Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.613
    Пол:
    Женски
    Јас немам золва и не знам како е да имаш золва, ама сестра ми и тоа како знае. Золва и е мажена и живее многу блиску до неа. Само една улица ги дели. Кога и да дојде кај сестра ми и зет ми, изиграва газдарица. А сестра ми живее со свекор и свекрва и тие многу и попуштаат на золва и. А и децата на золвата доаѓаат ненајавени кај нив. На сестра ми не и се допаѓа тоа, ама мора да ќути и да трпи бидејќи е во туѓа куќа.
     
    На BonnieTop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Јас еве тазе золва и најтазе снаа. :)
    За мојата снаа ќе пишам само дека е едно сонценце и дека ми недостига од кога не сум дома исто колку и моите, ама најискрено. Нејзе ја мислам и највеќе бременка и секој ден чекаме да се породи.
    А за мојата золва ех во овие 15 дена, толку сум официјална снаа моѓам д анапишам дека имаме направено може пет реченици и тоа најпрости, не проширени. Од која едната моја реченица ни беше - ,,немораш да бегаш од мене, ако некој треба да бега тоа сум јас,, (нормално она си е во своја куќа).Она само се насмеа и нешто промрмја, како не не бегам.. Е овие денови не ја ни поздравувам, тотално ништо, ќе ја видам и како да не сум ја ни видела. Не ме окривувајте, она е недорасната млада урбана дамичка од 25 години, учи на последипломски, има другарки и друштво и живее пубертетски живот сеуште. И повозрасните ќе ме разберат со пубертетлија муабет не се прави, и јас ете ја оставам на раат. Просто ја игнорирам.Веројатно сум и аут и не сум и по вкус па.. Ама да бидеме искрени и јас сум си раат како и да немам золва.:) Сега на почеток сме во зедница, но плановие ни се да си купиме стан на кредит. Така да јас како гостинка си уживам, подзамивам се што си јадеме со мужето обавезно, и некогаш кога има и од другите. Од золвата некогаш за инат и ги оставам, кога се било измиено а она јадела, цеди сокови, на нашиот соковник од свадба кој сами си го отвориле :D, уствари тој другарките го донесоа, веројтно си го нарачала ;), тоа и фалело. Јас незнам ни како се користи и не го ни чепкам, ете и го нека се храни вегетаријанката со здрава храна. И тогаш и оставам, нека си измие или нека и измијат нејзините. На старите ќе замијам без проблем ако случајно има нешто. И така си уживаме со мужето и феминки многу сум си среќна. Золва, свекрва па еден соковник па и нека е некој си повер јусер, или уменичката слика, која свеки препека да ја закачи во дневна :lol: за мене се екстерно окружување и не ја симнуваат насмевката од моето лице и неможат да ме изнервираат. Кога ќе ме гушне мужето кое е мојот центар на светот и причината за сета таа заедница екстерното влијание е маргинално и само такво екстерно.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Јас со мојата снаа си се ујдисав. :wasntme: Иако сме на различни страни, ама комуникацијата ни е фина може да се каже и како да сме се знаеле од порано. Сега за сега, ќе кажам и таа и брат ми имале голема среќа што ТОЈ ги споил! До сега од неа сум презадоволна ... а за понатака ќе ви кажам кога конечно ќе се видиме, сега набргу и после некој месец на повеќе време. :)
     
  4. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    znaci totalno jas sama bez advokati si go povlecuvam napisanoto i kazanato......da znaev kolku i kako mi se kovalo i pred svadba i posle svadba jaooo joj ....ednostavno sum zaprepastena so koi zborovi se posluzila da me ocrni i sto li se ne se zboruvalo a jas naivna pa gledav da ne pogresam i mnogu pati popustav....ama nema veke ja izbrisav od mojot zivot pa sto saka neka pravi ,,,,,se zafrknala ako misli deka ke igrame taka.....ti zboruvaj za meine a jas ke sum tuka sekogas koga ke ti pritreba bejbisiterka ili brat ti :mm: kako taksi...e nece moci......sega jas ke stavam tocka pa ti ako sakas i na glava zastani....
    receno storeno.....
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Само да кажам, со снајка сме тотално различни, а толку слични и толку прилагодени. Иако сме од различни страни на светот верувајте мислам подобро со неа се разбирам него со некој друг од овде. Можам да кажам изборот на брат ми е погоден. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас само да се пофалам дека нема да имам золва, ама ке имам снаа, па ке се однесувам со неа како што би сакала да се однесуваат со мене, а другото ке зависи од неа

