Искрено, и мене ми изгледа дека Миличка има малку проблем со снаата, има некои сестри се малку попосесивни кон братот, па снаата ја гледаат како некоја која им го растурила семејството (Им го земала братот). Верувај, ако сакаш, за секого можеш да најдеш причина да не го сакаш. Што мислиш, да почне тука снаа ти да пишува дека нема да има што да каже? Секој со својата мака и со своја приказна. Инаку, најдобро решение за во заедница, за ни снаата да золвата да не се чувствуваат како Пепелашки имаше една моја постара роднина-ни едната ни другата не смееше ништо да работи дома, ама затоа немаше ни право да кука. Буквално вака велеше „Не сакам ни една ни друга да мерат која колку работи и да си трпам кавги за тоа. ЈАС се ќе работам, ама не сакам збор да слушнам.“ Значи, прави ручек, поставува, ги вика да седнат, јадат и после им вика „одете сега да си легнете, јас ќе раскренам“ а во превод тоа и значело секоја во своја соба, да немаат можност да се рчнат нешто . И викаше така ќе биде додека се двете под ист покрив. Таа пазареше, таа готвеше, дури и им штедеше (вика „секој месец ќе ми давате по 100 евра (на пр., не памтам точно колку беше) ама јас нема да ги трошам, туку да сум сигурна дека ќе заштедите нешто, (а да појаснам, пари за трошоци не им земаше, вика и до тогаш на синот не му земала, па колку може да потроши уште еден човек (снаата) јадење и сл.). Ако купи нешто на едната, ќе купи и на другата (нејзин совет „Мирот со пари не се купува“). Сакам да кажам, не остави простор да се закрват снаата и золвата. А треба ли да кажам дека со време снаата почна да ја обожава, иако жената си беше поостра на јазик и знаеше да ги искара, ама почна да сфаќа каква жена е. Снаата и ден-денес, кога веќе има возрасни деца, а свекрва и е почината, уште ја фали свекрва и каква жена била.
Јас имам золва со која не контактираме воопшто,на почетокот се дружевме али откако почна да претерува и да го зивка маж ми за се едно нешто банално да и заврши-СТАВИВМЕ ВЕДНАШ КРАЈ на тоа така што сега сме си веке 3-4 години самички со маж ми, не контактираме со нив
Миличка значи вие навистина имате проблем со снаа ти.Па не можете ти и мајка ти да и бидете измеќарќи,а таа само да си седи и лежи по цел ден.Такво нешто може да најде кај нејзините родители а не во твојата куќа,па и + тоа ќе ти кажува дека треба да се мажиш.Види богати што и текнало на дамата.Да ти кажам најискрено ама ич да не ја рецкаш и да не ја ставаш во рачун.Треба да свртете нов лист со мајка ти па да види таа убаво.Не и гответе,не и ги перете алиштата,не чистите,па да видете тогаш како ќе почне се да работи.На крај краева па нејзиниот маж кога ќе си дојде од работа ке нема што да јаде и нема да му бидат исперени алиштата.Јас сеуште не сум золва,но здравје Боже ке бидам и да ти кажам наискрено снаа ми доколку така се однесува спрема мајка ми ќе мора да се вмешувам и јас иако сум мажена.Не значи дека ако е снаа и треба само да седи.Напротив треба да работи,зошто не може цел живот мајка ти да ја пере и да и готви.Па како мисли таа да прави кога ке има дете.Пак тоа дете ќе и го остави на мајка ти,а таа во соба со нозете во вис и пред ТВ или пред компјутер.Тие работи не одат така.Сигурно твоите родители се многу добри луѓе па затоа таа така прави.А да и одржат тие една убава лекција па да видиш дали така ќе прави.
