Добро снајки како може да речите едвај чекам золвата да се омажи, да се ослободи простор во куќава? Како е возможно овие зборови да излезат од вашата уста? За мене така да речи снаа ми, за цел живот муабет не би и правела. Да ми се меша во буџетот исто така. Да ме оговара уште полошо би било. Во секоја тема само снајките чинат, а сите околу нив не чинат. И јас сум нечија идна снаа, и јас сум золва и ќе имам золва и вакви оговарања нема да дозволам. Јас сум воспитана со снаата и золвата најмногу да си живеам. За вас ете не знам. ЦЦц
Мислам дека искрено ти имаш проблем со него , не со неа или нејзиното облекување...сите сме различни. кој сака како сака така нека се облекува , но си размислила дека треба да позборуваш со својот дечко за неговиот однос кон неа? сепак велиш сериозна врска а од друга страна казуваш како зјапал во градите на сестра му!? Откачено малку нели???
Малце нејасни мислења имаат снаите за золвите ни они не размислуваат што зборат се однесуваат како они да досле во ваша куќа а не виево нивна и одма напаѓање по золвите па зарем таа сака да смета на брат и снаа?сигурна сим дека на повеќето снаи золвата ви ка остапува собата за да вие спиетњ во нејзе и истата да е ваша сте се ставиле ли вие на нивно место?на нејзе како лие?,еве јас имам золва и со нејзе стојам многу добро немаме лизни мазни ама доволно е да имаме нормален однос,она мене ми кажува се бара совети иако сум помала од нејзе 5 години,ама се знае дека тоа што збориме нема пренесување на мм,никогаш неби ја нападнала она ми ја остапува собата за да јас спијам во нејзе а на нејзе ке и стават кревет во кујна таму да спие најискрено мие многу жал на 31 година да спие во кујна па дури да и се наоѓа мана?НИКОГАШ
^Искрено една од ретките си што вака размислува.. Какви муабети од снаи сум се изнаслушала коса да ти се крене.. Се кладам дека на многу од снајките би рекле туф што не се омажи та ми се мота по кујна. Ама тоа е до воспитувањето и до културата би рекла. Јас ќе бидам дупла золва, море золветина. Се шалам, моите не сакаат да живеат со снаи и зетовци, како што велат родителскиот дом да ви биде на сите здравје кога ќе си формирате семејства да си идете кога сакате без да се гледате попреку за 5 квадрати, а и за нивно здравје де.. Скоро другарка ми се пожали како золвата што се омажи скоро кога идела кај нив се понашала како да е дома и ја гледам и се чудам па си мислам како да се однесува кога ќе оди во куќата на нејзините родители и во домот каде што израснала? Инаку моите идни снаи. Па едната ми е ок другата не ја познавам баш..Нема да живеме заедно и не планирам во ништо да и се мешам, исто така очекувам од нив да не се мешаат во мојот однос со родителите оти приметив некој обид што мајка ми го исече од корен. А за дружба и шали сега за сега ни оди со едната, другата ај да не зборам пред време ќе ја запознаам поубаво па ќе проценам. Наскоро и јас ќе имам золва нема да живеме заедно, многу ок жена значи комуникативна, приемчива и културна.. Низ годините дека е постара се трудеше да не ми биде незгодно и да се чуствувам убаво, што посебно го ценам дека јас така малку срамежлива. Муабет си имаме, супер е за дружба и не ни се меша. Друго не ме интересира. Сите ние си имаме некои мани и на малку не сме совршени. Никогаш нема да си ставам на памет да се мешам во нивниот однос оти многу снаи така раскарале браќа и сестри, оти на ним нешто не им чинело. Во еден фамилијарен однос меѓу браќа и сестри кои израснале заедно ништо не е црно бело и од страна може се чини едно а е сосем друго.
