука кажа исто презиме (тоа и не мора, нели), ама ако золвата готви во тенџерињата на снаата ќе има војна. За мене тоа е претерување. И навистина не гледам причина за таков став. Од какви сака побуди нека готви, јас сум таков човек, можеби и до тоа е, ама сигурно нема војна да правам за едни тенџериња бе луѓе! За каков бил чаршаф и какви се салфетките и дали зетот отворил врата и сл. банални работи... Кај родителите на маж ми и дечкото на сестра му некогаш врата отвара... може треба скандал да направам, ЈАС сум во таа фамилија, тој НЕ Е, како не му е срам врата да отвара, домаќин тој ќе се прави...цццц. Гледате, мене не ми ни паднало на памет тоа. Делумно работите зависат од тоа каков е тој другиот, ама во голема мерка зависат и од тоа какви сме ние. И тоа е факт.
Јас кажав и пак ќе кажам,гледам доста реално и објективно на работите,постојат секакви примери и нема потреба да се генерализира затоа што од пример до пример има разлика.Една е семејната слика кај bittersweet и баш убаво што изградиле таков сестрински однос независно дали поради далечината или самите околности придонеле до тоа но,сепак сметам најголема улога има самиот карактер на човекот.Факт е дека кај и да одиме што и да правиме она што го носиме во душата секаде не следи. Сосема друга е сликата во постот на миме83 каде што од самите постапки на золвата се чувствува некоја прикриена нетрпеливост,зајадливи коментари,посесивност и желба за доминација.Ова се работи кои мене лично многу ме иритираат па кој сака нека биде еден ден ќе го отерам ***кога ќе ми пукне филмот.Мене ми изгледа како на золвава да и пречи и тој еден викенд што тие со сопругот го поминуваат таму и прави се за тие да се чувствуваат непожелни гости во сопствениот дом.Од кои причини не знам,можеби се работи околу наследството..можеби таква си е по природа лакома или разгалена, која ужива да биде во центарот на внимание ...можеби ги избегнува свекорот и свекрвата.Можеме само да нагаѓаме овде до утре сабајле. Сепак има нешто гнило не се работи само за некои банални работи туку за нешто што внесува немир и неспокој. А упорното деградирање на улогата на снаата во однос на золвата во едно семејство за мене е доста површен,себичен и неразумен начин на согледување на нештата.Еден ден и нивните ќерки ќе бидат снаи и да ги прашам дали тогаш ќе им биде убаво некој да им рече дека снаите се минлива категорија?Почит,почит малце!!! Пред да си нечиј родител и мајка треба пред се да си ЧОВЕК кој реално и праведно ги оценува нештата и постапките,без субјективизам и протекции,само на тој начин ќе успеете правилно да ги воспитате и трасирате сопствените деца на вистинскиот пат во животот.Некаде мора да постои граница.Ако не еден ден кога ќе побараат да им купите авион се надевам ќе можете да им ја исполните желбата.
Јас кажав и пак ќе кажам,гледам доста реално и објективно на работите,постојат секакви примери и нема потреба да се генерализира затоа што од пример до пример има разлика.Една е семејната слика кај bittersweet и баш убаво што изградиле таков сестрински однос независно дали поради далечината или самите околности придонеле до тоа но,сепак сметам најголема улога има самиот карактер на човекот.Факт е дека кај и да одиме што и да правиме она што го носиме во душата секаде не следи. Сосема друга е сликата во постот на миме83 каде што од самите постапки на золвата се чувствува некоја прикриена нетрпеливост,зајадливи коментари,посесивност и желба за доминација.Ова се работи кои мене лично многу ме иритираат па кој сака нека биде еден ден ќе го отерам ***кога ќе ми пукне филмот.Мене ми изгледа како на золвава да и пречи и тој еден викенд што тие со сопругот го поминуваат таму и прави се за тие да се чувствуваат непожелни гости во сопствениот дом.Од кои причини не знам,можеби се работи околу наследството..можеби таква си е по природа лакома или разгалена, која ужива да биде во центарот на внимание ...можеби ги избегнува свекорот и свекрвата.Можеме само да нагаѓаме овде до утре сабајле. Сепак има нешто гнило не се работи само за некои банални работи туку за нешто што внесува немир и неспокој. А упорното деградирање на улогата на снаата во однос на золвата во едно семејство за мене е доста површен,себичен и неразумен начин на согледување на нештата.Еден ден и нивните ќерки ќе бидат снаи и да ги прашам дали тогаш ќе им биде убаво некој да им рече дека снаите се минлива категорија?Почит,почит малце!!! Пред да си нечиј родител и мајка треба пред се да си ЧОВЕК кој реално и праведно ги оценува нештата и постапките,без субјективизам и протекции,само на тој начин ќе успеете правилно да ги воспитате и трасирате сопствените деца на вистинскиот пат во животот.Некаде мора да постои граница.Ако не еден ден кога ќе побараат да им купите авион се надевам ќе можете да им ја исполните желбата.
