Крив е што не бил искрен дека наредните 15 години има кредити поради кои не може да вложи во нов дом.
Ви го пишав ова за да се проверам да не нешто не сум во право. Мислев не е се во парите. Ама има и нешто побитно од тоа. Здрав разум.А овде го нема. Фала ви.
сте размислувале ли да ја продаде, да се покрие кредитот и одново да се почне, вие двајца башка, свекорот и золвата башка
Да како не.. само он не сака..зошто му е прва куќа негова. И смета дека ако дигнеме спрат ќе биде тешко ама ќе се решеле сите проблеми. Јас не мислам така. Мислам дека ќе биде полошо. Сите во кредити они исто ќе зависат од него, он исто така се има изјаснето дека никогаш нема да ги остави да бидат гладни. Оди од крајност во крајност незнае да реши со мера. Јас никогаш не му реков да ги остави. Нека им помага. Ама нека се посвети барем малку на нас. А тоа не се случи.
Мислам дека сама си одговори на прашањето во последниот дел од постот, само уште не сакаш да си го признаеш тоа. Пишуваш дека и да имате посебен спрат, пак нема да се промени ништо. Пишуваш дека не постои опција да се одделите. Пишуваш дека дури и да се одделите, маж ти нема да се промени и пак ќе им слугува ним, наместо да гледа за вас двајца. Пишуваш дека немате никаков личен живот и интима. Се прашуваш како дете ќе гледаш во таква средина. Не веруваш дека ни свадба ќе правите, ни спрат ќе градите, оти и месецот едвај го преживувате. Не веруваш ни дека некако ќе се снајдете. Така гледано од страна ми стои дека ти баш трезвено гледаш на ситуацијата, само сакаш некој да го потврди тоа. Мислам дека подобро е да бегаш, отколку да се мислиш дете како ќе гледаш таму. И не е за парите или кредитите, туку за целокупната атмосфера во таа куќа, за која маж ти има голем дел од вината. Он ги развозува, он пазарува, он готви, он има 4 кредити, он жена земал за уште еден кредит... Или е многу наивен или е многу паметен (во негативна смисла), но и во двата случаи не е на арно. Размисли додека немаш кредит и деца, оти после ќе ти е 1000000 пати потешко.
јас би го оставила, цел живот да плакам туѓи долгови, а секогаш да бидам на второ место, не би издржала
А свесен ли е дека ти си на средина во оваа ситуација и дека си најповредена,само пола година си таму(ако запомнав точно) а веќе имаш премногу проблеми...Не е се во пари ама кога се нема пари е многу лошо,зарем маж ти несака двајцата да сте слободни да имате ваш живот да направите нешто за вас самите,секако нека им помага но колку може а не неговите да му се обврска и да е врзан за нив како што ти ја опиша ситуацијата. И јас би те советувала да не зимаш кредит ...
Искрено Фрида, сабајлево сега го препрочитувам муабетов, и ме фати нервоза дури ми се приплака за тебе. Нема никогаш да разберам родители кои намерно ги уназадуваат децата и кои не се родители, туку деца на сопствените деца. Ако можеш да бегаш бегај.
Еве јас како ептен чурук човек што многу држи гарас кога ќе се рчне со либето, ќе дадам мислење. Остави го! Сега, на време. Како, како само може да не ти биде кажано за кредитите пред да се верите???? Епа ако за тоа не ти било кажано, што друго се крие од тебе. Замисли кога ќе потпишете матично какви тајни ќе излезат. Дужат на рекетари, и се им е под залог! Јас сум таков намќор што во ваква ситуација се лутам, збирам партали и си одам. Мислам ало, ова не е кредитче со рата од по 1000 денари (мада и за тоа јас би се налутила), па да не ти спомне. Ова се кредити кои ти го одлучуваат ТЕБЕ животот. Тој ако решил дека вака сака да го тера животот, пеки. Ама ти наметнува ти вечно да живееш со една или пола плата. Каква љубов шмубов? Колку и да си го сакам либето, за ова не простувам. Буквално животот ти е решен веќе. Само едно прашање: што убаво има што те држи таму? Толку ли е човек на место што вреди вака да се малтретираш?
