Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Еве и јас сум золва само јас бев мажена кога дојде невестата.И невестата млада помала 10 години и од мене и од брат ми ха,ха.Како сите золви и јас можеби и санаами се жали дека и се мешам .... ама за нејзина среќа не сум многу поврзана со мајка ми па така не и досадувам на невестата . Еве како золва мене што ми пречи кај невестата пр. и се јавувам на тел, и велам сакам да дојдам дали ке сте дома нормално се најавувам културно , а оваја ме прашува кое време и одредуваме термин ! и знајте што се случува одам јас и таму пред мене дошле сестараи нејзина и ,мајка и немам ништо против ама луге ова пракса секогаш се случуват ?!?!? и ЈАС се чудам дали свакиве се нонстоп кај мајка ми преселени или оваја невестулкава одма ги канит и нив!:!;!??!?! ха,ха,ха да не можам да скршам муабет со мајка ми полна кука .Знам реков не сум блиска со мајка ми премногу ама сепак мајка ми е ?! и сега што да прам од муабетот ништо ! Инаку релативно сум задоволна од нејзиниот однос воопштено не е нападна и напорна не е многу образована но сепак не е и проста ете и млада е уште учит за животот ! П.С. сега од кога се омажи сестаи се намали и оваа пракса на групна средба сега само на родендени и слави ги срекавам што е и нормално ! одит работава на поарно ! ха,ха,ха
    Значит немам ништо против нејзините нека си идат кога сакет ама Јас си сакам кога ке појдам а тоа не е често вниманието на мајка ми кон мене да е свртено нормално и јас си сакам со нив да си помуабетам за работи кои нас како семејство не врзуваат а пред сваките тој муабет не се муабетит !
     
  2. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мило мие што не бев погрешно сфатена и од твоја страна. Значи горе долу сме тука се разбираме. Исто како и ти јас таа ситуација неможам да ја поднесам и гледам што повеќе да сум повлечена. Повеќе сум надвор од колку дома и така. Ако сум дома се повлекувам во собата моја и вистина мие подобро вака. Нејзините мислења и разговори не ме интересираат повеќе. Исто дали ќе имало или не зготвено дали ќе бидело суредено повеќе не се замарам. И препуштам ете таа како нов член повеќе да учи и да се интересира. Па да видите како си ја фати работата. Сега и знае да готви и да чисти и машини да пушта ама буквално се. Така да не се грижам за тоа дали ќе е се на неа или било што. Си има свекрва нека се консултира со неа. Значи опцијата игнор и делете делувава. Така да ја сфатив дека нервите и здравјето не се враќаат, а другото се се решава.
     
    На Glory.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Знаете што :)? Веќе цела недела и повеќе имам "гостинка", така да можете да замислете што се случува!!!! И, ова не е се, размислува да се пресели поради нејзини некои обврски да живее со нас!!! Ова дефинитивно нема да можам да го издржам......ова е веќе премногу!!!!!
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637

    Немој да се нервираш,види мажти што ќе каже на ова ,ако и дозволи да се пресели кај вас „лепни“ му го муабетот дека може да го приберете и брат ти/сестрати кај вас па така сите заедно на куп ,да живеете.
    Кажи му дека таман ќе можете да играте 2 :2 кога ќе почнат кавките,празнење на фрижидер,бојлер,сметки за елек.енергија итн.
    Немој случајно да си дозволила да се всели кај вас,ако и погорниот муабет не помине,т.е не ја сфати пораката,тогаш кажи му да бира или ти или она.Знам дека е жалосно до тука да се доведе да бира,
    ама е.. го,ти си ми помила од сестра му...Поздравче Dont give up ;)
     
    На Dona-Ares му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    :tmi: Види вака немој да месас БАБИ и ЖАБИ !!! прво кажи дали живееш во твој стан-куќа или не??? дали си во семејна куќа со свекривати дали си во заедница !!!! дали си во нивна куќа ама ти си посебно Т.Е. делена ?????
    После овие одговори можеме да ти дајме совет како да се понашаш !:?!?

