миличка19, не да ја бранам снаата, не навлегувам детално во проблемот, туку само околу собата! по пишаново, изгледа тие немаат своја спална. ако е така, и јас да сум на нејзино место ќе барам да ми се обезбеди една соба за да си ги сместам своите работи таму и поради приватност и интимност, се разбира.
А извини по кој основ треба да и обезбедат соба кај нив дома ?? Пред да се мажи снаата не знаела каде иде?? А и по се пишаново ако сака заедница и да биде галена пазена, да не мрдне со рака дома, зашто не си го земала братот на миличка19 домазет, него да ми изволева глупости овде. И ве молам олабавете ме со тие глупости околу традиција дека невестата иде да живее кај мажот. Ми се од тие муабети. КОја традиција кои бакрачи. Кај што има услови таму живеј, а ако немаш не се ни мажи додека не се обезбедат или помири се со ситуацијата таква каква што е. Миличка, ич не му се секирај за таа што ломоти. Кога ќе почне да збори ти отиди си во соба , затвори врата, ако треба нека ти направат клуч и чао. Нема што да се замараш со една искомплескисрана особеа која очигледно поимот заедница го има дефинирано како живот со слуги во која она ќе биде кралицата. Е мало морген. Ако не одговара, нека си идат под кирија, ако не сакаат нека затвори уста. И немој случајно да си се мажела пред време заради неа. Твој живот твоја приказна. Ако сакаш и до 40 години ќе си седиш дома, па и на крај краева и да си донесеш домазет. Тоа си е твоја куќа. Ајде поздравче и не се замарај многу многу.
Читај пред да пишуваш, т.е пред да ми реплицираш нешто. Што ме нападна мене за тоа дека сакала да биде галена-мазена - кога јас напишав: НЕ навлегувам детално во проблемот!! Туку само околу собата како соба! И јас НЕ спомнав никаде никаква традиција околу невестата да оди кај зетот.
Мојот пост се однесуваше токму на твојата реченица која ја имам слушнато од милион снаи кои мислат дека кога ќе се омажат го фатиле господ за брада и дека во фамилијата каде што се мажат, требад абидат третирани како кралици и пошто зашто да избркаат од дома золва или девер. Како што кажав да не се повторувам, знаат кај се мажат. ако не им одговара нека се делат ако не нека се навинат на ситуација. А муабети од типот золвата да се омажи да се исели за невестичево да има конфор и слуги ( свекорва и свекор ) е тоа не може. Колку што е тој дом на мажот и толку е и на неговиот брат или сестра. И тука ниедна придојдена снаа ( која реалноста покажува е менлива категорија) не може да се однесува како онаа на Миличка19.
Јасно ми е дека Фемина е слободен форум каде што сите можат да си ги кажуваат своите маки и да си ги лечат своите фрустрации! Извинете ме на дрскоста ама ми е смачено од читање совети фрлени од ракав. Како можевте од само еден пост да ја направите снашката ѓавол а од друга страна золвата напатено ангелче?!? Пред да дадете било каков совет мора да бидете објективни, информирајте се повеќе затоа што не е се така како што изгледа на прв пат. Али тоа само во случај кога навистина сакате да помогнете на некого а ако имате потреба да се изнавикате и исплукате по форумов, слободно, тука сме да читаме! Да се вратам на темата, секој млад пар ако има барем малку можност да се оддели од родителите би го направил тоа во дел од секунда и никој не може да ме убеди во спротивното! Ама ако веќе такви се условите и мора да се живее во заедница тогаш мора да се направи простор и за новиот член-снашката. Очигледно дека љубовта била доволно голема да ги натера да живеат заедно па дури и во заедница, па зошто да не им се помогне и отстапи една соба во домот?!? Зошто да немаат своја соба каде што ќе можат да си бидат интимни кога ќе посакаат и од кога е грев ако невестата сака да донесе во својот нов дом спална на која ќе спие заедно со сопругот?! Зарем ако немаат услови за сопствен дом не треба да се зимаат? Извинете ама ова е Македонија каде што не е лесно да си купиш сам стан, плус не се сите подеднакво амбициозни, некои се задоволуваат и со помалку. Друга работа, што подразбираш под тоа ништо не фаќа по дома, да не сакаш како Пепелашка да ви слугува на сите? Па извини ама не сме веќе под турско ропство... Како и да е, сочуствувам со двете и реално си имате проблем на кој мора да поработите заедно ако сакате да живеете во хармонија. Ако сакаш да си помогнеш себе си стави се малку на местото на снашката за подобро да ја разбереш ситуацијата во која се наоѓа и биди малку потолерантна, тоа е клучот за многу врати! Иако имам брат и можеби сум била во слична ситуација, тоа не ме спречува да бидам објективна...
