Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    18.079
    Пол:
    Женски
    Еве вака да кажам, нити да цитирам некој конкретно нити да навредам имам намера.
    Имам брат помал е од мене, јас мислам дека секогаш оваа куќа ќе е мој дом, да ке имам свој дом со мажот семејство, ама во куќава каде што пораснав ке се чуствувам најслободна, знам ке дојде ден кога брат ми ке се ожени, не мора да се ожени има девојка со која сакаат да живеат заедно океј се тоа, ама јас да не можам да дојдам кај моите родители заради девојката на брат ми? Дм има сестра и сега мене да ми смета што таа си доаѓа кај нејзините родители? Па луѓе мовие дома се по 40+ години, баба ми и дедо ми секоја недела ги собираат ќерките и зетовците на ручек со се деца, а три сестри се, не помнам некогаш да не отишле по 3-4 пати у недела кај нив барем на 5 минути. Сестрата на татко ми секоја недела си доаѓа кај нас на ручек или вечера.
    Да преминам на главното:
    Па кој ке ми е утре поблизок од брат ми и жена му или пак на од дм сестра му и маж и? Тие деца ке се исто како мој, од брат се, од золва нека се, таа му е сестра на мажот или дечкото, како што вие го чуствувате братот највреден така и таа го чуствува, никогаш нема да имате никој поблизок на кого ке можете да му се пожалите за било кој проблем. Ако не се држите со семејството со кој бе луѓе?
    Имате пишувано и за помагање финансиски или на било кој начин, да ке им помогнам кога ке се земам со маж ми, и нашите приходи ке дозволуваат да им помогнам, а доколку не можам ке им ја кажам вистината. На родителите на дм нема што да се мешам дали ке и даваат пари или не,дали нас ке ни дадат или нема ке ја запишуваат на 15 факс во живото, ке и купуваат стан, ке и реновираат дома таа е нивно дете, како мислат тие така ке биде тоа е нивен избор како сакаат. А во нашиот приход не би сакала никој да се меша ако можеме да помогнеме добро, може утре нас ке ни затреба, од кај знаеш што носи живото? Ако не можам или не можеш пак добро треба да е без љутење зошо сите си знаат дома како им е.
     
    На LadyR, Abc07, Belgin1 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Луѓе едно е да морализираме како треба, ама реалноста е друга. Мајка ми на пример има еден брат кој живееше со баба ми и дедо ми, за жал веќе починати се. И сега, и додека беа живи баба ми и дедо ми, нас вратите од нивната куќа секогаш ни беа отворени, ама мајка ми така се имаше поставено да секогаш кога сме отишле таму сме се однесувале како гости. Никогаш не сме имале слобода да правиме што сакаме, не зашто некој од нив ни бранел, баш напротив секогаш со радост не причекуваа и канеа, туку зашто мајка ми така сакаше. До ден денес, имаме супер однос и взаемно почитување, што не верувам дека би било случај ако сме биле безосетни и секој ден сме киснеле кај баба ми и дедо ми. Реално, кога има снаа, се менува ситуацијата. Ако си културен и осетен не само на снаата, туку и тебе нема да ти биде пријатно да се буткаш секој ден во 60 квадрата, кај сите па уште ти фалиш.
     
    На oblace1, Emy867, lozenge и 15 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    126.432
    Пол:
    Женски
    Девојка/жена што живее со дечкото/мажот во куќата на неговите родители,нема право да се буни зошто золвата живее таму или живее на друго место,ама скоро или секој ден доаѓа таму.
    Снаата е туѓинка,туѓа крв,дете на други луѓе.Во нејзина куќа може да прави што сака и да се буни колку сака,но во куќата на мажот нема право на тоа.
    Золвата е сестра на мажот,крв му е.Золвата има право да живее во домот на нејзините родители или секој ден да доаѓа таму.Нејзин дом е и при делба на имотот на родителите,и таа има право на дел колку што има и нејзиниот брат.Снаата нема право на дел од тој имот,освен ако мажот не го добие во текот на бракот,па во случај на развод може да добие нешто.
    Золвата има право и да ја избрка снаата од таа куќа.
    :!: Се знае,ако снаата не може да трпи заеднички живот,тогаш може да му каже на мажот да заштедат пари и да си се обезбедат со свој дом.
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    За се ве прифаќам жени и во право сте и за золвите и за се, ама кога ќе прочитам дека снаата е туѓинка, никако не можам да го сварам тоа. Зборот е грд, и во никој случај жената на синот, мајката на внучето, не смее да биде наречена туѓинка, ниту туѓа крв.
     
