Решив ова да го споделам со вас и секако да ми дадете некој совет за понатаму во иднина. Можеби веќе имам спомнато дека ќе имам 2 золви,(како што знаете верена сум) со двете имам навистина добар однос, само што едната ми е многу поблиска, поотворена сум со неа, имаме заеднички теми за разговор, по карактер сме тука некаде, а со другава поретко се гледаме, таа е друг тип, воопшто не е позитивна личност, сосема различни карактери. Е сега мене ме мачи тоа што таа секогаш кога има проблеми со нејзините свекор и свекрва или пак со мажот, ќе ги земе децата и си иде дома кај вереникот мој. А виновна е и таа не викам дека само тие се виновни( бидејќи доволно ја познавам). Јас колку што знам ниеден проблем немаат решено мирно, без да иде таа ваму (а мажена е подалеку, не сме во ист град) да напоменам дека има 6 год откако е мажена. И секогаш се случува ова. Јас разбирам дека и се родители има кај да дојде , но тие се веќе возрасни треба со разговор да решат, има мн.начини да се реши се, а не само ќе се јави кај брат и ајде дојди земи ме. Се плашам и дека во иднина вака ќе прави. Седи по неколку недели, таа никаде не работи и не се финансиски баш добри. Кога иде овде вереникот пазарува и за децата купува се. Здравје боже кај и да е ние со вереникот ќе се земеме, свекорот и свекрвата ќе се тргнат на страна, во друг дел од куќата,тука има услови само за нив двајца(соба со кујна, купатило,ходник)Ако таа вака прави и тогаш не знам што ќе ќе биде со нас, тогаш ќе треба јас и брат и да и речеме дојди кај нас ќе седиш. Јас никаде не работам, вереникот зема скоро 300евра плата. и од каде. Се надевам дека тогаш ќе се сети малку, дека и брат и има свој живот семејство, свои проблеми. Во денешно време и еден човек да ти дојде на ден два па треба да се мислиш, а не на неколку недели плус со деца. Имаше некои гласнини дека ќе се оставале, таа не се враќала таму. Навистина сум загрижена и почнувам да се нервирам. Еве пред неколку дена дојде,повторно проблеми и не знам до кога вака. Се надевам ме сфаќате, јас сум само загрижена за нашата иднина, за тоа како ќе живееме, јас само сакам ние двајца убаво да си живееме, а не да се расправаме поради туѓите проблеми.
Нормално е да си загрижена и потполно те разбирам. Седни си со вереникот направете си муабет и кажи му ги твоите стравови...истото ова кажи му го и него. Со оглед на тоа дека само тој е вработен, нормално и логично е да се секираш за вашата иднина. Кажи му дека разбираш дека му е сестра и дека му е жал за неа, но дека мора да се мисли и на вашата иднина, дека не сте финансиски моќни и неа да ја издржувате. Што се однесува до прибирањето, ако се приберат кај вас, објасни му уште од сега на вереникот да си знае дека немаш намера да ги третираш како гости. Имено ако се врати дома сестра му, тогаш сите домашни обврски сама ќе си ги извршува, немаш намера никому да му слугуваш. Ако не дај Боже дојде до растурање на нејзиниот брак и таа се врати кај родителите тогаш сите заедно ќе седнете(свекор, свекрва, ти, вереникот, сестрата) и ќе се договорите како ќе се издржувате. Ако пак старите имаат приходи, тогаш тие финансиски нека ја издржуваат ќерката и внучињата, а вие помагајте колку можете. Не за џабе се вика колку е чергата, толку и ногата. Но ако не се помогне на сестра во небрано, тогаш на кого. Многу е тешко, знам, те разбирам и знам дека финансиите се огромен проблем. Немој да се секираш, надевај се дека бракот ќе им се среди. Сега за сега само чекај, види како ќе се одвиваат работите и подготви го вереникот самиот да сфати дека кога се нема-се нема, пари од небо не паѓаат....колку имате толку и дека треба да се мисли и на утрешнината.
