Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    sto gi mesate rabotite?bratot ima sprat POSEBEN i negovite roditeli POSEBEN sprat..a zolvata koga doaga ne doaga kaj bratot samo doaga kaj NEJZINITE RODITELI i neka prestojuva tamu..ako treba da se kupuva jadenje pienje za njzinite deca toa treba da go pravat nejzinite roditeli a ne bratot...Toa e isto ako ziveat vo edna zgraga so 2 posebni stana vo 1 bratot i snaata a vo drugiot mama i tato taa ako se razvede kaj treba da se vrati kaj bratot ili kaj mama? :?: a toa deka taa ima pravo da si odi kaj mama i tata na gosti nikoj ne go osporuva tuku treba da ima oset kaj spie i jade..ete tolku :|
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Значи ако на вујкото му е мило да им купи на неговите внуци не смее од жена му. Зарем нејзе нема да и биде мило да им купи на своите внуци од сестра/брат. Ама тоа не се важи ако она купи или ако она оди кај своите родеители. Секогаш се криви родителите на сопругот и братот/ сестрата ама секогаш.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Девојчето си само сака своја интима и мир во куќата за општо добро на сите. Што си загазила во инвестиции и се останато сега е прашање дали ти можеш тоа да го издржиш што ти се дешава. Кратко и јасно ,,ќе мораш,, ако сакаш да останеш со тој човек. Е, на тој човек само треба да му објасниш и ставиш до знаење дека сакаш интима во Вашиот дел од куќата која е заедничка инвестиција.
    Можеби и сега на почеток ти се пренапорни тие работи затоа што сте тазе верени и на сите им е мерак, али верувај дека таа бура пред затишје ќе се среди полека, полека. Утре кога и ти ќе имаш дете и кај вас ќе биде гужва а нејзините деца ќе пораснат и нема да сакаат да доаѓаат толку често кај вас. Ќути, има и побетер, да не е мажена е тогаш е жив ѓавол и жива љубомора и себичност. Само неколку год. се во прашање кога се ќе си дојде на свое место.
    Уште во старт издефинирај си ги границите за да подоцна немаш уште поголеми главоболки.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.941
    Пол:
    Женски
    Зашто вака генерализираш?? Сите золви кои не се мажени им љубоморат на снаите?? Бог да чува и да брани.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. milljana

    milljana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ви благодарам на сите за советите, посебно се пронајдов во постот од Енца (за секој збор си во право). Ќе разговарам уште и уште да видам сигурно на што сум, а ако нема чаре, животот ми е побитен отколку цел живот да трпам некого.

    Само да појаснам за сестра му, нејзините деца ги имам прифатено како мои внучиња и тие многу ме сакаат, но таа сето тоа го злоупотребува за само јас да ги чувам, а таа да шета. И со нејзе бев предобра, но само ме користеше како никоја другарка претходно.
     
    На eutixismena, lolyta777 и enca.69 им се допаѓа ова.
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас мислам дека без разлика кои и да се нашите совети за оние кои имаат мака, можам да кажам дека ништо нема да се промени ако ја немаат најбитната подршка,а таа е од нивните мажи... јас секогаш велам дека ако некој се реши да се жени да оформи семејство тогаш тој треба да е спремен да го подржи партнерот, па дури и некогаш да им се спротистави на родителите, а и на сестрата а не секогаш да им се молчи, као демек тие се постари или се право секогаш, а другите ке молчат само...
    и јас имам золва, која е помала некоја година од мене, и кога живеевме на ист спрат оставаше хаос позади себе значи секогаш, имавме една кујна една дневна, а мене тоа ми сметаше ми доага и мене гости, а не само неа, па ајде јас нон стоп ке чистам... ама јас му кажав на моето маже ( си реков тазе дојдена нема да ме послуша) и нормално тој си разговараше со неа, малку се налути таа ама мене воопшто не мие гајле, мораме сите да се прилагодиме еден на друг така? значи пак ке кажам битна е подршката од мажот ;)
     
