И јас со снаа ми сме како другарки засега и дај боже да трае, и кога е сама дома не се заклучува по соби нон стоп слегува од горе и доаѓа на муабет кај нас, ако имаме гости фино ќе си разговара не да се трга настра на се однесува диво, понекогаш ми купува по некое поклонче исто и јас неа, сакам овој однос да ни трае засекогаш
Со мојата золва имам дипломатски однос, не се пренемагам многу. Видов колку е саат одамна, па затоа сега си седам мадро и немам никаква намера да се зблизувам, да глумам лудило. Џабе, кога сме црно и бело, јас такви игри како неа не играм. Јас ќе бидам золва не баш набрзо, брат ми имал неколку девојки што ги носел дома, и приметив дека не сум со сите иста. Со некои сум супер, со некои ок, а со некои уште да земев да ги искубам. Имаше една секое доаѓање ко ќе видеше некој накит на мене ми викаше ај дај ми го!!! Мене поубаво ќе ми стои. Ја немаше слушнато брат ми, ко ја слушна, ја снема од видокруг многу брзо, вика иди бре, за оваа 10 работи не ме спасуваат да и купам се... Не се замешав чини или не, оставив сам да си слушне и види. Сегашната девојка е душа невидена. Го почитува него 100%, ја почитува мајка ми 100%, а можам да кажам исто и мене и мојата стекната фамилија. Кога ќе дојде брат ми сам кај мене, дури го карам... Се зависи од двете страни, јас сум била золва од хорор филм со тие што со мене беа снаи од хорор филм, и обратно. Тоа е случај и со мојата золва, во мене е проблемот што не прифаќам лизни-мазни срања а оговарања и сплетки зад грб, а она не прифаќа дека можно е да не се зборува исклучиво за некого, дека може и само да се разговара за незнам, ланскиот снег. Триста људи-триста чуди!!!
Уште сум во врска, ама ќе имам золва. Уште на почетокот на врската имам приметено дека не ме сака, дека ме гледа нешто од високо, ама не и придавав никакво значење. Мислев ај почеток е ке се смени, ама ништо. Секогаш гледав да си најдам тема за муабет со неа, ама некако не ни идеше. А сега веќе не се ни трудам. И го знам мислењето за мене , што си го споделила со братучедка и. Лично видов а виде и дечко ми. Штом мене не ме сака, испаѓа дека ни брат и не го сака, со самото тоа што ме вреѓа мене, го вреѓа и него. На почетокот негираше, демек имам измислено ама одпосле и текна кај имаат пишувано и што. Почна да ме вреѓа, да се дере а за тие два дена свашта накажа за мене. Демек сум ги знаела карактерно и сум ги вртела сите на малото прсте, хах. Дечко ми нормално застана од моја страна.Разговаравме по два дена, и тоа поради мајка му , затоа што жената за гревови, стално плачеше и се нервираше. Се смиривме ама никогаш нема да биде тоа што е било, не бевме секако блиски ама после тоа што беше ни толку..
Иако со золва ми имаме навидум коректен однос, во суштина не сме блиски. Значи ММ е многу близок со неа ( постара сестра му е и мора да ја слуша, нели?) и за се што се треба да се одлучи мора да ја праша неа. На почетокот тоа многу ме нервираше, ама сега нека прават што сакаат. Единствено ме нервира кога ќе почне да ми соли памет како се чува дете. Е тука полудувам. Среќа не се гледаме многу, само на семејни родендени и прослави.
