Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Сосема разбирам зошто некој сака тука само снаи да пишуваат - заради возраста и приликите, темата Свекрви и снаи е оставена само на снаите (свекрвите или немаат/не знаат да користат интернет, а ако имаат немаат време и желба да се замараат со фемина), па таму малтене се е посветено на критикување на свекрвите.
    Е сега, има жени што би сакале веројатно и оваа тема да биде слична, ај да седнеме да ги оговараме золвите, ама секако иде малце потешко - истите ние сме и снаи и золви и јатрви, па секако ќе се слушне и другата страна (зошто ништо никогаш не е црно-бело).

    Јас сум золва, а со снаата си имам добар однос, ама не можам со мајка ми да ги правам истите муабети кога таа е присутна и кога не е. Мајка ми ми е мајка, и се што ми лежи на душа можам да и кажам, и за добро и за лошо, можам и да трачарам ако сакам, и знам дека ниту ќе ме осуди, ниту ќе каже на некој друг. Снаата сепак е само жена која мојот брат ја избрал за животен сопатник, драга ми е, ја почитувам, и посакувам секое добро - и толку.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    :puke:
    и снаи и золви
     
  3. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Вистината е таа дека во денешново лудо време секој посебно треба да живее, туку сите немаат финансиски можности и тука е целиот проблем.Старите убаво рекле, сам да не ти е срам.Тоа е тоа.
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Прво мажена сум во ДРУГ град каде нажалост немам другарки, моите од Скопје кога можат доаѓаат идам и јас , но секој со обврски не може постојано да сме заедно , значи сама сум буквално ни моите, ни другарките, ни никој немам во близина, да беа они сигурно немаше да дремам сама дома :( Второ не станува збор за некој личен муабет меѓу свекрва ми и золва ми па да речеш ајде седат зборат, кој е тој личен муабет или проблем уназад, денови, месеци .. :?:
    Трето ме изритира фактот што свекрва ми испадна дека е превртливка , цили мили со мене, меси Анастасијо кифли симни доле, направи ручек симни доле, ај греота стари луѓе си велам, а она како ми враќа? Ќерка и ја слуша што ќе и каже, а на крај краева во лошо и арно пак на мене ќе се обрати :geek:
    Четврто не сум ја принцеза со круна па да не сакам да одам доле, туку едноставно има причини кои не би сакала да ги дискутирам зашто не одам доле кога не сум повикана. А, сега не сум повикана зашто дотичната золва не сака. Али ајде при крај сум со факултетот ќе се вработам се надевам па тогаш друга приказна ќе е .
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Anastasijaki има лек и за тоа бе душо :) ако немаш другарки блиску, излези прошетај низ продавници, низ бутици. Мене ми е најубаво кога шетам така. Не мора ништо да купуваш, ама ете така излези, колку да не седиш сама што се вели. Или земи некоја книга прочитај, симни некоја серија гледај. Ако не работиш, земи најди некое хоби, изработувај нешто, па така можеш и некој денар плус да фатиш :D Јас немажена, па сакам да сум на твое место (така да речам). Да не ми се меша свекрва, да не ми се меша золва, ниту пак јатрва. Подобро е вака да не ти се мешаат, отколку секој ден да ти квачат низ дома. Послушај ги феминките погоре и ич да не си ставаш на срце дека золва ти те игнорирала ;)
     