Голем избор немаш, ако го сакаш и сакаш да останеш со него. Кредитите он, мора да ги исплати. Тебе ти преостанува единствено да тргаш свои пари настрана, за да по некоја година имате за учество за стан да си уплатите. Само тоа бара големи жртви-нема одмори, излегување скромно еднаш во месецот, водење есап и однапред планирање се и строго придржување до планот, месо еднаш во неделата, одење пеш или со велосипед на работа, користење ефтина струја, купување ефтина облека, депилација-сама, фризер-само по потреба и сл. и најважно-многу, многу трпение... Доколку можат и твојте да ти помогнат некако, тоа ти си знаеш. Се ова под услов-малку да се годините што остануваат за доплаќање на кредитите... Доколку не се, има и друго решение-продавање на куќата-со парите секој свој стан и секој ќе си го доплаќа својот. Прочитав дека куќата е на име на маж ти- значи картите се во негови раце. Ако е доволно свесен и мисли за вас двајца - ќе го повлече вистинскиот потег. Муабети од типот-прва куќа му била, сентименталности слични, едноставно не доликуваат на еден зрел и емотивно изграден човек. Татко ми цел живот остана залепен за сукњата на баба ми, затоа со мајка ми нон-стоп се караа и јас и сестра ми сега немаме ништо од моите, зашто желбите и потребите на баба ми и дедо ми и нивните идеи секогаш беа побитни од тие на мајка ми... Спојлер: Мојата приказна Јас и мм почнавме да живееме заедно уште веднаш штом се веривме-во спрат од куќа сопственост на неговите, значи не заедно во иста куќа со нив, туку во друга што е во нивна сопственост, но сепак блиску кај што живеат. Така одлучивме затоа што и двајцата веќе работевме, јас бев тазе заработена со солидна плата и можности за напредок во работата, а мм имаа фирма со татко му и заедно работеа. Плус и неговите сами ни рекоа дека слободно можеме да се вселиме во спратот, затоа што и онака седи куќата празна и тој спрат да си го уредуваме за нас во иднина... Се беше супер, арно ама почнаа проблемите со тоа што свекор ми не му даваше плата на мм, со изговор дека ние двајца ќе ги потрошиме парите, вака бар кога и да затребало они ќе помогнеле... Значи останавме само со мојата плата и милоста на свекорот и свекрвата...Па кога и да побаравме од нив за нешто ситно-ќе ни дадеа, ама после низ нос го вадеа-дека многу помагале, ни велеа-куќа ни дале, требало почит поголема да имаме....А, имаа најголема почит и помош за се од нас двајца... За своето што го спечалил маж ми-требаше да моли. Во меѓувреме на свекор ми му текна-отвори нов бизнис, демек маж ми да работи плус тоа, ама душата му ја вадеше и профитот пак му го земаше... Среќа маж ми успеа дел од профитот да сокрие од него за да има колку да покрие трошоци за да ја затвори фирмата, затоа што сфати дека така веќе не оди. А свекрвата во меѓувреме-се изнашета низ Европа, секој викенд беше излезена, на одмори одеа со свекорот по двата пати во годината на море. А ние се стискавме за месецот да го преживееме. Оваа агонија траеше 3 години. Среќа маж ми се освести, па зема се прекфалификува, почна да работи сосема нешто друго, од кое пресмета дека ќе има поголем ќар во иднина и со кое нешто никогаш нема без леб да бидеме-затоа што може и сам да работи и за други. Така фативме некој правец, се стабилизиравме и решивме свадба да напрајме. Желба ни беше и на двајцата. Им напоменавме дека размислуваме за свадба, само дека не се брзаме со цел да присобереме пари, за да не мора во долгови да влегуваме после. Замислете, сестра му во наредните два месеци, бргу бргу се верија и за неполна година и свадба направија. Се исплаши дека ако ние правиме пред неа свадба за неа после ќе треба поскромно. Се изнатрошија пари, само за пред народ да изгледа пребогато. 