уффф се изначитав.....Јас само едно знам .... доколку некоја сообина не ја носиш во себе, нема да ја приметиш кај другиот...Сите да размислиме малку подлабоко..можеби во моментов немаш золва, не си золва но можеби оние кои следат после создадени од тебе ќе имаат золва или ќе бидат нечија.... како тоа ние со вакви предрасуди, мислења, стереотипи и извинете на израз срања ќе ги воспитаме ??? ццц не ми се верува што читам.... жалосно
Видов дека некои и ме цитирале, но немам намера да читам а не пак да објаснувам. Си читате како ви одговара. А знам дека 95% го мислат тоа што го мислам јас, ама друг проблем е тоа што не знам да се искажам па најверојатно затоа и погрешно сте ме сфатиле.Реков, нема да им се мешам, ќе ја почитувамм и сакам се додека и таа има почитување. А добро знаете не сите снаи се толку добри. Прочитав тука многу лоши примери кои ги има во ај да не кажам во секое семејство. И, пишав веќе еднаш, во оваа куќа имаме еднакво право на живеење и јас, сестра ми. брат ми и идната снаа, реков дека ова ќе биде и нејзина куќа, а многу нормално наследникот е брат ми што значи ќе биде нејзино. Ама нема да ќутам доколку снаата сака да се омажам и да си заминам што побрзо. А ни моите не би ќутеле што е многу нормално. Кај нас е така. Почитувај ме ќе те почитувам дупло. Ама, како и да е, што и да кажам залудно, веќе ме сфативте погрешно. Јас заминувам од форумов. Не би сакала да се карам со било кој. Само едно ми текна што ќе го споменам сега. Ја читав темата форумџика на годината 2013 и откако прво испадна дека е победник Сноу, Трендафилка не и честита за победата (од авион се гледа дека не и е заслужена) и затоа испадна љубоморна. А Трендафилка сите знаеме дека е еден од најдобрите членови па штом за неа помисливте така што остана за мене. Немам намера повеќе да пишувам на форумов. Од мене толку.
Што би разговарала со него? Љубоморна сум што ја гледаш во градите? Ќе ме направи луда. Мислам дека таа е таа што треба да биде свесна што прави. Ако нешто најмногу мразам во животот тоа е непристојност, а таа ја поседува оваа особина во целост. Еве вчера бевме заедно и таа носеше корсет турнат до брадавиците а над него се гледа цел прслук со затегнати прерамки до максимум и градите кренати до устата. Меѓу градите изгубено некое танко ланче и тој и вика кој ти го купи ланчето? И цело време ја гледаше, а не само тој, секое машко што беше на забавата дури и братучедите. Поради неа јас ја губам мојата самодоверба, јас немам големи гради а и не носам отворена облека. Кога дечко ми се однесува така јас не знам како да реагирам, се чувствувам навредена и не толку згодна. Инаку не сум конфликтна личност но за ова многу се нервирам. Гледам многу различни мислења овде, на некој начин сите сте во право, некои снаи претеруваат, некои золви, не може за тоа да се зборува во глобала затоа што секаде има исклучоци, постојат различни луѓе и во секоја ситуација, различен е виновникот. Мене ми смета ваков однос помеѓу него и сестра му, не знам дали треба него да го обвинам за тоа што ја гледа затоа што таа е таа што ги вади градите на видик и не само тој, сите зјапаат во нејзе и мене ми паѓаат во очи што сум женско. А покрај ова, таа ги има за пријатели на фб сите негови бивши, постојано кога врти на почетна излегуваат нивни фотографии, си разгледува, си лајкнува.. Во нивниот ПЦ цела историја е преплавена од сите бивши девојки на дечко ми, а кога ќе го прашам за тоа, тој ми вели сестра ми отвора, не јас. Како јас да бидам блиска со ваква личност? Таа не ме почитува мене и нормално е да не ја сакам.. нели?
Препрочитај го ова што го имаш напишано и ќе видиш дека проблемот е во тебе, во твојата ниска самодоверба. Страшно си и љубоморна на изгледот и тоа веќе има земено патолошки димензии штом си замислуваш дека дечко ти ја гледа во гради родената сестра...А доколку дечко ти навистина ја зјапа сестра си на сексуален начин, е тогаш имаш многу поголем проблем од големите гради на золвата! И според тебе би требала да ги избрише другарките само за ти да бидеш сигурна дека дечко ти не е тој кој навистина ги отвора нивните профили? Од напишаното никаде не видов дека таа има било што против тебе така да- не, не е нормално да ја мразиш.
А мене не ми е јасно зошто буричкаш во туѓ компјутер во историја?? Нарушуваш нечија приватност, што не е само на дечко ти туку и сите луѓе што го користат тој ПЦ Љубомората е страшна работа...кога е претерана
a А според сето ова он те почитува А? гледа во градите на сестра му- незнам како да го дефинирам ова а да не навредам некого.... и што мислиш ти искрено онака размисли си,( викаш ЦЕЛО ВРЕМЕ ЈА ГЛЕДАШЕ) вреди ваков човек да биде дел од твојот живот??? и на крај краева нема потреба да се зближуваш со девојчето или мислиш ако се зближиш ќе ги покрие она градите - НЕ! ниту пак ако се зближиш со неа, он нема пак да се ѕвери у неа..