    Немој да брзаш размисли убаво од горните факти зависит твојот однос ! ако си таму и ти дојдена во заедница или да користиш нивен простор за живеење НЕМАШ ПРАВО ДА ЈА БРКАШ !!! ако е твој станот Тогаш зависит само од твоето гостопринство !!!!!!
    Свекривати и мажоти не мислат како тебе ТАА е нивна можеби некогаш ТАА била лишена од некои благодети за да се правит куќата па така невестата имат помалку право ВИЗАВИ ( золвата- керка))
    Извини ама ЈАС го кажувам своето мислење !!!! :!:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: :tmi: :tmi: :tmi: леле ,, и баба така велит ко тебе ..,,, :rofl: :rofl: :rofl: Овде не се работит кој е помил ! ТИ дете не си сестра некому ???? да те избркат некој или ултиматуми да му поставуват на твоите блиски како би ти било тебе? аман бе деца во животот идет секакви ситуации како моит одма да се бркет блиските ! норми и правила ДА ама бркање поготово ако куќата не ти е лична сопственост????????? јас сум против !
     
  7. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Soco се согласувам со тебе, какви сме станале себични само за себе гледаме... Ако не помогнеш на сестра на човекот на твојот живот тогаш на кого? Сигурно нема да векува кај вас дома, може девојчето нема пари за да си плати сама сместување... Верувај ако и помогнете сега, таа ќе ви врати за таа добрина во прва прилика. Како и да е, вие си знаете какви ви се односите и каков ви е есапот дома, јас само кажувам дека треба да го отвориме срцето несебично и кон другите... Поздрав :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637
    Е па ,ако де, нека и помогнат и неа(сестрата на типот) ,ама нека помогнат и на братот/сестрата на девојката која го изнесе проблемот на форумот.
    Не сум дете,само некоја година помалку од тебе,дарлингче,ама работите ги гледам многу јасно година дена однапред.Не ,не сум баба Ванѓа,само работите однапред добиваат димензија на реален проблем.Прочитајте ги предходните мислења на девојката и ќе видите од кај се почнува проблемот.Позз.
     
    На Glory.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185


    ете ме опеманаа да прочитам на назат и сега еве да го сменам исказот !
    1. не кажа во каков стан живеете сопствен или најмен , ако е сопствен во чија сопственост? исто и големината на живеалиштето е битна !!!!!??!?!
    Ако станот е најмен а според пишаново се гледа дека ,,несудената золва живее во друг град ,, повеке од сигурно е дака не морат да прифатиш да живее со ваС !! ако сакаш ,,мир во ќучи,, :!: според твоите кажувања таа не заслужуват !
    2. ако прифатиш да живее сепак со вас одреди твои правила и норми допринос во приход , максимална изолација во посебна просторија , ограничени посети , ограничени коментари ... ако прифати по тие услови добро ако не ,,деф,, :rofl:
    3. Јас навистина сум да се помогне на блиските ама ако тие се разбрани и навистина искрени ! а во ваков случај одлуката е ТВОЈА ЛИЧНА и не отстапувај од од висок критериум на своите ,,црвени линии,,
     
