Инаку и сестра ми како дете ни ги бацуваше сите ѕидови со кармин, уметнички слики имавме... тоа прават децата Не се нервирај премногу, се' се поправа, само односот со луѓето ако еднаш го зезнеш, тешко е да се среди.
Точно! Еве ние живееме во заедница и од прв ден му кажав на мм, немам намера да давам пари уште помалку да земам кредит за нешто шо 40 години не се сменало, па шо сега ќе чекаме снаата да ни намести. Од кај знам можда утре ќе ни речат ова не е ваше одете си. Имав таков случај со другарка. Инаку ако золвата веќе му го отстапила станот на братот мислам нека шо после да се буни и да им го "наплаќа" својот дел вака. Ама добро секоја приказна има 2 страни, па кога би дошла золвата на girly и ја каже нејзината верзија, тогаш ќе видиме кој е во право.
Реновираат затоа што и тие живеат таму и сакаат да им биде убаво кога се веќе таму. При реновирање се дава многу помалку пари отколку сама да изградиш куќа. Верувам дека парите што ги дале за реновирање немале да стасаат ни за плац да купат а не пак нешто и да изградат. И да си сака сестрата дел после смрта на мајката можат и да и го исплатат делот што и припаѓа што пак е поевтино отколку нешто ново.
Ти така си мислиш, ама ок. Јас бев во заедница и не дававме пари за реновирање, си ги чувавме тие пари за во наше да си купиме што ни треба. Баш од тие причини зашто мм има и брат и сестра не сакавме да вложуваме кај свекрвата. И може со кредит плус нешто помош од родителите да се земе мал плац,а понатаму полека си купуваа мебел и слично, имам братучед така направи. Сега си живеат сами во свое. Е малку се откажаа тогаш од многу задоволства, ама сега си се сам свој газда.
Ама никој не спомнува синот и снаата да станат косопственици на куќата, се реновира дом на туѓо име Јас не би, ни под разно. Ако ете по некоја лоша случајност живеам со некој родител, мој или негов, и ако треба да вложам во тој дом, дур мое име нема на хартија ни денар не давам. Брат за брат, сирење за пари. Во никого немам доверба, ни во партнерот немам до толку, не па во мајка му.
Ако е брат за брат, сирење за пари, ќирија ќе треба да им плаќаат на старите. Мало реновирање во дел од куќа кој ви го даваат за џабе е за своја удобност. И ако во иднина се разделите ќе остане како ќирија да си плаќала. Нешто ќе може ваљда и да си земеш.
Се зависи од ситуација до ситуација, ако се има можности да се одвоиш одма ок ама ако мислиш неколку години да си во заедница не гледам причина зошто да не вложиш во разубавување на просторот во кој живееш. Јас на пример да сум во ситуацијата на Girly90 би ги продал станот и на мајка и и на свекрвата би зел плац и би направил доволно голема куќа за сите да си седат. Таа нема никој освен мајка и во иднина кога ќе остари мајка и и ќе и треба помош секако ќе и биде полесно да е блиску до неа исто се однесува и за свекрвата и.
Се согласувам. Затоа во такви пресметки во личен живот не влегувам. Но, се' е пореално од тоа да живееш во дом кој не е твој и во него да вложуваш илјадници евра. Не зборувам за реновирање на една соба, туку на реновирање на цел кат или цела куќа, а црно на бело никаде нема. Знам вакви реални ситуации. Мене не ми се јасни, со кој памет.
Дечки, зависи што подразбирате под реновирање. Едно е да смениш прастар прозор кој дихтува во собата во која спиеш, друго е да менуваш плочки во кујната на свекрвата. Фрижидер, кауч и телевизор ќе си ги земеш со себе, без разлика дали станува збор за развод или преселба заедно со мажот- цевките, плочките и вратите ќе си останат таму каде што се ставени.
Ако живеев повеќе години во заедница, би купила лежај за спиење, плакар, наткасни (така и направив) и после си ги земавме. Ни на крај памет не ми падна тогаш да го реновирам пример купатилото таму, спалната на свекорот и на свекрвата или во кујната да рушам.
Ако планираш да се селиш на свое и тука си привремено, тогаш е ок, нема потреба ништо да менуваш. Во спротивно треба да плаќаш ќирија. 200 евра месечно, за 5 години ти се 12 000 евра. "Фрлени". Во спратот да вложиш толку и да останеш во брак повеќе од 5 години значи во ќар си. Плус ако успееш да си земеш нешто, топ. Чиста математика. Па сега бирај дали ќирија или брак кој може да потрае многу повеќе од 5 години. "Болката" е што во другиот случај реновираното останува кај него и е во многу подобра ситуација од твојата. Со плаќање на ќирија некаде на страна и двајцата на крај се разделувате без ништо. Еднакво. Но финансиски, оној кој излегува од дома и оди на туѓо, секако треба да дава пари. Освен ако нема проблем да живее со години во мувлосани соби со изедени од времето прозори и се бања во ве-це со пожолтена санитарија. И уште една опција има, често распространета, да се жали по народ како свекрвата ништо не изреновирала за снашката.