Сеуште не сме до толку блиски како другарки ама има време ... Инаку не си имаме замерено за ништо ми се има доверувано за неко работи да сегледаме почесто мислам дека повеќе би се зближиле ама исто јас сум личност за да стекнам доверба во некого ми треба повеке време па така и со неа
jas i mojata zolva ne se slagame bas pricniata e toa sto ona ima 24 godina e postara od mene i seuste ne e mazena a mojot maz odnosno nejziniot brat vo mnogu vrski i se mesase i ona misli deka i jas imam vlijanie vo negovoto razmisluvane a nema takvo nesto jas ednas od prilika pred godina moze i nema godina otidov na kafe so nejziniot togasen decko bez da znae mojot maz sakav da razgovaram so nego za da im pomognam da ja prifati mojot maz nejzinata vrska no ona go protolkuva toa mnogu poinaku mislese deka jas sum pricinata poradi koja raskinaa posle toa so deckoi.i taka jas mu go kazav toa na mazmi odnosno togas moj decko koj mnogu se razlute togas bese on na teren vo grcija mislam deka i znam ne mi se javuvase nekoe vreme no koga dojde se bese normalno samo mi bese lut zosto sum napravila nesto bez on da znae. A sestramu odnosno zolvami sega e pak so toj decko no sprema mene e mnogu diva i neznam sto da napravam za da me zasaka. a stalno sakam da i pomognam i nikogas ne sum ja napadnala nitu rekla nesto loso za nea samo ne ja znam pricinata zosoto e takava sprema mene
babibaby не те сака зашто си и' се замешала во врската. Не е битно дали си мислела добро или лошо со тоа, битно си и' се замешала и сега она ти го памти тоа. Добро, со кој памет така направи? Од каде тоа право да отидеш на кафе скришно со дечкото на сестра му на дечко ти??? Не знам што да ти кажам. Не знам како вака се осудувате да се мешате и да исправате криви дрини кај што не ви е местото. И после ќе дојдете овде и ќе се жалите дека золвата не ве сака, па јас да сум на нејзино место очи нема да сакам да ти видам, а не да не те сакам. И што е најинтересно велиш дека сега пак си е со истиот дечко. Јас не би се осмелила да се замешам ни во врската на сестра ми, абре меѓу мајка ми и татко ми не би се замешала, а не да се мешам во врската на братот на дечко ми. Мизерија сте. Дечко ти или еве сега маж ти и' е брат, он може сешто да и рече и да и' направи, они двајца се брат и сестра, неговите дела или зборови спрема неа секогаш ќе се сметаат за дела со добра намера и утре, задутре ќе се заборават, они двајца пак ќе бидат брат и сестра и како ништо да не било, а ти што и да направиш секогаш ќе се смета за мешање, и твоето секогаш ќе се памети, така да си знаеш. Друг пат мисли малку и гледај си ја твојата работа. А со тек на време може ќе омекне работата, ма да јас да сум на нејзино место никогаш не би те погледнала, искрено, зашто за мене приватноста е света работа.
Babibaby ne razbiram koj faktor si ti na nekomu da mu posreduvas i da se mesas vo necija vrska. Mnogu jasno deka ke ima odbivnost sprema tebe,koj i da e toa nema da go prifati. Stvarno ne ve razbiram,em ti si pomala od nea,em tebe ama nikako ne ti e mesto da se mesas vo vrskata na sestra mu na mazot ti,pa uste i tajno na kafe da se sostanuvas. Nepromisleni postapki so cel da izigravate humanistki sekogas imaat negativen ishod i indiferentnost od okolinata.
Срам да и е на золва ти за тоа што има 24 години и не е мажена. Како си можела ти на твои 21 година да останеш трудна и да се мажиш, така требало и таа да си го реши животното прашање, а не со нејзини 24 години да има дечко. Тоа што ти и мажот ти и се мешате во врската односно во нејзината интима е најнормално нешто што секој кој што нема попаметна работа во животот го прави тоа. По сите овие глупости што ги напиша ти очекуваш девојчето да те ЗАСАКА??? Која си ти во нејзиниот живот да и се мешаш во интима па уште и на кафе да се наоѓаш со дечко и Верувај тоа што има 24 год и не е мажена е предност кај нејзе во однос на тебе. По зрела е и може разумно да ги согледува работите, а една од последиците е тоа што не те поднесува. Ако сакаш да си го подобриш односот со нејзе, првенствено бидејќи претпоставувам живеете во иста куќа , прво ќе и се извиниш за постапката и ќе ја увериш дека никогаш повеќе нема да ти се повтори и дека секогаш ќе го почитуваш нејзиниот избор (каков и да е). А на мажот ти ќе му кажеш дека доволно сте возрасни сите за да можете секој за себе да носи одлуки. И избегнувај разговор со него за нејзе и нејзиниот живот. Јас имам снаа скоро 9 години. Таа се омажи за брат ми кога имаше неполни 19 години, а јас се омажив на полни 28. Ниту еднаш во сите овие години не спомнала (ниту на шала) дека ми е време да се мажам, ниту пак јас нејзе дека млада се омажила. Нивни живот, нивни избор. До ден денес ја сакам снаа ми како дел од моето семејство и никогаш си немаме замерено за нешто. Многу често знаат да не прашаат дали сме сестри Не е тешко да се изгради таков однос, само треба почит и немешање во интима од двете страни.