Ќе бидам золва, а и можеби ќе имам золва, здравје боже. Имам еден брат кој е помал од мене. Но не го сакам баш како брат туку како свое дете, како дел од себе. Како една мајка што си го сака своето чедо. Спрема него сум мајчински настроена. (Имам и сестра и неа најмногу ја сакам иако некогаш ги преминува границите, ама не е тоа темата, да не бегам од темава). Брат ми јас го израснав. Моите работеа по цели денови за да ни овозможат што повеќе, за ништо да не ни недостасува. Јас бев мало дете а тој бебе. Го хранев, бањав, менував пелени, а јас самата бев дете. Баба ми и дедо ми живеа со нас но не чуваа, сами си се чувавме и воопшто не ги осудувам за тоа. Потоа, кога тој тргна на школо јас го носев и зимав, заедно пишувавме домашни задачи и учевме. За секој негов проблем го сметав за свој. Можеби и затоа сум толку приврзана со него, што знам. Здравје, еден ден кога ќе се ожени јас ќе бидам најсреќната сестра на свет. Која и да е, каква и да е, ако за него е добра и го прави среќен јас секогаш ќе ја почитувам и сакам. Ако е среќен со неа за мене ќе биде најдобрата снаа. Несакам и нетреба да ме сака, доволно е да ме почитува, да не ми превртува очи и ако живеат во родителскиот дом на брат ми утре ден да не зборува дека јас живеам со нив, како што прочитав тука (извинете, можеби дрско ќе звучам ама тука сум се родила, мој дом, домот на моите родители и некоја така да каже има за коса да ја фатам и надвор ќе лета, па како што ова е на брат ми така е и мое бар дури не заминам од тука). Да не ми се меша во односот со моите и брат ми бидејќи ќе ја запознае мојата лоша страна. Ова ќе биде и нејзин дом, јас немам намера да се мешам во нивниот брак и ако проба мајка ми не би дозволила да се меша, нивни брак нека си живеат како мислат дека е најдобро. А јас би била тука секогаш за нив да им помогнам безразлика на кој начин и утре ден ако имам свој дом вратата за нив секогаш ќе биде отворена во било кое време. Сега ќе речете ај кога ќе имаш снаа ќе видиш како е, ќе смениш мислење. Не и не. Ова е мое мислење и сега и за 20 и за 50 години. Бидејќи брат ми толку многу го сакам и се што сакам е да е среќен, не би го повредила на ниеден начин.
Едноставно така сум воспитана да ги гледам работите.Зашто да се распавам што мие криво девојчето вака ке издржиме сите една година после сите среќни и задоволни кесе одвоиме да си имаме лице јас да одам таму она да дојде кај мене.Како што кажуваш за другаркати што чекала едвај золвата да си оди од дома,со кое право така зборирењално кога ке размислиш снаата е туѓинец во куќата а не золвата,наместо они да размислат да се одвојат како семејтво они золвите ги бркаат а па да не зборам за свекрвите што да очекуваш повеќе од такви?Сее до акалот.Убав ден
Nikoja snaa ne smee da se mesa vo odnosot na zolvata so nejzinite roditeli.Tie i se roditeli i kakva i da e najlosa da e ili najdobra tie ke bidat pokraj nea.Koga ide zolva mi se odnesuva kako da e doma no zasto e doma,kukata na roditelite sekogas ostanuva dom na deteto dali e zensko ili masko,mazeno ili zeneto.Jas koga odam kaj majka mi sum si kako doma,sobata od devojka koga bev seuste mi stoi isto i na sestra mi.Nemam snaa no ke imam i veruvam so nea ke imam dobri odnosi zasto sum dosta mirna i smirena licnost karakterno,so na brat mi zenska mu komuniciram mi ide nagosti prekrasna licnost e i ja sakam,se nadevam deka taka i ke ostane ako dade Gospod da mi stane snaa
Малце си контрадикторна. Сакаш брат ти да е среќен, ама ако снаата не ти чини за коса и надвор, а брат ти ќе мора да е несреќен. Се закануваш со запознавање на твојата лоша страна, ама очиигледно твојата лоша страна е себичноста. Ако го сакаш брат ти, нема да ја фрлиш жена му како куче надвор. Јас здравје ќе имам снаа, ама ќе ја сакам како сестра, оти знам дека ако брат ми е среќен, и јас ќе бидам. Ако она секој ден плаче и се жали од мене, и тој ќе е несреќен. Нема полошо од тоа братот да е несреќен. Јас нема да бидам таа што му расипува живот, брак и среќа. И нема намера никогаш да паднам толку ниско за од дома да фанам некој за косичето и надвор да го фрлам. И куче да е, нема да го направам тоа, не па да е човек, уште помалку жената која го сака брат ми и со која има деца.
