Од кај знаете дека на членката што праша пред неколку страни золва и ненајавено доаѓа? Јас такво нешто не прочитав
Ааа извини, јас само кажувам дека снаата е единствената што се менува, што немора да значи дека е старо и заостанато. Посекако снаата од еден режим иде у друг. Единствено ако не си земе домазет.
Снаата нее робинка па некој на ред да ја учи па поготово золва. Снаата ќе им чисти ручек ќе им прави ќе им изиграва слуга они на ред да ја учат а? Зашто зашто е туѓинка? Ма ајде молим ти се.
Има една случка,вака едни луѓе викаа за снаата а ќерката си ја омажија и се удираа во гради за тоа и ја понижуваа снаата. И погоди кој ја научи вратата?
Јас мислам дека со вакво размислување ти жена нема да најдеш како прво, така да снаа нема ни да имаш. Ако си озбилен за ова што го збориш само будала би те земала тебе.
На една комшика и почина синот, таа го препиша спратот на снаата и сега снаата живее со новиот дечко во него.
@nextredstyle те имам читано низ темите и ок јасно ми е дека тоа е твое размислување. Меѓутоа по твојата логика дека золвата е незаменлива, морам да те потсетам дека и таа золва е снаа некаде па се надевам дека истото важи и за неа. Исто така дека и ти ќе бидеш снаа некогаш некаде, па истото важи и за тебе. Обично снаите се туѓинки се до моментот кога старите ќе западнат, тогаш истите тие ќерки што рипаат магично изчезнуваат па грижата околу старите останува на истаа таа туѓинка - снаата. По смртта на старите, кога ќе дојде ред да се дели имот истите тие ќерки пак трчаат со муабети ова е мое, јас имам дел и мене ме следува. Мислам сериозно луѓе ви се молам, муабетите од типот ќе правам што сакам, имам дел и јас, куќата е од моите родители и сл. ми се исто детски и незрели. Сериозно не очекував да прочитам вакви мислења од возрасни луѓе во брак кои би требале да се далеку поразумни. Инаку не сум мажена ама не би сакала да живеам во заедница, не сум навикната и не можам да функционирам кога има повеќе луѓе. Ама човек не знае никогаш каде ќе го однесе животот, утре можеби од X причини ќе треба и јас да живеам некој период во заедница. Муабетот ми е дека меѓу возрасни луѓе секогаш треба да има осет, почит и рзбирање. Доколку вашите родители живеат сами тогаш океј е, мада јас преферирам да се најавувам кога мислам некаде да појдам на гости чисто ради култура и почит спрема домаќините. Ама ако вашите родители се во заедница со брат, снаа па и внуци стварно постојано дремење таму без никаков осет и ред стварно е премногу, безразлика што е таа куќа на вашите родители или и вие имате дел таму. Зошто и сами читаме кога е обратна ситуацијата, ние во заедница золвата секојдневно тука нормално дека си пречиме едни на други.
@Black girl различни луѓе, различни ситуации. Се имам изјаснето на оваа тема, иако сметам дека пршањето е премногу лично. Мајка ми не е жива, татко ми не заслужува ништо, можеби ќе му помагам ама се имам изјаснето дека нема да барам ништо и никаков имот од него.
Тоа си е твое. Ама немој да зборуваш дека сите ќерки исчезнуваат ако западнат старите. И плус грижата и помошта за родителите треба да биде цело време, а не само кога ќе западнат. Може па воопшто нема да западнат. Млади луѓе со вакви размислувања ко твоето е жално навистина.
Кога како золви си имате дел што е нормално и си одите кога сакате кај родителите затоа што ви е дом исто како на братви, тогаш не се понашајте како гости снаата да ви вари кафе или да ви прави ручек. Дома не е само кога се оди кога се сака и за уживање а кога треба да се направи нешто гостинки да изигравате. Дома си одам кога сакам и колку сакам, моите живеат посебно. Често ме викаат кај нив браќата/снаите и им помагам ако е за ручек вечера барем раскревам ако не друго или околу децата. Исто се понашам каде и да ме викнат не сакам некој да ме служи и да ми седи на нога.
А што замислувате вие, снаата е најдена на улица па дошла кај вас и ќе се иживувате со неа? Таа го одбрала животот со синот, а не старите да ја учат на некаков ред. Дошла золвата кај мајка и ок, ќе доаѓа мајка и е нормално. Сега нормално со осет, не секој божји ден па и децата да и ги тупне на снаата постојано. Или снаата е робинка, ќе им прави ручеци и пречеци а тие ќе уживаат. Незнам како ги замислувате работите, секој си има свој живот и проблеми. Секој сака малку мир... Или ако е снаа и готово, таа мора секогаш се да прави како на вас ви одговара...
Епа тоа е проблемот , сакаат да одат и гзот да не го мрднат од фотелја или кревет, снаата да ги служи, оти нели на гости се, а од друга страна газдарици се, тоа е куќа од мама и тато,снашката може кај нејзините дома да кажува. Додека снаиве, доаѓаат и готово золвата не смее да има пристап, снашката е главна фацка по фома. Нејзините деца се внуци од прв ред, другиве од најпоследен, старите не смеат да помагаат на ќерката ,не смеат да и чуваат деца,не смеат да даваат пари... Накратко, вакви ситуации се најзастапени во мак.семејства каде има стаи и золви Балкан,тоа то е.......
Значи снаите троа глупички се ако им опслужуваат на золвите, кои се дома. Па ако не сакате да прајте кафе, што изигравате атер моми па после душата си ја јадете?