Некако низ целава тема се провлекува и прашањето околку наследството.Ако е толку способна снаата да влијае на одлуката околу распределбата на имотот,па капа треба да и се симне. Како може возрасни луѓе да потпаѓаат под влијание на снаата?Ова не ми е јасно.Па каква сака нека е,Јас одлучувам кој ќе ,,владее со домот" и на кој ќе ја дадам титулата Кралица на кујната. [/quote] Теси,според ова што го имаш напишано,кривицата побарај ја малку подлабоко,кај твоите,зошто постапиле така.Еве и јас имам и син и ќерка.Пак ќе кажам,не можам да ги делам своите деца и никој никогаш не можам да сакам повеќе од нив. И ми се допаѓа односот на Битерсвит со снаата,слично нешто читав и за јатрвите.Раздорот прави само оддалечување на семејството,поготово на децата кои утре треба да си бидат потпора во животот,а не жртви на усвитени женски глави.
Ne Lioness, ne govorime teoretski za stavovi tuku za KONKRETEN problem, koj go postavi mima, a koj se sostoi od : kisnenje na zolvata po cel, bukvalno po cel den, preturanje po licnite stvari vo sobite koi na mima ( citaj snaata) i se dadeni na koristenje, podbucnjuvanje kako snaava ne znae da gotvi, podbucnjuvanjje kako MAJKATA na snaava ne znae da gotvi, fleki po konduri, fleki po bluzi itn. Ne go razbiram odenjeto do krajnosti, demek ako zolvata doagja treba da sedi po cel den ako ne, togas voopsto neka ne doagja. Da naglasam, ona sto Bitersweet go ima so snaata, e pocit i tolerancija. Si pomagaat ama bez invazija na tugiot prostor. Toa se bara. Zarem ako snaata ima temperatura 40 , glavobolka od koja i tresti glavata, ili los den i ne i e do drustvo, a zolvata resila da si sedne cel den, snaata treba da se sobere i da otide kaj majkata, za dvete da si bidat "doma"?Zlatna sredina luge, toa treba. Pocit i razbiranje na potrebite od drugiot. I sto so onie koi imaat po 3 zolvi? kako na primer vujna mi. Da se soberat trite zolvi, so se deca i sopruzi i da im odat sekoj den, oti neli doma si se, a vujna mi ziveat BUKVALNO vo dve sobi, od koi edna ( dnevna) ja korsti za spienje dedo mi, a drugata taa i vujko mi so se deca, pa na st lici toa aj nekoj neka mi objasni. Tolku vredi da gi sobereme ciganite od maalo i da pravime cirkuz. Pa uste sekoja od trite zolvi da si vleze v kujna, da si napravi kafe, pa jadenje, i taman si e rabotata. A tie nemaat izbor, veruvajte mi nemaat izbor kade da se preselat, ni sredstva za pod kirja da odat, zosto od bolnici nemozat za zastedat, dosta maki si imaat. Treba da se proceni do kade moze da se odi. Ako slucajot e kako toj na Tessie kade bratot i snaata imaat cel sprat, togas i zolvata slobodno neka si sedi ama kolku i dusha saka. Ama ako e kako na moive, epa ne e humano stvarno. I uste nesto, kako toa snaata e tuginka? Utre i vasite vnuci ke bidat tuginci? Ili ke vidat vasi vnuci, deca na tuginka? Ako se odnesuvate so nea kako so tuginka ne cudete se ako utre gi vospita decata so vas da se odnesuvaat kako so tuginci, oti neli toa ste.
