@buba4e89 togas zosto se najde zasegnata od mojot komentar??? Moeto mislenje e povrzano so site onie mamini princezi koi toa go pravat sose deca. A veruvaj mi gi ima dovolno sto gi poznavam i mislam na kisnenje od nedela dve ne na dva dena. E tie se tie sto sakaat da bidat vo centar paznja postojano. Inaku konkretno vo mojot slucaj nemalo renoviranje sobi za svadba. Koga se gradese ne pravea detski sobi. A gi ima poveke od dovolno. Krienka da igras. A za nenajavenovo zavisi od situacija i prostor konkretno. Znam licnosti so ziveat vo dve sobi plus bebinja togas ne e ok nenajaveno pa i podolg period. Mislam deka ke me razberes sto sakam da dolovam.
Никој не одговори на моето прашање: Дали кога ќе се омажите и добиете имот од свекорот и свекрвата пример стан за да живеете посебно и одеднаш свекрвата почне секој ден да ви доаѓа во 17ч и си поседува фино лепо неколку саати и така секој божји ден без најава без ништо или си доаѓате од работа а таа си дошла кај вас и си седи па уште замислете и фамилијарно да си доаѓа со ваши девери золви и си седат си јадат и пијат кај вас секој ден а уште и сплетки прават, дали и тогаш ви е сеедно и сте вака толерантни бидејќи ете жената си доаѓа на нејзино а и башка кај синот, ете може и таа неможе без да си го види детето еден ден како што вие неможете без да ги гледате родителите секој ден. Како постапувате во таква ситуација. А и како успевате вие жени кој секој ден одите кај мајка ви по неколку саати, зарем немате обврски дома, ручек за мажот кога ќе дојде од рабпта, па да го пречекате, перење, чистење, пазарење, како успевате? Друга работа зарем навистина се борите да земете една соба од куќата кај вашите родители само затоа што ве следува. Па поголема мизерија од тоа нема, брат ми да се стиска а јас собата да му ја земам или без разлика и поголем простор да е јас ќе одам и како чир таму ќе им седам. Луѓе имајте малку осет и не го правете тоа што несакате и вас да ви го прават. Сите се силите тука ама факт е дека има многу золви што се мешаат каде што не им е место па и уште здружени со мајкиве против снаите и оговарање колку сакаш. Јас како золва и велам на мајка ми дека не ме интересира какви проблеми има со снаата туку ми е битно како се однесува кон мене. Нема јас што да делам совети и да се мешам бидејќи моите кога ќе ги нема јас сакам да продоам да живеам со брат ми и да си бидеме потпора во животот бидејќи никогаш незнаеме што ни носи животот.
Јас пак како единица, ем стан си добив ем не се силам Ова болдов ми забоде очи. Не можеш да не ставиш сите во ист ќош бидејќи му немаш влезено дома и не му знаеш каква му е ситуацијата. Не сите имаат браќа и сестри и од двете страни, па на некои им се може. Никој не се сили, само си мислиш така.
Погрешно се изразив, мислев на сите што тука се силат а не дека сите се силат. Сепак не добив одговор на прашањето мое а беше конкретно. Ајде кога веќе ти искомементира кажи ми како би постапила во ситуацијата што ја наведов. Башка ти си единица и како таква немаш на кого да пречиш. Тука стануваше збор за золви и снаи а во дадената ситуација ти не си золва. Ама како снаа можеш да искомемтираш како би ти било така да ти прават. Можеби ете откај сопругот имаш браќа сестри.
Срц не сум мажена, дм нема ни браќа ни сестри. Не знам ни дали дм ќе ми биде маж бидејќи не сакам да се мажам, затоа не можам да ти одговорам. Муабетот го почна членката за идењето по дома и киснење, некои сметаат дека не е во ред, некои сметаат дека е.
Кај тебе е сосема поинаква ситуацијата и немаш на кого да сметаш. Ја исчитав целата дискусија и јас сум против тоа киснење секој ден кај родителите. Јас за себе си кажувам дека и откако ќе дојдам од работа имам уште еден куп обврски. И кога сум била слободна не сум сакала да киснам. На крај краева едвај чекам дома да дојдам и да одморам, да се напијам кафе со сопругот, да си ги видам децата. Тие што секој ден одат кај мајките очигледно имаат пеоблеми и така им е полесно или живеат со свекрви па бегаат од дома или незнам уште што... тие си знаат бидејќи не сум една од нив не би можела да претпоставам. Друга работа како што жената сака да оди кај родителите замислете и мажот се запне дека и тој сака кај неговите. Тогаш зошто се делеле, нека си живеат во заедница сите на купче .