    На anastasijaki, tessie и Li0ness им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ти ептен си ослободена од други проблеми изгледа, па од ова ваков проблем си правиш (сама на себе :!: ). Не е свекрва ти лицемерна-едноставно, ќерка и е! И нема заради тебе да се смени тој факт. А ти, ако немаш попаметна работа, јади се жива цел ден заради тоа... Од друга страна, си стасала за мажење, а ти треба дадилка? За да не си сама?! Па не си во затвор... Излези, шетај, организирај си го времето, не станувај „очајна домаќинка“ која не знае што да прави со себе.
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.901
    ццц изглеа тука има мн очајни теткици кои едвај чекаат некоја млада невеста да пише па да и се нафрлат. девојката побара совет а не напагање , и како нема проблем? па зар не е проблем сестрата на мт да не ти честита верибда, да се прави не те познава, па уште и се качува горе кога она не е дома, па што мајка бара нека дреме таму доле кај мајка и а не тука скришум и се пентари горе :@ туку анастасија јас не знам што и се притресуваш ја на твое место не би и зборела, не би ја погледувала таква злобока а не па да сакам да ми збори :envy: мани ги таму сите и глеј си со мт
    а лионес припази на зборовите на што личи тоа да навредуваш, и ја се имам омажено млада и кога дојдов во туга кука се ми беше ново и чудно и се осекав сама настрана од сите, срека што сум си мажена у исти град па си имав и другарки и се, а во друг помал град да бев којзнае како ке ми беше :| затоа нема потреба од смеење, буцкање, ако сака некој и на 15 год нека се мажи тоа не треба да ве засега !!!!
    и да чим свекито твое таква е мавни ја и неа, кога ке отиде керкичето и ако пак ти се качува ти збори и се , биди на дистанца да види дека не си ти марионета за играње па како и текне нејзе така, ццц свашта лугево :x
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Нема потреба за навреди од ниту една страна. Големи девојки/жени сме и знаеме дека секоја навреда највеќе кажува за нас самите ;) . Лионес и` ја кажа малтене вистината, само на подиректен начин.

    Една жена никогаш нема да сака исто за ќерката што сака и за снаата. Ете ви го вицот што го постираше jacqueline.s неколку страници уназад во Свекрвите и снаите-проблеми. Пола смешка-пола вистина. И тоа голема. Значи мора да си имаме на чисто, штом сме решиле да живееме во заедница дека свекрвите се такви. Никогаш не е доволно тинтрање кога се ќерки во прашање и никогаш снаите не се доволно добри за да ги третираат ни одблиску како ќерките.

    Така е, така ќе биде. И свекрва ми го правеше истото на почеток. Кога ја скрши ногата, јас бев тука, а за се` друго одеше по паметот на золва ми. Значи золва ми КАМО ич да не ми честиташе и никогаш во животот да не ми направеше муабет, одошто ми изнапраи триста чуда за кои свекрва ми збор не и` рече (ај што не и` рече туку едно време и и` одеше по паметот) и јас требаше да ги седнам и свекор ми и свекрва ми и отворено да им зборам за се` што ми пречи.

    Ама ми беше гајле дали не сум била стратег или каква јаготка ќе ставам на шлагот кога ќе зборам. Малку фалеше очи веќе да не ми видат во таа куќа и со смирен тон, со љубезно обраќање се` си им кажав. Тоа што е навистина незначајно и за преќутување, ќе преќутам, не ќе изигравам џандар и јас сум дел од една заедница и мора да има компромис од сите страни, но за некои работи ќе си бидам отворена.

    Ќе се однесувам како што доликува, ќе бидам човечна кога навистина треба да се помогне, но нема да изигравам војниче на позор, мирно пред нечии аздисувања, туку кога нешто нема да ми може душата, најкултурно ќе си речам „не можам“ и готово. И мм им рече „Со оглед на тоа што се` се случи и ова што го бара од вас е багатела. Сметајте дека сите сме добиле премија.“ Среќа мм на свекор ми е метнат, и тој многу цени отвореност, па си добив уште еден сојузник.

    Така и ти. Биди си поотворена, кога веќе не те третираат како гостин, не биди гостин и не се стегај. Ако ти рече „меси кифли и симни ги долу“ ако не ти може душата, речи си „Не можам стварно денеска, ај другпат.“ Зошто да се мачиш кога не ти носи душата и да ти врие под нозе и да се нервираш без потреба. Што ако не ја послушаш? Што ти може, ќе те тепа? Или пак на золва ти кога ќе ти се тупне горе, абе оди си во соба, затвори врата и речи дека не си расположена/не ти е добро и дека долу после можеби ќе се симнеш.