Баш е за.бано кога ради туѓи проблеми не можеш слободно да си чекориш по твој пат, но сепак жалосно е тоа што и се случува на сестра му и човечки е да и се помогне, ако кај своите не најде прибежиште, каде? Иако и тебе многу добро те сфаќам, не ти е крв и нормално не може да те боли толку како што ќе ги боли брат ти и неговите, и нормално е што се грижиш првенствено за вашата иднина, само немој да избрзуваш и избувнуваш...Како што ти кажа Лолита, почекај, види како ќе се одвиваат работите па после реагирај...
Савана, имам и јас золва, те разбирам што зборуваш, ама... Прво, сестра му има исто право како и твојот вереник да биде во таа куќа. И ти тука не можеш ништо да смениш (а и не треба). Второ, таа не работи, ОК, ама и ти не работиш, а планираш да се мажиш. Тој аргумент подобро не го употребувај, затоа што може да биде употребен и против тебе. Трето, немој да го ставаш во ситуација да бира меѓу тебе и сестра му, може да не ти се допадне изборот. Не дека вереникот не те сака, ама таа му е сестра и нормално дека за неа ќе го боли и ќе сака да и помогне. Замисли тебе твоите да не сакаат да ти помогнат откако ќе се омажиш?! Јас добро те разбирам што ти е маката, ама сакам да ти објаснам како изгледа од страна, неутрално гледано. Од друга страна, добро е што си свесна за тоа што може да очекуваш таму, убаво е некои работи да се знаат пред брак, па размисли си, подели, помножи и види што би било најпаметно. Ама не очекувај дека неа некој ќе и забрани да доаѓа дома кога сака и да седи колку сака (па дома и е тоа) и дека нема да ја примат назад ако се разведе. На тоа не се надевај. Совет-пробај да и го спасиш бракот
Девојки не ми се допаѓа начинот на кој вие размислувате, секогаш испаѓа дека ние овде сме бајчиња, а другите се лоши. Јас разбирам да постои пријателство, но сепак и другата страна треба да се сослуша, или кога не си возможност да ја сослушаш барем претпоставете како таа личност се чуствува. Конретно за проблемот на Савана, разговарај со вереникот и кажи му дека ете кога сестра му и нејзините деца би живееле со вас, не би имале доволно финансии да си обезбедите услови за егзистенција, 300 евра се, сметки, храна, хигиена, за децата и за вас грицки...едноставно многу ќе ви биде тешко. Па доколку би дошла и би живеела со вас, бидејки со свекорот и свекрвата нема услови, тие да ви помагаат или таа да се погрижи и да најде работа барем да може сама да си ги издржува децата. И нејзе сигурно не и лесно, и таа недоаѓа кај вас из чиста мира, сигурно има проблеми, поготово ако ете се разведува, сигурно и е тешко да се разведе а да знае дека нејзините нема да ја подржат. Јас сум верена и знам дека од моите секогаш имам 100% да се вратам во мојата куќа, брат ми и мајка ми во секое време би ме примиле зошто тоа е мој дом. Не дај Боже да излезе некаков проблем и да треба да се вратам а снаа ми да се противи ќе и се обратам со овие зборови „Госпоѓо кога ти ќе направиш твоја куќа, од темел до кров, тогаш ќе можеш да кажуваш кој ќе дојде, колку ќе остане, дали смее или не. “ Не сега да ме сфатите дека како снаа не треба да кажува ништо, и јас сум снаа и со вереникот и неговото семејство имаме отворен однос, и по секое прашање сакаат да го чујат моето мислење, но јас самата знам дека некогаш не треба се мешам. Точно јас живеам со нив, во заедница, но моментално тие не издржуваат и би звучело претерано јас која сум една година со нив да правам планови како ќе се трошат пари, да кажувам кога ќе имаме гости и сл. Кога јас би живеела сама со Петко, и ние сами би имале наш сопствен дом, тогаш би била рамноправна, но додека живееме во заедница јас не би сакала да се мешам во некои нивни интимни ствари, би го кажала своето мислење но не би тежнеела да се реши вака или онака. И сите ги напаѓме снаите како се лоши, мрзливи и т.д. и јас кога дојдов кај Петко, мајка му ни поставуваше и раскреваше, чистеше и сл. Но и самата сфати т.е. знаеше дека ми треба простор и време да се адаптирам на нивната куќа, на нивните навики и еве сега функционираме одлично. Но со снаа ми беше друга ситуацијата, таа ништо не знаеше. Единка беше, и нејзините цело време ја разгалувале, кога дојде мислеше дека и ние ќе ја разгалуваме. Јас седнав со брат ми и со неа и и кажав дека нејзините навики и начинот на живот во нашата куќа се различни, и бидејки таа доаѓа кај нас треба да се навикне и да се адаптира таа на нас, а не ние на неа. Брат ми ме подржа и нормално после разговорот се си е во нормален ред, нема превртување очи зад грб, нема нервоззи и сл едноставно со искрен и отворен разговор можат да се надминат сите проблеми.