А која е Пепелашка на денешно време м?! Немојте да браните ако сте вие снаи, не бидете субјективни, а сте, ве читам ... вие сте снаи и вие сте главни. Познавам многу блиски снаички кои не со месеци туку со години ја уживаат улогата на кралици. Ама свекрвите се криви, па и по некоја золва, зашто и дозволиле. Ајде ќе се омажи и после има кој да ја рани, пере, пегла итн. Немојте само да критикувате дека свекрвата или каде има золва и таа не чини затоа што кога се доаѓа во друга куќа и се живее во заедница треба да се придонесе, а не да се седи на страна и да се чека на готово. Ама многу е важно како од дома ја воспитувале и до кој степен има осет и разум. А маживе пак немаат уста да речат нешто, пак ќе биде мама или дада крива, додека женичката е цвеќе. Затоа немој и вие да гледате само од ваша страна, затоа што и другата страна има што да каже. Се знае кога се мажиш со тоа почнуваат и обврските, а не само уживањата.
Значи вака нешто да ти појаснам. Како прво јас не се закачив со тебе ни пак нешто те навредив или не знам што. Ти си таа што го прави тоа (ќориот за стапот, кавгаџивка....). Ти пишав за во ЛП не за тоа што сакав да се карам со тебе или дека ти мене ми се плашиш но мислев дека не си толку храбра да кажеш што мислив па сакав така да ми соопштиш. (бидејќи кажа дека си и во двете ситуации па си реков имаш нешто да ме советуваш што не е за пред сите на форумот) Значи ти си таа што почна да ги тера постовите со кавга. Јас не мислев ништо лошо со тоа само ти одев реплика на постот бидејќи ти не си во моја ситуација иако си золва па да знаеш јас како се чувствувам. Јас со никого не се скарав и на никого ништо не му реков ни на моите дома ни пак на снаата и братот, само тука споделив со вас. За мојот проблем не знае никој. Имав потреба едноставно да се искажам мислејќи дека има некој што ќе ме сфати и ќе ме посоветува. А јас наидов на сосем спротивното дрскост и некултура од ваша страна. Точно тоа самите постови кажуваат. И јас сакав да ти кажам само кога коментираш гледај тоа прави го на начин што нема да ти биди само губење на време и дали ќе ти се брои само мислењето туку прави го на начин што нема да отежнуваш за другата страна. За секој проблем има решение па јас не побарав токму ти да ми го решиш. Туку да дадеш само совет а не да ми кажуваш дека има 2 страни па треба да ја сослушаме другата. Ако ја најдеш на форумот слободно сослушаја можеби ќе ти каже дека и е преубаво дома и дека има една золва која што сака да ја избрка што побрзо за да и биде комотно. Ти благодарам што ми кажа дека за да ја дознаеш вистината треба да ги сослушаш двете страни не го знаев тоа јас. Ако не ова е форум а не суд. Епа ако успееш да ја најдеш снаами на форумот слободно судими. Кога веќе мислиш дека јас се кавгам со тебе си кажав пак што мислам па ти слободно мисли како што сакаш сега. Со мислата дека тука има многу девојки кои се сретнале со исти или слични работи во животот јас се решив да постирам ваков проблем. Па гледам дека има доста девојки кои ме разбраа баш што сакам да кажам и сум и благодарна за нивното одвоено време. А исто така и тебе што сподели мислење и немој ТЕ МОЛАМ пак да го сфаќаш како кавга. Сакам примирје ако веќе ова до сега го сметаше за кавга. И искрено ти благодарам сепак се грижиш да не настане хаос и да се скарам со снаата. Нема верувај јас не сум таа што треба да и каже што треба да мисли и да кажува. Јас само кажав што ми рече таа мене и колку тоа ме повреди. Јас замислував дека ќе изгледа тоа поинаку и дека меѓу мене и неа ќе се роди некоја сестринска љубов бидејќи и таа немала сетсра. На почетокот со најзиното однесување ми влеваше некоја надеж дека јас и таа беспрекорно се согласуваме но потоа тој сон ми се сруши едноставно сум погрешила што залудно сум се надевала на такво нешто (дури и смешно и глупаво од моја страна ). Да беше некоја друга не мое место немаше да остане рамнодушна на сето тоа. Јас не сум се пожалила на никој бидејќи таков близок човек нема кој да те сфати само ќе си се сити на тоа што ти се дешава во домот. Ми беше тешко и се изпразнив тука и што да правам. Можеби твојата ситуација како золва и снаа е одлична па не си наидела на вакво нешто. И видете вака значи јас имам проблем и го соопштив тука сигурно тука на форумот ги немате сите личности па да дадете мислење. Значи ако имала снаами проблем ќе ја имало со сигурност тука па сигурно ќе ни се споеја мислењата и ќе дадевте вие сите солидно мислење.
