Да, ги има и такви како што зборуваш ти, ама има и случаи кога ставрно не се може. И не претерувајте, никој не рече ДА НЕ ОДИ ЌЕРКАТА, читате ли, аман?! Рековме да не се заборави дека има куќа и се кај мајка и да е паркирана! Јас прва не би прифатила кај мајка ми да не одам! Смири се Офспринг, на коментарот на Бриџит бев саркастична, погледни го смајлито на крајот, кое што не се става во сериозен контекст. Ич не сум по турското и алергична сум на заеднички живеења!
Во нашата заостаната средина, повеќето гледаат на снаите како тугинки кои дошле од никаде, па домашните, вклучувајќи ги и золвите, си мислат имаат право да им се мешаат во животот и приватноста. На пример, мојата честопати знаеше да искористи момент кога ние не сме дома, да се качи кај нас на спрат и да си буричка каде ќе и текне. Врв на се' беше тоа што вечерта после нашата свадба со дечко и' спиеле на нашата спална (купена лично од моите родители), додека ние останавме во хотелот.
Бидејќи ме праша би сакала да ти одговорам. Во мене кога вложуваа имаа но еден период настапи криза и во тој период брат ми самиот се повлече да не студира. Потоа сам си плаќаше студии бидејќи почна да работи иако го чинеа многу помалку од мене. Имам и сестра и неа и е соодветно помогнато. Дали таа ќе земе или ќе се откаже нејзин проблем. Да не ми го платеа образованието мислам дека пак не би земала. Моите многу пати ми нуделе помош ама не сум прифаќала и за тоа неможам да ги обвинам брат ми и сестра ми, со сила никој неможе да ни даде. Како што вели и @Milan93 сакам да живеам живот во хармонија со моите блиски а пред се да бидат и тие среќни. Точно е дека внуците се сакаат како свои деца. Е сега јас да имам и моите деца да уживаат а јас да земам дел (во случајов соба или две) незнам зошто би ми била. Ете внуците нека имаат па нека уживаат и тие а не тетка им да им заклучува соби. Мене ми е доволна таа среќа во тие детски очи, значи и јас мојот дел сум го добила а тоа е полно срце радост. И како и да звучи никогаш не би дозволила јас да имам а внуците да страдаат за леб или млеко, или како што велат некои членки да си го испотеле газот браќата и сами да направеле ама не секогаш можат бидејќи има разни ситуации во животот, згоди и незгоди. И што ако нема пари да ми го отплати, ќе го терам ли да заглави и да нема леб да купи на децата. Неговите ќе јадат сув леб а мојте секој ден месо, зошто кога можеме сите заедно да јадеме леб и месо . Затоа јас уште сега работам на тоа на моите деца да оставам еднакво без оглед дали се машки или женски и сите да живеат одвоено од мене. И да појаснам јас одам кај мајка ми ама најавено и се гледам често и со брат ми и снаа ми и скоро секој ден се слушам. Ама не киснам таму секој ден туку се договарам дали им одговара и кога да одам.
Ги вадите муабетите од контекст. Ете свекрвата ја вика золвата секој ден, значи не и' смета. Ако на нив две им чини секој ден да се гледаат - каде е проблемот? Јас познавам еден пар, може има и повеќе, буквално секој ден ручаат со родителите на жената. Од работа одат кај нив, ручаат сите заедно, па си одат дома. Така беше и пред братот на жената да се ожени, откако се ожени си замина од тој дом, посебно живее со жена му. Бабава и дедово ги исчуваа внуките, од градинка ги земаа, од школо... итн. Внуките се сега по 19-20 години, до ден денес ручаат со баба и дедо. Јас би одела секој ден да ручам со баба ми да можам.