^Ако зборуваме за конкретен проблем , мима не живее со свекрвата , туку во друг град со маж и , и таа оди на гости исто како и золвата . Каша попара стана
^ pa toa e uste poloso be mimi. Ako vo dva dena uspees da mu skisnes na nekoj, mozam samo da zamislam koj napor e toa. Ete zolvata si ima 5 dena nedelno da si sedi po cel den kaj nejzinite ama ne, bas vo tie dva dena mora da napnuva. Pak navrakjame na toa deka konkretnava zolva ne pocituva nikoj, osven sopstvenite zelbi
Напорно стана веќе, ајде малку лабаво и весело Еве една песничка http://www.youtube.com/watch?v=TOrnUquxtwA
Генерално, до карактерот ќе е. Повеќето од вас кои се жалите тука, ве читам и низ другите теми. Се нешто ви фали. И, кој е крив? Секогаш во другите е кривицата, или можеби треба да побарате троа вина и кај вас, м?
Незнам за другите ќе си кажам за мене ..јас немам золва,ниту пак сум имала..немам ни снаа за брат ниту пак ќе имам..така да не сум од тие што се жалеле во темава во никакво својство.Јас само сакав да го искажам мојот став и точка на гледање и да се дискутира.Реално форумов постои поради тоа,колку глави толку мислења и фала богу неможеме сите да имаме унифициран став во однос на различни теми.Наша работа е да го почитуваме туѓото мислење иако не се согласуваме со истото.А некој не може да суди и да донесува заклучоци за нечиј живот и одлуки врз база на неколку поста низ форумов.Нечиј живот далеку ги надминува рамките на форумов!
tessie то твоето дека си нагости кај родителите а не кај снаата ми падна вочи и затоа го цитирав не реков дека ТИ влегуваш по спалните. чисто примери од тоа што прочитав кажувам. bittersweet пак ќе напишам прчитав таков пример и коментирам, јас сега не ги измислив тоа. а ако сакам јас да си правам на само муабет има места за тоа, местото не кога ќе ти дојди некој на гости па јас да си заминам од собата на свекрвам оти треба да се оговара за золвата сната нечини, а за сната золвата и свекрвата, тие се тие што ја нејќат, ја оговарат и тие го дупат мажот против неа, кога во фамилија сите со сите се сложувале? никогаш
Темава како се запалила Секогаш работата се сведува на кој е возрасниот а кој огаленото дете, а како огалено дете ќе се покаже и 60 годишна свеки, 25 годишна золва и 20 годишна снаа. Ако има еден возрасен ќе знае како да ја стави ситуацијата во ред, додека две три и повеќе деца само ќе скршат играчки. Се додека некој се рецка за која каква торта направила во чија тепсија на чиј шпорет, нема тука слога, нема решение и муабет. Што е жално, стварно, за некој да живее за вакви победи, онадем ти ја постигнувањето во живот ако такво нешто ти е на топ од постигнато. Ако се препознавате, убијте се (смајли што си пука во чело), оти и без тоа немате живот!
Значи од постовиве ми се заврте во главава Веќе не знам кој готви во туѓи тенџериња,која сака наследство Имам и јас золва и односите низ годиниве ни се на различно ниво.Некогаш топли некогаш ладни.Мене најмногу ме нервира што маж ми и золва ми никогаш немаат седнато да направат домаќински муабет ,да си кажат ако нешто на некого му пречи.Од друга страна некако кога ќе се сретнеме кај свекрва ми јас сум таа што готви,чисти,вари кафиња.Неа ја оставам да се одмори од причина што ете сметам дошла кај мајка и на гости.Сум слушала муабети од неа преку свекрва ми,во последно време има повеќе доверба во мене отколку во неа,во стилот ние сме ги и земале парите,а жената има пензија од неполни 7000 денари,од кои 3 и одат на лекарства.Ме нервира што кога ќе дојде на гости кај неа умее да и ја собере целата уштеда од бедната пензија.Да се разбереме никогаш не сум имала против да им даде пари на нејзините деца,ама да дојдеш на гости со цел да и ги собереш парите за да платиш домор на децата,поправка на заби,да купиш веспа е без сенс.И многу ми е чудно кога таа доаѓа никогаш не и носи ништо на мајка и.Еве за Велигден беше последен пат не и донесе ни парче торта ,ама буквално ништо.Јас разбирам немаш секогаш зготвено да и однесеш,ама овошје и кеса бомбони има секогаш.А старите луѓе се како деца.За нејзини веќе 20 години брак само еднаш ја викнала мајка и на гости и тоа цели 3 дена.И тоа маж ми ја однесе и маж ми ја врати.А свекрва ми секогаш плаче по неа,и заради нејзината нечувствителност.Свекор ми има еден плац и се си мислам ќе се кршат копјата околу него Искрено откако видов дека во неа нема да имам пријателка,и јас се повлеков.Иако знам многу повеќе работи за неа отколку таа за мене.Редовно и се јавувам барем еднаш месечно,нејзината ќерка е почест гостин кај мене отколку моите кај неа,знае да спушти некој муабет,ама ете премолчувам.И не сакам да се карам сметајќи дека секој кажан лош збор може да ми се врати како бумеранг.Се надевам дека еден убав ден се ќе си дојде на свое место.