    На oblace1, martovsko cveke, iki26 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Золвата има право и да ја натепа снаата и да и сере(да ми простите на изразот) на глава пошто нели золвата е крв, а снаата е туѓа крв. Ама и золвата е/ќе биде снаа. По автоматизам и таа може да биде набркана од куќата на мажот, од золва/девер :D Чуму тогаш бракови и деца, секоја мома нек си седи кај мајка и татко, и така нема нити бркање, нит золви, нит снаи.

    До каде бе со ваков примитивизам? Сте слушнале за осет, култура, човечност? Па со малку осет и култура може да се направи многу попријатна ситуација за сите.

    И да не се разбереме погрешно, секогаш сум за оделен живот млади од стари, ама па ако некоја ете се нашла во ситуација да живее со свекор и свекрва, епа не е во ред да се третира како куче, туѓинец, дете на други луѓе, туѓа крв.
     
    На oblace1, Someonespecial, Emy867 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.077
    Допаѓања:
    268.905
    Може утре сестра ми домазет ќе донесе, ама јас со маме и тате не се делам :D
    Ни во најмлади и најлуди години не сум се двоела од нив, како стареат и тие и јас - ич па :)
    Нек му ја мисли домазетот, имаме летна кујна ако му сметам :D
     
    На nextredstyle и smooch им се допаѓа ова.
  7. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Ако не ти чини може да го избркаш :rofl::rofl:

    Твоја куќа- твои правила :muscle:
     
    На iki26 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.983
    Допаѓања:
    123.610
    Ајдееее:D
    Ти золва си очигледно :rofl:
     
    На FallenAngell, kala21, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    19.579
    Пол:
    Женски
    Што ве чуди бе?
    Моите тетки ближеа 60 години и секој викенд со се деца по три дена остануваа , нели кај мајка идеа ? Но мајка им дебелиот гз не го мрднуеше од фотеља и све мајка ми правеше јадење и чистеше јас и сестрами и помагавме и они се однесуваа како да се во хотел со 5 ѕвезди а ние слугинки , они само јадеа и кафето и цигарата и гракаа која се развела која немала муабет со некој , ова онака ... И да напоменам дека некогаш си земаа по некого од фамилијата од нивните мажи да се проводат и тие во хотелот со 5 ѕвездички ,и се така додека не умре баба ми и конечно сега е како што треба :whew:
    Уште не го свакам молчењето на мајка ми што бевме третирани како слугинки , нејзин изговор беше дека треба да молчиме бидејки ке сме останеле без ништо |( ние не ја гледавме баба ми само , туку и нивните керки и децата и другите нивни гости само заради имот :fubar:
    Затоа сега јас знам како да постапам , за луге без осет само :punch: мајка на старост ке барале бидејки снајката не е битна туку тие :headbang:
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.077
    Допаѓања:
    268.905
    Мене никој не ми смета, сите се добредојдени ;)
    Не е моја куќата, на моите е :)
     
  11. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се е до тоа како ќе си се поставиш кога ќе влезеш. Навистина влегуваш во “туѓа куќа“ (како ја нарекувате) но, сепак тоа веќе станува и твој дом. Човекот кој те одвел таму веќе те смета за негов доживотен партнер, потпора во животот и мислам дека веќе треба да се чувствуваш како дома. Нормално е да ти доаѓа и золвата на гости и било кој друг сепак тоа е и нејзин дом, како што и ти кога ќе си отидеш кај твоите тоа го сметаш за твој дом така и таа и не можете да им се лутите на золвите за такви работи. Доколку не ти се седи со нив сигурно имаш свој простор каде можеш да отидеш (друга соба) каде нема да бидеш цело време со нив.
     
    На lozenge, WildMk, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.522
    И? Го добивте имотот? Да не е џабе мачење:lol:
     
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    19.579
    Пол:
    Женски
    Го добивме заслужено , како што и ти чекаш од некого да наследиш , можеби ти ке имаш срека и без пот и без да ги гледаш старите ке наследиш ;)
     
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.522
    Верувај, ама баш ме брига. Во странство живеам и ниту ми е гајле за имотот на моите , иако тие се фер и се изјасниле иде по пола се со брат ми, нит за имотот на свекор и свекрва што го створиле. Чак золвата домазет зеде. Знаеш што е најубаво? Сам да створиш. Ако треба да голташ кнедли цел живот, јебеш ти то. Мој став.
     
