Да си жива и здрава за муабетов. Незнам како успеваат се да постигнат па и уште на гости секој ден кај мама или бегаат од проблеми. И после тие ваквиве ќе се лутеле на свекрвите зошто биле досадни а они како демек со голем осет. Си користат ручеци јадење пиење иако можеби братот плаќа сметки и полни фрижидер. И се повеќе бракови се распаѓаат поради мамините принцези а не поради друго. Јас да сум маж и жена ми секој ден да оди без осет кај мајка и, да не работи ништо по дома би помислил дека мајка и и е побитна и може слободно да си остане таму. После ќе се жалат како маживе неможеле да се откачат од фустанот на мајките а ко божем тие се откачиле хехе.
Хехе ова се е индирекно против снаите, да земат што повеќе золвите од своите браќа за недај боже "туѓинката" снаа да не се шири на туѓо. Па и уште снаата да не ја ферма золвата е тогаш има да биде војна хехе клуч на собата и на две три висечи во кујната хаха само за инат на снаата. Па и да нема братот леб да јаде не е битно ама золвата наследила сараи куќи од свекрвата ( бидејќи нели маж и е син во фамилија и треба да се почитува и тој и жена му) и сепак и е малку и сака барем уште 10м2 за да биде комплетно среќна хехе.
Сигурно им е тешко. И на млади и на стари. Хаос. Зашто простено дека е брат, исто е. Ја не гледам различно машко и женско. Кажав од мое опкружување, повеќе примери со женски знам. Темава е сепак золви и снаи па на тоа се обидов да кажам збор два дека понекогаш ги разбирам дека си сметаат. Зашто навистина некогаш сметаат. И да не живеат у заедница. Тек у заедница е хаос. И се тоа пред се зашто немам граници. Англичаните што викаат boundaries. Туп у 12 саат на кафе. Туп у 3 на ручек. Па тоа што читам непоканети, 21 век, на целава технологија и бесплатна комуникација е жалосно. Пиши порака ако ништо друго. На дечко ми сестрата доаѓа секој ден кај нив дома, зашто детето го чуваат нејзините. Плус реално нема некој друг избор. Сме дисктурале отворено и они викаат не смета, тамн работа,што се тиче нас нека го оставаат 24/7 тука. Ама не сфаќаат дека на дете му требаат родители, не баби и дедовци. А на млади родители секад им одговара помош, несомнено. И младите секогаш ја користат таа карта, пошто ние сме така воспитани, да бидеме зависни, не самостални. Проблемот е во цел менталитет не во поединци. Само треба малку да се смениме тоа, лека полека.
Со Англичаните ниту синовите не живеат генерално. Тоа мултигенерациско живеење го има само кај сиромаштијата. Ако на мајката и таткото им смета ќерката, нивно е тоа да си го решат, не на снаата. Ако синот и снаата имаат проблем со односот на старите и ќерката, можат комотно да се иселат, па да доаѓаат по потреба.
Снaите се секoјдневнo тупнaти кaј свекрвaтa. Или прaвo нa живoт и слoбoдa вo свoј дoм имaaт сaмo рoдители нa женски децa пoсле нивнo мaжење?
Ти, жено, ако не сакаш да одиш кај мајка ти, немој, само немој тука да лечиш фрустрации. Кои проблеми? Значи ако одам кај мајка ми, имам проблеми? Шта речи, а не заплакати. Страшно ти млада вака да размислуваш. А за работа дома, па види вака, ние со мм си ги делиме обврските(Он не зел слугинка, сфаќаш?)и постигнуваме и да одам до кај мајка ми на кафе, и тоа не ме прави мамина маза, туку одам да си ги видам родителите, а тебе нема потреба да ти се објаснувам. А вие ако сте ладни како семејство и немате потреба да се видите, тоа си е ваш проблем.
Македонска мајка никогаш нема да му каже на своето дете дека претрало. Никогаш. Тоа и сакам да ти го кажам. Не е до снаата, некогаш снаите се “лоши” само зашто го кажуваат тоа што другите го мислат а не им е згодни да го кажат. Факт е дека у заедница е најзаебано. Ама не се живее у заедница само од соромаштија. Колку пример знам полни ко брод живеат во една куќа. Луѓе верни на традиција. Има и сиромашни и богати. И да не живееш у заедница смета, се засмислувам да имав брат/сестра со деца и да доаѓаа секој ден тука ќе побудалев. Пред се зашто ти го диктираат животот и темпото како нив им одговара ним а не тебе. А ќе речеш ете твоја крв е. Ама без разлика, кога нешто е премногу е премногу.
Де, де...снаата плаче да биде тупната кај свекрвата, реално да зборуваме. Тоа единствено ако така налагаат условите. Секое женско си тежнее накај мајката, а не накај свекрвата и тоа е нормално. Ама да не се претерува со ништо, па и со тоа да заборавиш дека имаш куќа дома од дремење кај мајче. Тоа е поентата на муабетот. Епа сеа нели женското оди во друга куќа, ако не па, трета опција да измислиме?