    да ме пофалите колку сум умна
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    идната золваа
    оох лигава,дигната на пердуви мислиш спие како ќе излегувам на крај со неа,
    се наоѓа мани,не јаде ова не јаде она....ЦцЦ
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Права золва, што се вели родена негова сестра немам.
    Има само 6 први братучетки.
    И со сите 6, имам коректен однос.
    Од кои со 2 многу си живееме, едната ми е колешка од факс, а другата мајка на деверот, и феноменални односи имаме.
    Со другите 2, поретко се гледаме, двете се и постари доста од него-па генарациијата си го прави своето.Нема ништо лошо,кога и да се видиме се си е супер.
    Со уште една золва се е супер немам никакви замерки си ја сакам и почитувам и она си е многу коректна, таман и она летово доби ќеркичка па ќе ни бидат блиска генерација со нашето.
    И таа последната, она мене лично и директно ништо не ми направила, ама некои ситници што се собираат сакал неќел ми прават некоја резерва кон неа. Пример, тазе идевме со дечко ми година и нешто, а она свесно дала број на едни госпоѓици од дечко ми. После, не ни ни честиташе веридба, па и други некои муабети што слушам (ама ај ете на муабетите да не верувам нели може се измислени), сето тоа си прави да не сум толку позитивно настроена како за останатите 5 золви, кои искрено ги почитувам.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Со снаа ми имам најдобар можен однос, како сестра ми е :) посакувам еден ден и јас да имам золва каква што и сум јас сега на снаа ми :P доста беше фалење :lol:
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Што да кажам за золва ми, такво створење немам сретнато до сега. Ајде на почетокот кога бевме дечко и девојка ајде си викам нејќе да се зближува сеуште, срамежлива е ова она, и наоѓав оправдувања само но еве гледам дека е лоша особа. Верувајте дека кога се веривме не ни честиташе :nod: на свој роден брат, дури после една недела кога дојде кај нејзните на гости се качи горе кај нас со колачи од 50 денари и тоа сигурно свекрва ми ја натерала и ни кажа едно со среќа |( не ми се верува како може да не го сака брат и, колку пати само и помогнал, свесен е и он но не признава па ако започнам тема за нејзиното однесување преминува во караница, па гледам да избегнувам ама не можам, се нервирам, не се трпат некои работи. Кој ме читал порано знае дека ме сретнуваше на улица здраво не ми викаше, не ме поздравуваше кога ќе дојдев на гости, и сега е исто не прави муабет, иако за некој месец свадба ќе правиме :tmi: она постојано доаѓа на гости или сама или со маж и , нека доаѓа не ми смета мене тоа ама ич, но замислете кога јас сум тука не се качува горе на нашиот спрат, а кога не сум тука сум кај моите тогаш доаѓа :| еве веќе неколку дена е тука и се немаме видено, мене никој не ме повикнал доле кај нив а ниту некој се качил горе, вчера додека беше вереникот на работа јас седев сама како утка цел ден 13 часа :worried: се качи еднаш само свекрва ми и тоа е, што е најлошо кога она не е тука, свекрва ми е душа жена по цел ден си седи кај мене, си муабетиме, ќе зготвам јас нешто или она, ќе и дадам или ќе ми даде, но кога е она тука мене не ме ферма ни 2 посто , дури како на дистанца прави муабет со мене, и знам дека тоа е дело на золва ми, сигурна сум дека она ја буцка нешто |( :doh: Овој мојов ништо не превзема, а она ни него не го ферма( не му честита родендени, празници) се ја брани неа а јас само си се нервирам, чаре некое? Кога она не е дојдена се е подруго, ама ко за инат бе секоја недела доаѓа и само нервози ми ствара.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Анастасијаки прифати си ја таква каква што е и без нервози, чувај си ги нервите за деца утре кога ќе имаш.
    Секакви не има, таа можеби е од оние кој до пладне цел свет го мразат а од пладне и сами себе, не можеш да ја смениш, таква била и пред ти да дојдеш, таква ќе си остане.
    Ако не честита родендени, празници, не и честитајте ни вие, нема потреба да го замараш мажот ти и да си правиш непотребни караници кога ни тој не може да ја смени.
    А и свекрвати што да прави таа и е ќерка не може да биде против сопственото чедо, сигурно и таа е свесна за недостатоците на ќерката ама никогаш нема да биде против ќерката во корист на снаата.