Да, сакам да е среќен. Не ако не ми чини. Не би сакала да се карам со било кој. Ама некоја да дојде во моја куќа и да каже золва ми ЖИВЕЕ СО НАС и да сака да си идам што попрво од моја куќа таа ќе се оди тоа дефинитивно. Кажав, се додека не ми се меша во мојот однос со моите и брат ми и се додека не се меша кај што не треба (мислам на тоа за куќата и сл) јас немам причина зошто да кажам или направам нешто против неа. Јас не се заканувам и немам зошто но не би ќутела ако снаа ми се меша во односот со моите и брат ми. Во таков случај, кој е тука себичен? Снаа која сака да се прави газда во туѓа куќа и расипува односи помеѓу родители-ќерка и брат-сестра? Или золва која не сака да си го расипе односот со нејзините?
Јас само сакам да ти препорачам вака најпријателски, да бидеш помалку опседната со брат ти, помалку посесивна и заштитнички настроена. Треба да бидеш среќна ако брат ти биде среќен со некоја личност. Никој нема да дојде во твојата куќа со желба тебе да ти изиграва газда, да те кара со родители или со брат...незнам што си мислите вие дека девојките се мажат со желба да растураат семејства??... Таа некоја која и да биде ќе дојде со желба да биде прифатена од новото семејство, и да живее во мир со саканиот! Немојте да отчекувате снаите да ви бидат како растение по дома, значи тие ќе дојдат да живеат таму не да робуваат...ако дадеш љубов ќе добиеш назад љубов, ако ја пречекаш лошо и газиш од старт не отчекувај ништо добро... Ова го кажувам како золва, имам пишано дека си ја сакам многу снаата...
Како туѓа куќа?Па штом иде кај маж и станува дел и од семејството и од куќата де.Синки ти ја градеше па е лично твоја и ке бркаш од дома?
Не знам зошто толку ја нападнавте @Аматиел14 Јас ја разбрав дека доколку снаата што ќе дојде сака да се меша во односот брат - сестра, ќерка - родители, тогаш би изреагирала така бурно како што пиша. Не дека оправдувам, ама... Читајте наназад низ темава. Ми се згрози од мислењата на некои снаи. Да частат што ќе си оди золвата, навистина? А од чија куќа си оди, од на снаата?! Или од сопствената?! Ако куќата не е на золвата, на снаата е уште помалку. Јас да сум на местото на мажите на повеќето снаички тука, би ве оставила, око нема да ми трепне. Јас ниту сум золва, ниту имам золва ама мм да каже делче од ова што вие го изнапишавте за моите сестри, би го оставила веднаш. Ако имаме и дете и се. Нема што он да се меша во нашиот однос. Така и вие. Гледајте си мажот и не си го турајте носот кај што не треба. Нивниот однос е нивна работа, не ваша.
Јас нема да имам снаа бидејки имам една сестра мажена , но доколку јас бидам снаа ке си се тргнам настрна , бидејки јас влегувам во друга куќа и морам да се прилагодам на тие карактери , услови итн . Стварно не ве разбирам зошто велите дај боже да омажена , и да е омажена тоа е нејзин дом , тука има право на дел од таа кука , ако не ви одговара , тргнете се настрна и никој немат да ви сметат , уште не можам да ги разберам тие родители што ги лишаат од наследство нивните ќерки !
Аматиел, ако не ти чини снаа ти, фрли за косичето надвор. Брат ти ќе најде друга, нели жените се потрошна роба. Право на глас нема да има и право на мислење. Она ќе јаде трици, а ти косичето и нека моли кучката. Брат ти е неспособен морон кој не знае што да право со жена му во однос на воспитувањето, ама ти имаш развиено тактика од сеа, за коса и надвор! Нека те види она тебе која си! Нема разговор со неа или со брат ти, ке се заебаваме. Брза постапка, одма надвор. Нека е среќна што ке живее!