Се согласувам со болдираново...и јас така би рекла но....секогаш има НО. Како што и самата кажуваш Ве издржуваат. Но кога само вереникот (или маж ти) ќе работи и ќе зема 300 евра кои едвај за вас ќе стигнуваат, нема вака да размислуваш. Или пак ако вие двајцата работите, а твојата плата ја делиш со неговата сестра и деца...и те како ќе се побуниш. Едно е размислувањето кога некој те издржува, а сосема друго е кога ти некого издржуваш. Твоите заработени пари ти се послатки, а Богами и потешко ќе ти се даваат на ојлевци дојлевци. Така што таа Госпоѓа ако те рани и те како има право да ти каже која е. Ти оди дома кај твоите, никој не смее да ти брани, тое е твоја куќа, ама најди начин да не бидеш терет на никого. Така барем јас мислам.
Ве молам за ваше мислење: Верена сум и наскоро планираме да се земеме со вереникот. Се договоривме вториот спрат да го реновираме од корен, за во него да живееме јас и тој. (Просторот е како мало станче - дневна со кујна, премала спална со балконче и вц). Во него пола-пола вложивме пари и се` е готово, наместено. Но сега излезе нешто ново, што за мене е проблем, иако можеби немам право да се мешам. Имено, долниот спрат неговите родители и` го препишаа на сестра му која е мажена и има две деца. (тие имаат два двособни стана, луксузно наместени). -) Јас искрено се надевав во иднина на тој долен спрат, кога би имале деца (што ако имаме машко дете, како ќе правиме делба?) -) Многу луѓе ќе бидеме измешани на мал простор, а јас и онака не се сложувам со золва ми -) Балкончето (од спалната) ќе требало и тие да го користат, оти немаат балкон долу (за спружинање алишта) -) Тие и онака често доаѓаат кај нас на спиење, бидејќи им било поубаво, покомотно во куќа Вереникот ми нагласи дека во никој случај јас и тој нема да се селиме настрана, дека ќе останиме на нашиот спрат, дека не смеам да се мешам за препишувањето на спратот, и дека сестра му има право на дел од куќата. Мене ми гори под нозе. Не беше ваков планот и не го очекував ова вака. Уште сега мирот ми е нарушен, се чувствувам како во хотел, а не како во свој дом. Од оваа гужва караниците станаа секојдневни, така и нервозите. (Нашиот спрат е како нивни, ја користат кујната, а децата стално се во нашата дневна) Ниту еден разговор со вереникот не помогнал, ми вели дека сестра му има низ цела куќа слобода, да не ставам граници.Дури и сум размислувала да раскиниме, но меѓу другото, многу пари сме дале и од дома за тој спрат, долгогодишни заштеди, жал ми е за моите родители кои сето тоа го вложиле да падне во вода. Иако животот е најбитен, нели, но сепак не знам што да правам.
