Затоа реков родителите се тие што треба да стојат помеѓу децата. Понекогаш и браќата/сестрите се заслепени од тоа само да земат. Конкретно јас не се чувствувам оштетена и ако земам мислам дека би зела од брат ми. Еве на пример за моето образование вложиа премногу, можеби и повеќе од делот што би го наследила.Поради тие вложувања во мене денес зараборувам многу многу повеќе од останатите членови. Брат ми сам плаќаше и факултет и се бидејќи веќе работеше и придонесуваше и во куќата. И во доста фамилии гледам каде што на едното повеќе ќе се пружи ама тоа упорно граба и незнае за доста. Точно е тоа дека треба подеднакво да се даде а за мене лично сметам дека повеќе ми дале. Не ми беше целта тоа дека нетреба да се даде или помогне. Моите сеуште ни помагаат на сите подеднакво. На некој повеќе се пари, на друг помош со деца и така се држи некој баланс. За сите внуци имаат исто дадено, за сите наши поводи ни имаат исто купено. И искрено сум среќна што е така и можеби баш поради тоа нема ривалство и такмичење меѓу нас. Можеби да не двоеле и јас ќе сум сакала дел, незнам.
Па тоа нема врска. Моите кога ја правев куќата со мм помогнаа со пари, а и на брат ми исто му помагаа, ама куќата се дели на пола. И пак тоа дека земаш од брат ти не го разбирам. Што ако он работел и придонесувал нешто? Значи дека твоите ти плаќале факултет, сега не ти следува никаков дел?
И јас ќе бидам золва,па да прокоментирам. Прво,не живеам во ист град со моите така да нема да си има снаа ми 'мака' од мене. А и да живеевме врата до врата,исто ќе беше. Едноставно е. Не прави она шѕо не би сакал да ти го прават. Не би се тупнувала ненајавена,никогаш. Да седнам и како гостинка да чекам некој по децата да ми трча или да оставам да расфрлаат нешто што после друг ќе чисти и средува,исто така не. Ако останам на ручек,вечера,ќе помогнам барем маса да раскренам или садови да измијам,нели моја куќа е. Или тоа важи само за тоа да можам кога сакам да дојдам? Секој си има некој свој став и размислување,ама јас едноставно така би постапила. Како што јас не сакам некој ненајавен да ми се тупне,пет саати да ми седи и ручеци и вечери да ми очекува,ни јас истото не би го правела. Што се однесува до дел или соба од станот,не планирам да барам. Прво,немам потреба,а второ и да живеам во Мк не би го барала тоа. Ете тоа си е некое мое мислење.
Aj vaka, ako sestra mi ja dogleda mama do posledniot den jas nema da baram nisto od tamu. Ama ako ja sutne u dom i ne i se opuli ke baram po pola. Majka mi ni dade mene i na sestra mi podednakvo. Dodeka sestra mi studirase jas A ne vikav, ne barav ne trosev sedev doma se vrabotiv za 5000 denari samo za da zavrsi fakultet i dobro. Jas se omaziv majka mi mi nabroja 1000 evra poklon. Posle toa decata se rodija koga i da mi zagustelo sum snemala sum i se javuvala da pomaga. Sestra mi ja isskoluva mene ke mi pomaga. Posle za kukjata ne pobutna da isplivame. Sega mislam oti toa e toa i deka aj da recam go ispolni delot sprema mene pa ponatamu se boram kako znam i umeam. Ama sestra mi da zavrsese fakultet a mene denar da me nemase pobutnato i da mi recese ami kjerko nemam, nemase da ja pluknam pa ne majka ako saka i sveta majka neka bide. Dvoenje na deca preziram od dnoto na moeto bitie. Imam dve i podednakvo ke im dadam masko i zensko se.
Тоа го зборувам и јас, ете за мене вложиле во школување да речеме колку што е делот за брат ми. И ден денес ми помагаат ама тоа не ми дава за право секој ден да им се тупнувам и да им седам сосе маж и деца. Точно помагала и за деца и се. Јас исто сум и велела дека утре ден и најлошата снаа да и се погоди што за среќа не е така дека несмее внуците или брат ми да го дели, да видам на моите да даде а на неговите не прво јас не би прифатила не за друго туку затоа што имам осетено на своја кожа како е децата да ти ги двојат. @Black girl Друга работа е што никаде не споменав дека моитс не би ми дале дел туку го кажав своето мислење дека не би земала и тоа си е лично мој став. Брат ми е можеби од ретките млади што живее во заедница и што одлично се сложуваат. Ако продолжи да ги чува како до сега а и да им ги трпи глупостите кога ќе подостарат тогаш апсолутно заслужил и повеќе од тоа.