    Стави ја на игнор, гледај си таму на тебе и на сопругот да ви е убаво, времето искористи го во планирање на свадбата, после ќе ви даде Господ деца и на нив ќе им посветиш внимание ќе немаш време ни да помислиш на золвата.
     
    На Annath, tessie, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Да не знаеш што е полошо - да те игнорира или да ти се меша премногу :D

    Анастасијаки, уживај додека те игнорира и не ви се меша, чувај си го мажот и не му создавај дополнителни стресови. И најлоша да е, до гроб сестра ќе му е, затоа не се замарај исто како што и таа не се замара со вас.
     
    На elena.mak, Annath, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Па тоа е работава што овој мојов уште услуги и прави, уште и честита родендени, празници а она не |( со сила се прави будала :devil: а минатиот пат не знам како изгледавме во очите на другите, мислиш се тепаме по дома :fubar: искачаме ние да одиме во град, и она со маж и во исто време, и мажево мое таман да и каже да идеме заедно да седнеме некаде ( 3 години немаме седнато на иста маса со нив) она само му дигна рака демек го поздрави и си тргна со маж и. И одевме едни позади други цело време како да не се познаваме, страшно :x Вчера многу тешко ми беше од 8 сабајле до 9 ипол вечерта додека да дојде мојов од работа седев сама, скрос сама, ми идеше да се соберам и кај моите да си идам, 13 часа да не те праша никој дали си жива, дали си добра :x од сега знам како и со свекрва ми , а не ја добра , замеси кифли однеси пола доле, направи торта однеси пола доле, прави им услуги, тинтри ги, а мене никој не ме гледа. Ќе си отиде ќерка и ќе дојде пак она кај мене, ама како што мене вчера не ме сметаа за присутна во куќава така и јас од сега нив :!:
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Леле, жити се, 13 часа сама дома, којзнае што ќе ти се случи...што те гледам смешна , жениве тука си плачат за слобода ти за внимание од свекрвата и золвата. Фино е што сакаш близина и добар однос, ама ако некој не сака со сила не можеш да изнудиш. Не се замарај кога дошла и кога ќе си оди, ако сакаш да поседиш со нив симни се, ако не уживај горе и не се нервирај за џабе...
     
    На LilBaby, Nati.P, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.901
    божее на форумов човек да не пише нешто одма го прават глуп, смотан , смешен :fubar: абе од кај знаете вие како е ситуацијата, гледам дека девојчево е тазе мажено може уште не е свикната да седи сама сепак тоа е нова до некаде туѓа куќа за неа што има лошо да сака друштво? Лошото е тука што свеки нејзина е превртлива како дува ветерот она така се врти и мој совет е да ја игнорираш тотално, не се будали да и правиш јадење ќе те научат па ќе те користат утреден и за золвичката ќе треба да готвиш :rofl: За золва ти нема да дискутирам може си има фрустрации некои па сега си ги лечи :emo:
    и да веруј боље е да не ти доага свекрвата ти него како мојава неможам да прднам без неа цело време ми виси на врата :@ уживај ајде и чувај си го мажти ;)
    Пс. золвиве нека не цитираат :D се гледа дека не расудуваат правилно :makeup:
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ама како што ти не одиш долу, така и тие/таа не се качува горе... Не гледам проблем тука. Ти знаеш дека се долу, не одиш, исто и тие знаат дека си горе, и не идат. Ти не се јавуваш да прашаш како се, тие не ти се јавуваат тебе да те прашаат. Не гледам дека нешто различно правите. Свекрвата може не сака да те вознемирува, а можеби, ако гледа каков е односот меѓу тебе и золвата, прави најпаметно што знае за да не крева тензии. Нема зошто да се лутиш, реално. А ако толку не сакаш да си сама (а не знам зошто би ти пречело тоа, јас би уживала :) ), симни се долу, па нема круната да ти падне... И сигурно нема да те вратат ако се симнеш.
    И ако односот со свекрвата ти е супер, ако односот со мажот ти е супер, воопшто не треба да се замараш со золвата. ТИ неа нема да ја смениш, таа нема да се менува, ќе му биде сестра на мажот ти и ќерка на свекрва ти секогаш и единствено што можеш да направиш е да прифатиш дека е таква, дека тоа е тоа и дека не треба да се нервираш. Таа му е сестра цел живот, и ќе му биде, си ја сака, каква и да е, и колку и да те сака тебе, не сака да слуша дека сестра му не чини. Исто е со свекрва ти, колку и да се сакате вие двете, тоа не значи и никогаш нема да значи дека таа заради тебе со други очи ќе си ја гледа ќерката. И јас сум снаа, и јас имам (и тоа прилично) специфична золва, и јас се чудев на почетокот, и после години и години сфатив дека само џабе се чудам, тие си ја знаат како таква и ним тоа ни им е чудно ни им е проблем, нормално дека таква си ја прифатиле и си ја сакаат, ним може само јас да сум им чудна (или проблематична) ако потенцирам некои работи, посебно ако се работи кои тие не сакаат да ги видат, или не сакаат да признаат дека ги гледаат.
    Затоа, терај си го животот, немаш реален проблем, со најважните луѓе во животот и во новата околина си ОК, со другите (неважните) не се замарај и не им фаќај кусури... толку им сече.
     