Драга Савана, Животот е многу е само една епизода,и треба внимателно да се изигра.Седни разговарај со својот вереник се надевам ако е зрела личност и ќе те разбере.Вашиот приватен живот,и мирот во домот се свето нешто,и тој треба да се тргне "настарана од неговоти",да се спои со тебе,да имате заеднички ставови.Ако не му е битна вашата иднина тој ке ги подржував своите,а тебе ќе те вознемирува тоа.Не размислувај за парите што ти се вложени,разговарај ако застане на твоја страна ок,ако не пресечи ке ти врати тоа што си вложила.Да имаш мир во душата и да бидеш со разбрани луѓе е благодет од господ,ама за жал реалноста е друга,затоа треба да се мисли во вакви моменти не само со срцето,туку и со разумот зашто најголемиот успех во бракот, и среќа ке имате само ако сте независни и се држите заедно како да сте едно .Тогаш никој ништо не може да ти уништи. Ти посакувам многу срека и љубов Милана
Тие се нејзини родители, како што му дале на синот така и даваат и на ќерката, зошто со ово тебе ти е нарушен мирот, ти имаш право да се буниш односно да учествуваш во делба кај твоите родители. А утре за децата твои, епа ти ќе си спечалиш да им оставиш нешто исто како што родителите на вереникот спечалиле и оставаат на своите деца.
како прво вереникот убави ти кажал и нема што тука да се мешаш. Тоа си е нивна фамилија, а тоа што ти си вложила во туѓа куќа, никој не ти е крив. Навистина бе не ве разбирам, како можете да си заробувате пари во туѓо. Си имала планови за спратот доле. Која си ти да имаш планови за нечив туѓ имот спечален цел живот. Имала два стана, па што ако има, тоа си е од мажот и претпоставувам, а ова си е делба меѓу нејзините родители братот и неа. И ти тука ама навистина немаш што да се мешаш. Седи и трпи, кога си била, извини на израз будала, да си заробиш свои пари и заштеди во туѓа имовима. Евентуално ако се разведете ( не дај боже), е тогаш ако можеш да докажеш дека ти си вложила можеш да сметаш на некој дел, иако и тоа не сум сигурна затоа што е вложено пред брак. Исто му доаѓа како да си им поклонила спрат. Сега имаш две опции: да раскинеш и да бараш да ти ги врати парите до евро, или да си седиш и да си се помириш со реалноста.
ne reazbiram?ako imate vas sprat sto ima sestra mu da se vrtka tuka?neka sedi vo drugiot del od kukata.. ako ne moze ova da se sredi devojce ubavo ti kazal verenikot na vreme begaj od tamu zatoa sto zivotot so niv ke ti stane pekol pozdrav i uste ednas razgovaraj so verenikot da znaes na sto si...i nemoj da vlozuvas pari vo nesto sto ne e tvoe .....
Сум вложила пари за да си го напраиме животот среден, поубав таму на нашиот спрат. А, и од таму бараа и ние од дома да вложиме, као нема јас само на готово да си дојдам. Некој што праша, едниот стан е од маж и (на золва ми), а другиот од мајка и и татко и . (неговиот е во Ск, а другиот им го купија во Ох, како свадбен поклон) Мене и не ми е толку проблемот што го зедоа спратот, туку што оние повише се на нашиот спрат отколку на нивниот. Сестра му се понаша као газдарица и на нашиот спрат, да не пишувам на долго, многу дешавки има тука. Али ете вереникот не сака да се мешам у ништо, не сака ни да и дадам граница на сестра му.
Е па девојко искрено не знам што да ти кажам да те утешам. ама реланоста е таква да вереникот твој си е безгласна буква дома, сестра му си е доминантна и тоа е. Па сега на тебе да си одлучиш што ќе правиш понатаму. А како те извозиле за парите секоја им чест. Јас кога го правев мојот стан не дозволив ни шајка да стави тогашниот ми дечко. А ако веќе си дала пари и не сакаш да идеш да живееш на друго место мој совет ти е акоможеш да издејствуваш, љубениот ти твој да биде човек па да ти препише дел од спратот согласно со инвестираното. Инако како и да видиш ти си е*ана странка.
а ти пред да се омажеше да си се подзамислеше 2 пати? чим оваа свекрва ти од сега вака се понаша утре кој знае што ќе биде плус овој вереников твој ми делува на некое муле, нити еднаш не те одбранил од мајка му, па што маж ќе беше! A ова сега се случува....A замисли да си во брак... не не, не замислувај....