Со плата од 200 евра повели стегни си го газот, испоти се и заштеди за стан. Не знам некогаш дали се читате што пишувате или пак живеете со години во странство и сте заборавиле како е овде. Ова е Македонија, ретки се младите што сами заштедиле за свој стан без ничија помош. На многу голем дел и имаат помогнато родителите, што не е ништо страшно ниту срамно. Тука важи девизата ако вујко ти не е владика, никогаш нема да бидеш поп. Постојат секакви луѓе, не секој имал пари/памет за да се школува. Не сечии родители имаат заштеди, убави работи и пари. Некогаш условите налагаат така и тоа е тоа, нема ништо срамно да се живее во заедница само што треба да има обострана почит и разбирање, што реално ретко каде го има. Знаеме дека секогаш има потреба од повеќе обични работници по фабрики отколку административци ама кои се повеќе платени на сите ни е јасно. Не знам каде живеете ама во Македонија и 20 години леб и сол да јадеш нема да заштедиш за стан. Зошто не е само тој стан во прашање, каде се сметки, апарати за домаќинство, па нешто се расипало и други работи? Се додека вака размислуваме дека пари за нокти, парталчиња и шминки за луксуз, значи не сме ни заслужиле нешто повеќе. Да се разбереме разфрлање со пари, купување глупости, нонстоп по кафичи и бутици не оправудвам расипништво ни јас ама штета е млада личност што работи да не си дозволи за некое задоволство. Темата замина во сосема друга насока, а не требаше. Секоја зрела и изградена личност треба да да биде разумна, да има осет и да почитува други луѓе и домови. Ако сум се омажила значи треба фамилијата, децата да ми бидат на прво место па потоа родителите или дремење по туѓи куќи. Ако ми е за да си седам со моите тогаш ќе си седам, не гледам поента зошто би се мажела ако постојано сум кај моите. И воошто не знам како возрасни фамилијарни жени наоѓаат време за такви работи, немаат ли обврски, свои проблеми?Еве јас сум девојка, одам на работа, излегувам, имам домашни обврски и пак време не ми стига за ништо или не знам да се организирам или стварно не знам што е проблемот. И кога ќе најдам саат - два слободни мене не ми се оди тотално никаде или пак може во тој момент некој не е расположен да ме расправа мене. Да нашите родители секогаш ќе бидат наши и нивната врата секогаш ќе биде отворена за нас ама доколку во заедница живеат и брат и снаа делат исти простории тогаш треба да се има осет дека и да не ни кажат најверојатно пречиме. Ако некој е слободен цел ден да мери улици, има луѓе кои сакат да одмараат, да се искараат, да бучат со провосмукалка. Колку и да сме роднини, не секој секогаш му е дојдено до гости. Во нормална земја темава би била смешна.
Главниот проблем е овде што очигледно некои снаи си умислиле дека свекорот и свекрвата се должни да им обезбедат кров над глава. Не, не се должни, го прават тоа како знак на добра волја, ако ви чини добро, ако не барајте си друго чаре, тоа што сте се омажиле за некого, не значи дека неговите ве посвоиле, па сеа мора да ве тинтраат. На крај краева идете си кај родители, таму ќе бидете раат, пошто вашите сестри за разлика од золвите се фини и васпитани и нема да ви го реметат мирот.
Од снаи и золви, до имотно-правни односи... Може да сублимираме за "дешавкава" и да прејдеме на следен проблем?
Не, само свои деца се сакаат како свои, од сестра ти ќе ги сакаш се додека немаш свои. Коа ќе имаш свои деца ќе збориме.
Па и несогласувањата помеѓу снаите и золвите воглавно се поради тие имото-правни односи. Или снаата мисли дека золвата и го ремети мирот, или дека и зема дел од куќата на свекорот кој мисли дека и припаѓа на неа. Јас не гледам за што друго би се карале снаа и золва, сигурно нема золвата да се лути оти ете некој и го грабнал братот па сега тој повеќе и посветува внимание или пак снаата би и се лутела на золвата оти е блиска со братот,мајката таткото. Секаде каде што има несогласување помеѓу золва и снаа причината може да биде различна и виновникот различен. Мојата сопруга не живее со својата снаа од почеток бидејќи снаата мислела дека золвата и пречи во куќата во која ете и било тесно. Таткото на мојата сопруга беше болен, се движеше потешко и ако паднеше не можеше сам да стани. Јадење не можеше сам да си прави , мораше некој да му направи за да има што да јаде. Братот и снаат живееја на спратот во 2 соби со едно дете а на долниот спрат беше татко и каде имаше исто 2 соби . Е сега проблемот беше што снаата мислеше дека и е тесно и дека треба да и ја дадат едната соба од приземјето а од друга страна не сакаше да го погледне свекорот а не пак да му прави јадење или да му помогни да стане кога случајно ќе падне. Мојата сопруга одеше секој ден да му прави јадење. да го испере, да исчисти понекогаш и ќе преспиевме таму за викенд а снаата со сиот памет одкако ќе сме заминеле се симнувала и му викала што ги прибираш бе “овие“ . А да биде апсурдот поголем и таа има брат кој беше под кирија и кога починаа нејзините родите го продадоа станот во кои живееја и си ги поделија парите. Поради таквиот нејзин однос мојата сопруга одлучи да си го земе делот што и припаѓа од татко и и си ги зема двете соби. Брат и беше разбран и не се лутеше знаејќи дека неговата сопруга е крива за тоа и дека ако сакаат повеќе треба тие самите да им обезбедат на своите деца. За комшиите и роднините кои не ја знаеја причината за нејзиното постојано доаѓање кај татко и можеби таа делувала како нападна и дека им го ремети мирот а вистина е сосема друга. Во оваа тема секогаш ќе имате спротиставени ќленови на формот бидејќи повеќето сте од женски род а со самото тоа сте повеќето или снаи или золви па секоја гледате еднострано само од еден агол. Нели за разлика од темата за свекрвите каде што нема свекрви на форумов па лесно се согласувате дека тие се лошите, вештерките Заборавајќи дека тие се мајки на вашите сакани сопрузи и сте се замислиле ли како би се чувствувале вие кога на некој форум прочитате како вашите сопрузи и оговараат вашите родители како се лоши, овакви или онакви
Имам и свое, 9 години има. Многу жалам што поради одредени причини не бевме во можност да и овозможиме брат или сестра. Внуците си ги сакам исто како мои, тие тоа го осетиле низ годините во кои растеа(патем најмалиот внук ми е 17 години најстариот 29) па сега и мојата ќерка ги чувствува нив блиски како браќа и сестри. Многу е поврзана со нив , најмалиот внук од брат ми кои живеат во иста куќа различен спрат нема ден да не дојде да се гушнат, бакнат да си поигра со неа. Затоа и не ни сметало кога одиме на одмор да носиме некој од внуците со нас. Можеби ете сте од помладата генерација па немате чувство како е кога ќе се соберете на фамилијарна слава сите на куп браќа, сестри, снаи, зетевци , внуци. Еден ден кога нас постарите ќе не нема тие се кои ќе си помагаат меѓусебе во добро и зло. Немој да мислите дека таа поврзаност може да ви ја надокнади било кој другар, пријател, колега.