    На girl.23, enca.69 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    точно така! се сложувам со тебе.
    џабе ти е се` ако мажот не те подржува! мажот те носи дома, мора и да те заштитува (без разлика колку си `јака` сама) :) ;)
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Луѓе, почнаа на темава да се мешаат баби и жаби како што гледам. Милијана во ниту еден момент не рече дека не сака золва и да доаѓа. Колку што можам да забележам, тоа што неговото семејство и прави на милијана личи на провокација и таа тука ни малку не е лошата, таа е искористената странка.

    Милијана, потполно те поддржувам да го следиш советот од енца, по мое тоа е можеби и најпаметното нешто пишано за проблемов конкретно, главата горе и подголтни го горчливиот залак за тоа што твоите го реновирале цел спрат. Парите доаѓаат и одат, нека не те плаши тоа, а твоите родители можеби на почетокот ќе изреагираат лошо, но потоа ќе те разберат.

    Свекрва ми ми раскажуваше за една жена. Кога се мажела, таа била поимотна (ќерка единица) и подарок од татко и била куќа која мажот и ги уценил на фин начин да ја препишат на негово име, демек срамота било на вратата да стои името на жената шо се вика и да го викаат домазет. И женава (тогаш девојка), заљубена до уши во мажот го натерала татко и да направи така. И сега, они се преселиле таму нели, за демек да не седат во заедница, тоа била и самата идеја за нејзино правење.

    И шо прави зетот...си ја носи цела фамилија во таа куќа сосе сестра му пошто поголема и поубава е куќава од лименката кај шо биле начичкани и сите и се настрвуваат на снаата, ја понижуваат во друштво, во нејзино присуство пред сите викаат за татко и „малоумен шо одел по памет од жена (демек од ќерка му)“, абе животов и станува пекол. И во тој пекол таа раѓа две деца (близначиња), па и тие трпат трауми, женава не може да ги одбрани. И невестичево трпи, трае, плаче, не за друго, го изгорела татко и до џигер, цела куќа му лапнал зетот и сега да се враќа назад.

    И од пусти срам трпела, трпела кутрата, а родителите ја гледале дека не и било убаво и и тие ќутеле, татко и одма починал од секирации, мајката покасно, ама ете не можеш ништо во таа ситуација. Золва и се омажила на старост во друг град, свекорот и свекрвата нејзини починале, мажот и исто починал пред 5-6 години од срце и оваа останала сама со близнаците (машко и женско). И шо ако го оправдала и сочувала подарокот од татко и?

    Женава скренала, посебно откако останала сама со децата (ми ја покажа свекрва ми пред некој месец на улица), женава сама со себе збори, плаче, праи муабет со куклине од излог, а викаат дека најгреота се децава нејзини. Комшиите ја слушале како им викала, плачела, ги навредувала по цел ден, а на децава им било страв да ја остават сама да не си направи нешто, а им било жал да ја пикнат во институција, пошо како што они викаат жал им било сепак не била цел живот таква и како мали многу ги бранела од сите. И тие деца се осакатени, сега во најубавите години не можат фамилија да си оформат.

    Значи, нека не ве држи чувството на вина од таквите “влогови“, парите доаѓаат и си одат може да се надокнадат, можеби ќе поминат години но ќе се надокнадат, има други непожелни работи во животот кои не можеш да ги продадеш и пожелни кои нема цена со која можеш да ги купиш.
     
