Во вакви ситуации нема исправно и погрешно, добар и лош, зошто гледате така дуално на работите? Во ред е се што прави да се чувствувате добро со тоа што го правите. Ок е да ги дадете парите ако не ви пречи и немате други планови и пред се не ве прави подобри луѓе. И ок е да се чувствувате подготвени и да не ги добиете назад. Но, исто така ок е да не сакате да ги дадете парите. Имате други планови или па едноставно не се осеќате убаво и тоа е тоа. Нема врска со себичност. И не, не ве прави лоша личност. Парите се материјален облик на животна енергија. Прашањето е, што тие се спремни да дадат за снаата и синот?! Има тип на луѓе кои сакаат само да им биде давано и никако да дадат, а ако не им дадат ќе те утепаат со обвинувања каков си зол, а не се гледаат себе си. Од друга страна, снаава е само што дојдена, не знам која е храброста да го побараат тоа. Многу е важно со кој пристап и било побарано тоа. Она реално, не е должна да плаќа никому ништо. Тие луѓе помирете се со фактот - НЕ И СЕ НИШТО, маж и и е маж. Оставете титулите. Како би било сега да речат и нејзините - и нас ни треба помош. Ако викаат, дади пари сега, ние се ќе дадеме од себе за толку и толку време да ти ги вратиме назад. Јас лично не би дала пари. Искрено. Муабетот - ама вие сега сте семејство не држи вода. НЕ И СЕ НИШТО и тоа е факт. Она не е сестра на золва и и маж и, не знам колку сте свесни дека тој однос не е нормален. А и кои сте вие да кажувате кој каков однос треба да има некој према парите?! Сечие верување и став према парите и индивидуален и не е подобар или полош во однос на начиј туѓ, па дури и онака болно да констатирате - јас така сум воспитана и учена... демек подобро и подуховно?!?! Сум давала пари, можеби не на золви, ама на многу блиски луѓе, нели - семејство, не ми биле вратени, но не сум ни очекувала да ми бидат. Ама вака од дистанца како се менувале работите, искрено многу се каам. Па добро би ми дошле моите 500 евра во моментов, искрена да бидам. Зошто? Затоа што луѓето се не такви какви што се претставуваат. Да, сум мислела еден за сите, сите за еден. И знаете што се деси? Тие си го средија животот, парите не ми ги вратија, ми требаше лек од странство, НЕ САКАА да го донесат, СТРАВ им било на граница да го пренесат. Лекот беше со се рецепт, препорака и упат од доктор. Едноставно НЕ САКАА и тоа се гледаше. Девојко, ако ти си на чисто и да те ругаат (очекувај го тоа) и да не те прифатат, не ги давај парите. Биди спремна на тоа и живеј мирно. Ако сакаш да те прифатат, те да си го откупиш прифаќањето, онда дај ги. Ако веќе се решиш да ги дадеш седни да направиш здрав машки и домаќински муабет. Дали ќе ти ги вратат, кога и кога станот?! Сега ако не си ги наместиш работите, никогаш нема. А у осталом, да знаеш дека поред ќерка, никогаш нема да те сакаат доволно и секогаш нема да им чиниш, тоа е менталниот склоп на македонските свекрви и свекори... Немој да бидеш изиграна. Научи прво какви се луѓето, дали се од збор, па потоа влегувај во ситуации со нив. Прерано е ти да инвестираш во некого. Да е некој гладен, страден, болен, обесправен, утепан од животот, тогаш - да. Ама вака...
Прашањето ќе ми биде офф топик, ама треба да прашам некаде. Кажете ако ова треба да се постави на друга тема. Значи золва е сестрата на мажот. Маж ми нема сестра ама, гледам, нема тема за другата женска личност во семејството. Не знам како се вика значи другата снаа во семејството. Жената на братот на мажот. Ни братот на мажот не знам со кој термин да го обратам. Пу јаз`к. Можеби нема тема бидејќи таа никогаш не е проблем, бидејќи не е вообичаено во македонската култура да има соживот со неа, мислам, не живеат две браќа во иста куќа со родителите. Не дека јас живеам, но сепак се разбира тие ни се најблиски по неговите родители, од страната на маж ми, се разбира, па очекував да има тема за тоа, но, или не сум ја нашла, оти не знам како се вика, каков термин има, или воопшто нема таква тема. Ако нема, ќе отворам тема јас, ако има, нека ме упати некој, ве молам. Едит~ Албанците имаат ист термин за двете, и често викаме „золва„ за да знаеме за која зборуваме.