Oд една страна пишуваш дека не си имала никакво индиректно мешање во врските на золва ти,а од друга страна трк на директно солење памет кај дечкото нејзин ,што е тоа ако не е брцање нос :geek: .A друга работа ти место да си ургирала (кога веќе си сакала да се замешаш)кај дечко ти твој,бидејќи колку што разбрав TOJ имал проблем со дечковците на сестра му,а не дечко и,ти кај погрешен човек трчаш брзо,брзо ,и сега CACKO ти е крив,што не те сматра меѓу живите
babibaby не е проблемот што золвата има 24 години а е немажена,туку што ти си се замешала онаму кај што не ти е местото.Ако веке си сакала да помогнеш си требала со дечко ти да направиш муабет дека не е убаво толку да се меша во нејзиниот живот,а не со нејзиниот дечко да одиш на кафе и да исправаш криви дрини. Со право е љута девојката бидејки нема ништо поиритантно од тоа коа некој се меша во твојата инима и секојдневие. Можеби ке се замешам исклучиво ако таа самата побара некој совет или мислење од мене,ако ми се довери и и треба човек за муабет но во спротивно нема што да го бутам носот кај што не му е местото. И мојот често ми кажува случки и ситуации за сестра му но најчесто или му викам -Не ми кажувај нејкам да знам ,ваше си е што правите , или го советувам а најчесто муабетот го завршувам со тоа -Остај го девојчето нека праи што сака нема ти што да се мешаш во нејзина манџа. Ама што и да правам со него правам муабет а не на сестра му да и паметувам и да и исправам крви дрини. Се има случено и она неколку пати сама да ми каже -Со брат ми не сум во најдобри односи периодов и иако сум знаела за тоа она коа ке ми кажела сум се праела наудрена и сум викала -Де бе не знаев ,ништо не ми спомнал.. Тоа што ке влезете во нечива кука како девојка или сопруга по дифолт не ве праи маалски шериф кој треба да воведува ред и мир без оглед на тоа колку и да го правите со најдбори намери. Пошо утре золвата ако така ви се меша во интимата одма ке почнете со гракање-Леле таа кокошка го бута носот сегде,нека се мажи побрзо да не спаси дома и сл. Едноставно во некои работи нужно е да постојат граници и секој да си го знае своето место.
Агронче, од искуство вака ако сакаш еден коментар, штом веќе спуштала и не те мирисала, не можела да ти даде поголем благослов од дистанцата која ја држела. Не сака девојката да се замара. Ама и ти си со еден коментар тука малку за карање (се надевам нема да ми се налутиш, со најдобра мисла ти го кажувам ова, да не ми беше симпатична ќе ти го премолчев ). Дали е убаво така да зборуваш за нејзината љубовна состојба и нејзиниот живот? Дали е човечно? Секој од нас си има своја филозофија на живот која му носи повеќе или помалку среќа. Како ти за неа што мислиш „оваа нема уште дечко шо праи на овие години изиграва вечно млада“, она можеби си мисли „не дочека да дипломира одма го фати брат ми“. Затоа што можеби и твојот тек на животот и` е чуден како што ти е тебе нејзиниот. Нејзините правила очигледно се косат со твоите. Затоа човек не треба да коментира туѓи животи така, се` додека не се најде во кожата и состојбата на другиот. Дали тебе ќе ти биде убаво да слушнеш таков коментар за себе како наведениот пример? Од каде знаеш дека таа не пркоси со своето расположение, дотерување, правење важна? Од каде знаеш ти дали има таа жена среќа? Знаеш какви мажи има кај нас, пренаслушани вести (особено делот внатрешна економија), со секоја чест на исклучоците но навистина ги има оние шо само кукаат пред коперација со другарчињата и чекаат среќата од небо да им падне. Ќе му спомнеш „плата, независна од родители, сопствен стан“ очите им светнуваат ко сијалички на казино автомат и веднаш почнуваат со нивното напорно понашање. Мојата кума, кога излегувавме пред да се омажам (немажена, самостален живот, висока плата сега дури и директорка) знаеш дека лажеше за професија за да најде нормален дечко за дружење чисто? Лажеше дека е административен асистент во приватна фирма. И зошто бе таков недораснат мрсулко да и` јаде од платата бе? Како што имаш ти право и си го исполнила животот, на, за себе, правилен начин, истото и таа го направила. Никому не штети, ни оди по женети, ни растура куќи. Си ужива во плодовите од маката што ја измачила (и сама знаеш како жена со долгогодишни студии дека и тоа е еден вид мака). Којзнае за таа плата таа што се вложува и ризикува во текот на денот.