Абе колку многу работи се измешаа во оваа дискусија тука, а толку е едноставно.. Ако не живееме со моите, а и брат ми си е исто на страна, ќе си се гледаме еднаш неделно на ручек кај родителите и толку - кој колку може ќе помогне за местење маса, миење тањири и сл. Ако ние сме на страна, а брат ми дома со снаата, ќе одам колку сакам и кога сакам. Без ѕвонење не влегувам и сега иако имам клуч. По плакарите на моите не сум чепкала ни кога живеев таму, а сеа ако ми треба нешто ја прашувам мајка ми кај ставила па заедно одиме да бараме. Ако си имаат младите нивна соба не би ми паднало на памет да влезам без тропање (дури и претходно тропав кај него на врата). Снаата ако замерува што одам ќе си има своја соба за да седи таму, не мора да ме гледа со мајка ми ниту да седи со нас, а ако сака секако дека е добредојдена. Јас ако живеам во заедница, ќе се прилагодам таму и никогаш нема да ми текне да замерам на золвата, мислам ќерката доаѓа кај мајката, ако сака и нека спие таму тоа е меѓу нив. Јас сум дошла и користам нешто што друг го стекнал за да не плаќам кирија и не зимам кредити. Значи има и да трпам, а ако не ми се допаѓа ќе си излезам или ќе спијам или ќе гледам филм во мојата спална. И нема да осиромашам ниту друг ќе се збогати ако изеде 3 колачиња повеќе или ако си направи јадење таму или ако се избања во купатилото. Тоа се предностите и мааните на заедничкото живеење и човек треба да биде спремен кога се одлучува на тој чекор.
Изгледа не бил јасен делот. Тука јас не правам муабет за наследство, туку за тоа дека на мојата мила снаичка само нејзините роднини не и` пречат. Со колку братучеди, братучетки, и др роднини го има скарано брат ми. Тие имаа гордост, па престанаа и да се трудат. Но јас, иако мене ми направи најлошо, знам да ги испочитувам и него и жена му со тоа што на важни семејни настани за нив сме покрај нив со мм. Не заради нив. За да не си ги растажам родителите и да не ги ставам во ситуација да се правдаат пред луѓе зошто јас не сум дошла на одреден настан. Спојлер Снаа ми од сам старт правеше се` да ме испокара со цела фамилија, заради еден коментар и најдобронамерно барање, понекогаш да ни` помага низ домот на мене и на мајка ми којашто не е баш во состојба да `рга и трга низ толкава куќа сама со моја помош која можеш да замислиш колкава била со оглед на моите години и искуство во домашни работи. Од таа ситница, во форма на најдобронамерен коментар и молба, размазената госпожа се вообрази и почна да го сска брат ми против мене. Се обиде и моите да ги наелектризира, но додека јас бев во таа куќа, не и` успеа, затоа што гледаа што правам и како се однесувам. Потоа искористи лаги во врска со мојот сегашен сопруг за да не` раскара. Тоа дури сега скоро го дознав. Особено почна да делува кога им се спротивставив на моите на забраната да се гледам со него. Kако што ми раскажаа, цел филм изрежирала кутрата. Така фино ги изманипулирала и ја искористила нивната наивност, тоа е страшно нешто. Тука многу помогнале и „додатоците“ на брат ми кој се поставил како од “заштитничка“ кон мене и “добронамерна“ страна. По толку години, видоа колку е саатот. Во добри односи сме веќе подолго време, но тие дури сега преку дела ја гледаат вистината и колку биле во заблуда. И сега нормално дека со други очи ќе ја гледаат снаата и иако нивниот однос со неа е непроменет, сепак самата си ја има мувата на капата, па си ја ишка и и` пречи јас што си доаѓам кај моите. Си го гледа пропаднатиот проект in the flesh. Епа баш ме заболе дали и` пречи кога идам јас кај моите мајка и татко или не. Значи во кратки црти, да родителите направија грешка, но во животот правам голема разлика помеѓу оние кои згрешиле и упорно удираат со глава в ѕид и оние кои искрено се покајале. Снаа ми или золва ми искрено да се покајат за нивните лоши дела (а беа многу полоши и посериозни од некои шо ги глеам на темава), искрено со раширени раце би ги прифатила. Многу ценам кога некој искрено бара прошка од мене и не ја одбивам. Кога Господ простува, што остана за мене? Најмногу нешто што би сакала е да сме во добри