@Bridget, во нормална здраворазумска заедница „ќиријата“ секако се плаќа преку купување на храна (која нормално заеднички се јаде) и делење сметки. Е сега, ако мислиш на тие пари да се доплаќа и плус вистинска ќирија, тогаш зошто побогу воопшто младите би седеле таму, штом можат да си дозволат да се тргнат некаде на страна Реално, со исклучок на синчињата што не можат да се пуштат од сукњата на мама, останатите седат во заедница не од што сакаат, туку од што мораат. Да имаат пари за кирија, не би биле таму. А јас како снаа, ни на крај на памет не ми би било да улагам во нешто што после не би можела да го земам со себе во случај на развод или преселба, сеедно. Доволно примери имам во околина за да знам да не се зае*ам на истиот начин.
Затоа јас гласам ако се мора веќе со некој да се живее, тоа да се родителите на невестата Очигледно сите невести имаат поарни семејства од тие на маживе, не знам зошто упорно кај неговите дивјаци се оди. Вака, кај нејзините, нема кој да ја нервира, решен проблем
Ваквите реновирања во домот на свекорот и свекрвата, најчесто се прават пред свадба, јер нели, да не се поругаат пред гостите. Ако реновираат свекорот и свекрвата - супер, ама ако пред свадбата и снаата вложува пари, има реален проблем. Во случај да се разведуваат, снаата законски нема право да земе ништо, јер нели, мебелот е купен пред склучување на бракот. Е ако старите решат дека мебелот е нивен, снаата ке мора на сила да изнесува гарнитури, телевозири и да ја одмонтира климата.
Во нормална здраворазумска заедница воопшто не се ни размислува дека некој нешто дава или некој нешто ти зема, едноставно си го живееш животот и си го правиш да ти биде поудобно. Јас не можам да ве разберам дека само што сте се земале размислувате што ќе биде ако се разведете? Едноставно живејте и размислувајте дека ќе бидете вечно со партнерот а не дека ќе дадете некој денар кој вас ќе ви го разубави животот во катчето каде што живеете па како би си го вратиле. На крај краева секако еден ден ќе имате дел од таа куќа/стан, на кого ќе припадне ако не на децата. Обично се вели “каков си мислиш дека и сите се такви“, и ставете се положба на вашите родители што би направиле вие и дали би работеле нешто на штета на децата. Ние имавме слична случка кај нас кога поради мал пропуст после смрта на татко ми мојот брат не доби ништо од куќата а по третина добивме мајка ми, јас и сестра ми. И брат ми истото го велеше дека куќата не била негова затоа во делот кај што седи не сака ништо да прави демек некој утре ќе му ја земе? Еве го 30 години си седи во куќата ,скоро толку и сестра ми е мажена и си живее на друго место а сопственоста е сеуште иста како и тогаш. Со времето свати дека и не е баш најбитно тоа што е на хартија туку она што ние сме си го ветиле, хартијата лесно трпи измени ама тешко се средуваат односите меѓу браќа,брат сестра , сестри ако еднаш некој некого сака да насамари. Значи тој 30 години не требаше ништо да прави за да си го разубави спратот каде седи оти не било негово на хартија? Можеби така размислувам оти сум малку од постарата генерицаија каде луѓето не беа толку робови на парата и каде се се гледаше низ призма на парите.
@Milan93, Никој не се венчава очекувајќи да се разведе ама човек треба да биде реален. Не сите љубовни приказни завршуваат со среќен крај и затоа памет во глава кога станува збор за реновирање туѓ стан.
@Milan93 ти слободно печали пари и вложувај ги во воздух, остави не нас, робовите на парата, да си потпишуваме договори кај нотари и да се грижиме за она што го има на папир. Ако некој ден јас треба да одам на суд, ветеното ке си остане таму каде што е кажано, а судијата ке бара доказ, папир, црно на бело да утврди во чија сопственост е недвижноста. Може некој ден мене да ми текне да се вселам во напуштена куќа, да ја средам тип-топ, ама ако дојде газдата ке ме исфрли сосе партали. На суд ја ке кажам дека ми ветил, ама каде е напишано тоа? 50- 50 се шансите да сум луда или едноставно да се правам будала.
Тука се работи за снаата, а не за синот. Ако дојде до развод, каде ќе има доказ дека снаата вложувала доколку е сето тоа на името на свекорот и на свекрвата? Значи, доколку нешто не е на мое име, јас не вложувам, па макар и да е тоа кај татко ми и кај мајка ми. Остај ти ветувања и слични работи.
Пак ќе речам уште од старт повеќе се размислува негативно во бракот отколку позитивно. Уште пресно венчани ќе ги двоите парите на мои и твои за секој случај да не се разведите па да се знае кој колку потрошил. Навистина ве жалам како го сваќате бракот, фамилијата, односите внатре во вашата и фамилијата на сопругот, кога ви требаат нотари и адвокати за да можете да функционирате. Уште од старт почнувате со недоверба, делење, а тоа секако многу побргу води кон развод. Не дека нема примерикаде заимот се скарале брат, сестраама тие се во многу помал број. Вистинските фамилии живеат во слога и меќусебна доверба , разбирање и предвреме им се извинувам на сите кои ќесе најдат навредени од овој мој пост ама едноставно замене се несватливи вашите мислења.На крај нели секој си ја свака среќата на свој начин и си гоживее животот така