    Јас многу убаво знам што значи да си мажена некаде каде никого не познаваш. Но, едноставно, мораш да се трудиш самата да си најдеш занимација. Ако не одиш на работа, запиши се на некој курс или слично, контактите сами по себе ќе се створат. Ако не се лажам, Ку си мажена, а јас од што имав прилика да запознаам 3-4 на факултет, барем за дружење беа први.

    Сите на почетокот се нервираме за овие работи а после ни` доаѓа да се изгазиме од смеење што сме ги ставале воопшто на мисла. :D

    И Лионес никаде не пиша дека е мала влезена во брак. Само рече дека штом веќе се омажила во таква средина, нема потреба од некој да има за да ја занимава, туку дека самата треба да си бара занимација. Нема потреба од препукувања навистина.
     
    На anastasijaki и Li0ness им се допаѓа ова.
  9. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.901
    абе само да се смее човек лол, ја како што разбрав не месела она кифли по нарачка туку си правела за неа па им симнувала доле |( читајте убаво па зборете после, само што тука не заслужиле нишо да им дава :!: како не свакате дојдена тазе снаа во кука сака да се зближи , да остави добар впечаток а вие одма на кезење |( И ја кога се венчав па ако спремев нешо блашко обавезно давав на свекрва ми но не требаше, сега неможам од врат да ја откачам :rofl: највеке ме иритира фактот што одма сите казувате дека млади се мажат па сега кенкаат и поради тоа застанав во "одбрана" :!:
    И стварно доста е човек да се покае што пишал нешто брејј све исфрустирани фаци низ форумов фрчат :| остајте го девојчево на мира, со таква свекрва и золва уште вашите злобни коментари и фалат , женишта :puke:
     
    На Gocaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ајде пресметај се уште еднаш пред да напишеш, теткице... Некому се му е навреда, посебно СЕ што не му одговара. Кога некој се мажи, не е МОЈ проблем, ама очигледно си има проблем таа што се мажела. И ај да се вратиме на основата на форумите-ако пишуваш на форум, ќе ти одговорат дури и ако не ти се допаѓа тоа што ќе ти го напишат. Јас немам проблем ако некој не се согласува со мене, посебно не некоја теткица :D
     
    На okcenzi, Hipster, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Стварно го нападнавте девојчето ко да бара платен убиец да ја кокне свеки и золвата...бреииии...

    Туку јас ја разбирам девојката, зошто јас си имам БУДУЧА золва, ама она многу топло-ладно со мене да си игра.
    Некад ќе седне со мене ќе растуриме муабет, а понекад ме избегава ни здраво не ми кажува. Многу ме нервира тоа и ако има некоја искуство вакво ако може да ми каже како да си ги подобрам односите со неа.
    Јас сум верена и планирам со дечкото да се земам и сакам да сум во добри односи со сите таму сите да ме прифатат, па и она, затоа што не е многу постара од мене.
    Тоа ќе ми стане семејство и сакам да си се држам добро со нив.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Што па си запнала да ги подобруваш односите со неа, не ми е јасно? Што и имаш згрешено?
    Мое мислење е следи го нејзиното однесување, ама свесно без да се емоционализираш.
    Штом сакаш со идните роднини да се држиш добро, прави како она што прави.Ако сака да зборува зборувај, ако се врти настрана и ти исто. Следи ги нејзините однесувања и не се оптеретувај.
    Јас лично не би се трудела многу да станам пријателка со идната золва, иако сметам дека е битна личност во животот и треба да се почитува како сестра на мојот иден сопруг. Дечко ми да ме запознал со сестра му, абе бегај таму кој ке се поти уште сега :D .
    Значи ова е мое мислење, немој некој да ми “рипне“ сега , па каква си ти, па уште не си им влегла во куќа а ставаш блокада. Така јас си мислам така ќе си правам. Јас нејзе никогаш нема да и бидам сестра, исто како на мене снаа ми. А и се зависи од разлиакта во години. Ако е постара од мене мислам дека повеќе ќе ме разбере отколку ако е помлада.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.901
    Баталете ги и золвите и свекрвите, нека се гонат таму, глејте си го мажот и заедницата со него, не ви зборат не им зборете дигнете глава и напред гледајте и не дозволувајте да ве газат и да се прпелкаат во она што е ваше :!: Золвите се само едни според мене исфрустрирани особи кои неможат да поднесат дека снаата е подобра од нив во секоја смисла :) ( во повекето случаи) па ај не и збориме, ке ги вртиме сите против неа :fubar: Глава горе и тие нека бидат оние што ке се јадосуваат не вие
    :hai:
     