Не требале да се согласат да живеат со снаи. Или уште подобро, не требале да се согласат на куќа на два спрата зашто знаат кон што води тоа. На другар мајка му беше прва против да ја креваат куќата, зашто знаеше дека еден ќе и се удоми. Вака на двајцата уплата за кредит, и вози мишко. Секој мирен.
А они ко ладна вода ги чекаат, уствари. Малку заглавени во минатото (повеќето), мислејќи си дека снаата кога ќе дојде куќата на рамо ќе ја крене.
Дa и' oлесни мaлку нa свекрвaтa, зaтoa oди кaј мaјкa. И свекрвaтa некoј ден рaaт дa види, слoбoдa, нa гaќи дa си се прoшетa, секс сo мaжoт нa бел ден и тaкви рaбoти. Ферски.
Тоа што @Bridget го зборува има многу смисла. Да речеме, во заедница се свекор, свекрва, золва, маж и жена. Па не е ли океј малку и овие да се одморат од снаата? Или свеки мора да трпи Мајка Македонка ако си ќути и трпи тоа е нејзин проблем, не на снаата. Може не е туѓинка, ама новодојдена е. Ако свекрвата и золвата секој ден ете сакаат по 3 саати да седат у дневна и да чмаат, снаата нема што да ги оправа. Нека си оди во спалната кај што не и' седат или ако е толку трагично, маже под раче и кај е пораат, таму нек си брка работа.
Кога некој е со овакво размислување не ни заслужува да има брат или сестра. Братот и сестрата се богатство кој го знае само оној што ги има, ако размислуваш само материјално секако дека ќе ти пречат оти нели ќе ти земаат од колачот. Имам и брат и сестра можеби некогаш и ќе сме се скарале за нешто ама секогаш се тука да помогнат и во радост и во тага. Секогаш се први тие што ќе помогнат(секако некаде има и исклучоци како што само мал дел од ќерките одат кај мајката секој ден одкако ќе се омажат), кога се раѓаа внуците им се радував како на мои деца. и додека растеа ги чувствував како да се дел од мене. Секој човек си е своја приказна, секоја ќерка оди кај мајката од различни причини. Би ви кажал радувајте се со нив додека се живи, одете си на гости дружете си се и не го чувствувајте како “тупнување “ ако ви дојдат на гости немој да жалите после одкако ќе ги нема. Еве и едно хипотетичко прашање до сите вас што мислите дека повеќе сакате да се одморите одколку да го примите братот,сестрата,золвата,снаата на гости. Дали вие така уморени и залегнати на креветот ако ви јават дека блискиот го однеле во болница ќе си лежите сеуште на креветот или ќе отрчате правец во болница? Поентата мислам дека сами ќе ја сватите.
Никој не рече дека снаата не смее при мајка да си отиде, туку тоа да го праи со усул што ќе рече... Така, свекрва повторно ќе има време за личните перверзии и раат по дома. Ама ниедно претерување на свет не е во ред, па ни одењето при мајка “на секое”, па уште без најава во овој век. @Elena1001 во ред е да се откажеш од твоето право на наследство. Оти тоа е твое право и твоја одлука дали ќе го искористиш или не, подеднакво право како и на брат ти. Оти ти не земаш ништо од него, туку твоите родители ти даваат нивно, односно, не ти даваат, дел кој правно легално ти следува. Потрошиле доста за твоето образование, во ред. Оти честопати пиша дека сте имале, веројатно би потрошиле исто толку и за брат ти доколку така сакал нели? Ако вложеле исто толку и во образованието на брат ти, ќе беше во ред да го прифатиш твојот дел од наследството? Се прашувам, оти неколку пати го повтори образованието. Или тие ве прашаа сакате образование на сметка на делот од куќата, па кој како си избрал од вас? Или да имаше сестра место брат, ќе беше во ред да прифатиш дел? Мене не ми е гајле искрено, дали некој ќе прифати дел кој реално му припаѓа или ќе се откаже од истиот, оти јас сметам дека секое дете е исто и еднакво вредно и така треба да биде третирано. Она што ми смета е делењето на децата, каде што денеска уште владее мислењето дека ако е машко е нормално да му се даде повеќе или се, и тоа за жал не е случај само кај родителите, туку и девојчињата така се учат од мали. Тоа малтене е погубно.
Не заслужувам зашто сум реална, на искористољубива. Признавам. Ми го извади цел муабет од контекст, и си го филуваше како ти одговара. Супер. Не е за земање од колачот, напртоив, за борбата со секојдневите обврски и стилот на живеење е. На човек во брак со деца, децата му се на прво место. На човек кој не е во брак и нема деца, работата/школувањето/друштвениот живот му се на прво место. Јас работам многу, и на работа и плус екстра од тоа. Јас у 4 сакам да одморам за да у 6 бидам свежа да работам друго. Сакам и одам на трениг од 8. Да имав брат/сестра со деца и да живееме у заедница или да доаѓаа секој ден кај мене ќе ми сметаа. Себично е знам ама реална сум. И јас да би им одела на нив секој ден дома со моите проблеми би им сметала. Едноставно е. Различни животи, различни приоритети. Другарка ми 2 години живееше скроз сама, па не и одев секој ден. Зашто освен другарување си имаш и други обврски у домот.