@Asiyah братот на мажот ти тебе ти е ДЕВЕР, а неговата сопруга - ЈАТРВА... Некако назививе - девер, јатрва, золва, снаа, зет, шура... се чудни, но тоа е тоа!!!
Ај да ме советувате што да правам. Значи со золвата сме ви многу корекни односи најпрво да нагласам. Нели иде нова година и радост за дечињата пакетчиња. Но на внуците на мм не им даваат благо да јадат значи паќетче одпаѓа. Играчки одпаѓаат затоа што родителите исто така не дозволуваат било какви играчки. А јас многу не се разбирам за потекло на играчки. Баш се миалев што да им купам. И на крај им купив детски речници, по една книга за решавање и реков по едно чоколадо поголемо. Некаде по 1000 ден од дете. А за бебето играчка од фишер праис исто толку кошташе. Сето ова го правев пред две недели, затоа што сме со бебе па да не го шетаме низ продавници кога ќе фатат гужвите. Е арно ама вчера золва ми му се јавила на мм и прашала што му треба на нашево дете да му купи. Мм рекол ништо има се. И она рекла добро тогаш пари ќе му дадам и за мене подобро да не шетам по гужви. И сега они на моето пари, а јас веќе испазарив поклони. Незнам што да правам. Непријатни. Да им дадам сега пари, што ќе им правам на поклоните. А и доста се потрошив. А инаку години наназад им купувам по нешто. Може не много, ама сепак.
@irena.1 ако таа даде пари, не значи дека и вие морате пари и обратно. Мали деца јас мислам дека повеќе на подароци ќе се израдуваат, отколку на пари. Знам по себе дека кога бев малечка многу повеќе се радував на паќетчињата и играчките, на парите ич. Тоа што веќе сте го купиле однесете го, мислам дека нема потреба да се трошите дополнително.
Е добро де нека им даде пари она, не значи дека мораш и ти. Крај краева поклон се дава од срце и не треба да се гледа кој што и колку дал. Тоа што си купила тоа дај им па за понатака ќе си знаеш, ем нема да губиш време во шетање ем родителите ќе купат тоа што им треба. Не се оптеретувај многу со такви работи
Irence veke se kupeni pokloincinjata,ke si gi dades i ne se opteretuvaj.Ama od dogodina veke ke si znaes. Toj sto saka da zameri ke zameri sekako. Stom imate korektni odnosi nema zosto da se sekiras,nema da senarusat zaradi pokloncinjata.
Знам де. Ама не ми дојде право некако. И знам дека деца повеќе на паќетчиња и поклони се радуваат, знам по себе. Дури и за моево дете померак ми е играчка кога ќе ме дадат. Почна да се радува , разбира веќе ако му свети или мрда. Ама ете глупаво некако ми дојде. Нема врска тоа е.
Нема зошто да ти е глупаво, крај краева ти си вложила време и труд да одиш, да одбереш, да купиш и ете и самата викаш дека децата повеќе ќе се радуваат на поклон него ли на пари
Ирена,многу се секираш,безпотребно. Нема зошто,ти труд и време си потрошила,тоа е повеќе од пари. Сигурно ќе го ценат тоа.
@irena.1 Јас многу почитувам кога некој вложил труд и време и одлучил нешто да избере за подарок особено кога се работи за деца. Децата сакаат подароци и тоа со воодушевување го изразуваат. Тоа што ти се блиски роднини ти дава поголема можност да знаеш конкретно што да им подариш. Ако золвата одлучила новогодишниот подарок да биде пари, не треба воопшто да бараш реципроцитет и ти да вратиш на ист начин. Нејзината одлука можеби била таква поради одговорот што го добила од твојот сопруг, па секундарно се одлучила да подари пари. Ништо не е непријатно, а и убави подароци си избрала со тоа што си ги избегнала традиционалните пакетчиња храна кои лично избегнувам да ги подарувам. На тој начин децата ќе имаат поголема мотивација за образување и траен подарок, а вашите семејни односи сигурно нема да се нарушат поради различниот тип на подароци што ќе им ги дадете.
И јас не гледам никаков проблем тука. Едно е ти да дадеш, а они да не дадат, па да ти е криво. Или обратно, ти да не дадеш, а они да дадат, па да ти е непријатно. Вака, не гледам зошто да се чувствуваш глупаво кога за подарокот и ти си трошела пари, само подарокот е во друга форма (на која децата многу повеќе ќе се радуваат ). Гледам и другите членки го мислат истото, јас пишав само да знаеш дека сме повеќе што мислиме така. Поздрав и убави празници .