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Навистина немало потреба од навреди и препукувања, јас ценам сечие мислење , не важно дали ми се допаѓа/одговара или не :) Иако сметам дека некои мислења се преостри со доза на потсмев и ароганција спрема мене но нејсе, не се лутам на особи кои не ги познавам :wasntme: Јас се што сакав е малце почит кој и те како го заслужувам затоа што секогаш сум ја давала таа почит, но очигледно золвата си има некој проблем со мене. И мислам дека тој проблем е што ние ќе правиме свадба а она нема правено , тоа воопшто не е мој проблем, јас не сум се ни познавала со брат и кога она се мажела :?: тоа било нивна одлука кој и е крив ако сега се кае, али ете што било работава. И не , не , не ми текна ова туку така, туку ми беше кажано :!: Чим е таква злобна особа ако сака нека не ни доаѓа на свадба ме заболе :D па и јас глупа сакав да се зближам со неа, а оно да извирало завидливост од неа :x
    Друго што сакав да кажам, вчера мажево имаше работа до град со еден другар, а јас останав дома со сопругата на другарот па си поседовме така повеќе и доаѓа свекрва ми онака па уште надмено на врата, ајде дојди да седиш доле со нас да не си сама , ми вели |( Не, реков имам гости сега, тоа можевте вчера да ме викнете кога седев цел ден сама, и она, а па немој така, па ова она, почна да дтка да се вади :lol: Бидејќи мојата култура не е како нивната ја поканив да поседи со нас, ама свитка опаш и си отиде.
    А, да уште и ова, Теси, јас не сум така воспитана кога ќе ми дојде некој да си влезам во соба или да се преправам дека не е тука. Ако она дојде кај мене ќе ја испочитувам како и што е , како гостин и сестра на маж ми, но иронијата е што таа не доаѓа кога јас сум тука, а кога не сум доаѓа, мислам очигледно е и најслепиот ќе увиди дека си има некој си проблем со мене :geek:
    Како и да е, фала за советите :*
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.737
    Јас имам снаа и си ја сакам најмногу,како родена сестра.Не се плашам од тоа дека ке биде подобра од мене,зошто навистина е.Живееме во заедница и таа 4 год.не влегла во конфликт со никого од фамилијата.Јас сум по природа избувлива,нервозна,мрзелива,но неа никогаш не сум ја навредила и не сум ги свртила моите против нејзе.Прифатена е уште од 1 ден како цел живот да раснела со нас.Не верував дека во нејзе ќе најдам најдобра другарка и дека супер ќе се согласуваме.Моите не ја гледаат како снаа,туку како ќерка.Нормално е дека сите посакуваме кога имаме нов дом да бидеме преифатени како дел од него,да бидеме дел од нив.Значи сеуште не има и добри золви и има добри снаи :D
     
    На elena.mak, Filiposka, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека ми е золва во вистинска смисла на зборот бидејки сепак јас сум во врска а не во брак ,ама ете ке напишам збор два за нејзе.

