Ама знаеш, едно е тие да се блиски, а друго е тебе да те напињаат. Едноставно може не сакам буквално се да споделам со другите. Еве во мој случај на пример, ни девер, туку јатрва ако не прати на мм 10 пати на ден по 100 слики од малите жива не е. Она 10 пати во денот те бомбардира со слики и видеа и буквално сме дел од целиот раст и развој, немаме гомце пропуштено. На почеток ај си викав што ќе се нервирам, внуци му се нему. Ама таа давеж е, и тој цело време аман вика. Најмногу на свет си ги сака внуците, живот дава за нив, ама јатрва удав. Тамам сме седнале на доручек, уште не освестени сабајле телефон титка 15 минути по ред, стигаат слики и видеа. Се спремаме да излеземе, пак 10 минути телефон свири. Се спремаме за ручек, телефон растура 15 минути. Тамам секс се спремаме да имаме, телефон не престанува да титка. А што да и рече, аман не ми праќај слики? И тоа не бива. На почеток ме фрустрираше, сега не се умарам, а и тој. Си почна телефон човек да чува на нечујно. Ај еднашка, два пати, ама секој ден по цел ден, па искрено раат ми нарушува. Треба да почне мм слики од мачкава да и праќа на секое па може и ќе и текне. И не, не претерувам. Навистина 10 пати праќа на ден. Рекордот и е 16 пати до сеа. Имам и јас 4 братучеди/тки со кои сум преблиска, со тодлери. Најмили ми се. Ќе се чуеме ќе побарам сама некое сликче да ги видам и тоа е тоа. И мене би ме нервирало да ми се бара слики цело време, ниту планирам да праќам по милион слики и видеа како јатрва нас по цел ден. Боже сачувај.
Не за џабе рекле сите дека за се треба граница у животот, дали за глупости дали за не, исто е, граница и баланс се треба. Не можам бре јас по цел ден на телефон да висам у животот, да сликам, да снимам, са праќам или да зборувам. Си имам и јас мои приватни ствари и не сакам да ме реметат. Е не, ќе седнам цел ден на скајп на компјутер и ќе зборам.. и што ќе зборам? А камо ручек? А камо вечери и појадоци, камо чистење, срееување, па дете па по дете 300 на саат цел ден.. Не, јас на скајп ќе висам Бог да чува. Тоа не ми е нормално на мене па кој сака нека рече. Се знае животот како оди и блиските у него. Златна граница за се. Јас немам ниту нерви ниту слух ниту говор по цел ден да мелам и слушам. Уши ми се возпалуваат од телефон кога зборувам. Усул се треба па кој и да е. Не седнал некој дома 24/7 да дрнда на скајп и што треба и што не. И не , не е нормално. Оти се што е претерано е ненормално и не е во ред. Граница се треба е тоа е нормалата.
Мај кид, мај рулс И не ме интересира дали се љути некој или не. Ке знае за моето дете толку колку што јас сметам дека треба да знае. Неможе нејзе да и е помило од мене што ми е. И со слики од мое дете не гњавам никого.И кога ќе побараат слика да видат познаници, не покажувам. Моето мене ми е најубаво и најмило. Секое претерување и опсипување со слики на кои јас мислам дека е ,,сУатко,, е дегутантно. Золва. Може да си доаѓа кај мајка и колку сака, ама кај мајка и. Неможам да разговарам од оваа инстанца зашто немам осетено на грб во поново време да ми седи некој по цел ден. Кај мајка одам и јас, ама не се истурам на поседенки. Плус немам золва. Кога би имала золва која живее во заедница со моите родители, 100% сум сигурна дека не би одела секој ден а и кога би одела би го опседнувала катчето на моите родители, никако на снаата.И таа си има право на приватност, свој дневен план и нема што да се прилагодува таа кон мои потреби.Никако не би сакала со моето секојдневно седење и терање гости кај мајка ми да им правам брачни и фамилијарни кавги. Крај краева, си имам работа по дома, жена сум, одгледувам деца и водам домаќинство и немам време за целодневни и секојдневни седења.
Не претеруваш. Си имаш свои активности, обврски, не си должна некому да му емитуваш реално шоу во живо освен ако самата не решиш и никој не треба да очекува такво нешто од тебе.
Mene ne mi smeta sestra mi koga zvoni. Ama ako imam moment da praam nesto bilo so, ne i se javuvam i ne mi fakja za kusur. Ili ako zvoni a so mm sme doma ako me mrzi nema da i se javam. Ama vo glavno visime na kamera. Mm ne iskazal deka mu smeta i on i se javuva koga ke ja vidi uklucena.
