Како бе така? Само зошто другарките ти имале лоши свекрви и золви,ти бараш начин како да им враќаш на золвите,кои патем не ти прават ништо,освен што шетаат со твојот вереник,а нивни брат Како ти прават лице,ај објасни?? Воопшто не ги сакам ваквите раздори во фамилија и од никогаш не ми биле јасни,а ги има во скоро секое семејство,за жал.
Еве еден пример за моиве золви. ЗНАЧИ СЕ ДОДЕКА БРАТ ИМ (мојот сопруг)ГИ ПОМОГКУВАШЕ ФИНАНСИСКИ БЕШЕ СОВРШЕН И ЈАС БЕВ НАЈДОБРАТА СНАА. Од кога се тоа се заврши бидејќи ние крај со крај едвај сврзувавме еден период тие сите го пикаа носот кај што не им е место и се тие знаеа. Ете ги сега од шт немат очи да ме погледнат ретко и се слушаме и видуваме.
добро еве незнам кај да пишам значии сестрава на дечко ми е досадна ко пролив...мажена е а секој божји ден е тука кај нас значиии ај разбирам и рекле нејзините ама толку да немаш осет не ми е јасно и неможам да го поминам тоа значи секој ден е тукааа....
Не е кај вас, кај неа дома си иде. Ако е мажена не значи дека не треба да оди кај родителите. Колку има право дечко ти да седи со родителите, толку има право и таа. Како што дечкото те однел тебе таму, така и таа има право да си седи таму, дали сама, дали мажена со мажот и, нејзино право си е. Може и она истото си го мисли за тебе..
И мојата золва секој ден доаѓа на кафе а минимум два пати во неделата на ручек. Се тоа е во ред, тоа си е и нејзина куќа колку сака толку ќе доаѓа, седам и јас со неа најчесто ама признавам дека понекогаш е заморно штотуку вратена од работа да и варам кафе, да седам со неа и да и правам муабет, да слушам исти муабети цело време, или пак, како што се почесто се случува она си пие кафе со свекрва ми, а снаата т.е. јас да и ги пазам децата. Ги сакам и внуките и ќе им посветам и нив внимание, ќе си поиграм, ама не иде она легната пред тв со нозете на маса и кафето во раце кое јас сум и го сварила, а јас нагоре надолу по скали, внатре - надвор со внуките. Еднаш многу се изнервирав, внуките многу сакале да спијат на креветот на вујна и вујче па им дале дозвола да си се качат кај нас во соба и не да спијат туку се да испревртат, од гаќи до украси на полици. И кога си дојдов од работа, ми се крена косата, фино лепо го земав телефонот ги сликав, се симнав долу и прашувам кај се децата, што прават, спијат - многу сакале во вашата соба да спијат и јас се насмеав и им викам не да не спијат, журка прават и им ги покажав сликите со насмевка немирки мали. Двете заќутеа па и они се насмеаа а затот стана да ги прибере и 100 пати се извини. Му кажав дека не ми смета кој знае колку, деца се, се случува. Од тогаш имаат забрана сами да се качуваат сем со мене и маж ми и тоа од зетот а од золвата и свекрвата ни збор.
како прво ние живееме заедно... а како второ, нема да ти пречи секој божји ден да ти е дома ? па добро зошто се мажела ако секој ден ми е тука ?
Мене не би ми пречело секој ден да доаѓа на гости. Што ти менува ако дојде на гости и поседи неколку саати? Тоа што живееш со дечко ти не ти дава за право да кажуваш кога и колку да седи сестра му на гости. Сепак тоа е и нејзина куќа, а крвта не е вода.
Синот решил да се жени/вери а нема обезбедено дом за новото семејство, и пази те молам, ќерката е крива што сака да си доаѓа кај мајка и на гости. Таа е тука родена и куќата е пола нејзина. Тука е растена и секогаш тоа е нејзин дом. Братот што е неспособен да си обезбеди самостоен дом и уште седи во скут кај мајка му, не е вина на ќерката. Па уште за бунење е работата пологично е сестрата да се буни што вие седите кај старите, ама ај... Македонија е ова... Нормално е цел живот да живееш со мајка ти и татко ти.