99% родителите им ја платија свадбата, а работат и золвава и зетов и солидни плати имаат. Ние ко решивме наредната година дека ќе прајме свадба, си имавме веќе тргнато настрана за да ги покриеме сите трошоци(на родителите им рековме само своите гости во ресторан ако можат да ги платат, зошто немавме уште за тоа.) Луѓе, само што им кажавме дека ќе прајме свадба, золвава наеднаш решија-куќа ќе праат. Моиве свекор и свекрва им дадоа плац и плус ги помагаа за градбата-а нас ни рекоа-греота се, демек немало кај да живеат-живееле со старите заедно. А на золвава и имаат претходно и стан купено, на нејзино име е, и она си го издава под кирија. Ама тоа не се важи, бе. Маж ми ко се побуни еднаш-дека нему му одземаат за да на сестра му само и дадат, му рекоа дека е љубоморен- ете имал спрат, место обезбедено за живеење-ама не сме биле двајцата, замислете, способни да створиме нешто плус. Своите гости на свадбата, нормално, не ги доплатија сите, туку ние ги доплаќавме со парите добиени како поклон. После свадбата се решивме со мм да продолжиме со штедење, проширувањето на семејството го оставивме за понатаму, и успеавме да собереме да имаме за учество за стан или пак-за да се преселиме во странство, здравје, ќе треба да одлучиме што ќе прајме. Не се осудивме да одиме под кирија овие две години дури штедевме, затоа што маж ми сметаше дека не ни треба уште таа жртва да ја прајме покрај се друго. Спратов кај што седиме одлучивме да не го реновираме, затоа што неговите одбија да му го препишат на негово име. Тоа говори само едно-дека понатаму од тој спрат и сестра му ќе бара дел, така решивме да не инвестираме ништо во него. И среќа што се освестивме на време. Како ни беше-само ние си знаеме... Многу жртви и откажување, дури и изгубивме некои пријателства, поради неможност секогаш да бидеме присутни на заедничките дружби (но, нели пријателот во невоља се познава, бар сфативме кои ни се лажни, а кои вистински пријатели..) И натаму не очекуваат многу жртви, свесни сме, но барем имаме пат и не зависиме од никого и знаеме на кого можеме, а на кого не можеме да веруваме... Се извинувам на подолгиот пост, но се надевам дека можеби на некој од помладите ќе им биде поука. Да знаете - не се залетувајте и не верувајте на никој! Не прифаќајте милостина од никој ако сте способни сами да створите нешто, затоа што не знаете дали таа милостина е дадена од срце или е само начин за натамошна манипулација со вас. Не секогаш под убавото и милозвучно лице има и добро срце. Не секој е вистински родител. Не паѓајте на убави зборови, ласкања и комплименти. Луѓето тоа најчесто го прават за да изнудат нешто од вас и да ве манипулираат. Сепак има и добри и искрени луѓе, но се вистинска реткост денес. Бидете претпазливи и потпирајте се само на себе и на оној што е со вас!
Јас бев информирана дека првите 5 години ќе биде тешко. Да е жив и здрав татко му за 5 години ќе зимал пензија со која он ќе ги покривал сите кредити. Но тоа не ме плашеше бидејќи јас силно верувам дека сум способна да создадам нешто и не се предавам. Но секој ден искачаат секакви трошоци дополнителни. Најголемата мотивација за борба ќе ми беше ако јас почувствував дека он ќе ни се посвети нас. Овие 6 месеци не видов ништо од нас. Само што ќе станеме татко му му кажува ова треба да направиш тоа треба да направиш и или цел ден сме во кола и завршувме работи или седиме со нив или правиме нешто за нив. После се јавува сестра ми земете ме од работа. И така цел ден ден.Кога ќе се повлечеме во соба ќе поседиме малку покасно ќе гледаме серии и нареден ден ќе станеме покасно. И веднаш и тоа е проблем. Ми рече татко му - Добро што правите толку касно? - Му реков гледаме серии. - Па добро де можете и тука да си гледате преку ден. - У дневна... Мислам луѓе зборуваме за финост која не е зачинета со осет. Што има да му објаснувам што правам во соба навечер кога го имам единственото време да си поседам раат со него. И крајниот муабет беше во куќава има работа убаво би било поранко да станувате. Си дојдов кај моите. Прв пат до сега. Се му изнакажав и прво ме молеше да си дојдам ко мало дете и све тоа и на крај ми рече: Не се вреѓа фамилија. Он се вреѓа наместо трезвено да размислува. И баталете парите дечки, мене ме мачи што ко папочната врска да не му е скината сеуште.
Ако отвориш во темата за снаи и свекрви, ќе сфатиш дека не е проблемот во свекрвите, туку во мажите кои сеуште се момчиња, а не мажи. Ти немаш свекрва, ама твојов е иста приказна.