односи и да си излеземе сега сите 3 некаде на кафенце. Ама на многу луѓе за жал, непријателските чувства им се душевна храна и мора да ги развиваат. А наследството го споменав единствено да укажам дека сум гостин на сопствениците на таа куќа (иако секогаш ми велат дека додека се живи тие не сум ни гостин туку нивна ќерка која може кога сака да дојде, но никогаш непоканета од моите немам отидено) и да нагласам зошто откако моите ќе ги нема веќе нема ни да се доближам до истата. Инаку воопшто не ми претставува некаков хендикеп тоа што нема да добијам ништо од куќата. На почеток кога бев во фаза на шок, признавам малку ми го повреди егото, но сега многу ми е послатко ова собиче кое сега го создаваме со мм со наш труд и ја немам улогата на некој лешинар кој чека некому да му се стемни за да ми се раздени мене. А (по некое 50-50 правило) мојата половина/спрат од куќата нека им служи на брат ми и на снаа ми како утешна награда за нивниот пропаднат план да ме разделат од моите. Што се однесува до децата на снаа ми и золва ми, не е мој проблем затоа што нивните глави се усвитени, не мојата. Додека не го научи поинаку, јас со внучето од снаа ми ќе се однесувам најкоректно и ќе добие многу љубов и нежност од мене, без разлика на тоа што мајка му е таква каква што е (како што беше и со децата од золва ми пред да почнат да им ја полнат главата). А ако почне и таа како што направи золва ми, пак нема да биде мој проблем, затоа што од моја страна јас се` направив и за едните внуци и за другите, а и мм исто така. Навистина не сум јас виновна што уште сега, две хистерични жени им ги затвораат вратите во животот на сопствените деца. Жал ми е, штета за децата, ама не е мој проблем. Кога веќе се распишав, да си кажам и за золва ми. Спојлер Значи и таа така доаѓаше почесто кај нејзините додека живеевме во заедница на почетокот, си седеше, имаше зајадливи коментари, јадењето што и` го принесував ми го кудеше пред сите (не станувало збор таа да донесе јадење, па мене да ми пречи). Коментарите одеа подалеку од теми за готвење. Не ми пречеше. На зајадливите коментари, некогаш молчев, некогаш одвраќав на културен начин но да ја пецне, исто пред сите како што и го добивав ударот. Значи не ги ставав овие работи на мисла, или да ги сметам за проблеми. Снаа ми ме ојача на тоа поле, мора да признаам. Воопшто не ми пречеше што седеше по цели денови кај нас. Си се имав помирено дека мојот избраник не е единец и дека има сестра и крај на приказната. Дали е мажена во друга куќа или не, сеедно, си бев помирена со тоа. Воопшто не го ни гледав како проблем или нешто неочекувано. Но кога отворено ми објави војна женава (мислеше некое размазено девојче сум, па такви глупости ќе ме извадат од такт). Значи откако виде дека ова не вродува со плодот-јас да се изнервирам, буквално жената на само ме тргна и ми рече „или ти, или јас ќе биде, да си знаеш“. Оттогаш почнаа апла нападите од една жена која да оди на психијатар, чуда ќе открие за неа. И нормално, се бранев од нападите, бев упорна, трпелива за да на крај успеам нејзините зборови и постапки да ги искористам против неа кога мислеше дека никој не ја слуша и не ја гледа. Тоа што и` се налути маж ми заради ова, не ме прави мене виновна, затоа што не бев глупава па да им зборам против неа. Наместив со свој камен да се удри по глава. Со ова, таа ми направи голема услуга затоа што по ова, откако самите увидоа некои работи а од друга страна јас сум била доволно внимателна кон нив лош збор да не кажам за неа, мм а особено неговите родители мноогу повеќе ме почитуваат (не дека сум имала големи проблеми со нив, но позитивните резултати беа повеќе од видливи). Ден денешен, лош збор им немам прозборено за неа (зошто да ги повредувам луѓето кои биле добри со мене во лесни и тешки времиња, зошто да ги боли?) , го терам мм барем ради реда да и` праќа пораки за роденден или за 8 март. Таа е таа која нема нешто образ да комуницира со мм многу многу. Јас сум оставила образ кај сите, дури и кај оние кои најлошо ми мислеле. Од тој аспект сум мирна. Се` останато не е мој проблем.