Ќе одам пак реплика на ова и немојте ве молам да мислите дека е пак кавга или дека јас се лутам кога некој спротивно сака да ми коментира. Точно не можам да речам дека сите грешите и само дека јас сум во право но не се согласувам со тоа вашето бидејќи јас ви ја објаснав ситуацијата за што се работи а не ви се пожалив дека јас сум попосесивна со мислата дека некоја ми го растури домот. Луѓе јас му сум сестра него а таа животен сопатник. Живееме во 21 век јас не ќе им застанам на патот. Нормално е дека јас го сакам тој мие брат но тоа јас не го мешам со ова сега.Ви кажав само што се дешава кај мене во домот и колку мене ми е тешко поради тоа. Не го залслужив тоа од неа да го слушнам. Која на мое место останува рамнодушна на тоа. Само начекала овци па ќе ги стриже. А ова со приказнава ми звучи како од 5 век п.н.е некогаш во старо време како било. Иначе мајка ми оди на работа и има попуштени вени на нозете жената не може долго да стои и отекуваат. Па сигурно јас нема да ја оставам таа да паѓа за јас да уживам. И се потсеќам кога бев мала и кога ги гледав народните приказни и колку имаше снаии мрзливи и што не ја сакаа свекрвата ни пак золвата и што ја тераа да се мажи за тие да уживаат и што и местеа дека нешто направила лошо за да ја избркаат од дома. Си ја препознав снаа ми во ова. Сепак фала што даде мислење се надевам дека се ќе се среди за брзо време па така вие нема за што да се мачите и да мислите
Не планирав, ама ајде ќе ти кажам и мое искуство како золва и снаа кое е далеку од одлично. Мислиш мојана снаа се утепа помагајќи ми пред да се омажам кога живеевме заедно....да, да, доколку сметала дека јас треба да сум таа што треба да и прави маникир, педикир, фризура и остало штанцање, ама за моја среќа таа беше доволно разбрана и несебична кон мене да им го препушти тоа на професионалци (иако ме тераше некогаш јас да ја фарбам коа брат ми ќе и речеше „е не ти давам пари више месецов“ ). Едноставно снаите не се веќе тоа што биле, изгледа се исплашени од она како некои се однесувале со нив во минатото (од стилот на „зашто јас да се мачам ќерко, тебе крвта ти врие, ајде мазго јашааа“ па имало некои уште ќотек им удирале) и сакаат да направат се за да го избегнат тоа иако во повеќето случаи нема потреба од тоа. Тоа јас го викам непотребен одбранбен механизам. И шо напраив? Ја седнав со кафенце, на најубав можен начин да и предочам за тоа што не ми се допаѓа. И реков „Душо, знам тешко ти е да се навикнеш на почеток, но немој да се плашиш дека цела работа ќе остане на тебе. Не знаеш барем нас, не сме од заостанатите, ееее 3 жени сме, сите фала Богу здрави прави, куќава поголемка е, ама не е од вилине со спратови, ќе ја светнеме куќата за час, па после кафенце муабет. Кога на пример ќе правиме пролетна генералка, на пример, ако треба нешто тешко да се преместува, ќе ги викаме мажите за тоа, нема ние да се килавиме, фала Богу и ние ќе имаме деца еден ден ама ете, секој да си земе подеднакви задолженија, шо се вели ќе имаш и помалку работа од шо си имала дома, никогаш ни јас ни мајка ми не би направиле нешто да ти наштети на здравјето, па една куќа сме мајкуму“ . И знаеш шо ми направи? Ме накодоши на брат ми со нејзини зборови што е најтешко и тој попладнето лом ме направи: „Јас за мене сум ја зел, не сум ја зел за тебе. Демек со мама не готвевте и не чистевте пред да дојде, па за една чинија повеќе да направите ќе се скршите. Ако сакавте да земам мазга, да земев некоја од селана, ама не вие сакате да се фалите