И јас имав прилика да се запознам со една опседната, разгалена несудена золва. Бившиот мој имаше брат близнак, и помала сестрта...односно таа беше моја генерација. Ама девојкава очигледно беше премногу опседната со браќата, не дека имаше проблем со мене туку така се однесувала со сите девојки на нејзините браќа. Таа како трето и најмало дете, цело внимание кон неа било насочено ама мислам стварно претерале. Пред ние да сме во врска, една моја пријателка одеше со брат му на бившиот. Кажуваше за сестрата ама не обратив толку внимание, се додека не почувствував на своја кожа. Буквално се контра ми одеше. Не сакаше да ми даде шанса да се запознеме со неа како што треба, и покрај моите многубројни обиди. Ја викав на кафе, ја викав некаде да шетаме, ја прашував општи прашања за на факултет и слично, а таа како дете се понашаше спрема мене. Секогаш се прашував зар таа не сака браќата да и бидат среќни? Па во скоро време и таа ќе има золва како ќе се чувствува ако и таа се однесува како неа, одбивно и одвратнно? Ако брат и ме сака, нели треба и таа да порба да се сложува со мене? Не барав јас да ме сака ама доволно е нормално да се однесуваше. Значи таа така ако се однесуваше со мене додека му бев девојка, можев да замислам какви проблеми би имала ако сме стапиле во брак. И му имав спомнато и нему дека чудно се однесува сестра му со мене, а тој ми рече дека така сум си замислувала, дека се било ок....добро машко ко машко, толку може да примети.... Мислам стварно секој треба да има осет. Секој ќе прими нов член во семеството и секој ќе даде некој член да му оди во друго семејство. Треба малку слога. Не мора да ја сакаш снаата или золвата ама доволно е почитувње колку контакт да се одржува....сепак треба и малку жал да се има и за братот. И јас имам брат и уште е мал не донел некој девојка ама која и да ја донесе ќе се трудам убаво да се понашам, ќе се трудам да се сложуваме...ако ја сака брат ми, значи нему му вреди таа девојка и јас ќе ја гледам како сестрта, како пријателка.. п.с. Со брат му супер се сложувавме, ама таа беше господ на бељата....и среќа после неа не налетав на така личност....и се надевам нема да налетам....а ги жалам идните сопруги на тие браќа
Па искуството покажува дека многу снаи нормално не сите, мерат на кантар, кој кога бил на ручек, на кој што му дале... Еден куп замерки пречки, мешања и ете ти проблеми. Јас пак ќе речам дека тоа е до воспитување, ако некој е воспитан да гледа во туѓото и само да мери место да си го живее животот, нормално дека ќе се јават непријатности. А и не знам каков е тој живот со ситничарање, мерње сигурно е многу стресен. Мајка ми на пример си живее со сите од фамилијата на татко ми, а нејзината јатрва е скарана со сите.. А гледано реално татко ми не земал ништо од неговите, чичко ми добил куќа а години подоцна татко ми доби плац од неговите. Ете стрина ми со куќа на готово, моите некое време под кирија, а она успеала да се скара со сите и се ни е погодено. Мајка ми секогаш ми вели дека треба да си ја гледаш среќата и домот свој а не во туѓото очите да ти бидат. Стрина ми се лутеше кога идеа старите кај нас ручек од страв немој да не ни даде нешто, кога идев кај баба ми, се криеше од неа за да ми даде некој ситен денар, а на братучетка ми секогаш и се купуваа играчки сигурно дека на мајка ми и било криво ама не дозволила ради такви работи да ствара раздор се што ми требало они ми купиле. Исто беше и со внуците од тетка ми... Еднаш се сеќавам за матурската на братучетката од тектка ми, дека најстара и прва матурантка од внуците баба ми и купи сет златно ланче и обетки. Немаше жената ама стискала малку па малку од кеф за внука. Не знаете каква кавга настана што уште ја памтам а мала бев, незините деца трпеле за леб оваа ги позлатувала внуцитеод золвата, а за воља на вистината на овие другите внуки ништо не им купуваше и мерак и било штедела купила. Тетка ми толку се навреди и налути што сакаше да го врати златото само да не се нервира мајка и, што викаше џигерот ќе и го изеде нека носи и злато и се. Еве за пресната идна снаа, кога беше на гости дали сакаше од околу нешто да каже или онака да напраи муабет. Искоментира као во нивниот град на золвите не се давало ништо освен спална. Мајка ми се насмеа и и вика, ами од двете очи кое повеќе го сакаш и си кажа дека они работеле и стварале за сите деца и на сите еднакво ќе делат. Е сеа може беше онака да се најде у муабет или да пренесе порака не е важно. Ете не и замеруваме, сите правиме грешки, јас сестра не сум имала па многу би ми било драго да можеме да имаме таков однос. Ако бе бива, доволно е почит и секој со своето.
@Аматиел14 ти рече дека си го израснала, па сигурно си постара барем 10тина години. Поправи ме ако грешам. Да те прашам вака, малку директно, планираш да се мажиш? Или планираш тука да останеш, па од инат да ја нервираш снаата? Прво, штом го земаш Бог во уста, треба да знаеш дека тој е првиот кој вели дека не треба да има омраза. Или од вера се разбираш во одење во црква за Велигден? Не може да посакуваш се најдобро за брат ти, ако при прва прилика ќе ја исфрлиш од дома кучката, ако тебе не ти е по кеиф. Одлучи се, или ти е побитна неговата среќа или ти е побитно твојот збор да е последен.