Ве читам и вчера и денес Савана и Милјана, сакам да напишам нешто, ама едноставно не гледам некое добро, видливо решение за проблемите. од една страна немате право да се мешате, а од друга страна не сте ни должни да трпите!!!! како и да е, верени сте, не сте мажени, па ако не гледате излез, расчистете си со повреме... се чудам какви машки има значи, да не знаат да направат муабет со жена си и да ја подржат!!!
Ај смири се малце не се нервирај толку и не преувеличувај. Прво ви го ветиле спратот (му го ветиле на синот не на тебе) и му го дале. Ти и твоето семејство нетребало да инвестирате во спратот или на нотар требало да потпишете договор колку пари си вложила. Знаеш нели дека дури не се потпишеш во матично ти си никоја пред законот и ако сака он да ти раскине сега ти ќе си се вратиш дома и се ке им остане туку нејсе они што си ветиле сега за сега си исполниле а тоа што ти си имала поголеми апетити тоа е твој проблем. Да се мешаш немаш право тоа е туѓа куќа ти ќе си се мешаш во одлуките на твоите родители за поделбата на нивниот имот. Неблагодарно е да зборуваш за иднината како да они се обавезни да ви обезбедат живеалиште на вас па плус и на вашиот можен син. Што правиме ако имаш две деца ти ќе ги делиш, на ќерка ти ништо не би и дала ти, само на синот? Или па замисли два сина да имаш......животот е непредвидлив не се замарај толку со далечната иднина. Друго, тоа што ти не се слагаш со золва ти нема никаква врска со приказнава, таа него му е сестра што треба да ја избркаат од куќата пошто вереницата на синот не ја бендисува? Ајде спушти се на земја малце, ќе живеете сами и без гужва кога САМИ ЌЕ СИ СПЕЧАЛИТЕ За балконот пак се согласувам тоа несмееш да дозволиш да ти пружаат алишта во сабота сабајле да ти влегуваат во спална дури ти спиеш. За тоа постојат денес машини за сушење алишта или нека си пружаат во двор или било како. Викаш доаѓале на спиење, па кај мајка и си доаѓа бре девојче ееееејјјјј свести се ти сега замисли да несмееш да одиш дома кај мајка ти да спиеш пошто на сестра ти мажот е таму и не те сака баш цццццццц пак ќе ти кажам не летај и гледај ги работите реално. Тебе нема потреба да ти гори под нозе, ти сега релаксирај се максимално и мисли си на свадба, на учење (ако учиш) или на работа. А децата на золва ти ќе бидат кај вас секогаш добредојдени и за јадење и за спиење зошто тие него му се внуци. Незнам дали имаш ти внучиња од сестра ти ама искрено ти кажувам јас на сестра ми ќерката ја сакам како мое дете и на глава може да ми се качи не ми смета, сигурно и дечко ти истото го чуствува.
pa искрено со толку многу инвестиции во спратови и реновирања сте можеле да си купите некое помало станче или да си идете под ќирија сами и ич да не се замарате за мајки и шајки не ми се верува дека постојат такви свекрви и золви сеусште бе ...а згора на тоа и мажиштава под наводници
Милијана, мој совет, бегај од таму колку те држат нозете... Ако сега е вака, верувај не знаеш во што ќе ескалира оваа ситуација кога ти веќе ќе ,,потпишеш,, пошто гледам се работи за припрости а лоши луѓе (извини за овој коментар, но така заклучив од постот), и таквите ставањето на потписот го сваќаат во стилот, ах готово, сега нема кај да бега, демек ќе си трпи, тоа и е... Друга многу лоша работа, ако не и најлоша е твојот вереник, да не се завземе за тебе? да не му е гајле како се чувствуваш? Грижа и љубов кон сестра, о.к, и за почит е, ама ова ги поминува сите граници, верувај дека ти со него нема да бидеш семејство во вистинска смисла за зборот, баш никогаш (имам ваков пример во комшии), на него треба да си му ти, па потоа се друго, да имаш потпора, да имаш човек кој знаеш дека е тука за тебе, а не уште да те замолчува додека таму си бришат под со тебе...