Колку пати да ти објаснам дека пример моето образование чинело 20000е и делот од куќата кој би ми припаднал исто 20000е ( значи и делот на брат ми е 20000е) а за брат ми не е дадено денар за школување. И јас ако пак си барам дел дали би било фер и кој би бил оштстен во случајот. И како тоа што има врска што брат ми вложил. Знаеш ли колку чини рдновирање на куќа и менување се од корен од паркети до кров, фасади и греење се сам. И од кого би земала јас тогаш, од брат ми. Се разбравме ли сега. И повеќе не ви сакала да дискутирам на оваа тема бидејќи не е се црно и бело има и нијанси на сиво
Јас пак не се сложувам. Твоите ја направиле куќата, крателе што се вика и од твоја уста, а реновирањето е отпосле. Еве моја братучетка живее со мажот кај нејзините зашто така си сакаат, а и на сестра и (другата моја братучетка) ќе и дадат исто дел (значи родителите зашто они ја правеле куќата), иако и зетот и сестрата вложуваат моментално.
Снаите дали со хартија или без(не е потребен документ за заедничко живеење) ,чим се избор на синот значи се снаи ,и сигурно и тие заслужуваат мир во кукјата во која ги донел нивниот избраник,без разлика дали е заедница или самостојно.Секој заслужува мир коа ке се врати дома.Е сеа доколку се во заедница и золвата е тука,значи таа си е дома си има соба секој,и снаата нема да изиграва слугинка и ке си легне и одмара кога сака.Ама ако иде снаата секој ден на гости,ако сната отиде да си легне може да почнат кавги од типот како не ја почитува ,како таа дошла а снаата си отишла у соба,дали е нешто лута,и дрн дрн....Зависно од совеста на снаата, за да не биде лоша ке им изигрува слугинка а и друштво иако е капната ...мечот им две острици..пуста снаа како да погоди а да си има мир ...Ако е голема куќа некако ке се снајдат(ке си преградат секој сопствен влез) ,а ако е мало станче???
@Elena1001 многу ми се допаѓа како размислуваш. Се гледа дека пред се најпрво си човек, почитуваш до бескрај и имаш голема душа за да сватиш и осетип многу работи. Но, во овој случај што ти го зборуваш за вас ти велиш дека имате, уствари и сте имале и имате и денес па се е така многу полесно кога човек има и има да пружи исто и неговите ако имаат па да пружат, така е идеално да ти кажам, сите подмирени па проблеми од типот покуќнини и поделби се нема, што знам ама јас мислам дека на денешницава ете финансиите се тие клучните работи кај секое семејство што ги тераат да се зајадуваат меѓу себе, сакале не сакале. А искрено во денешно време ретко кој има да пружи комфор или уште поретко да си го направи сам на себе.. Па од тука идат сите оние проблеми меѓу блиски родбини, сакале не сакале имале човечност или не АМА тврдам дена во едно станче од 50 квадрата да би живееле твоите плус брат снаа и деца тешко дека ќе има погагија, и тоа ненамерно и не сакајки. Живи луѓе на куп 10 души у 50 квдрата како многумина во македонија живи се јадат и тоа ненамерно. Условите им се такви да се напињаат, притисок, многу луѓе, различни навики и карактери плус старосни граници. Се си има улога. Затоа најдобро е секој да си има свое па да си доаѓаат на гости и сите мирни и среќни и весели, никој со никој така сакал не сакал нема ни да се замара ни да се стиска и да доаѓаат несаканите кавги, па ете ќе си живеат спокојно и ќе си се тука за поткрепа и помош. Ама вистината у македонија не е таа.. за жал куп луѓе живеат со старите па и со нивните стари плус деца. Сакал не сакал таква животна средина ќе те направи исфрустриран, едноставно ќе ти дојде преку глава да немаш мир, приватност, да слушаш све и свашта наместо кога дојдеш од работа да се опуштиш со маж, деца или прилегнеш, у заесница просто тоа е научна фантастика. Е затоа сите проблеми со најблиски се сведени како што се сведени во мк. На мизерно ниво бидејки пред се народот нема, и со плата од 200 евра нема ни да има за жал ништо. А гази биолошки часовник, гази се, време минува и така сите бараат чаре за снаоѓање, некои едноставно се помируваат некои бегаат надвор, трети не знам се снаоѓаат некако ама голем и убав дел живеат во заедница сигурна сум дека и тие не сакаат ама ете.. каде ке одиш. Кажав претходно, треба да се човек, пред се, со осет и чуства. Во било каква ситуација. Човек со човек ќе се разбере доколку се има желба и воља од двете страни. А инаетот е најлош. Тука доаѓаат сите проблеми. Со инает.
