Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Бреее, абе снаите им се утепаа од готвење на золвите. За греотка се. Еве мене снаата никогаш не ми готвела, ни пак очекувам такво нешто,па не ме ни гоштевала на нозе да ми стои. Јас не знам кај ги наоѓате тие примери каде што снаата настојува, тоа може било порано во времето на бабите наши, ама во мое опкружување снаите не им готват ни на свекор ни на свекрва, па камоли на золва.
     
    На lost123, Asparagus и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка што и готви на золвата, свекрвата, деверот и тоа по нарачка, ова јадам, ова не јадам, вака напрај, така напрај. Има секакви случаи во Македонијава.
    Тоа што не го гледате, не значи дека негде не се случува.

    За мир и спокој, осет треба да имаат двете страни. Во никој случај, не смее некој да си дозволи да ја нарече снаата туѓинка. Ограничено и просто е. И снаата не треба да се дрзнува да брои кој кога дошол и колку седел. По мое мислење, сите проблеми меѓу снаи, золви, свекрви искачаат од мажите. Он ако е паметен маж нема да дозволи нит некој жена му туѓинка да ја нарекува, нит сестра му душкало.
     
    На IAmPresident, FallenAngell, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Ама зошто тоа го прават?
    Карактерно слабо стојат, или?
    Па не знам кој да е не може ништо со сила да ме натера, не знам зошто така дозволувате?!

    Ах, да, баш братот НЕМА право да кажува кога сестра му да доаѓа, колку што е негово, толку е и нејзино.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Зошто го дозволува тоа, не знам. Ваљда мисли дека поприфатена ќе биде така или што знам.. Ни ја не го разбирам тоа, ама колку да збориш, џабе е, она мисли дека така треба и тоа е тоа. Нејзин живот, да се мешам нит сакам, нит смеам.

    Па баш дека нема право братот право да кажува кога смее да доаѓа сестра му. Таа куќа е куќа кај што израснале и двајцата имаат еднакви прави. Не е само на золвата и не постои само нејзин дел. Снајката е дел од брат и, и колку има едната право, толку има и другата. Јас барем така гледам.
     
    На IAmPresident му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Точно.
    Но ако братов ни соба плус нема направено и некогашната детска соба што ја делел со сестра му, сега му е спална за со жена му, имаат една дневна и кујна со старите и едно ВЦ, треба и тој и жената негова да си стават во глава дека веројатно сите ќе им сметаат, зошто пример може золвата и мајка и' ќе се договорат бабава да ги чува децата, значи секој ден ќе има "туѓи" деца дома.

    Ако не им чини така нека си бараат чаре, а не золвата да се устручава во односот со сопствените родители ради мирот на снашка.

    Чак што више, секогаш можат и со нејзините родители да живеат, за да не им сметаат проклетиите од машка страна ;)

    И НИКОГАШ снаата нема да им биде помила на свекорот и свекрвата од родената ќерка. И ќе ја газат снаата ради ќерката. Зошто своето дете се сака најмногу, и тоа е нормално.
     
    На baby-star, Paka, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    ^ За жал, голем број на мажи во Македонија не се одлучуваат да се тргнат од фустанот на златна мајка, па наместо да одат под кирија додека напраат нешто свое, се крцкаат у 30 квадрата рецимо, и настануваат вакви проблеми.

    Лично јас, за да не го тупам без да си кажам, живеам со партнерот, настрана од моите и неговите. Никој не ни дал, никој не ни оставил и најарно ми е.
    Само кога би се свестиле жените дека не мора да робуваат на луѓе кои мислат дека се туѓинки.
     
    На CameliaMiller, Harper и Dentina им се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    И пак ќе пишам, снаата е онаа што се менува у куќата, било како било.
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Океј, ајде да речеме дека снаата е онаа што се менува у куќата. Ќе сакаш ли да ми објасниш зошто мислиш така? По кој фактор снаата треба да се смени, затоа што е дојденец во куќата? Дали ако живет настрана од страните, пак снајка треба да се мењава и учи правила?
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.520
    Aleksandre, se nadevam deka snaati nema da znae borecki veshtini, a ni sin ti, inache ti e.aa mater.
     
    На st2007 и flower30 им се допаѓа ова.
  10. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ufff ima i eden kup primeri po novini roditeli kako se otkazuvaat od sopstveni deca ama ne drzete se do toa deka samo snaite se menuvaat :)
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Aleksandar1212, сериозно, која ти е поентата на муабетот? Невестата се менува, мама и тато остануваат за навек. Ова звучи како мото на секое балканско мамино синче.

    Најискрено, за твое добро, се надевам дека тролаш.
     
