@Cka Секоја чест за вас Ретки се тие за жал, се гледа тоа и по постовите тука.Cka се гледа, дека тој, те сака, те чени и почитува. Така е, помагај кога треба, не го напаѓај. Тука има потреба од образование, не е за луксуз или каприци. Cka, поздрав до тебе и се најубаво
Браво за @Cka што му помогнала на брат и за образование и браво за @DaCi1 што несака да и помогне на золвата исто за образование Е дури сега ништо не ми е јасно
Едно е да му помогнеш на некој кој што учи (како во случајот на @Cka ), а друго е да не сакаш да му помогнеш на некој кој не учи и не го бива и презапишува испити повеќе пати. Има разлика, иако станува збор за образование.
Да расчистиме за да нема повеќе забуни, золвата на Голден Роуз е таа која неколку пати запишува различен факултет. Золвата на Даци1 си учи
Моето е само мое,а твоето е и мое-ова е ставот на золва ми.Облеката никој да не и ја гиба.Можр два дена да седи на жици на балкон и д а не смееш да ја тргнеш оти кога ќе ја отовори устата оди слушај ја.А кога ќе јади што не си ја суредува масата,туку се така остава.Шминки,храна,облека,влошки,лекови и буквално се да не набројувам што е нејзино си го чува скриено во соба.Ок не ми пречи тоа.Но како може се што е мое да употребува и таа а јас немам пристап во соба да и влезам.Еве оваа недела што ми направи:Ми ја скрши камената пудра,руменилото,пеглата буквално цела ми ја расклопи. Немам ништо против типката,ама некогаш знае да ја претера.Кога ќе избувни може се и сешто да ти каже,па после 5 мин.се и поминува како ништо да не било.
А знаеш дека не смееш на никој да даваш од твоите шминки , како прво не е хигиенски како второ има премногу бактерии да се пренесуваат од еден на друг.
милион пати и имам кажано,ама кога не влегува не влегува.Не можам се под клуч да чувам сепак под ист покрив живееме.
@pravnicka2 Ако таа може да си ги чува под клуч нејзините работи, тогаш зошто ТВОИТЕ работи ти да не ги чуваш под клуч. Ако таа не мисли дека не треба така да постапува, тогаш иако живеете под ист покрив, ти не треба да се грижиш дека не е исправно да си ги заштитиш ТВОИТЕ сопствени работи, со тоа што би ги ставила под клуч.
Би им помогнала ако во се во финансиска криза одреден период. Ама средствата се трошат ненамески на пиење и премногу чаталење, за потоа кога ќе има потреба од нешто тука е мм и книшката на банка. А пак золвата не е дека не ја сакам, се почитуваме, ама неможи да е странство на печалба демек и без скршен денар да се врати и испитите да ги презапишува секоја година и мм да дава пари за тоа. Еве на пример и пративме пари за презапишување, годината ја пиша на квадрат. Па јас и учев и работев и навреме точно го завршив факултетот, а мм работи од секогаш и тој како мене. И двајцата се мачевме да стасаме до нешто, и сега кога му велам ај да подновиме ова по дома тоа што навистина треба затоа што седиме на мебел од свекрва ми и свекор ми, остај сега пари ќе ни требаат вели имаме многу трошоци. Јас па не се мачев за золва ми да ја школувам, а свекор ми мува да не го лази. И јас имам брат и порано ми даваше и јас му давав пари, ама тоа беше порано пред да се омажам, а сега е друга ситуацијата и да немам нема шанси да му побарам ниту пак тој мене. И најмногу ме нервира тоа што не ни прашуваат дали имаш или можиш да дај пари, туку: На сестра ти треба да и дајш пари за на факултет, слушни се со незе. Е ај како да не се нервираш.
https://www.google.com/search?q=kof...ved=0CAYQ_AUoAWoVChMIjMXm54XxxwIVyNgaCh3JfwbJ Еве ти куферчиња за шминките имаш и големи и мали , најди си од помалите има тука за големи незнам , и си има клуч на нив , заклучи си ги стави го клучот кај долна облека некаде дека не ти чепка и решен проблем.