каков избор направил наследникот. И заради ова ќе видиш ти кога ќе се мажиш што ќе ти направам“, и по постовите мои на други теми, можеш да видиш дека ми направил. Си се зезнав максимално, ем и бев слугинка 3 години, ем останав без никаква поддршка ниту од моите, ниту од него кога се омажив. И искрено се каам за муабетот шо и го напраив, не од што бев неправедна кон неа, туку што не си молчев мадро и не се дистанцирав. Сега госпожата меѓу другото ќе ужива и во мојот дел од колачот, ако ме разбираш. Трај си, ќе има куртул ќе видиш, има некој кој гледа се, ќе дојде денот, самата ќе види шо како. Е сега од перспектива на снаа...Морам да признаам дека првите три месеци ништо не работев, ептен ми беше се ново и се учев шо кај треба да стои, ќе помогнев околу готвењето и ќе чистев во нашата соба, но за др работи навистина сеуште се учев шо кај стои. После тој период си ги распределивме обврските рамноправно што е право, право е. И сеа факт, свекрвата се покажа со големо разбирање на почетокот и навистина подоцна ја ценеше мојата помош, да се пожалам, да излажам сеа. Сега не живеам со золвата, ама си имаше обичај да си доаѓа и да ми наоѓа маани и да и се додворува на свекрва ми нешо у стил „абе мамо како тебе никој нема, што знае пилиштарчево“. Ама ај еднаш да речеше, секад со извинение го ту**ше, па „Кој го направи ова мамо? Снаата? Се гледа, не му го знае уште табиетот на тестото, ти коа ќе го спремиш е друга приказна“.И тоа ми е почит за залагањето што го правив да не осетат дека имавме со мм триста други маки и проблеми, се браневме од сите шо сакаа да не разделат. Да беше некоја друга, ќе паднеше во депресија и немаше никој да види ни р од работа. Шо да праам, ќерка и е, сигурно мајкa и нема да оди против неа. И еднаш се изнервирав и следниот пат кога дојде (торта праев) пак така прокоментира, ама беше со маж и и со неговите и така ме понижи пред сите па не издржав па и јас и реков „Абе душо, ти изглеа кога доаѓаш овде, за да јадеш доаѓаш, само јадењето ти е на памет, ама и си се поправила, машала“. И сите од ред и се испукаа од смеење и така. После се скаравме со мм со неа од др причини, ама нејсе, не се тема на муабет, премногу му солеше памет за мене, како нема да има никаква корист од бракот со мене, незз шо незз како и самата си потфрли. Затоа ти викам дистанца, ако и се доближиш и пробаш да и погодуваш, никогаш нема да и погодиш. Играј мудро, таа ќе биде оштетената странка, не ти. А за муабетите шо ти ги врти, мое мислење е дека тие муабети и ги вртат од дома, ако ме разбираш и мисли дека е во право...коа ќе сфати некои работи, верувај ќе се кае за тие зборови. Сите ние некогаш одиме по паметот на нашите што иако за наше добро, не секогаш е правилна работа. Јас ден денеска се чудам за некои размислувања моите шо ми ги имаа наметнато порано.
Миличка, начинот на кој им се нафрлаш на сите што не ти викаат „Алал да ти е, кучка е снаа ти, море те нашла тебе златна ваква...“ многу кажува за тебе, веројатно многу повеќе од што ти би сакала. И за разлика од снаа ти, јас не мора да те трпам и воопшто не ме засега што напнуваш, ама ако си и дома ваква... И друго, ти кажала време ти е да се мажиш? И? Те пцуе? Те колне? Те тепа, не дај Боже? А ти сирота, не можеш да кажеш „Не, не ми е време“? А бе дете, од далеку ти се гледа проблемот кој ти е, ама ај... Пишуваш тука, па пениш, па се караш со сите, па пак се прашуваш зошто ти одговараме (посебно кога не ти оди во прилог одговорот). Многу си напорна. Од мене толку.