    На crimson, vitamina, Belgin1 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.443
    Пол:
    Женски
    у денешно време ретко која снаа иде дома кај некој. Се под кирии се или многу често оди мажот кај жената јер тоа свекрвче и золвиче многу знае да пљампа
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Исто и ние сами правиме куќа, а неговиот брат си живее посебно со жена му, во друга куќа, сестра ми е мала, нема реално кому да сметаме, ама еве една проста ситуација.

    Можам уште вечерва да се уселам кај дм. Утре да речеме, јатрвата ќе сака да ги донесе децата и да ги остави кај баба им.

    Мене ќе ми смета, ама тие деца и' се внуци, не можам да очекувам мене повеќе да ме почитува или сака.


    Не е нормално да те газат и да ќутиш зашто си "туѓинка", ама и малку прст на чело дека колку и да сакаш и колку и да си добра, золвата ќе биде посакана и подобра од тебе и тоа е тоа.

    Свои правила само во своја куќа.

    Пошто ни кога живееме со нашите родители не сме ние тие кои поставуваат правила, туку родителите.

    @Dust може да му скокаат колку сакаат на Алек, ама вистина е тоа :)
    Маж/жена е заменлива работа, колку и да се маваме од земја за вечна љубов :)
    Поголеми се шансите да смениш маж, од тоа да "смениш" дете или мајка пример.
     
    На LejlaD, NarCis@, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.995
    Пол:
    Женски
    Сите сме заменливи Ками:D
    Дете нема да смениш, родители ич.. браќа/сестри исто така.
    Во време на разводи, менувањето не е непознато.. денес си сопруга ама утре не си..
    Кој знае животов што ни носи.
     
    На Paka, LejlaD, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.443
    Пол:
    Женски
    точно така. Ама тоа не им дава право да се изживљаваат.
     
    На LejlaD, NarCis@ и Dust им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Невестата треба да си се избори за свое место и почит.
    Секако, малку налудничаво е да очекува дека цела фамилија на неа ќе се навикне, а ако се изживљаваат буквално, и не може да се разбере, со маж под рака и барај чаре.

    На форумов прочитав како една се жали дека золва и' не сакала да се мажи и и' сметало тоа. Мислам дај. Уби се.
     
    На An-na и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Само јас ли друго разбрав :^) сакаш да кажеш дека откако ќе дојде снаа во куќата, таа ги менува работите? Или таа се менува? Оти реално да правиме муабет, откако ќе влезе снаа в куќи, работите сакале нејќеле се мемуваат :)
    Јас, на пример, не се сменив откако станав снаа.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.443
    Пол:
    Женски
    невестата не треба апсолутно за ништо да се избори ако се има човечки однос. Се мажи. не оди во борба за престол.
     
    На snegulkata, KeBideLi, ane.bella и 11 други им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    На темава и те како имам што да кажам и како се третира снаа и односот золва снаа и љубомората што може да направи.
    Ама веќе ми дојде крајот во кралската куќа и не би да се полнам со нервоза и гнев.
     
    На LejlaD, eli25, S.J.Parker и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Абе и меѓу децата има борба за внимание од родителите, нормално е.
    Човечки однос за секого е различно, па затоа не можеме да очекуваме другите да знаат што ние мислиме дека треба да прават.

    На пример, јас кога имам проблем не сакам со никого за тоа да зборам, мајка ми веќе знае па не ме ни прашува, и за мене тоа што не ме гњави е човечки однос.
    Свекрва ми може ќе настојува да разговарам со неа, не од лоша намера, туку зошто ете може навистина се грижи и сака да помогне или да ислуша.
    За неа е тоа човечки и грижлив однос, за мене е малтретирање.

    Или ќе се "изборам" и ќе ја научам да не ме прашува, или ќе седнам со мајка, сестра, другарка, на Фемина и ќе квачам како е љубопитна, отров, се' сака да знае...

    До мене е. :)

    Може и таа очекува кога е скисната јас да ја прашам што и' е, само што, јас ниту ќе прашам, ниту ќе се потрудам да дознаам ако сама не ми се обрати.
    За мене е тоа сосема океј, а таа може да сфати дека јас не сакам да прашувам и сметам дека треба да разговарам за нејзин проблем само ако таа ми се обрати, а може и да седне и да квачи како снаата не ја погледнува и не и' е гајле за неа.

    Перцепција на човечки однос е различна за секого, и кога си еден нов меѓу 3-4 кои веќе имаат некаква динамика на живеење воспоставено, факт е дека товарот на привикнување паѓа на тебе.
     
    На An-na, LejlaD и Dentina им се допаѓа ова.