Фала многу на искрените одговори. @Bridget се замислив во моментот затоа ве консултирам. Кога кажа мм прво си реков еееее па јас се испазарив а можеби поарно ќе беше пари па што си сакаат, можно е да им го промашиш поклонот. Ама готово денес ги завиткав во шарени хартии. Многу сакам кога поклоните се завиткани со машничка па они кинат со рачињата да видат што има внатре. Не во украсни ќеси. Затватам прашање, завршена е работата, фала.
Ве молам, сакам да слушнам мислења за тоа дали имам право да бидам лута или немам право да се однесувам вака. И порано имам пишувано овде проблеми со идната золва, но колку повеќе поминува време јас и дечко ми се повеќе се караме заради неа. Се трудам да бидам трпелива и не му кажувам се што ме нервира за неа него зашто сепак таа е дел од неговото семејство па не сакам да го навредувам, но тој се однесува на таков начин што ме навредува мене. Секогаш ја носи и нејзе каде и да излегуваме, никогаш не одиме сами таа мора да е со нас било сами или со друштво и каде и да сме тој седи до неа, цело време зборува со неа, игра со неа.. Луѓе што не не познаваат ќе помислат дека таа му е девојка. Освен тоа тој е вработен и 60% од платата ја троши за неа. Мене не ми купува ништо и тоа не ми смета зашто не сакам јас ништо од неговите пари имам доволно за себе, но зошто постојано да и дава пари нејзе за се, зарем не? Излегуваме на јадење, јас плаќам за себе, а тој за него и за сестра му. Мене не ме чести ја чести неа. Таа зема пари и од родителите и од него, а него не му даваат родителите пари за излегување зашто зема своја плата. Секаде е прошетана, дечко ми и дава пари за да патува, да се облекува наместо да ги искористи истите за и ние некогаш да појдеме некаде. Премногу е поврзан со неа, најбитна му е во животот и јас се чувствувам омаловажено зашто мене не ме забележува кога е таа со нас. Ми вели дека сака да се ожени со мене, но јас не знам дали ќе направам добра одлука да прифатам и да го ставам на ризик бракот зашто не знам колку ќе го издржам сето ова со сестра му за што не верувам дека ќе се промени.
Znam deka zolvive se pokvareni mnogu jas koga bi imal snaa bi ja sakala taa e zena na brat mi bi mi bila kako sestra a ne ko mojava ko neprijatel mi e muabet ne pravi non stop namurtena nisto nepogodeno...zatoa ostavete gi koga pogolemi problemi ke dojdat na niv ke zaboravite
Кажи ми, како ти мислиш да бидеш во брак со човек кој што уште додека сте во врска не се труди да те ислуша и да постапи како што ти му велиш? Нема нешто поубаво од слога во семејството, кога браќата и сестрите се во такви добри односи, ама се` си има граници. Ако стапите во брак, она ќе се пресели кај вас? Ако добиете принова, таа ќе се грижи за воспитувањето? Со разговор се решава се`, барем меѓу оние луѓе кои што се доволно возрасни да сфатат дека некои работи мора да се променат. Доколку не успее, тогаш или ќе ги прифатиш и двајцата во комплет или тоа е тоа.
Ја сака ,сестра му е, живеел и ја познавал неа многу пред да те запознае тебе. Од постов извира љубомора твоја кон сестра му.(Во делот каде што спомнуваш дека тебе повеќе ти личи дека таа му е девојка) И колку повеќе го гледа тоа тој,толку повеќе ќе се поставува заштитнички кон неа,затоа што во целата приказна ти испаѓаш лошата,што сака да им ја отргне блискоста. Инаку ако се сложни и имаат добар однос,ти прва треба да бидеш радосна. Затоа што тоа значи дека е чесен,фин дечко,што си ги негува фамилијарните врски,што знае како да се однесува со женско. Мажите со сестри секогаш се многу фин избор за дечковци. И зошто да не троши пари на неа? Во ситуацијава таа му е крв,сестра што ја познавал и со која делел се 20-30 години пред воопшто да знае дека постоиш ти. А,ти макар му била и девојка 10 години ,сеуште си странец,барем во споредба со неа. И ако го сакаш човеков,не прави ѕврчки и кавги за сестра му, не го ставај во ситуација да бира. Не е љубов,ако сакаш да го оддалечиш од најблискиот човек за него. Особено не за вакви банални работи,частење,патувања и облека. И доста им го кроиш домашниот буџет кој од кого зема пари. Тоа не треба тебе воопшто да те интересира. Напомена: немам брат,ама речиси сите врски ми биле со машки што имаат сестри.