епа золва ми не разбира дека ние и други активности имаме. она си е без работа, мрзоволна е и мисли цел свет е таков. сабајле свекрва ми од јадење ја стана за да и пушти камера. вчера кај мајка ми одма се јави зошто не не начека дома. точно е, не живеам далеку и немам сестра ни брат ама сигурно не би претерувала до толку. Во ред е се, не викам да не го гледа ама не и по секоја цена,да не можам на раат со другарка да седнам пошо она сакала да си праиме муабет и да го гледа. немање осет е нешто што страшно ме вади од такт
Немате уникатна золва како што имам јас хаха. Сабајле во 10 ми се јави дека ќе дојде на гости кај мене со бебушот. Ќе одела со една школска да се види, па ќе прошета по бутиците и околу 15:00 ќе дојде. Еве го 17:00 уште ја нема, му кажав на маж ми, викам не е фер,ајде пола саат да касни ок, ама па цело време ја чекам. Ми вика јави и се дека ќе одиш некаде да не доаѓа. И ѕвонам не се јавува и пишав порака дека демек ќе одам друг стан да гледам. Не ми врати ништо. Таква е она од раѓање што викаме ние. Од корист да кажам. Кога и да треба да дојде секогаш вака прави. Сега играме по мое хахаха
За такви работи ни снаа замарам ни никој. Се слушаме онака неколку пати неделно,ама да ја замарам 24/ 7 ми е незамисливо.Со мајка ми се слушам постојано, ама не е опседната ако не и се јавам (зашто знае дека ако не се јавам си имам обврски)или да крева паники ко золвата на Girly90. А свекрва ми да не ја види малата три месеци нема око да и трепне жими се. Е и такви не можам да ги разберам.Таква жена немам ни сретнато, до толку бе луѓе да е без чувства, па за внуче од син и се работи. Просто да се чудиш.
Свекрва ми кај золвата,има дојдено само еднаш, кога се роди малото да го видат, а и свекрва и исто само 2 пати и има дојдено. Малата има 5 месеци, не живеат во Ск. И јас неможам да разберам како го можат тоа. Јас не би можела, сепак е внуче.. Маж ми вика абе со обврски се неможат. Велам за викенд не работат, нека дојдат во недела од сабајле и попладне нека си одат, никој не ги тера да седат со денови.. Тоа ти е..
Јас со мојата не разговарам од тие причини. Штом не сака да ми го гледа детето, нема потреба ни јас да ја гледам неа, ни муабет да и правам. Нек се гони.
Никако. Другарка моја го имаше тој проблем. Не можеше гости да викне од девер и. Цело време плеснат во дневна, во пакет со жена му. Па другаркава во спалната си чекаше гости. Им го јадеа јадењето, за да можат да се луксузираат. Им доаѓаа гости на другаркава и маж и, а они одма им се тупнуваа. Да се немало осет.
Не ја знаеш другата верзија на приказната Лесно е да судиме вака. Најжртви таму биле свекорот и свекрвата по мене, два сина, две снаи, уште и внуци, хпл уште и ќерка немажена или разведена им фали, таман да биле
Свекрвата не чини-Ок,се меша,одгледала мамино синче. Золвата не е мажена-смета во татковиот дом. Деверот со јатрвата и тие тупнати во куќата,е само новата снаа е океј и се само таа е повредена. Милион примери имам вакви во близина,ќе се лути,ќе мудрува снаата и се ќе и смета. Очигледно е дека сум золва?
еее да си се надоврзам ја за золвичката моја..пак ќе доаѓа! епа не можам!! значи беше мај еден месец, па два месеци јуни јули и сеа пак и не се знае колку време ќе седи, доадно и било у хрватска пошо маж и и детето се во германија и она чека документи шо не знае кога ќе бидст па за тоа време кај мама ќе си седи. И ја барам нормалноста во оваа ненормална ситуација и не ја наоѓам. и затоа кога ќе дојде ќе си се спакувам и со бебе кај мајка ми ќе си идам, пошо очигледно кај мама сите идеме кога ни е најтешко,а мм пошо ми вика цело време ''не знам шо дс ти кажам'' нека не знае и понатака.вчера толку си се прежалив што се омажив, што од убаво си напраив секој ден душава да ми трепери, колку и да ми е супер золвата првава година у брак пола со неа ја поминав!
Излегува дека снаата е секогаш виновна. Доказ дека треба да биде безгласна буква. Нека доаѓа золвата кај мајката. Никој не и брани. Ама не може да квакнува кај мене во соба по цели денови и да очекува јас и маж ми да ја гоштеваме. Ако на маж ми на прво место му е сестрата, аривидерчи. Такво муле не ми треба. П.С. Немам золва. Ама имам девер кој е еднаков на золва.
Па нормално е ако седи во странство сама да си дојде дома, и јас истото би го направила. Ако не е золва ти, свекрва ти е, во заедница сте, тоа е тоа не сте сами. Навистина маж ти не може ништо да превземе...
Ама таа си оди кај родителите нејзини. Искрено, можеш да се лутиш ако дојде кај тебе дома да живее, вака, и вие и она реално на старите дома им живеете.
Жити се! А каде да оди?! И тебе ли треба да те праша дали да доаѓа? Колку што имаш ти/твојот маж право да седите, толку има и она. Не знам само како не ви е срам да ги помислите овие работи, а не па јавно на форум да дебатирате за нив. Ако ти смета, оди под кирија бе девојче, таму никој нема да ти доаѓа ако не сакаш