@Elena1001 кога го зедовме станот, јас бев таа што трчаше за се што беше потребно. Од моментот кога беше во изградба до крај. 100 болести добив од тегнење тешки ствари, од расправање со мајстори, од “машки” работи, од се! Мајка ми работи многу тешка работа и од неа не очекував ништо, и не сакав да се малтретира дополнително, а брат ми, додека јас трчав се да средам, тој шеташе и трошеше пари кои ни требаа, одеше по одмори и викенди и ништо не си ускрати, додека јас се си скратив за тој стан, и ден денеска за да смени една сијалица треба да му се качиш над глава и со месеци да му тумкаш. Ете зошто пола стан ќе оди на мое име. Оти не рече ниту фала на крај што сега живее во достоинствен дом. Среќен треба да е што и пола ќе добие оти ни толку не заслужил. Ако јас можам да заработувам за достоинствено живеалиште може и тој. Секако дека не зависам од тој пола стан на мајка ми и фала богу што е така, ама тоа не значи дека се треба тој да добие. И двајцата сме исто за неа. Деца не се делат. Како велат.. ниеден прст на раката не боли повеќе од другиот. Мислев ги поминавме тие застарени општествени норми уште во минатиот век, дека ако е женско, кога ќе се омажи другите нека му мислат. За ќерка збориме, не за стока. Он топик Ќе зборам од искуство на мајка ми. Кога се омажила дошла во куќа со 3 сестри плус на татко ми и свекор. Мир и раат.. било мисловна именка. И откако се омажија и дури имаа мали деца, секој ден беа кај нас. Е немаа жива мајка, па затоа служењето беше на мајка ми иако ме имаше мене, а сум била многу захтевно дете. Нејсе. Поминаа години, пораснавме сите а со тоа и обврските. Сега веќе со години сите се најавуваат пред доаѓање што е во ред. Мајка ми никогаш не рекла лош збор за нив, освен што немале осет тоа време, и ден денеска се во супер односи. Зарем мајка ми немала мајка па да “кисне” таму цело време? Од друга страна мајка ми и нејзините сестри, секогаш се устручавале од вујна ми. Секогаш внимавале да не и се натураат дома, секогаш посетите биле со претходна најава и релативно ретки оти жената си е специфична и секогаш за се нешто беа криви. И честопати таа знае да им се продерава и сите и ќутат и трпат и ден денеска за мир у куќа, само ради братот. Различни луѓе - различни чуда. Секако дека ќе се најавам кога ќе одам во станот на мајка ми, во кој сум вложила не само пари, туку енергија, нерви, време, се што си скратив од себе, а не морав оти нели, јас си заминав од таму па на крај дај само на брат ми да го дадеме, а ако чекавме на него, убедена сум дека никогаш немаше ни да биде готов. Ќе се најавам оти така е културно. Оти можеби баш тогаш мајка ми или идната снаа решиле да дремнат или едноставно сакале тој ден да седат и одмараат и ништо да не праат. Само затоа што во еден дел е мој, не ми дава за право да се понашам како да чувствата на другите не се битни.
прочитај малку наназад ке видиш...не планирам да се објаснувам затоа што си добив совет од разбрани луѓе и завршив со муабетот
А мажена си?! Прочитав дека само кај дечко ми имаше пишано затоа.. И ти ќе одиш на почеток кај мајкати често.. Само не треба да правиш споредби такви дека ти досадува или слично.. Јас немам золва ниту па јас сум и на некој золва сестра имам, не одам често кај мајками еднаш неделно ама од вакви примери како тебе шо си земаат за право до куќа каде што ниту ти ниту твоите засега се мачеле да ја направат да става редој кој кога и како да дојди ми е здосадено секој треба да си го знае своето место... Јас на пример јатрва ќе имам и ми е убаво и кеф да дојди дома да зборниш кафе да се напијаш и слично ПА ДУРИ И СЕКОЈ ДЕН пошто сеуште сме во заедница дури на се земат.. Многу себичен став имаш.
Кај тебе е поинаква приказната бидејќи очигледно од некакви животни ситуации подоцна сте зеле стан за сами да живеете. Кај нас куќата била направена кога сме биле малечки. Ништо не сме придонеле и од ништо не ми било скратено. Брат ми е тој што трча по нив за што и да треба. Ама ако јас киснам секој ден таму и ги искористувам брат ми ќе има право и да ми рече и јас да преземам дел од обврските. Не дека нема да излезеш во пресрет за родителот туку прва линија се брат ми и снаа ми а ако имаат обврски и јас сум тука, тоа се со слога и договор што да се прави. Ние како браќа сестри сме премногу блиски и си помагаме едни на други и не дозволуваме некој од нас да падне. Како што кажа се е до човекот. Иако знаеш дека имаш половина не им упаѓаш како шериф низ дома па уште помалку кога не се дома да одиш кога ќе ти текне. Тоа е бидејќи имаш осет. И на крај секако тебе животот те наградил и возвратил за трудот кој си го вложила. Можеби брат ти кога ќе се ожени и со деца тогаш нема да сакаш да земеш половина. Се менува човек најмногу заради внуците. Ние со сопругот се изјаснивме дека нема да бараме дел од двете страни. Едноставно среќна сум и без таа соба или две бидејќи мене ми требаат браќа сестри а не соби бидејќи конкретно ни јас ни брат ми не сме придонеле за куќата. Не ме сваќај погрешно не се однесува на тебе вие можеби си имате посебни математики и вие си ги знаете ама најважно е како што рече дека несакаш некому секој ден да сметаш бидејќи имаш осет и човечко во тебе.