Ваков муабет можеш да вртиш кога ти ке си го испотиш газот и ке спечалиш пари или ке земеш кредит кој ке го отплаќаш малтене цел живот. Во спротивно, треба да бидеш задоволна што луѓето те примиле у нивен дом и ти дале кревет на кој ке спиеш. Освен ако таа не доаѓа на поседок во твојата соба, а претпоставувам таа седи во дневната која е заедничка соба, не гледам причина за нервози. Не ти сметаат свекорот и свекрвата, е баш керката, која доаѓа на неколку саати, е проблем. Ете, гледаш, со еден муабет се разбрале и ти се извиниле. Можеби таа смета дека сега тоа е твој дом и не сака да ти се меша во кујната. Нареден пат кажи дека си уморна од работа и дека сакаш да прилегнеш, барем тоа е едноставно. Ако золвата има осет, нема да ти замери.
@FallenAngell, тоа е живеење во заедница. Сестрата не прави ништо лошо, ниту пак намерно сака тебе лично да те ремети, таа само доаѓа да си ги види родителите. Утре ќе доаѓа и со децата. Ако сте сериозни со дечкото, можеби е време да почнете да размислувате за само ваше катче.
Во туѓ дом сака да шефува будуча снаа. Пази да не те прочита од некоја страна, мож и таа е на фемина, па проливот ќе ти биде од помалите проблеми
Нема што да ми пречи, колку е мое толку е и нејзино, мажена не мажена не менува ништо. Си доаѓа и си седи кај родителите. Еве замисли си дека е немажена и готово, тогаш ќе имаш оправдување зошто доаѓа секој ден.
Не знаеш и не можеш да знаеш зошто доаѓа секој ден таму. И да доаѓа сепак кај мајка и доаѓа не кај тебе. А тебе ако тоа ти смета и доколку директно не си засегната со финансии или пак ти седи у кревет брачен цел ден или ти брка и гледа по интимите треба тоа да го сватиш дека она е ќерка таму и ќе со доаѓа кај мајка и. А ти седи си таму каде штко е твоето не мора со сила да идеш кај нејзе и да седиш со нејзе. Што они две прават ме треба да те интетесира. Доколку тоа ти смета заминете си со дечкото од таму и решен проблем стави си клуч на врата своја и никој нема да доаѓа ќе си бидеш сама. Така. Можеби е болна ама е реална вистина. Затоа човек се бори додека е жив како знае и умее за свое и своја приватност и мир пред се. Во туѓа куќа посебно кога станува збор за чедо што си го израснал од еден грст месо така ќе е и нормално дека ќе е така. Се додека золвата си оди фино и културно кај мајка и не треба да те засега и точка. Тоа си е нивна работа и нивен живот оти прст од рака не се дели да знаеш уствари ќе дознаеш понатаму. Крај краева ти најверојатно се ова го имаш видено пред да се мажиш, ако толку многу ти сметало требало да почекате можеби за свое катче. Оти куп девојки ете од вакви причини и многу други што можам да кажам дека ова е прдљавина од проблем како демек причекуваат и се борат за свое. Така.
Биди среќна што не ти прави проблеми и не ти се меша. Мојата си отиде но за кратко се врати и јас што требаше да направам да се бунам зашто се вратила? Кај да оди сигурно на улица нема да оди си има своја куќа. Искрено јас ич не ја сакам ама нени сакам да бидам на нејзино место такада јас и мм сме тие што ќе си одиме и сите ќе си живеат мирно и среќно. Ти да не мислеше дека животот во заедница е цветање ружи?
Золва ми , ми е генерација.Ма ја обожавам .Кога бевме дечко и девојка со мм секој ден одев кај мм и со золвата сме си правеле муабет.Она ми беше сестра.Муабет секогаш ми одел со неа дури и сега кога сме далеку и кога ќе кажам нешто за свеќи мене ме подржува и ме правда. Многу ми недостига и многу ја сакам.Ама отиде на крај светот.Со зони сме различи и многу тешко се погаѓаме да се чуеме. Најубава золва на свет си имам.