Спојлер Sun.Shine ај прочитај го постот од Milicka19 каде многу убаво објаснува што се случува кај нив. и ова Па види сега кој е во случајот Пепелашка.
Milicka19 ич да не се замараш и да не ја ставаш на патика кога ти збори за тоа...од каде на неа право да ти збори дека ти е време за мажење-ти сама си знаеш кога ти е ич да не ти чуе за такви коментари... А јас би ви препорачила кога ке почнете нешто чистење готвење пак да ја повикате демек треба помош а ако одбие на брат ви слусаш сине/брате оваа вака не иде ти сакај си ја живејте си убаво ама јас имам свои обврски учење бла бла или мајка ти: некоја друга работа-па неможеме се да постигнеме а твојата гаки да не подместува....или кажи му на брат ти дека ти си млада сакаш живот излевање па и учење на мира а сетоа тоа го постигнуваш изморено бидејки изиграваш измекар по цел ден ако нешто ти повише тон или недај Боже навреди тогаш стави ја на игнор на цело не и готвејте па да виде монализа како ке се прехранува...па преку глава ми е од такви како твојте снашки кои мислат дека се принцези и некој мора да им слугува 24/7....незнам каква мајка била таа нејната кога не успеала да ја науче еден фасуљ да спрема И уште нешто во врска со спалната што сакала да ја донесе ти немој да се секираш твоја соба никако да не отстапуваш па ако сакат и на тераса нека ја стават спалната (повеке романтика ке имат) ем знаела кај оди,ем знаела дека има золва-студентка,ем бескорисна ем па наредува и врши реформи дома
Леле па твојов совет можи не е од ракав. Извини ама не си на мое место па да знаеш како мие. Никој не рече како Пепелашка да слугува туку да помогни бидејќи е нов член и не значи дека обврските нас не ни се зголемени. Убаво е гаќите јас да и ги перам каде што спија со мажот? Не дека љубовта е огромна па таа да се одлучи да живее во заедница туку на секој би му било драго кога по цел ден дома ништо не пофаќа. Никој не бара да ја работи целата работа. Туку да помогни како снаа да се покажи нешто да зготви за ручек. Кафе да свари. Ако не тогаш што бараше во заедница така нема да ни слугува како што викаш ќе работи за двајца само. Машината со алишта не си ја пушта. А што се однесува до собата тие имаат соба цела само за нив и никој не се меша тука. Слободно можат и интимни да бидат. Можеше тука спална да си донеси ама одлучи да биди друго. Очиглчедно е дека јас сметам а да заминам неможам студирам уште. Толку се 3 соби кај да одам јас како да ја ослободам собата кај ќе спијам на улица? Мислам не си во право судиш пред да знаеш како е. Колку има млади така што одат и под кирија и имаат финасии тие тоа да го средат двајцата се вработени и со убави плати. Имаш право се што сакаш да си кажиш ама да го почувствуваш на твоја кожа ќе видеш дека не е така. Јас па убаво да е изигравам измеќар дома на 20 години. Па зошто му беше жена тогаш само за секс. Немој ај те молам. Убаво е кога некој ти плаќа се и на готов па нема за што да се жалиш тогаш ти одговара и да си правиш планови како што сакаш. Имаат да само за нив. Уредена и опремена како за дневна со нови ствари и се и креветот се пушта, нема никаков проблем околу тоа. И напоменав дека многу пати и пред многу луѓе ми рекла да се мажам. Можеби како на шега еве да си речам ама стана често тоа. Имаме и стара куќа но сме во можност да ја правиме нема услов да се седи во неа. Ти се помоќни сега од нас земаат поголеми плати па од свадбата нешто што ќе соберат и со нивни пари можат да си ја уредат. Но не сакаат да слушнат за тоа. Ова е мислам прв брачен пар што не сака да слушни за сами. Ама им годи вака. Мислите дека и мене мие лесно? Цело време плачам и се нервирам и не сум спокојна. Згора на тоа нема никаков однос со нас . Многу малку зборува, за се се лути. Не знам што ќе биде хаос е. И фали уште вие да напаѓате. Не побарав таков совет од вас
Немој да се замараш бе миличка19, терај си твој живот како што си терала до тогаш, прави се дека не ги слушаш нејзините коментари, или одговарај и на шега дека не планираш да се мажиш до 30, па таа нека му ја мисли и нека се нервира
И претходно ти кажав и сега пак ќе се повторам. Не се нервирај за џабе. И твоите го гледаат тоа и се нервираат заради тоа што тебе ти е тешко. Убав совет ти даде Шкорпионка над мене. Послушај го и свиркај си. Ич да не се замараш. Ајде глава горе и гледај си го животот наместо да се нервираш за глупости.