    На Annath, tessie и anastasijaki им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    А што не расудуваме правилно, укажи ни па да се поправиме. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Мене па не би ми сметало баш напротив доколку би била во таква ситуација јас би била таа која би ги оставила да си поседат сами да се видат.Ако јас живеам со свеквра и се гледам секој ден како ти што се гледаш со твојата сигурно кога ке и дојде керката дома ке сакаат да си се видат да си направат муабет да си раскажат маки и проблеми.

    И јас истото со мајка ми би го правела. Сепак ќерка и е ,од каде знаеш зошто седеле они 2 цел ден. Ете можеби дошла да и се пожали за некој проблем кој не би сакала пред тебе да го сподели. Сепак мајка и е . И ти утре кога ке одиш кај мајка ти на гости зарем нема да сакаш да си поседиш со нејзе да си помуабетиш па недајбоже и да имаш некој проблем со нејзе да го споделиш без некој од страна да ти седи и да те слуша што збориш.

    Ако толку ти пречело сама да седиш си можела да викнеш другарка некоја на гости или ти да отидеш негде ,дали кај другарка дали кај твоите дома или да излезеш да прошеташ. Толкави девојки спремни за мажачка ,тешко им е сами да седат.

    И крај краева убаво ти кажаа.Штом се слагаш со свекрвата и со маж ти нема потреба да и се притресуваш толку на зовлата што прави како прави и што збори. Нејзина работа и култура си е тоа. Ако на маж ти не му смета тоа што не му се јавува да му честита роденден или било што друго зашто па тебе би ти сметало. Кој сака да се радува со мене на мојата срека слободно нека повели ,кој несака негова работа.Јас пак ке бидам срека и без нивното присуство и честитање.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Па темава е Снаи и золви, не гледам зошто золвите не треба да цитираат :D Или ова е биро за жалби само за снаите?

    Јас сум и едно и друго. Снаа ми си живеат одделно со брат ми, мајка ми одделно, ние одделно, а мајка ми ми ја чува малата. И тие имаат син, ама за нивниот плаќаат жена да им го чува. Причини - нема директен превоз до кај нив, мајка ми ќе требаше да фаќа 2 автобуса, што реално е невозможно ако треба младите да се до 8:30 на работа веќе отидени (од 7 ќе требаше да тргнува) и брат ми фино лепо и` рече: Ние ќе најдиме локална жена, за сите да е полесно.
    И нит мајка ми се увреди, нит од тоа настана голем проблем. Секој си има право на живот и сопствен избор, и нема тука поделба на „снаи и золви“, туку само на „човек и нечовек“.
    Мајка ми е иста баба на тоа дете и секако дека сака, ако може, секој ден да го гледа, ама ако мајката и таткото решиле дека сакаат поинаку - пеки. Ако решеа дека сакаат мајка ми да го чува, јас мојата ќе ја пуштев во градинка, толку просто :)

    Разговор и компромис, тоа фали кај сите.
     
    На LilBaby, lady.v, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Уфф како мене не ме игнорираше золвата и уште повеќе свекрвата. Ќе се одморев малце психички. |(
    Анастасијаки, ова не се проблеми, ова е благослов. А замисли некоја од нив постојано да ти дреме на спрат, да немаш никаква приватност и згора на се и да ти се меша во брак и на се отчет да им даваш? Тоа е уште полоша ситуација, верувај. Не се замарај за непотребни работи, гледај со вереникот да сте си ок, а за мајки, сестри, стрини ич да не те боли уво.
     
    На tessie и anastasijaki им се допаѓа ова.