    На Estelle, nena2010 и girl.23 им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Затоа што е така. Додека да свати золвата дека нејзиниот брат е женет и си има фамилија и веќе сестрата не е центар на неговото внимание (не буквално) веќе поминале многу караници и нервози. Таа љубомора се јавува свесно или несвесно
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.941
    Пол:
    Женски
    Бидејки јас сум еднициа, не можам од мое искуство да зборувам, но имам во поблиската фамилија пример дека и тоа како може да се живее убаво со снаа и золва во иста куќа. Братучед ми кога се ожени, сестра му , братучетка ми беше прва година на факултет. Никогаш и ден денес 12 години се во брак немало караница меѓу нив двете а двете беа на ист спрат. Немаше посебни спратови , напротив соба до соба беа. Исто и јас многу често одев кај нив, бидејки ми рдоија прво внуче и никогаш немало тензија, ни од моја страна а и јас не бев мажена и сеуште не сум. И јас бидејки си го осеќам братучедите како брат и сестра, со снаа ми имам прекрасен однос, и си ја осеќам како најблиска. Затоа реков дека нетреба да се герелизира.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Затоа реков дека нетреба да се герелизира.


    Е јас затоа и пишав дека има и побетер.
     
  12. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Вака сега....решив ова да го споделам со вас и се надевам дека ќе прочитам позитивни совети од вас и дека ќе ми помогнете.....Инаку, за оваа тема има стварно мнооогу што да се каже, односно имам толку многу што да кажам, бидејќи имам доста лошо искуство со мојата -золва- (сеуште неофицијална), ама ќе се потрудам во кратки црти да објаснам кој е мојот проблем.

    Со дечко ми сме заедно во врска скоро 3 години, живееме заедно околу година и повеќе, размислуваме веќе за веридба и ит.н. да не должам многу :) .

    На почетокот на врската, сестра му се правеше дека и многу мило што сме заедно, дека конечно братот нејзин си доби девојка каква што заслужува и слично, меѓутоа, со тек на време се се смени за 360степени.....на почетокот си мислев дека не е ништо сериозно, дека мене нешто ми се причинува, но од ден на ден односите се заладуваа, а од друга страна врската моја функционираше беспрекорно. Изгледа тука бечше нејзината слаба точка (ако може така да се каже), не беше веќе центар на вниманието, т.е. мислеше ддека не добива доволно внимание од брат и. Па така, почна да измислува муабети за мене, да ме оцрнува пред очите на брат и, колку пати наоѓав пораки од типѕ.... немој да брзаш со неа, од кај знаеш дека е баш таа правата за тебе....и сл. и повеќе нормално дека јас не можев да ја гледам со исти очи, затоа што се осеќав како некој на кој му е злоупотребена довербата од својата другарка, бидејќи ние бевме во доста добри другарски односи со неа, пред да стапам во врска со брат и. Почна да ме ми прави муабет, а на сите страни ме оговараше, почна да изведува бесни глисти и со брат и, како денес му правам муабет, а утре не......а сето тоа тој го поденсуваше доста тешко, но никогаш во тој период не покажуваше слабост за оваа новонастаната ситуација. се трудеше и неа да и погоди, а и мене...значи буквално разделен на два дела....Не споменав претходно, дека тие двајца се толку различни, како да не се брат и сестра.......

    Она што мене ми пречеше, а и ден денес ме иритира е фактот дека тој знае каква е размазена, разгалена сестра му, а на секој начин сака да и угоди, како да се плаши пак да не дојде до сукоб као тогаш (сега односите се стабилизирани, помина доста време оттогаш, сега пак нешто пробува и со мене да изиграва -добра вила-, доаѓа во ск на гости, што значи дека средбите наши се неизбежни, секогаш сака да претстави колку брат и се грижи за неа, си прави некои нејзини филозофии а со самото тоа изнесува еден куп невистни, мислејќи дека можда и верувам...значи, ова е друг момент, таа многу лаже...за се едно нешто, сакајќи да владее со ситуацијата....

    Таа тогаш имаше дечко, но очигледно не и беше врската како што треба, па затоа беше, а и ден денес е лудо љубоморна (само сега поумеШно го крие тоа, сега го вика нагалена со разни имиња брат и, а тогаш го навредуваше со разни погрдни имиња, како на шала, а всушност .....од бес попрво не знаеше што да напрви) на нас двајцата, затоа што имаме одлична врска.