Причината шо преку форум не може да се решат повеќето проблеми лежи во фактот што секоја приказна има две страни. Еден вид на однесување може да се перципира на илјада различни начини, а да не праиме муабет за тоа дека секоја приказна има најмалку две страни. Затоа дури откако на форумов ќе се појави снаата на миличка 19 со нејзината приказна, дури тогаш може да имаме појасна слика.
За да утепуваме време и разменуваме искуства Абе душичке што се замараш, живеј си го животот, не вреди да си трошиш нерви за тоа. И јас си имам една таква по дома која е ставена на игнор. Уживај во младоста а се отало ќе си дојде само по себе и излезе на површина, нема потреба од докажување (ова од искуство ти го пишувам)
Според мене, првенствено постои за секој да го сподели своето, искуство, мислење, убедување ... што не е исто со решавање на проблеми, да се разбереме, инаку немаше да се вика форум туку СОС центар за помош. И не мора одма да се вреѓате ако не ве потапшаат по рамо и ви речат во право сте, убијте ја к*ч****. Ова беше моето видување на контрадикторните постови и мислења, не сакав да се сфати како навреда. Мислам колку што разговор со другарка може да ви го реши проблемот, може и форум (што значи може, ама и не мора да значи). Ова е место за споделување мислења и се додека не навредам гадно некого, не ја чувствувам таа силна потреба да се правдам за сопственото мислење. Лично јас сум и золва и снаа (имам золва) и морам да кажам дека и во двата случаи дистанцата е најдобро решение. Затоа што, подобро е да се спречи отколку да се лечи, ако ви смета сеа тоа е тоа, како што не е фер золвата да се избрка од дома, така не е фер ни снаата, шо има грешка, што не е ваша крв? Мора да постои толеранција и од двете страни, од каде да знаеме на форумов за вашиот табиет, со што сте предизвикале такво однесување, ретко кој е самокритичен туку повеќето се „ја сум супер ама она не чини“ (ова не се однесува на миличка). Инаку миличка, стварно како што е погоре опишано, и мене снашкава ми личи на Ферхунде, ама во серијата ич не ја осудував жената, што да прави и таа во куќа полна со лудаци За среќа, како што велиш ти никој ништо не и прави таму. Е тоа си е веќе табиет, ама брат ти си ја избрал таква и најдобро ти е да ја игнорираш (и аманте муабетот со мажењето не го сфаќајте одма како напад, се зезаат така и луѓе шо не живеат во иста куќа, немојте сами да си стварате омраза). Инаку како што таа нема право да ти го диктира животот во куќата, така ни ти не можеш да диктираш дали таа да вари кафе, да готви, чисти или пере. Можеби сеуште се навикнува, остави тие работи природно да се одвиваат. А со оглед на тоа што се испокара со сите што не ја нападнаа снаата, доаѓам до други некои заклучоци, ама не можам да тврдам за нив.
Не се испокарав но побарав помош со ваши мислења за некој што е во слична или иста ситуација а не побарав некој да ми суди дали сум или не во право. Сигурно ако не сум била немаше ни ова да го споделам со вас едноставно ќе се помирев со тоа. И од шега до шега има граници така. И на дечкото мој мајка е истото му го рекла само тој не ми кажа одма тогаш туку од тогаш помина време и значи истото се врти неколку месеци. (ајде време ни било да се земиме ќе и купувале спална). Шала да ама не во таков случај и не нас. Еднаш се вика тоа не секаде и пред секој. Денес луѓето тоа поинаку го сфаќаат. Ако ги мачи нив нешто нека се обратат до родителите мој јас не сум на улица најдена па некој да ми диктира дали јас треба да се мажам и сл. На крајот на краиштата нека и купи куќа на на ќерка е и нека се шири сама. Значи јас тоа го пишав тука бидејќи се чувствував навредна од никаква причина некој така да ви вели на секое. А за готвење, чистење и кафе варење јас не и сум наредила ништо, ниту пак некој од кај мене дома сите си ја бркаме работата своја како и порано, но очигледно е дека не е заинтересирана за ништо и што сум тука јас крива само го споделив тоа со вас. Колку време му треба на човек да се прилагоди според вас првите 5-6 месеци еве да речеме дури да научи кое и каде стои. На некој не му треба и тоа. Тој што сака самоиницијативно тоа го прави. Не нас