[QUOTE="Elena1001, post: 4142194, member: 11 Друга работа зарем навистина се борите да земете една соба од куќата кај вашите родители само затоа што ве следува. Па поголема мизерија од тоа нема, брат ми да се стиска а јас собата да му ја земам или без разлика и поголем простор да е јас ќе одам и како чир таму ќе им седам. Луѓе имајте малку осет и не го правете тоа што несакате и вас да ви го прават.[/QUOTE] Брат ти ако не сака да се стиска, нека си го испоти гзот и нека си направи свое, а не да дочека внуци во детската соба во која израснал. А да бевте двајца браќа, тогаш нормално ќе беше да се стискате сосе фамилии, а кога се работи за женско не смее ни родителите да си ги види да не се вознемири снаата. Не знам само дали си свесна дека во животот се бива, во случај на развод дали мислиш дека ќе припариш до собата која си ја отстапила или ќе бараш чаре на улица. А во туѓа куќа газдарици никогаш нема да бидете, крекајте колку сакате, тоа е реалност.
не ти доаѓа тебе,туку во куќата на мајка и..А најверојатно и многу и е гајле за тебе па да те гледа секој ден..него при мајката си доаѓа..Имап многу погрешна перцепцијана ситуацијата
Iskreno ke go ostavam da se stiska . Koga znael da se ozeni I da sozdava deca neka sedi vo Edna soba. Jas si pravev so mm svoe, pa brat mi ne mi rece, eve sestro pari, tuku si uzivase na gotovo dodeka jas nemav vece.Od vakvi snai sto delat mi se gadi. I jas sum snaa I bev vo zaednica Edna godina I nikogas ne sum kazuvala zakoni, PA uste kerka Im da ja brkam. Kerka sekogas ke bide pomila od snaata. Toa e normalno.
Јас ниту како снаа не сум земала ниту планирам да земам. Мојот сопруг ќе се откаже во име на брат му. Брат ти не е должен да ти даде. Родителите ако сакаат да делат на децата подеднакво треба да кажат со време и секој да си прави свои математики. Може и брат ти ќе ти го отплати делот за да остане имотот на него. Или пак ќе продадете и пак ќе си направи никогаш не се знае. Јас од мојот брат не би земала а ни сопругот мој од неговиот дури мислам и да посака (што никогаш не би направил така) јас не би му дозволила.
@Asparagus И да се разведам не би барала чаре на улица бидејќи имам своја куќа, имот во брак, една би припаднала на маж ми една на мене. Доволно сум направила во животот за да не размислувам по тоа прашање. Брат ми исто така има свое стекнато како и снаа ми. Само не гледам логика што би правела јас на таа соба две ако ги земам на брат ми. Треба ли да ставам клуч за да не ја користат? Треба ли да му барам пари за да ми даде во замена за собата? Ќе ја оставам ли како проклетство на моите деца за да си замерат со братучедите? Ако родителите толку размислуваат треба со време да дадат и на двете деца подеднакво. Пример моите родители требало да мислат дека куќата нема да можат да ја поделат па соодветно да помогнат на сите деца. И не заборавајте дека не се дели се на пола. Тој што ќе ги дочува родителите има право на нивниот дел. Тоа значи ако се две деца едното може да добие 25%, бидејќи 50% е на родителот и најисправно е кој ќе го дочува да го земе делот.
Тоа си е твое. Ако ти не сакаш дел, ок, ама ако родителите препишуваат само на братот, тогаш тие за мене не се родители, ми се гади од такви што си ги двојат децата. А за болдот да, така е. Јас сега одам во куќата да си се видам со родителите и слично, а по нивната смрт нема да држам заклучена врата, ама брат ми ќе мора да ми плати за делот. А и друго, не знам какви ви се тие изјави дека не земате од братот. Куќата е на родителите, а не на братот и на децата подеднакво се дава. Јас имам ќерка, ако имам и син и една виљушка на пола ќе ја скршам ако треба и ќе ја поделам. Двете еднакво ќе ги чувам и исто ќе бидат за мене, а не само на синот.