извини ама мене ова не ми личи на љубов... Немој да се осудиш самата, не се залажувај, тука живот ќе нема, и потполно те разбирам, потполно, дека ти е срам, жал за твоите, не сакаш да се нервираат, да се срамат, посебно ако си во мало место, меѓутоа верувај, секое чудо за три дена - не за џабе рекле старите , а и твоите, верувај дека си им помила од сите пари кои ги вложиле таму, иако нема да изгледа така можеби по нивните реакции, но верувам дека не постои цена за ниеден родител која може да ја плати среќата на сопственото чедо... Затоа застани, јасно и гласно кажи дека вака не може понатака и точка, и врати се кај твоите, покажи заби, кажи им се на твоите, дека практично не живееш таму, туку се бориш за секој ден, нека застанат позади тебе, да видат овие сложнава фамилија дека има кој да застане позади тебе, кој да те прими назад, па ако дојдат да те бараат искористи го тоа во своја полза, уцени ги, а ако не те побараат само ќе бидеш на чисто со што луѓе ќе си имала работа, а настрана тоа и дека нема само за вас да биде срам, ако веќе е, туку и за нив... Исто од постот приметив дека им ќутите и се чувствуваш инфериорна и ти и твоите ради разликата во имотната состојба, и тоа ти е многу погрешно...биди горда, нека бидат горди и твоите и нека не им молчат, имале, абе леле, големо чудо, затоа дозволиле ќерката во газот на братот и снаата да се пика, да растура брак...дека многу имаат... И јас имам брат, и јас сакам симболично нешто од моите на мое име при делбата да се препише, ама да барам соба или спрат од куќа да ми препишуваат моите?!! да се пикам за да правам проблеми? Никој жив неможе да ме натера на тоа, ако сум човек и за дај боже и за недајбоже ќе има за мене место во таа куќа, а вака не и не... Кажи им на твоите и реши ја работата...немој да им попушташ, ама немој, никој не те створил и израснал за да друг те гази, нивната ќерка вреди, да не се нервира, да не се замара, а ти? и ти си нечија ќерка, најмалце што можат за тебе, е на спратот раат да те остават... За животот е работата, за цел живот, немој да си пресудиш да мизеруваш и да преживуваш наместо да живееш, а човек што те сака верувај никогаш нема да дозволи да бидеш безгласна буква... Ах за ваквите само јас сум лекот...
koga ke ti dojde taa zolva na gosti,povikuvaj tvoi gosti da vi doagaat da vidi deka tuka ne i mesto...a drugo koga ke izleguvas od wc izlezi gola pa taa da se usrami sto vleguva a ne ti,,a za pruzanje alista koga ke dojde vreme e togas rano razbudi go verenikot i imajte seks za da svatat deka sekade ne se vleguva.. p.s edna prijatelka imase problem so svekrvata koja stalno i vleguvase vo soba da i zacisti demek i da i pretura devojceto zema kupi vibrator go ostavi vo skafot kaj sto ovaa stalno rovarese i veruvaj deka po taa slucka svekrvata ne i vleze poveke vo soba
Аман бе девојки удрете се во глава. Па најнормално е да одиш кај мајка ти. Еве јас имам снашка и што не треба да одам кај мајка ми. Понекогаш и преспивам ама со тоа јас не гледам дека ја повредувам снашката или дека помалку ја ценам. Значи дојде снашката и сега да ги заборавам моите родители т.е. таму ми е мене забрането да одам. Нормално е дека јас ке одам кај нив и они кај мене. Па тоа е на моите родители а не на снашката. Она видела каде се мажи, видела се не се криело нешто од нејзе. Што вие мислите дека ако јас влезам во таа кука и готово јас командувам, се ке биде по мое. Неможам да ве сватам. Кога ми е тешко каде да одам ако не кај моите родители или кај брат ми. Зарем кога ке ви биде тешко ке одите кај своите родители и кај брат/сестра да се пожалите и за помош. Јас сум му кажала на брат ми секогаш кај мене вратата ти е отворена и за било каква помош јас сум тука истото и он на мене. Малку размислете и облечете ги неговите папучи.