    Јас преку стресови што ги помива со неа (овде накратко колку што можев објаснив некои работи, но се разбира дека таа не е целокупната слика), но можам на неа да гледам како ништо а не било, дури сметам дека претерано размислувам за неа, како да и вратам на некој начин за се што ми направи......(иако тоа не е карактеристочно за мене, јас по природа не сум конфликтна личност воопшто), меѓутоа таа ги премина сите граници и преку тоа лесно не можам да поминам и да се правам како ништо да не било...во еждна прилика мајка му на децко ми, насамо се најдовме со неа па ми кажа дека треба да се трудиме да бидеме како порано, доколку ние двете го сакаме него.....јас со неа можам само формално да комуницирам, чисто од култура кога доаѓа на поседок кај нас.....а дечко ми ми вика, дека морам да ја прифатам, дека сето тоа што било поминало, таа е сменета, дека ако сакам да имам мирен живот треба да ја прифатам, ајас тоа сеуште не го можам, не можам да се изборам на некој начин самата со себе.... покрај тоа што доаѓа на готи, си зема толкава слобода, исто како да е дома кај нив, па носи некои друштва со неа, различни секој ден, како да сме должни ние да пречекуваме секој ден нејзини гости, едноставно немаш мир кога е присутна тука (барем ја)....не можеш да викнеш некои твои пријатели, затоа што таа секој ден има по некоја организација дома, како што кажав и претходно.....Јас знам дека ние официјално не сме во брак, дека таа му е сестра , но за се си има граници.....треба за се да се има осет.....таа и да направи нешто позитвно, јас се нервирам....бидејќи веќе ја научив каква е .....

    Би сакала да слушнам ваши мислења за оваа ситуација, некој совет и слично....

    Однапред благодарам!
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Малку ситуацијава ми е нејасна, ама за тоа што го согледувам:

    1 - Не знам колку години има сестра му, ако е некоја помлада, можеби тоа и` се минливи периоди, ја прифаќаат некои фрустрации, уште не е созреана, не размислува како што треба, си лета со умот, па не знае што прави, прави неразумни потези, апсолутно несвесна за ситуацијата која ви ја причинува. Но, не знали дека така ќе остане. Можно е навистина човек да се мени, а така и таа. Можеби на крајот согледала се`, па колку толку се менала на подобро. Нели, луѓе сме, треба и да си опростуваме. Но, сепак мораш да имаш доза на резерва, бидејќи можеби само фолира сега, се прави демек добра е. Со таквите треба секогаш да си на штрек.

    2 - Иако со брат и` се различни, но сепак му е сестра и можна е извесна љубомора, дека нема да биде повеќе како што било, дека во неговиот живот влегла нова жена. Тука потребни се мајка им и дечко ти, да ја посоветуваат дека таков е животот, дека и таа утре ќе си најде некој и ќе сака да е среќна со него, дека брат и уште и останува брат, љубовта не се намалила, но дека треба да си ги знае границите, и најбитното: со тоа што тебе ти прави лошо, си му прави лошо на самиот брат.

    3 - Треба да си многу претпазлива со дечко ти, бидејќи никој од нашиве мажи не трпи конструктивни замерки. Не смееш пола збор да речиш! Затоа, внимателно, објаснувај му на дечко ти, дека сестра му ја сакаш и почитуваш, дека секогаш е добредојдена кај вас, дека за се` си тука за неа, а истото важи и за него, но дека мора малку да се прибери, да внимава на своите постапки и зборови.

    4 - Гледај прво потсреди си ги овие работи, па потоа планирај за веридба и мажење, зошто тогаш ти нема бегање, па може уште полошо да ти биде!