Јас немам ниту брат, ниту сестра и живеам одвоено од моите. Не одам пречесто, но не ни преретко. Како и да е, пред да дојдам се најавувам им кажувам дека планирам да дојдам и прашувам кога би биле слободни што ми е сосем нормално однесување. Што ако планираат да излезат? Што ако задремале? Што ако се настинати? Што ако, едноставно не им се разговара, слуша за моите проблеми, им се најавиле други гости, сакаат да работат по дома и сл? И кај мене не доаѓааат ненајавени, иако ретко доаѓаат, на крајот, уште од мали нозе од нив сум научила дека на ненајавено не се оди никаде. Кога одам кај нив не се заседнувам, ниту таму, ниту пак кај свекрвата. Замислете, одете така ненајавено, тропате на врата не ви отвораат... или влегувате сред нечија кавга, плач, нерасположение. Оффтопик, малку, ама секој си има свој момент кога треба едноставно да биде сам. Да имав брат со сопруга кои би живееле со нив, нормално и дека нивната приватност би ја земала предвид, уште повеќе ако веќе свиле семејство таму. Нормално е. Одиш од крајност во крајност. Нормално неспоредливо е одење во болница за близок од одмор во еден обичен ден без никакви потреси, по работа, или по извршување на домашни обврски. На крајот, секој си има момент на приватност и домашни обврски,кои прости ми, ама не трпат некој да ти квакне и со саати да си седи. Има и такви, што ако почнешш пред нив да пеглаш се навредуваат иако ти се најблиска рода. И да, не ени чудо што традицијата на одење на гости и кај нас полека изумира и се заменува со гледање надвор од дома.
Ja iskreno neznam i kako vi se odi negde, bilo kade. Mene doma mi e najubavo. Sama. Mislam i oti da bev vo Veles nemase da kisnam kaj mama preterano. A i vaka koga ke otidam na posedenka 1 godisno po 1 nedela mi skisnuva i sakam da si odam doma vo mojot raat.
Па да имаше брат или сестра сигурно немаше да ти идат секој ден како што многу тука земате како за пример. Во реалниот живот 1 од 100 дали доаѓа кај родителите секој ден а кај брат или сестра сигурно тој процент не е ни 1 од 1000. Во реалноста е тоа можеби 1 или 2 пати во месец па и кога ќе ми дојдат ненајавени јас им се радувам што ми дошле нагости иако можеби сум моментално уморен и сакам да одморам. Поентата ми беше зошто во несреќа не ти пречи иако си уморна да се потераш во болница а би ти сметало кога жив и здрав ќе ти дојде на гости и на некој начин ти прави чест. Да, во некое блиско минато се сметало за чест кога барем еднаш во годината му отидеш на некој постар член во пошироката фамилија. Мора ли да е лоша работа па да не ти смета што ти бил нарушен комодитетот. И немојте да споредувате другарки, пријатели колеги со брат сестра или родители. Јас те разбирам тебе ама ти не разбираш дека ако имаше брат или сестра немаше да размислуваш така. Во стварноста повеќето ги сакаат децата на браката, сестрите како свои деца.
Трета опција си е измислена одамна, да го испотиш гзот и да го стегнеш буџетот, ама не, полесно е да се оди по одмори и шопинзи во Солун, да се фрлаат пари на нокти, пудри и разни парталчиња преценети, а да се живее во заедница и да се кука зошто золвата дошла на кафе. Ќе ве видам за едно 20 години дали ќе ги имате истите ставови и дали ќе и речете на ќерката да не доаѓа зашто и сметала на снаата.
So zboruvas be?? Da mi nalagaa uslovite da sedev pod eden pokriv so 3 generacii ic nemase da se mazam na prvo mesto. Sekoj pameten treba da razmisluva kolku mu se uslovite za brak momentalno ne e rabotava trci samo posle cesaj se. Brak e seriozna rabota ne e igracka i zaebancija i mnogu dobro treba da se razmisli vo koi uslovi kakov brak ve ceka. Ova ne e nikakov sponzorluk ni gledanje materijalno tuku gledanje realno na rabotite. Brak e toa ne e kupuvanje kromid na pazar. I kako toa zenskoto odi vo druga kuka dajte be lele namesto da se trudime da gi iskorenime ovie turski sfakanja uste gordo maftame so niv po forumi. Zenskoto odelo vo druga kuka. Pa da, toa e vkoreneto kako normalna rabota na prostorive nasi...