да ни се докаже туку за мажот и децата во иднина. И таа јаде се капи се пери тука неможе да помогне? Никој од неа не бара се да работи, можи нас дома предходно таа ни работеше. А ако беа сами кој ќе го правеше тоа , сигурно немаше јас и мајка ми да одиме и да и чистиме и речек да и правиме. Не сфаќам кога е во заедница што го подразбира тоа. Зошто пак јас да не бидам рајат да шетам, да излегувам, да се занимавам со друго или еве да учам. И кога ќе се омажам пак истото. Значи пак во мене е грешката што ја критикувам неа оти ќе излезе дека јас сакам да уживам а таа да биде пеплашка. Вие така си го сфаќате тоа. Ај ок нова е треба да се навикне и ред други работи но мажот и не чека дома кога ќе си дојде од работа ако масата не е поставена. Зошто му е жена тогаш? А до какви заклучоци доаѓаш ти tessie со оглед на тоа што се испокарав ако ти тоа така го сфати? Ако не сакаш тука пред сите можеш во ЛП
Миличка не зимај се здраво за готово!тessie само си кажа свое мислење.Иначе мн. мн. не се замарај со снаата што како, едноставно живеј си исто како и претходно кога не била тука.Или пак најубаво ќе ја седнеш и ќе и кажеш ...Јас не сакам кога викате дека време ми е за мажење и ред други работи што си ги имате вие.....Значи најубаво се да си кажете отворено што ти смета и на неа што и смета и крај.
Аууу па ти си била ептен кавгаџика, од мравка нилски коњ правиш. Како ми се нафрли а не ме ни знаеш ццц...па јас и најдобронамерен совет ти дадов. Којзнае шо претрпува снаата штом мене вака ми се испуца ... ако барем се виде кај можел да лежи зајакот. Сума сумарум: Ти девојчето едноставно не го трпиш, а како што гледам преувеличуваш туѓи зборови на велико и тоа е цел проблем. Од кај да знаеме дека и за неа не преувеличуваш? Си се фатила со таа спалната ко слеп за стап коа знаеш дека е тоа бцка од нејзините, па шо да праи таа...
Ајдеееееее јас не ти реков за советот девојко туку си кажав што мислам па ако ти го мислиш за кавга тоа ок така нека биде. Многу мие гајле пак ти што мислисш за мене и никој врз тебе ништо не истури и за на жалост снаа ми не претрпува ништо права царица е. И како ти се нафрлив боже боже. Ова е форум или судница. Гледам дека повеќето од вас напаѓате само и давате мислења колку да се речи дека сте многу заинтересирани а едноставно тоа вие губење на време како што некоја пиша претходно. Многу дрско и некултурно од тебе без оглед дали се знаеме или не ова е форум а не сме на дебата. Како заклучи дека ти јас преувеличувам туѓи зборови. Си кажав тоа што ме мачи а ти ми се нафрлаш со твоите мудри совети и мислиш дека со тоа многу ми помагаш. Мене тоа ме мачеше и немој да ме вреѓаш.Никој за ништо не се фатил туку објаснував само што е проблемот а ако не сакаш немора да читаш ок?
миличка, овде во темава `снаи и золви` сме здружени снаите во `снаи и свекрви` сме пак здружени снаите затоа можеби наидуваш на нападни одговори мое мислење-терај си по свое, на овие години, учи, шетај, уживај, помагај дома колку можеш, а снаата остави ја што сака нека прави, не влегувај во конфликти со неа. очигледно и таа си има некоја своја мака (сепак како што кажа теси, секогаш постојат две страни).
Како прво, јас сум и снаа и золва и тоа ме прави баш пообјективно да гледам на работите и никој не може да ме убеди во спротивното, затоа што (факт е) потешко е да си снаа отколку золва, одеднаш треба да смениш дом, навики и тн иако зависи и од ситуацијата. И не сакав да го кажам заклучокот мој затоа што сеуште не бев сигурна, а не дека ти се плашам па ај преку ЛП, но после твојот нареден пост се виде мислам кој кому се нафрли. И не претерувај вака и со снаата да не си се скараш со братот, тоа никад нема да се поправи после. Не ти викам ова за да те навредам, туку за да реагираш помудро во иднина. А кој е некултурен и кој кого нападна а кој се одбрани, самите постови си кажуваат (мислам мојот прв пост за случкава не да не беше за напад, реков дека секоја приказна има две страни и за тоа ме нападна). И да, ако сакам ќе читам, не можеш да ми забраниш и ако сакам да кажам мислење, ќе си кажам затоа сум и зачленета. И не ми се обраќај веќе на темава! Фалачаопријатно.