    Поздрав
     
    На Glory.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Глори, јас имам само еден совет-не се замарај ;). Знам дека сега ти звучи тоа невозможно, ама ќе сфатиш еден ден дека тоа ти е единствениот лек, па затоа послушај совет од паталец. И мене исто ми кажувале, ама јас жива се јадев оти така реагирам на неправди, па после години и години стресови, сфатив дека биле во право. Золва ми на пр. е постара од маж ми, има дечко со кој е 100 години и не се земаат, нити живеат заедно, а не ми личи ни дека имаат планови за нешто такво. Кога јас се појавив во животот на маж ми прво се однесуваше како да ми е другарка, ми идеше на гости и седеше со саати (буквално, не преуваличувам) и јас се трудев да и правам муабет (затоа што со неа е тешко да разговараш, искрено, малку теми има за разговор, освен козметика и продавници) и беше ОК. После маж ми (тогаш дечко) прво ми кажа дека му се лутела што ја откачил претходната девојка заради мене, потоа почна да му зборува „Леле што се и дозволуваш, блазе си и“ (тоа затоа што сум излегла со колеги на пр. или сум била на кафе со било кој), јас не ни барав дозвола де, ама почна и тој да си прави филмови колку бил супер што не ми правел сцени ако излезам :^) , па кога стана сериозна работава, посебно откако се земавме, тоа беа сцени секој божји ден од нејзина страна, со плачење, трескање од земја за настани од типот кога седнала со нас на маса, не сум ја прашала како е :x (А бе да не му се верува на човек) или плачки зошто сум рекла дека населбата каде што живеат е стара (за ова 3 дена плачеше, сум ја навредила) и јас пукнав. Јас трудна, таа еднаш не ме праша како сум, ама јас ако не ја прашам, сцени од пеколот. Маж ми ја бранеше дека била осетлива (јас би рекла себична). Потоа муабети како таа го испраќала брат и :fubar: секој ден до врата кога одел на работа и го бакнувала, а потоа следува констатација „Ти викав уживај дури те тинтрам, мислиш жена ти така ќе прави за тебе“ ... хорор. И уште не сфаќаат што зборуваат. Или па сфаќаат, ама па намерно го прават тоа... веќе не ми е ни гајле. Таа не се смени нешто многу, се сменив јас. Прво, само на дистанца! Културно, пристојно и на дистанца. Потоа, ич не и се замарам што рекла. Порано кога се трескаше и плачеше ја прашував што е работата и сл, сега како ништо да не се случува, потоа, сфатив дека на маж ми што и да му кажам, сестра му ја доживува како пречувствителна, греота, итн па и него го баталив на таа тема. Па тие ја тинтрале така 35 години пред да се појавам јас, сега да не се сменат?
    И затоа злато, гледај вас да ви е убаво, неа не ја констратирај, ама биди пристојна и културна со неа и уживај си во животот.
    Good luck! ;)
     
    На Glory.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Zenski, pred se FALA VI MNOGU sto odvoivte vreme i pisavte za mojot problem...mnogu se izraduvav koga vidov deka ste odgovorile :).

    Inaku, so -zolva mi- sme generacija, ne e mala ili dete da kazes.....

    A toa sto vikate deka treba da si uzivam i da go gledam decko mi, stvarno e taka, samo sto na momenti mi e mnogu tesko da se izboram so samata sebe koga mi teknuvaat nekoi nejzini gluposti od porano, a na decko mi ne mozam da se pozalam, zasto toj smeta deka seto toa e zavrsena rabota, deka taa e smeneta i od toa moze da izbie strasna kavga, zasto jas mnogu se nerviram, a i znam deka -malata :) e strasna glumica, ne moze nekoj preku nok da se promeni ili sl. Isto taka, se nervirav porano koga decko mi vikase deka taa e vo pozagrozena situacija od mene, vo smisla na toa deka nie sme se oddelile od nea, zasto mnogu vreme pominuvavme zaedno, znaci imavme intenzivna vrska uste od samiot start, a mene ne mi e jasno kako moze taa da e vo pozagrozena situacija koga mu e sestra, znaci sto i da se sluci, taa mu e sestra, a nie fino lepo moze da raskineme i da ne nide nisto od nas, najprosto kazano?????????? znaci, osekam kako ja brani pred mene, kako da ne mu e dovolno toa sto go pravese, sto od raznite muabeti mozese nisto da ne bide od nas i.t.n. ama neli se familja i toa e osetlivo prasanje......