    Сестрата на дечко ми ми е многу мила. До сега за овој период многу убаво се има поставено према мене. Уште од сам старт беше комуникативна и никогаш не сум осетила некои негативни емоции и стрели од нејзина страна. Неколку пати кога сум била со дечко ми знаела да дојде да каже ајде да идеме негде заедно на пијачка или у диско. Доагала заедно со нас у кино сме коментирале глумци и сме се лигавеле пред добро тело. Вчера сама ми се пофали дека се гледа со некој дечко веке 2 месеци.Јес да знаев за тоа ама пред нејзе се напраив дека не знам. :)

    Последниве неколку пати знае да ме изненади со некое мало поклонче а пред некое време и било мерак да ми напраи милк шејк па мојон коа отидов таков вика -Ова ти е од сестра ми, ќејф и било она да ти го напраи.

    Дури често знае да го скара брат и кога нешто гледа дека не праи ко што треба во врска со мене. Баш вчера кога ме виде дотерана кај нив одма му свика - Станувај ајде од кревет вади колата од гаража да го изнесеш девојчето на пијачка види колку е убаво дотерано ти дома ке го држиш. Таква се понуди ако ми треба нешто да ми даде да не ми студи,мислам стварно до сега немам лош збор да кажам.

    Ама од друга страна и јас се трудам да бидам ок со нејзе. Едноставно сакам со сите поблиски од неговото семејство да се слагам. За мене не важи она-Ти со дечко ти си или со неговота фамилија па нив да ги тинтраш. За мене семејство си е семејсво никој не е сам на светот па да гледам само со него да ми е супер за другите кој ги тркала. Тие луге му се нему битни а со тоа и мене ми се битни. Тоа што он се расправа со сестра му си е негов проблем и јас нема што тука да се мешам и да исправам криви дрини со тоа што ке викам таа ваква таква или онаква.

    Можеби затоа што јас сум се поставила добро спрема нејзе па и таа ми возврака со иста мера. Сите осекаме кога некој не гледа под око и му смета нашето присуство.Не викам дека нема лоши и снаи и золви и свекрви ама сепак треба секој од нас како единка како личност да се потруди да биде ок со спротивната страна.Ако видам дека џабе мојот труд ондак без пискање ке си се повлечам и секој ке си ја брка својата работа.
     
    На Daydream, tessie, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Е добро, ја претпочитам луѓето да имаат на чисто (со љубезен пристап нормално) кога не ми е до нешто за да после ги поштедам и нив и себе од фрустрации од собрана и голтана нервоза. Ако ме праи тоа лошо воспитана, пеки. Ама дека досега вродувало со позитивни резултати во прашање на хармонија, вродувало.

    А у соба ти влегува ти коа не си таму? Ако да, коа нема да си дома, еден клуч на врата и битти. Шо и` е гајле за вашата интима? Ако не, тука нема многу што да се каже, тоа е и нејзин дом. Ако е со табиетот, верувај благословена си шо не контактирате и шо не те вознемирува само.

    И јас копнеев за ваков однос со золва ми.
    , ама сосила убавина не бидува.. :(
     
    На Filiposka, anastasijaki и Rama им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Се качува на нашиот спрат кога јас не сум тука, кога сум кај моите, и тогаш она ќе дојде горе за да поседи со брат и, а кога јас сум дома, никако не се качува, колку пати сме ја викале ама не , гајле ми е , си отиде завчера и раат сум сега :D лакше се дише :D а свеки пак по старо, сега накај мене ја сврте ветерот , реков јас :wasntme: :lol:
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    фала богу ке немам золва, а јатрвами воопто не се сака со идната ми свекрва, а свеки па уште на почеток ми кажа дека многу сакала керка во животот па ми рече ке се потруди да ме гледа така и еве колку време веке постојано сум кај нив, таа е супер со мене и дај боже така да остане
     
  20. LadyMac

    LadyMac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Јас имам золва и ми е како другарка. Освен убави работи, за неа друго неможе да се каже. Се надевам и она го мисли истото за мене :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.