Јас па си имам многу добар однос со снаата. Живееме во иста куќа, за среќа куќата е голема па одделени сме. Од првиот ден кога се одделија јас и мајка ми во нивниот дел сме како гости и тие во нашиот исто. Тука се знае која чија соба е и никој не влегува во соба што не е негова. Работата е одена до таму, што кога на снаата и фали нешто, фино лепо си прашува дали да земе (и секогаш и даваме) и после го враќа. Може со тоа сака да ни укаже дека и ние спрема неа така треба да се однесуваме, па кога е таа на работа јас кај нејзе дома не влегувам. Ако ми треба нешто, се јавувам да прашам дали може да влезам и да земам (и мене сеогаш ми е одобрено). На луѓето што ни идат на гости дури им е чудно тоа. Е со снаата не можам да бидам другарка. На почеток ми изгледаше малку чудна дека е многу ладен тип. Кај неа нема рекла-кажала, нема преправање, дволичност дрн дрн, шо има ке ти каже у фаца. Таа е жена што е претерано вредна и мноогу практична. Моите се на државна работа се враќаат во 2 од работа, а снаата во 5, и секогаш ручекот ја чека готов. Ако готвиме ние за еден човек повеке нема ништо да ни биде. Претерано многу работи, па моите ја жалат, а можеби и затоа толку многу ја почитуваат. На пример дворот го правевме скоро, неа ја прашаа како сака да биде . И викаат ние сме стари ти треба овде цел живот да живееш. Ама курназ е па, за дворот се по нејзино се направи ама и она се понуди пари да даде, а не само да наредува. И никогаш не рекла ‘‘сакам таков и таков телевизор‘‘ ама вика ‘‘собирам пари за таков телевизор ‘‘ и моите секогаш се понудуваат за помош. Све у свему, вредна жена каква што е реткост да се најде меѓу младите. За имотот. Фала му на Господ добро стоиме. Уште од сега ми е мене кажано дека ме следуваат двата дуќани, а на нив еден дуќан и куќата. И не се лутам што ке добијам помалку. Што знам, дали дека мајка ми не бараше дел од куќата, па и јас не би сакала. Така ми рекле моите, дел од куќата да не барам таа е на брат ми и точка. Ме нервираат сестрите нејзини многу, ама ај се трпат еднаш неделно е не е многу. А тоа што ми се допаѓа кај неа е што колку купува на мене и на мајка ми, толку и на сестрите и на мајка и. На сестра и купи златни обетки за дипломска, после пола година и мене кога дипломирав. Пак ке кажам, може со тоа дава на знаење дека не сака и ние неа да ја делиме. Затоа мајка ми на пример од одмор, исто купува и на мене и на неа. Дури некогаш на неа и повеќе. Ама тоа е и до врските во фамилијата пред да дојде снаата. Јас од дете не сум рекла никогаш ‘зошто ова на брат ми го купивте‘ и обратно, па така не кажувам ни сега, ни па снаата се лути кога јас студирав или кога ете барам пари за одмор. Ниту доаѓа кај нас да чисти ниту ние кај неа. Дури чудно, таа во фрижидер кај нас сама не отвара. Моите плаќаат секој втор месец градинка за внукот, им плаќаат сметки за струја, и ете еден ручек дневно што го јадат кај нас. Квги не, ама имало ситни препирања мегу снаата и мајка ми (најчесто е мајка ми крива). Ама тука се вмешуваме одма сите други и ја смируваме работата. Оти ако снаата се изнервира од мајка ми, не се кара со неа, доаѓа ни кажува одоколу на нас и ние ја средуваме работата. Ама тоа мнооогу ретко се случува.
Za tvojata sreka ne se btni parite, kolku i da imas vlozeno. Ako e dojdena do tuka rabotata, soberi si gi partalite i odi si. Nalet i pari i se nekoj pat, ako si se nasekirala za parite- radi niv li ke ostanes vo taa vrska i ponataka brak. Ne vredi