    Pozdrav i uste ednas fala vi epten :* :) !
     
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Тоа е денес лошото што 90% од мажите или не сакаат да станат да живеат сами или пак се заслепени во жената што друго ништо не ги интересира. Се додека не се најде една граница тука неможе да има мир и спокој. Ете и јас ви постирав проблем па поголем дел од вас ме нападнавте што и логично гледано од аспект на снаа. Луѓе па видете не можи некоја вчера дојдена цел ред да го меша мора да се прилагоди на тоа. Сигурно кога се мажите одите кај дечковците и ги гледате условите колку члена дома има како живеат итн. Никој не ве тера со сила да се мажите ама се правдате љубовта и незнам што. Е затоа понатаму се јавуваат не убави работи па золвите криви и свекрвите па и не знам што. Си кажувам сега од мој аспект. Како и снаата што треба да се прилагоди така и сите треба на неа да се прилагодат. Ама кога ќе почни да се чепкаат семејните работи и планови е тука е лошо. Никој не може да го нарушува мирот и спокојот на некој ама кога се толку луѓе се знае дека сите на некаков начин ќе си сметаат. Кога се нема финансии и услови ќе мора да се трпи. Ете и на различни спратови да сте пак вас на снаиве не ви се погодува. Бог да чува! Па таа муе сестра што не треба да доаѓа воопшто? Не знам што да ви речам многу невоспитаност и дрскост. Тој е осетот иди во куќа на мајка и татко е нормално е да се чувствува слободно е сега дека ви се запоседнала на спратот тоа не можиме да тврдиме оти ја слушаме само вашата приказна. Од неколку пати доаѓање на гости тоа не мора да значи дека готово вие немате мир и интимност. А тоа со блаконот може да го решите со тек на време долу се прави ако не балкон. И денес како гледате дека се мора да биди за машкото дете. Ова не сме 5 век пред нашата ера. Кога ќе паднат старите можи ќе трча снаата да ги гледа се знај кој оди по нив ќерката само. Затоа снаи малку спуштете ја топката и симнете се на земја. Не е само да напаѓате туку погледнетеја реаланата слика.
     
  17. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Milicka, vo tvojot odgovor, ne naidov na nekoe konkretno mislenje za mojot "problem" (ako moze taka da se narece), megutoa onoj del kade sto vikas deka mu e sestra i moze da doaga, DA, JAS SO TOA APSOLUTNO SE SOGLASUVAM, no ne se soglasuvam so toa koga nekoj ke dojde na gosti, ne moze da pravi se kako sto ke mu tekne.....da ti go rusi mirot,sekoj den nekoj nov ti se seta po doma, pa [posle toa da cistis i po nejzinite gosti i eden kup takvi banalni situacii, ne sakam sega da dolzam....e toa e toa sto stavra tenzii, a nikoj ne rece deka ne moze da doaga, zatoa sto i jas imam i brat i znam sto e setrinska ljubov, ama cista, a ne pola so posesivna ljubomora..... a za snaite, izvini ama ne ti e bas namesto terminot pogore "od vcera dojdeni"......zatoa sto, tie se zenite so koi ("brakata" vo slucajot) ke formiraat semejstvo, tie se zenite koi gi izbral nekoj zatoa sto gi saka, tie se zenite koi ke im rodat deca, a ima li nesto posveto od toa?! E taa e taa realna slika za koja zboruvas pogore.....Pozdrav!
     
    На scarlet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ако има взаемно разбирање и почитување меѓу сите членови на семејството ќе нема никакви проблеми.
    Но за жал, сенекој не почитува, понижува или нема разбирање, па напротив намерно провоцира.....и нормално дека некоја страна ќе страда...
     