Ти благодарам што се потруди да ме искараш. Можеби си во право но кога гледаш од твоја страна. Со никој не се испокарав одев само реплика незнам што не е тука јасно. А кој мие проблемот мене што се гледа од далеку? Извини ама јас не принудив никој да каже дека јас сум само во право и дека јас сум златната. Ваквите ваши коментари тука ме нервираат уште повеќе. Боже, да не може човек да постави тука некој проблем и да побара помош тешко ќе го снајде како демек овде вие сте сите идеални без маани. Како што ги следев советите пред тоа јас си сум на дистанца не зборувам многу и си ја бркам мојата работа во границите на времето и гледам дека така се чувствувам подобро. И за тоа што ми рекла мислиш дека јас не вратив дека не мие време сега дека се уште студирам има време за тоа, но наместо јас да се лутам таа се налути и што понатаму од тоа. Ем таа ми вика ем се лути. Значи јас и да зборнам нешто пак ќе бидам кривата и љубоморната така тоа сакавте да го кажете повеќето од вас. Ве разбирам можеби напорна делувам но многу сум напната. Секој сака да има хармонија во домот и мир а не неспокој. Таа ни во еден миг не се труди да има среќа во домот. Можеби замислувала поинаков живот. Но заедницата не како дома што била со семејството друг дасе грижи за неа. Можеби си снаа и си имаш лоши спомени од свекрва и золва па така да мене ме гледаш како и една од нив. Јас само ви пишав што ме мачи а не ви пишав дека јас дома ја малтретирам неа и дека и зборувам секако и дека се жалам кај братот и домашните од неа. Ако беше така овде немаше да барам помош и разбирање од вас. Сепак ти благодарам на одвоеното време.
Кога се жали некоја снашка сите сме тука за утеха, а кога е во прашање золва или не дај Боже некоја свекрва да се јави на форумот си го истураме се она што ни лежи на душа за нашите свекрви и золви
Спојлер Како и да е битно и ти со твојата ситуација си испаднала лошата како и јас сега, што повеќето мислат така. Никаде не е сјајно секаде постои по нешто но сакам некои да сфатат дека не е секогаш проблемот во домашните. Кога седиш во заедница не е само тие да се прилагодат на тебе туку и ти спрема нив. Не одиш во куќата и целиот ритам го пореметуваш. Кај нас еве пример дел од јадењата не ги сака па и не се обидува да зготви нешто што таа јади за и ние да јадиме еве да се прилагодиме. Секојдневно да прашуваш некој што сака а што не ќе ти се смачи, а тој воошто не заинтересиран за тоа. Само човек дојден на гости ќе го прашуваш така нормално. Макар што ние секој ден прашуваме и заеднички се договараме а неа никаде ја нема да кажи. На почетокот мислев дека е од срам и ја разбирам ама како што иди времето неможам воопшто да ја сфатам што сака таа. Ете јас секој ден пазарам, поставувам маса, готвам, чистам, пуштам машини и не го правам тоа за некој туку лично за себе утре тоа и мене ќе ми биде од корист. Неќам и да си ја срамам мајка ми да викаат дека ништо не ме научила. Не побарав од вас сите да ме подржите и да речете ее бравос па ти за се си во право нема грешка. Но со кој мој коментар сфативте дека има нешто погрешно кај мене? Кажав и пред тоа јас сум на дистанца сега, зборувам и разговарам како и пред тоа и многу внимавам што зборувам за да не бидам поинаку сфатена. Можеби и ќе се покае за тоа што го рекла но и можеби не. Не е таков тип што ќе ти влезе под кожа. Моментално е тоа. Ете тоа е точно ќе погодуваш и на крајот пак нема да чини. Затоа јас повеќе не обврнувам внимание и виситна мие подобро. Па што сака нека вика и онака неможе ни да ме избрка само таа е под туѓо влијание и ќе сфати некој ден но се надевам дека нема да биде касно.