Ние живееме сами и навистина е благослов да си сам. Кога диаѓам дома сакам да сум со децата мои и со сопругот, да одморам да прошетам. Кај моите одам и секогаш сум пречекана од снаа ми и брат ми најубаво и замислите снаа ми кога ќе се најавам на гости веднаш ручек ми спрема или споделуваме рецепти и заедно експериментираме. Таа кога ќе се јави јас и спремам на неа. Точно е тоа дека финансиите си го прават своето. Интересно е што брат ми има за да живее посебно, сосема посебно дури не е ни во близина на моите ама одлучиа да останат. Мајка ми е премногу толерантна личност. Како и во секоја куќа и таму имаат проблеми ама јас се држам на страна бидејќи ако јас се вѓешам посебно на страна на моите (бидејќи нели балканското е дека секогаш нашите се во право) тогаш би настанале поголеми проблеми. Не се такви големи проблеми за да треба да се вмешам. Инаку јас не секогаш сум имала, на почетокот немавме и бевме заникаде, ама слогата и разбирањето го направиа своето. И како што велиш живеат во 50м2 и како да земеш а знаејќи дека ти имаш и повеќе од доволно. Ете јас неможам така бидејќи за мене тоа е лакомост и кога тогаш бидејќи животот е бумеранг ќе не освести колку сме биле злобни. Немора да се сложиш, во тоа е убавината на животот. Несакам да те убедувам дека 2+2=4 а дека 2 е само 2. Повторно ќе речам воопшто не било кратено од нас децата, секогаш сме имале се што ни требало. Едноставно постојат луѓе во овој свет што гледаат само за себе и како да приграбат а на крај сите одиме на исто место. За некои сестри/браќа 2+2=2 и колку и да им се даде ќе бидат неблагодарни и се на нив ќе им биде малку. Битно е да е човек паметен, вреден и да не се лакоми и ќе успее во животот, бидејќи има многу што се им било подарено на тацна ама пак живеат заслепени. Ја затворам дискусијата со тебе. Мило ми беше што разменивме различни ставови бидејќи ако ништо друго се убедив дека одам по правиот пат. Можеби и јас кога бев помлада размислував наивно како тебе и велев што ми е гајле ама не е баш така. Среќа што сопругот беше покрај мене и ми укажуваше на грешките и дека секој заслужува втора шанса за да можам да ги задржам саканите до мене. Тешко е да најдеш денес луѓе со големо срце.
Сѐ што друг ќе ти даде (мајка или свекрва) не го рачунај за свое. Убаво би било од срце и душа некој да дава - и да не те закача - ама тоа не иде така, и тоа е тоа. Јас не прифаќам од други да ми купуваат станови и коли, па не можам ни да замислам што би било со свекрвата, ама сега кога одам кај неа дома, ги почитувам нејзините правила 100%, ми чинеле или не. Нејзин дом, нејзини правила. А такво делење - дали братот ќе се стискал, мене поглупо нешто од машкото да добие сѐ од имот ми нема. 50% од имотот е на ќерката, братот може да го откупи ако сака, може да се исели и да си направи поарно, ама дека автоматски него му следува... мало сутра.
Мојот имот е лично со мој пари (на мене и сопругот) никој не учествувал ниту 1 денар. А дали би било фер да ти плаќаат школување 20000е а на брат/сестра ништо и ти пак да сакаш дел да земеш? Фер ли е, пак ли би делела? Еве јас не би, благодарејќи на тоа образование успеав куќи, коли и се останато да купам.
Ќе ставиме на кантар За мене сѐ тоа се мери на кантар. Во твојот случај можеби би се откажала од наследство, ако навистина тебе ти е образование 20+ илјади евра, а за братот не вложиле ништо, и ако навистина пола куќа вреди толку. Но, ако еднакво вложувале во нас, нема шанса да се откажам.
Хехе јас не би вклучувала кантар за толку, и да добие брат ми повеќе не ми пречи. Како велат сиромашна сум за многу не за малку . Јас среќна тие среќни и тоа е тоа . И верувај за образование може да се даде и повеќе од 20000е.