Многу сте ми смешни и интересни вие што имате "големи проблеми". Кога ви доаѓа некој друг - било кој на гости и еве ако стане да помогне за било што околу домаќинството што верувам дека постојат и има такви моменти кога се треба помош не ставате ниту на умот ниту при срце, а кога ќе дојде золва ви и кога ќе стане да помогне чисто од добра воља и блискост за да завршите побрзо и да споделите некоја обврска за да со саати не дремете пред кујна и тогаш за неа нечини нели? Таа не треба да ви се матка и да си го пика носот. Ехх овој женски памет ... љубомора и завист до каде ли се стигна. Да да, има и вакви "проблеми" читав погоре. Овој пример се надополнува со милион други примери кои не би требало да постојат воопшто, и секоја жена треба да си ја гледа својата попаметна работа отколку да го празни својот живот со вакви недораснати и чаршиски муабети. "Ќе ја почитувам јас но сепак за косичето и надвор" Чекај полека, тоа не зависи од тебе, чиниш грофица си па достојната ти безгрешна душа ќе бркаш некого туку така, а си всушност сеуште дете кое зависи од родителите.
Феминки, си имам еден проблем.. Моментално сме во финансиска криза, ако може да се нарече така.. како што напоменав во претходните постови кажав дека золвата студира( и е верена) . И сега. свекорот и свекрвата ме замолија и јас да учествувам во "донацијата" за золвата, т.е од мојата плата да одделувам ПАРИ за книгите на почетоков , за патот и дел за храната ...Ова ми е дефинитивно проблем, иако сакам да помогнам сепак сметам дека и тие треба да имаат предвид малку па си имаме и ние трошоци... на сопругот не му смета ама мене ми е проблем и сега сме потскарани со старите...како би реагирале?
Да, вработени сме и двајцата и сме во заедница.. Но имавме толку многу планови периодов, само 7 месеци сме во брак и планиравме мнооогу со заедничкиот буџет..од патување па се до некои работи за по дома
Штом е верена нека си и плаќа вереникот , доколку ти си вработена и земаш плата ке си им кажеш дека парите се твои и дека нема кој да ти каже што да правиш со нив , освен речи и на золвати ке ти позајмам пари и да ми ги вратиш за еден или два месеци , мн е жално во нашава држава што човек не може да се осамостои сам , туку мораш да живееш во заедница со 5 генерации и они ке ти кажат што да правиш со своите тешко заработени пари ! НИКАКО ДАВАЊЕ ПАРИ !
Да, навистина жално, тие скоро се верија , тој е две-три годнини постар од неа и секако го влече факултетот и од кај него јасно се изјаснија дека не се во состојба да плаќаат затоа што он има сестра која ќе прави свадба и такви ми ти работи.. пробав да зборувам со мм, претпоставувате. кажа дека ова се повратни средства хах секако за на свети никогаш. Се изјасни дека како семејство БИ требало да се сплотиме и да помагаме, а јас кажав дека платата е моја и дека придонесувам за дома, за доброто на сите и ако сака мм од неговата плата слободно нека си земи кредит и нека си го исплаќа и секако мене да не ме мешаат во тоа и погодете што? снаата е лошотилук.
Ама луѓе мене ме боли бре, зошто да зема он кредит па малку работи имаме ние да завршиме па сега и ова фалеше...кога ја прашав неа дали постојат шанси да се стави фах во мирување, за да можеме да се прибереме малку од малку (секако ова не го кажав со лоша намера) аууу зажалив што воопшто се омажив. И сега насекое имам кавги и со сопругот
@DaCi1 прво, не разбирам како свекорот и свекрва ти имае уста да прашаат ти да плаќаш школување на нивна ќерка. Колку безобразно и да звучи, ти не си се омажила да плаќаш туѓи сметки. Премногу си зеле за слобода, па ти парите не ги наоѓаш на пат. Какви луѓе има, само што сте стапиле во брак, па нели мислат тие дека вие може планирате да штедите, да реновирате, да се одделите од нив? Не попуштај, од вакви "семејни доприноси" си патиме.
По цел ден за тоа се зборува, нели иде време за партиципација, смештај, храна, книги пат и тие работи, епаа мир немам бре луѓе
душо не е битно дали е лоша или добра золвата , парите се твои и КРАЈ , и патем кажи им НЕ Е МОЈА РАБОТА што од вереникот сестра му ке се мажела и немале пари и тоа што немале пари свекорти и свекрвати , не секирај се ова е почеток како ке иде золвати да ве гребе за пари , баба ми ми кажува Деверот еднаш те дели , а золвата дури е жива ке те дели ! Каква е таа дрскост да ти бараат пари јас не знам !
A згора на се, муабетот беше после Нова Година здравје нели, моите и неговите да ни купат стан...по половина, за да се отселиме од таму ..сега гледам дека многу сум сонувала Нема шанси нека застанат на глава јас мои пари не давам !!! А сега морам да влијаам и на мм , да не зема кредит , аман бре свекрва ми има сестра која живее сама и зема странска пензија, ок неим се мешам ама нели може да позејмат па нели си имаат роднини овие Идни снајки, нема ништо подобро од живеење сами па макар и во една соба да живеам
А да си се вρаботи госпожата фино лепо сама да си се финансиρа, ете немоρа да ви дава за дома денаρ ама чисто κолκу да не е на ваш гρб! Неκа си се помачи малκу сама. Иаκо живеете во заедница, тебе може да ти побаρаат паρи за дома за јадење и сметκи, ама фаκултетот на золва ти не е твој пρоблем.