Па и така е. А и онака тука ја слушаме страната и приказната од снаата а не и од свекрвата и од золвата и тогаш секогаш ја браните снаата. А не знаеме дали таа со нејзиното однесување придонела да се однесува и свекрвата така. Како и да е јас на погрешно место се обратив. Здружените снаии очигледно е дека ме нападнаа.
Да де, тие се лошите, снаите се добрите секогаш. А во секоја женска мешаница секогаш има две криви страни да знаете. Затоа што две, три или повеќе жени на куп само проблем создаваат.
Па богами и самата си викам дека сум испаднала лошата, со овој памет, ич немаше така наивно и искрено да реагирам, ама ете тие години беа побунтовни и погласни од мене. Од денешна перспектива и те како ќе си молчев мадро. И згора на тоа пред да се земат со брат ми сите ми ја полнеа главата „ете брат ти си најде девојче од фина фамилија, ама таа си е така од дома учена се ќе ви остави на вас, вие со мајка ти ко слугинки ќе и бидете“ и толку му треба на неискусно и недоволно зрело девојче како јас тогаш за да згреши. Дури ден денеска си наоѓам грешки во тоа што сум го рекла, па си велам дури „па која сум ја така да се испонашам“ иако во суштина не сум рекла нешто премногу лошо, но мене искрено и те како би ми пречело да ми го речеше некој тоа во првите месеци кога уште се навикнував што каде стои низ дома. Тоа е, затоа јас цело време викам дистанцата е најдобро оружје и да не и погодиш нешто, да не ти е гајле и да си свиркаш. А за тоа кој е крив, кажав уште од старт, зајакот лежи во табиетот, нема да го имаш преку ноќ затоа што си станала золва, снаа или свекрва. А родителите факт е дека тогаш најмногу им ги полнат главчињата на новопечените невести, зашто, нели, тогаш најмногу совети се бараат шо како и несвесно младиве прават грешки...Чувај си ги нервите, ќе ти требаат, како за факултет, така и за некоја година кога ќе бидеш нечија сопруга и мајка. Уживај во животот и ништо нека не ти го стега срцето.
Миличка случајно да не си Фикрет а снаата твоја Ферхунде?!? Мене по постовиве така ми личи, дури снаава ти е бетер и од Ферхунде... Поздрав до сите снаи и золви на форумов, јас се повлекувам од темава....
А шо мислиш Фикрет и Ферхунде се туку така фиктивни ликови измислени преку ноќ? Ееее, уште колку такви ги има, се се црпи од реалниот живот...се глеа со кој сме живееле 5 века. Јас лично познавам неколку такви од моето секојдневие. Абе зашто луѓе едноставно не можеме да се разбереме во една куќа, дали судир на генерации, шо ќе да е...баш сеа си ручав со свекрва ми и таа ми вика „И ете, сеа си ручавме, си пиевме кафенце, раскренавме масата, садовите ги измивме и ни лош збор не си кажавме. Па зар треба утре коа ќе се делиме и да ви дојдам ја на гости и ти да си помислиш ене ја бабарогана. Па јазк на цело мое животно искуство, ако наместо те поучам јас викам и крескам по тебе ова не чини она не чини“. Ама ете, ќерка и па не е ич на неа за жал , мм е појќе на неа, абе не може човек да се скара со него. Не знам, ама мислам и серииве си имаат влијание, па во нив едвај чекаат некој со некого да се испокараат или да се расплачат кишна година ауууу, и ние мислиме така треба, демек ќе се одбраниме. Јас искрено се надевам со снаава проблемот е младоста и неискуството и доколку е така, со време ќе си ги сфати грешките и ќе се обидува да надополни, белким не е ко разгаленоно мое снавче . Се надевам...