Или јасно и гласно да речеш не ми допирај по моите работи! Зошто да мачкаш лице, мислиш нема да разбере кога ќе види дека е се заклучено? И зошто да не речеш, не мора со лутенка да биде, дур пиете кафе, доручкувате, било што, речи и Мила извини ама приметив дека ми излегуваат бубулички те молам не ги користи моите шминки и готово. Јас еднаш дадов четки на братучетка на мм и се покајав, ми ги врати една мањак и ме убедува дека биле толку, е дај молимте. Ама нека има лице уште еднаш да побара, никад више. Научете се да кажувате во лице, може лутината ќе биде моментална, ќе трае една недела, ама после чао џаци, нема да имате мака за цел живот. Моите шминки биле секогаш на отворено, исто и на золва ми, нит јас нит она приметивме дека сме си користеле една на друга, абе посебна паста за заби имаше она па не и ја допираше никој дома. Мене би ми било тешко да мислам цело време дали сум заклучила или не дур не сум дома.
На теле и да му нацрташ нема да разбере , што и да и каже таа сепак изгледа и чепка.Море ке го ставиш на скришно место , како може во спална да ти влегува или да ти пребарува па прашај ја онака кажи и волна облека да ти позајмам сакаш ? ич не би можела да користам шминки со секој.Друго е парфем лосион пудра течна само пр.да позајмам ама да ми чепка и допира др работи не.Не сум таков карактер и одма би и кажала а ако продолжи тек биче жестоко.
@pravnicka2 Во врска со твој проблем само дипломатски, со тактичност. Ми асоцира золва ти,на тинејџерка до 20 год и невработена личност . Па сега се и пречи и смета, кавги и љубомори во тие години. Но ете логично е ако е тинејџерка, ако е пак над 20 год ти е љубоморна, па ете така ти прави. Не знам, сега (претпоставка) ако и се фалиш, што си купила, а таа не работи, неа ја правиш уште повеќе љубоморна, па намерно така прави. Друго е да и кажеш на другарка ти, што си купила, што те почастил маж ти, додека неа. да и кажеш тоа, на неа и е брат, тебе сопруг. Сега да работи таа, може да си купи и да не прави така. Наместо да е поблиска со тебе, таа некако на друг начин те гледа. Ете не сфаќа дека ти си му сопруга на брат ти, а не си и некоја другарка.Тоа е различно, но ете таа е таква, и треба време за да сфати. Според мене, не насамо да и спомнеш, во стил не ми допирај,не ми чепкај, ми излегуваа бубулички. Таа може да продолжи со истото. Тогаш, ете излегуваш себична, скржава во очите на золва ти, свекрва ти и останатите. Ете ти си му жена , а таа му е сестра. Ти ете си дојдена, таа не е, тоа е заедница и ред други нешта што следат и самата ги знаеш. Но ете, и другите некои се дојдени, но золвите не се исти, до карактер е и домашното воспитување. Според мене, мое мислење, разговор пред сите членови. Еве на пример на ручек, во присуство на свекрва ти, свекор ти, таа, маж ти. Тогаш ќе ја предупредиш неа , ќе речеш: ,,Срцка гледам ти паднала и се скршила камената пудра, руманилото што ги позајми, но добро срцка во ред е,,. Еве ти пари купи, и на мене, и на тебе, и од останатите пари почасти се со кафе, и биди подоцна повнимателна. И речи: Ете, јас не можам, зафатена сум деновите (или на работа сум повеќе време) , а ете, ти си девојка ќе прошеташ, и ќе купиш и на мене и на тебе. Па тогаш погледни ја реакцијата на неа, на свекрва ти, маж ти и останатите. Ова можеш и додека сите пиете кафе. Можно е да се подобри и да не прави така. Но ете, ако продожи пак ,тогаш под клуч, но не само тоа се треба да клучиш, облека, накит,колекција и се останато. Се надевам работиш, но и да не од плата, бар еднаш земи пари, пробај, види. Но ете и ако губиш, не ти купува на тебе, купуваш клуч, а потоа зошто има клуч има и затоа. Оваа многу напорно е се да клучиш, ај да се надеваме ќе се порави таа. Додека за нејзината облека на балконот, нека стои и подобро за тебе. Ти нема да се мачиш да ја собираш, нема да одиш по неа. Во врска со примерот да кажеш насамо не е исто како и пред сите. Но подобро е пред сите, а не да криеш и да се нервираш. Оваа е мое мислење, а твое што ќе одлучиш.