Знаеш како викаат брат за брат, сирење за пари. Но сепак твој став и твое мислење, ниту се обидувам да те разубедам ниту ко тебе да ти ги филувам мислењата. Плус мубаетот ни отиде надвор од темата.
Јас искрено многу ја сакам и почитувам мојата золва. Сигурна сум и таа мене. За арно за лошо тука сме си тоа е најбитно од се друго. Туку сакав да кажам нешто што одамна го спомнувам низ темите а тоа е дека сопственио мир си нема цена, вашата комфорна зона за живеење е нешто меѓу највредното во животот . До овде се е кажано. Јас сум за другарување ама сепак на крајот од денот е непроценливо кога секој си има и си оди во своето катче со својот живот и сопствените навики и желби.
Не знам дали треба на некого да се обратам и дали е за нервирање, ама страшно ме нервира што золва ми сака секој ден, буквално секој ден по еднаш или два пати да го гледа моето бебе на скајп. Живее во Хрватска и беше со нас 40дена откако се породив као за помош, ма да поише гужва ни праеше по дома отколку што помагаше. Против неа лично немам нишо, супер се слагаме, се е ок тоа што го сака внук и ама да драмиш секој ден да го глеаш на скајп па уште ако не го видиш паники да те фаќаат?! поише ми е нелогично отколку мило. Секој ден на свекрва ми пушти го па пушти го, па и со звук за детево да не и го заборави гласот :/ па мајка ми што живее на 5мин од нас не го глеа секој ден Познавам многу тетки на внуци што ги сакаат премногу внуците па сепак не досаѓаат секој ден. Дали може и од претходно ми е собрано што доаѓа кај нас и седи по два месеци и нон стоп со детето нејзино вриштат по дома, не знам...ок е да го гледа ама еднаш у неделата не два пати дневно. не знам дали е до неа или ја сум уште со хормониве
Kaj tebe skype kaj mene bese pratete sliki... Ama! Pratete sliki koga ke jade spie igra cica kaka, da ne propusti nesto. Nemanje vreme tako zvano ignor i si se smiri. Probaj. Valjda ne e so. Losa namera ama znam sto znaci da te napinja nekoj...
Pazi ne mi zvoni mene tuku na majka imi poso ziveam so svekrva. Duri denes se desi koga sakase ds go vidi bebco sreka on spiese, pa stana I otidovme kaj majka mi I tamu mu se javi na mm za da go vidi. srekja on ja otkaci
Кажи и на убав начин, ќе те сфати. Имам две внуки, 24/7 се со мене и едноставно не можам без нив. Дури и еден ден кога одев за Грција некогаш се гледавме на камера. Знам дека може е претерано но исто е и од нивна страна. Пример кога беа на одмор му кажав на брат ми не ви сметам барајте ме вие и пратете ми слики кога сте во можност. Немам свое, ама како дел од мене да се ги чуствувам. Верувам дека ако и кажеш на убав начин ќе те сфати, тетка секако не мисли лошо за внуче само некогаш и ние претеруваме.
Ti izgleda neznaes kako e da si daleku. Jas so sestra mi po cel den na kamera visam da gi gleda decata daleku sme i gi gleda vo zivo ednas godisno. Da e sestra ti vo prasanje druga pesna ke se peese. A neznaes kako boli dalecina. Se vi smeta.
Јас па си ги гледам старите слики со внучка кога ми недостига, не мора да се аптудејт. Они ми праќааѕ слики и видеа од важни настани- проодела, забче, прозборела , ми ја покажале кско спие или игра. Ама не секој ден Да имав потреба да гледам бебе секој ден, ќе родев второ. Вака, уживам кога можам, без да си сметаме
E da be, znaci ja ne si go sakam vnuceto stom ne zamaram 24/7 da go gledam. Ne zezaj, se znae oset treba da se ima...
До карактер е. Некои едноставно се премногу прврзани, па висат по телефони,скајп и што ти не. Мене лично ме нервира и донекаде несватливо ми е. Маж ми виси со неговите така... за зависник го сметам. Не мислам дека е до тоа дали се далеку или блиску...и до газот да се пак исто ќе биде.