Јас со золва ми комуницирам чисто службено, значи за децата нејзини, за времето, и за програмата на ТВ друго ЈОК. И јас се надевав дека ќе се здружиме и ке бидеме како сестри ама тоа не беше така. Ми беше чудно и се нервирав малце се додека не ми светна ТАА МЕНЕ НЕ МИ Е ДРУГАРКА, ТАА Е СЕСТРА НА МАЖ МИ И ТОЧКА. Одкако моите очекувања за нашиот однос спласнаа работите си добија нормален тек. Рака на срце секогаш кога сум побарала услуга (еднаш) ми помогнала без проблем и јас неа сум и помогнала (беше болна а со бебе дома и јас излегов од работа за да и помогнам) кога било неопходно и човечки. ТОЛКУ Е сега за миличка 19 Ти значи си имала (како и јас) преголеми очекувања и затоа сега се чуствуваш така. Прво за мажењето: Денес најголемиот дел од младите се земаат после 25. Јас незнам колку години има снаа ти ама дури смешни ми се коментарите дека треба да се мажиш. Негледам зошто ти тоа го земаш при срце, ај да живееше сама со брат ти, па да ти рече, па да се загрижиш (јес да и во тој случај треба да те заболи такваата) ама ти со твоите живееш како може да се грижиш? Башка ај објасни ми твоите знаат дека ти си загрижена за мажењево? Ај да не си ја замарај главата и пушти си ја гласно песната од Јонче Христовски "Не се женам не" или друга поприкладна ако најдеш не ми текнува и пеј на ГЛАС. (шала на страна скриј си кондомите да не ти ги дупне хахахахахах се зезам) За чистењето еве на пример за перење и пеглање под итно да сте ги одвоиле, сами нека си се чистат. Во нивната соба ни под разно не влегувај а не па да чистиш. За јадењето за она да спрема јас би почекала малце ај може уште и е срам. И ти терај си ја својата работа учи си и уживај во животот good luck
јас снаа - На золва ми (уште неофицијална ) и се улижував на сите можни начини, ама не политичарски, туку искрено, се` со цел да ме прифати. Но не. Таа сето тоа го злоупотребуваше, дури и ме понижуваше. На крај се свестив и си реков- Ќе ме видиш сега која сум јас! Доста беше мазење. И оттогаш јас сум јас, не и се улижувам, а таа стана уште полоша кон мене, целата е исполнета со омраза. Но едно се прашувам (и вас ве прашувам), како да се дистанцирам кога таа на мојов му е сестра???? Не можам да го свртам против родената сестра, но не можам ни јас да ја толерирам повеќе!!! јас золва - (не сум и повеќе золва) - имаше едниот мој брат девојка ја носеше дома. на секаков начин гледавме да и удостоиме, сме ја пречекувале како принцезата од Монако, сме ги готвеле најубавите јадења за неа, секој празник поклон и дававме од `внимание`. Таа во нашиот дом ниту еднаш (ниту на именден) не донесла барем едно бомбоњерче, никогаш чинија не фатила од на маса, никогаш чевлите не ги слече кога влегуваше, му наредуваше на брат ми како сакаше пред нас. Ние на сето тоа молчевме, за да не им се мешаме и да не им правиме проблеми. И среќа раскинаа поради нивна причина, а брат ми отпосле се свести за неа. Ете и секакви снаи имало, среќа за малку не ни влезе в куќи. Верувајте, боли да го гледате својот брат со некоја недоквачена.
Луѓе што е бре ова??? Секој човек свој карактер. Неможи да кажите дека едната чини а другата не или обратно.... На некој начин јас сум и снаа и золва.. Со мојата идна снааа комуницираме и сме во најдобри односи јас нејзе ја гледам како сестра а и она мене.... Но истото го кажувам и за мојата золва со нејзе сме повејке и од најдобри другарки иако е 2 години поголема од мене.... А и тука неможам да ја изоставам и мојата Свекрва која е премногу добра.... Е ајде кажете ми сега како јас да бидам лошата овде.... Во никој случај, и да сум во право некогаш ќе се направам како ништо да не се случило и се ќе помини без проблеми.... Затоа луѓе сакајте се и попуштајте оти како велат... Сите сме гости на овој свет...