Не ги исчитав сите страни, ама наназад видов дека се дискутирало за одење кај родители, најавено, ненајавено, куќата кај што сум израснала, држ не дај... Па апропо муабетот ќе кажам еден пример. Стојам јас на улица со пријателка која има три деца и секој ден е кај мајка и. Во куќата нема браќа/сестри, распрчкани се по светот. И ене ја мајката од некаде налета и она - еее мамо, еве кај вас идиме. И мајката, на шала, на смеа и вика - епа се сте кај нас де. Така да, немојте да мислите дека и на родителите некогаш не им е преку глава од вас. И тие се луѓе (ем во години). Ама ете, заради деца преќутуваат, а децата па, уште повеќе залет земаат. Не само на братот/сестрата/снаата да сметате, туку и на нив им сметате некогаш. Секој си сака мир.
Знам дека може. Реков ако навистина толку ти дале, а не е само пример. Јас верувам во - брат за брат, сирење за пари. Не сакам ни еден милиметар повеќе да добијам од сестра ми. Еве чисто за пример, сестра ми е ептен помала, јас работам, заработувам, таа е средношколка. Постојано ја развозувам некаде, ми е жал дотерана навечер да се ака со автобуси (како што јас сум морала на пример), постојано и' купувам нешто, и' давам пари итн. Сигурно тоа нема да и' го одбијам затоа што тоа е некој вид на помош од моја страна, но има разлика огромна меѓу мое доброволно давање, и она да се усели еден ден со маж и деца кај моите оти на пример "немаат", и да се очекува јас да се откажам зошто таа ете нема. Тоа веќе не е доброволно, тоа е за мене лигушење и искористување, како што јас и илјадници други си го потиме газот, така може и таа.
Тоа што некој ти е родител не ти дава за право секој ден дома да ми се тупнуваш. Разграничете го тоа и тие луѓе имаат други деца можеби, а и да немаат имаат свои обврски. Некад сме толку безосетни што мислиме дека светот се врти само околку нас. Чил. Не ни се должни родителите целиот живот да ни ги решаваат проблемите. Башка коа ќе се отселиш од дома факт е дека создаваш свој дом, кој ти е приоритет. Да не значи дека те избркале од дома и дека не смееш да се враќаш, ама тоа секој ден пиење кафиња, не знам како имате толку време и дали воопшто работите нешто. Другарка ми живее посебно од 24 години. Прво сама па со дечко а сеа со маж. Кај нејзините оди како и дозволува времето. Има малолетна сестра која оди во школо, тренинзи, курсеви и нејзите ја носат и воглавно се преокупирани со неа. И самата вика не се должни они мене секој викенд ручек да ми праат. Кафиња да ми варат коа јас имам луфта а они пример сестра ми ја носат на тренинг. Сестра ми им е на прво место зашто неа и требаат, мене не толку многу. Реалноста е таа. Факт е дека она оди дома често и кога сака таа ама дефинитивно не секој ден, зашто така ќе и смета на сестра и, посебно ако си захтева свои хирови и бара да и исполнуваат нејзините захтеви. Ама има нешто што се вика осет и несебичност. Јас сум единица. Работам на фактот да се иселам. Знам дека мојата соба секогаш ќе биде моја, не ја делам со никој и нема на кој да му сметам. Ама сепак не би доаѓала секој ден кога би се иселила. Зашто мајка ми си има свој живот и свои обврски. И не смеете да заборавате на тоа дека и родителите не се должни цел живот да ни одат по гз. Треба да не напраат независни и самостојни а не за првиот проблем да трчаме назад дома мама и тато да ни го решат. Познавам пар други луѓе со сестри доста постари од нив кои им се мажени и не живеат со нив ама се секој ден кај нис со децата. Знам дека им сметаат, си дошол дома уморен од работа и треба да слушаш како внук/внукати плаче зашто сестра ти дошла кај мајка ти на ручек. Секој ден. Истото. Па не знам зашто се иселуваат, зашто живеењето сам е поентата сам да си одговорен за обрските, не само да можеш на раат да спиеш а некој др да ти готви/чисти/пере. Па и плаќа, гледам почнаа и пари да бараат од родителите зашто не им стигале и се лутата како тоа немате да ми дадете. Разгалени. Ем сакаме да сме самостални ем мама и тато се да им праат и го носат на тацна. Нече мочи ове ночи.
Како ли им е на оние - двајца браќа - никој не се сели, двајцата жена деца и заедница со стари... или простено е тоа, оти е брат, а не сестра?
Абе темава ако не, нека се преименува у распределба на соби меѓу брат и сестра. За снаа и золви е, отварам читам, нигде снаа и золва вештерка не прочитав! Не ми е интересно