шпартам и шпартам низ темава и не можам да заклучам како би требало да се однесувам јас како тазе золва.со снаава и не сме баш ист табиет а башка и не се знаеме многу ама па ке живеат со мајка ми во заедницA па морам некој однос да градам баш ради моите(мајка и брат).од страната на мм немам ни јатрва ни золва па единствен близок род ми се.ич не знам лице да правам ,може ке прекутам нешто ама веднаш од суратот ке ми се види дека не ми е по кеиф.како ке ја тераме еден господ знае.
За да не и` дозволиш да треба многу да преќутува, однос на дистанца. Од старт. Почитување и се` тоа како сaкана на тој што го сакаш, да. Понекогаш и преќутување, затоа што тоа е заедница, секогаш некој ќе премолчи нешто од некој друг, ма колку и да не сака. Дури и на снаите/золвите им премолчуваат само нели од аспект на снаи тоа не можеме јасно да го видиме поради субјективноста. Не мора одма бест френдс форевер, споделување и сл. Колку повеќе споделувате, толку повеќе си ги полните устите едни на други и при прва караница, големи се шансите да се злоупотребат некои работи. Искрен пристап, почитување како сакана на мт и дистанца. И не мислете колку лошо ќе биде. Еднаш помислете и дека може да биде и добро.
^^ A зошто пак веднаш предрасуди ?!?! За љубов кон мајка ти и брат ти и слога во нивната куќа терај си работа и не се замарај. Си имаш своја фамилија (заклучив дека си мажена) на која треба да и береш гајле. Најискрен совет
A зошто толку тешко ти паѓа да имате коректен однос,како една почит спрема родениот брат?Hе значи ако не сте на иста бранова должина треба да се дочекувате со копја .Jас сепак би рекла све е од домашното воспитување и култура.
Штом се меша тоа е друго. А штом е па преку свекрва ти, ич да не ти е гајле. Знаеш зошто? Затоа што очигледно не може преку маж ти. A мајка, ко мајка, најслаба е на своите деца, тебе Господ те благословил наскоро самата да го увидиш тоа. Оваа битка однапред ти е добиена, можеш само да и` се смееш на маката што ја вложува. И убаво штом си го кажала само да си олесниш на душата. Се надевам немаш навистина такво мислење за луѓето, затоа што ксметот во животот се` прави. Може 3 животни стила да ни` смени.
уфф и јас имам една принцеза Аурора.... само што оваа и покрај тоа што е мажена носот го пика кај што не и е работа.....почна и мн често да ми доаѓа на гости што не ми иде у прилог ама ич.... ама јбг тоа е тоа....
^ Da mozebi ti smeta,ama taa mu e sestra na mazot ti i ti ne mozes da go poreknes toj fakt. Ne bidete tolku zlobni,pa duri i ljubomorni na sopstvenata sestra na vasiot maz. Kako bi vi bilo vam,sestrata ili bratot da ne se dobredojdeni ili vo polos slucaj vasata snaa da go misli istoto za vas!!!
Се уште немам золва бидејки несум мажена но се надевам наскоро ке имам. Мојата идна золва е прекрасна , душичка е / Немам зборови за неа , толку е културна , внимателна. грижлива , добра и за неа само најдобри зборови... Ја сакам премногу ...Ја сакам како да ми е сестра таква личност не се раѓа два пати