@JollyGirl а зошто си мислите дека ако сте девојка на братот дека сестрата мора да се однесува спрема вас како да сте некое височество и ако не сака да се "дружи" (лигави) со вас дека веднаш е на Господ бељата, опседната со братотили најбитното, ви е љубоморна. Брат ми пред да се ожени имаше една армија на девојки, зарем требаше со сите да дружам, да излегувам, да се кафенисувам? Се до снаа ми за која брат ми се изјаснил дека врската му е озбилна и размислува за брак, јас девојките сум ги игнорирала, не сум била љубоморна, не сум била опседната со братот, не сум на Господ бељата, едноставно не сум сакала да се замарам со неговите девојки. Со снаата на почетокот имавме малку климав старт заради нејзиното мислење дека како золва мора да сум ѓавол, ги поминавме тие пречки и сега се слагаме како сестри, меѓутоа за тоа треба време, не може од прв ден да се биде близок, да се сакаме како сестри, тој однос се гради исто и сите други односи.
Таа дефинитивно беше опседната со нив. Цело време заедно шетаа, изглеуваа, по одмори, по други градови и нормално тие кога ќе фатат девојка, таа се чувствувала дека некој и го зема нејзиното место...се намалува внимнието што го добивала од нив. Нели сите сме луѓе, сите сме од крв и месо и сите имаме исти чувства, па зошто таа да не се замисли малку мене како ми било и на другите девојки, кога сме биле покрај неа? Таа буквално ко чудовиште се понашаше, бетер од свекрва, да ти е страв да и се обратиш. И што мислеше не знам демек сестра му е па ајде ќе и се клањам кога ќе ја видам.. Дома кога ќе појдев неговите беа супер, и многу убаво се понашаа спрема мене и зошто и таа да не се потруди? Зошто излегуваше одма јас кога ќе влезам дома, или од соба не излегуваше пошто имала за учење...ма дај, 2 мин не можеше да одвои за да се поздрави. Реков не барав да ме сака, доволно е малку човечки да се однесуваше..нормално да се однесуваше....ама таа ме гледаше како да сум и го украла братот. И што е толку лошо ако има една пријателка плус? Толку е лошо да се шират нови познанства? Толку е лошо на едно кафе да се излезе со девојката на братот? Плус спомнав дома ме носеше, значи врската не ни беше тајна или кратка, и можеше да препасне во нешто повеќе... Ама се тоа е до човекот, таа дефинитивно ќе си има проблем понатаму со снаите....
И јас шетам со браќата цимери сме во стан со години, на одмор одиме секоја година на крајот од летото, излегуваме и се по ред.. Се доверуваме, советуваме и се караме понекогаш. Тоа е за мене нормален фамилијарен однос, ќе и го крадела вниманието од браќата. Јас некогаш едвај чекам да ги испратам кај девојките да земам здив. Која возбуда и радост беше за мене кога биравме прстен за идната снашка, ние сите си имаме свои приватни животи само што плус ни е што се имаме меѓу себе да си помогнеме кога е тешко и да се радуваме кога е убаво. Не знам какво е тоа внимание од браќа? Малку чудни сте, си имам јас дечко за такво внимание а фамилија си е фамилија. И јас сум запознала армија од девојки, многу биле носени дома, долги и кратки врски.. И после едно искуство со една потенцијална снашка, решив да имам дистанциран однос. Ептен се зближивме, права другарка ми беше долга врска и се, као снаа си ја гледав ама ете не бидна и сеа со грутка во грло се поздравуваме а делевме што се вика се. Мене ми беше криво ама тоа е, ќе го задржев односот ама не бива и она сакаше да си се тргне и ја разбирам апсолутно. Потоа со сите девојки културно здраво како си и тоа е тоа. Еве сега се изјасни едниот брат дека е серизен па почнавме на кафе да излегуваме, па во парови нели да се запознаеме. Еве и јас сум трето дете најмало, најгалено може и другата девојка на брат ми што ја држам на дистанца мисли дека сум лошотик. Не ги знаете односите во фамилијата не дечковците и веднаш си стварате предрасуди а со тоа и проблеми. И не знам што ви смета ако некој бил разглен од родителите, вас дома не ве галеа? Јас би препорачала да бидете со отворен ум и срце и кантарот дома да си го оставите и таму да мерите, верувам така многу повеќе ќе добиете отколку да се полните со нервози.