    На Orchidea, CameliaMiller, LUCI 99 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    19.579
    Пол:
    Женски
    Многу е убаво да збориш од странство и да го гледаш животот со розови очила па коа ке си дојдеш овде ке им збориш дека странство животот е тежок и подобро било овде али никогаш не би се вратила и ти и кој било кој заминал во странство .
    Но друже ти си заборавила каков е животот во оваа вукојебина па сега ке ни бистриш политики !
    Да беше овде ке те видев што ке праеше со золвати , продолжи си да си бистриш политика !
     
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    FallenAngell не е ни снаа во таа куќа, туку девојка на синот. Многу голема разлика има во тоа
     
    На Alisa22 и zalosna им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.522
    Вејт, ват?))))) Да ти каже тета странкиња, пред 5 год заминав од мк. Учев јазик, работам, сега нострифицирам. Розови очила немам ( лажам, имам едни кафено со розе отсјај) нит па мислам дека тука е лошо а во мк добро, хаха ме зезаш?))) Нит па бистрам политики, што по ѓаволите тоа значи. Ти велам дека моите делат по пола оти мислат дека така е фер. Нит сум им побарала нит ништо. Имаат, даваат. Ако ти мислиш дека сестра е фер к...ц да добие, пеки, не ти се мешам.
    Мајка ми живееше со свекрва, се ми е јасно. Јас не сум спремна да пушам за имот, сама ќе створам. Некој е. Негово право. Не се жести, доволно сте потрошиле нерви во минатото.

    Плус ,јас и во мк живеев настрана од свекрва, а политика тебе ти оставам. Смешни сте кога сте зли, али ваше си е:D
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2018
    На martovsko cveke, Lolipop23, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Чекај, чекај... Золвата имала право да ја избрка снаата од куќа?! Во кој паралелен универзум ова?! Демек, ако се регистрирани во матично животот ќе им е посигурен и она така ќе добие поголеми права дома?! Каде јас тоа живеам, со кого јас делам кислород... Се додека има вакви размислувања, ќе има и вакви теми. Колку сака нека е тоа нејзина куќа, на мајка и' и татко и', осет си е потребен. Јас одам кај мајка ми, имам неженет брат. Одам со усул, и се јавувам пред да одам дали имаат други планови и дали се воопшто расположени за мене/нас, затоа што "нас" значи јас, маж ми и две деца. Никој не е должен да ме трпи па сто пати нека ми е мајка, затоа што мене така ми ќефнало. Имав слична ситуација каде јас полнев фрижидер заедно со мм, а некој изнасаше со торби а не живее тука. Или ќе тргнам нешто во замрзнувач со најава дека го планирам за гости или слично, и дошол "некој" и веќе го нема. Да си дојдам од работа и да немам каде да легнам, затоа што некој ми се плеснал на спална, моја брачна постела што ја делам со маж ми. Ни мајка ми ни брат ми ми легнале на спална, нема ни они. Јас уште помалку на нивните. Покрај сите проблеми што ги имав периодот во кој живеевме заедно, сепак не истрчав кај мајка ми да плачам и да седам по цели денови, туку си го спотнав газот да си направиме наше и моја кучица, моја слободица. Многу обвинувате, и многу 19-вековски ги гледате работите.
     
    На Emy867, martovsko cveke, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    18.079
    Пол:
    Женски
    Море не е дека золви не чинат туку снаите не знаат што сакаат. Живееш во заедница тоа е, ако не сакаш така оди под ќирија, заштеди нешто направи свое. Која е таа логика дека снаата ке е туќинка и дека золвата можела да ја избрка? Во кој век живеете? Па и вие утре ќе бидете нечива снаа, тоа значи дека и таа на колци да ве фати и да ве избрка треба?
    Доколку и вие знате да се однесувате кај родителите ви дома односно со култура и усул и кај вас така ке се однесуваат.
     
    На FallenAngell и eli25 им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Како бе да се најавам кога да одам кај моите, па уште на брат ми да му се најавувам, па и на снаата. Пази да не. Таа куќа е и моја, таму сум израснала и имам право да одам таму кога сакам и да седам колку што сакам. Па и на спиење сум останувала со детето. Нема да ја бркам снаата, ама си имам дел и јас таму.
     
    Последна измена: 22 септември 2018
    На CameliaMiller и nextredstyle им се допаѓа ова.