Мој совет ти е да нема никаква тактика. Играј со отворени карти, најчесно е. На човек што има осет доволно е да се намрштиш и да прекрати , ама оваа очигледно нема усул. Затоа кога ќе начекаш прилика отворено речи и - не ги позајмувај од мене шминките , нехигиенски е, или ако ти се бендисуваат толку еве ти ги, јас нови ке си купам ама сакам само јас да си ги употребувам. Ич да не се стегаш, оти на таков човек прст да му подадеш рака ќе ти земе, без разлика дали ти е золва или сестра.
Незнам кај да го сместам мојот проблем па еве тука го пишав, затоа што немам проблеми со золва неа ја ни немам но имам проблем со мојот иден девер . Живееме заедно јас тој и идниот ми маж во две соби под кирија. На почетокот не го знаев но како минуваше времето сватив дека имаме многу различни карактери и неможеме да се прилагодиме , се купува храна во изобилие сето тоа се фрла , си собира секоја недела луѓе на журка во станот. Му префла за различни работи на мојот иден маж , а овој си преќутува. Оди се шета низ различни земји ги потроши сите пари , а притоа нема ни работа. Па сега од дома му даваат пари. А јас и мојот мм иден штедиме буквално на се за да можеме да си земеме некое станче. Колку ние штедиме толку тој повеќе троши, нон стоп е на компјутерот или мобилниот само четува ние и кога сме дома исто како да не сме воопшто не сака да контактира. За неговото расфлање односно фрлање на храната му пререков и од тогаш начисто се измени не кумуницира со брат му ич, а со мене онака формално. А неможам да функционирам вака како ние да не постоиме дома , не сакам да го нервирам мм ниту пак моите. Ама неможам да издржам во ваква нема ситуација што и да направам јас ќе сум виновна , па најверојатно ми останува да седам , да молчам и да се случи чудо.
А зошто би требало да седиш и да молчиш и да чекаш чудо? Неможеш да разговараш со маж ти и да се потрудите да си најдете некое друго станче под кирија, бидејки секако ја плакате и оваа кирија, плус минус некој денар што би ти значеле помалку или повеќе за мир и спокој во куќа!
@irina.007 решението на вашиот проблем зависи од повеќе фактори, ако секој одделно плаќа кирија за себе зошто едноставно ти и тм не си најдете стан за себе макар и еднособен нели вака тројцата сте во двособен па нема никаква разлика освен што ќе си имате мирна глава. А деверти тоа јадење што го фрла си го купува тој или вие му го купувате? Исто неговите патувања, журки и слично вие ги финансирате? Не ме сфаќај погрешно но како што вие сакате интима и дружба истото и него му е потребно, твојата блискост со него е предодредена од вашите карактери едноставно не се сложувате и затоа и немате многу заеднички теми за разговор на што последица е тоа што во ваше друштво тој си наоѓа занимација што е негово право. Тоа што вие штедите тоа е за вас како што и тоа што тој троши е за него секако како што реков ако не се тоа ваши пари
Убаво си пиша дека ќе е иден девер еве ова ти е тест период на прилагодување и доколку неможеш да издржиш како што пишуваш чинете си чаре со мт. Под кирија е секогаш опција доколку сте во финансиска можност. Инаку според мене не е твое да се мешаш што и како прави деверот, си има тој родители.
Некои работи не се јасни тука. 1. Они двајца живееја заедно, па ти се всели со нив, или девер ти се всели? 2. Живеете како вереници, вие двајца со посебен буџет, а тој со посебен, или родителите на маж ти ве издржуваат сите? 3. Храна заеднички купувате, или секој одвоено? Од вашата храна троши ли за луѓето? Фрла расипана храна или твое зготвено? Како тоа фрла храна? 4. Што е битно како се однесува со маж ти, браќа се, може таков им е односот. Битно е дали тебе те навредил или ти прави лошо? 5. Зошто да комуницира со вас цело време, може си четува со девојка му, другар му, може е зависен од нет? 6. Од чии пари троши ако вие дваца штедите? Ова вашите, од неговите или од родителските?