    На Glory.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Не е во погрешна смисла тоа кажано вчера дојдени туку од аспект на тоа што секое семејство или куќа имам некаков ред и живее така. Е сега доаѓаш во тоа семејство и треба да се прилагодиш спрема нивните правила дома. Кај тебе ете можеби така не се правело дома или било како ама сега се прави и за да го зачуваш ти тој мир и спокој треба да се прилагодиш на ситуацијата. А исто и тие на тебе да те прифатат како нивни член и да се прилагодуваат на тебе, да примат некои нови нешта да научат и тие, не мора да значи ако си млада дека немаш поим од ништо. Е тоа е тоа кажанато така. Залудно е да се обидуваш да смениш карактер на човек тоа нема шанси. А за сестра му со гостите еве како и да правиш неможеш да го смениш тоа. Ете има такви луѓе, така го тераат животот. Без осет. Јас да сум така со брат ми ќе му кажам отворено одиме на работа секој ден гости не има време за гости па ако сакак нека се лути нека скока до небо. Е тоа со почитувањето тие на место. Лично еве јас за се сум погрешно сфатена од страна на снаа ми. Се ја вреѓа и ја нервира. Ама не е крива таа крив е брат ми. Немој така да зборуваш тоа демек и за женава моја важи? Значи обичен банален разговор си го препишува на неа. Некогаш ќе му речам ако сакав нешто да кажам за неа ќе и се обратев неа. И ете одма нервоза. Можеби јас ќе бидам бетар како што иди времево не знам. Тоа сакав да кажам дел сме од нешто што сите го знаеме како е а не се обидуваме да го смениме. Нема ни почит ни кон свекрва ни ништо за золви и јатрви да не правиме маубет. Сите ја гледаат сверквата како кошмар. Золвата или јатрвата како најголем непријател. А се е заради таа пуста љубомора не само од едната страна од двете. Е сега мајка ми е дојдена во ситуација да не може да ми купи нешто за лична употреба што ми треба одма има лутење. А дали има жената пари никој не го прашува тоа. Да не е вработена снаата ај ама ова не знам веќе некогаш и не се трпи. Јас како што иди ќе неможам да дојдам со мајка ми да се видам. Ќе и сметам на снаа ми. Па од таа страна гледано и золва ти ќе си го помисли можи тоа. Е сега што е без осет таа не е крива туку се и родителите криви што ја разгалиле толлку и што никој не и вели. Ти само можеш да се најдеш кривата и во непријатна ситуација. Затоа вратата на клуч или излегувај некаде одете на гости и вие со знам пополнувај го времето и ќе се сети можи ќе намали со идењето што знам.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Потполно се согласувам милицка со тебе и тоа е точно што викаш дека и родителите се криви за тоа....Тие ја имаат разгалено не знаеш колку, дури им е страв да и се спротивстават за еден куп работи, како ќе каже таа така мора да биде....нема никаква почит кон нив, се однесува некултурно и што ли уште не.....со неа никогаш не си на начисто, не знаеш што може во наредната секунда да и текне и како ќе изреагира (тоа што викаш за снаата) обичен банален разговор си го препишува за неа, па сега секој треба да пази таа да се навреди, да не сфати погрешно и сл. Јас таа ситуација не можам да ја поднесам.....

    Исто така, не ја оправдуваам твојата снаа за нејзините постапки, затоа што за се во животот се има граница, штета што нејзините родители, а и родителите на мојата золва, значи будучи :) свекор и свекрва:), не успеале во воспитувањето на нивните деца, затоа што дозволиле и сеуште дозволуваат да им се качуваат на глава и оваа "малата" да ги манипулира како што сака, немаат сила да и се спротивстават...е тоа е жално.....да се надеваме дека ќе намали со идење зашто немам веќе нерви за трошење :). Поздрав!