    На Glory.glory и stetoskop им се допаѓа ова.
  10. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Ви благодарам што ми помагате со вашите коментари и совети..... Во периодов ми e премногу тешко, затоа што немам избор, мора *малата* да остане кај нас, само не се знае за колку време.....еднаш едно кажува, после ќе слушнеш сосем друга верзија на муабетот и стално провоцира како таа ќе остане тука, како ќе живее со нас, ми ја гледа реакцијата во секој момент...
    Мислам дека не барам многу, сакам само мир дома......да е човек на место, со кој можеш да се разбереш, тогаш не би имала ништо против неа, а вака никако....после се што преживеав со неа.....некои работи не можат да се заборават, уште помалку да се опростат......затоа што за се во животот има граници.....
    Кон такви луѓе, од нејзин калибар, не можам да го отворам срцето несебично и да се правам дека се е во ред.....кој и да е на мое место, сигурна сум дека ќе се чувствува исто како мене.....
    Поздрав и пријатен викенд :) :*!
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    А да си поразговараш со дечко ти и да му речеш дека сакаш дом за вас двајцата, дека сакаш сами да живеете, сами да си го организирате животото, сами да си ги сносувате трошоците, да му споменеш дека не ви требаат цимери! Објасни му дека сакаш да го задржиш коректниот однос со сестра му но дека ти се чини невозможно да останете во тој однос ако таа продолжи да живее со вас! Мислам дека тоа по малце ќе го исплаши...овааај ќе го свести дека подобро е работите да останат вака отколку заедничкиот живот со золва ти да предизвика уште проблеми!
    Потруди се да не изгледаш себично, кажи му дека вратата е отворена за сестра му секогаш кога сака да дојде и на обично гости па и на спиење, но тоа да живее со вас не ти се допаѓа!
    Што знам, и јас не би се согласила да живеам со некој кој пробал да ме огрдува пред мојот иден сопруг, затоа те разбирам и подржувам да пружиш отпор и да не заживее сестра му со вас!
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Морав да цитирам дел од мојот пост кој го напишав пред повеќе од 1 месец, сакав да кажам дека ситуацијата не е ништо подобра туку оди на полошо, таа е сеуште тука. Ги прочитав и постовите на Glory.gloryи слободно можам да кажам дека и мојата ситуација е тука некаде слична.
    Золвата исто како и нејзината золва нема никаков осет, еве веќе 2 месеци откако е тука и уште ништо таа си ужива не се секира за ништо,а и нема за што кога нема никакви трошоци се на готово и јадење, пиење. И уште кога ќе видиш лута, да се пазиме да не речеме нешто да не се навреди, да не се налути, ако нешто не и е по ќеф вика по сите, мене дури и незгодно некогаш ми станува барем пред мене да не се однесува така. :x
    Веќе и соседите почнаа да се чудат и да зборуваат. Кога ќе му кажам на партнерот вели не се секирај нема засекогаш таа да остане овде, ќе се среди не се нервирај кога нешто збори таа е таква. Вели ќе треба да се испокарам а вака барем поарно ќути си паметниот секогаш попушта. И тој мн се нервира ама нема што да прави, а јас пак уште нему му се истурам а многу се нервирам кога гледам неправда :devil: Ама осет никаков и уште закони кажува.децата нејзини пиеле оргинал сокови, на пример ќе има дома друг сок и вели овој сок не го пијат, и мн други работи, вели јас кај мене дома не правам така, не правам вака јас на друг начин на пр (готвам, работам), демек овде не и одговарале условите,ако нешто нема дома ако фали таа е тука за се да даде сметка. Не и се свиѓал омекнувачот за алишта таа користела друг па ајде таков да се купи :fubar: а не гледа дека друг плаќа за се. Нејзиниот сопруг некогаш доаѓа на кратко се гледаат и се така си оди работата.Не знам до кога ќе биде вака. што мислите вие за ова дали би можеле секојдневно ова да го гледате и да го поднесете
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас ќе не можев да го поднесам ова. Секоја ти чест што уште колку толку смирено размислуваш.
    Јас би се спакувала и би си отишла кај моите, па нека излезам не знам ти колку лоша.
    На идење ќе им кажам дека сум свесна дека таа е тука израсната, дури и ако сака може да се врати, јас не сум никоја да кажувам , но да не дава ни денар и уште да команда, не може.
    Јас си заминувам, а таа ако сака да му го уништи бракот на брат и, алал и вера.
    Гости, чест, секако, секогаш.
    Ама ова? и најтрагично не му се гледа крајот, и не се знае дали воопшто има?
    За што сум се омажила јас? Да робувам јас, да трпам за нечија ќејф? Да се зима од устата на моите деца? Нече мочи богами.
    Нека и дадат една соба, нека си купува сама за децата, нека дава за сметки, нека не се понаша ко паша некој, затоа што сега ти си онаа што треба да е во таа куќа, она е неприродно да е таму, јес да ако нема каде, дека дома ќе се врати, ама да си ја собере опашката.
    Да кажам, и јас имам брат, сега и јас кога ќе отидам се однесувам ко уште да сум таму, викам, урлам, не давам да се пуши дома...итн...ама да се глупирам кога таа куќа ќе си има домаќинка?
    Не би рекла.
    Срамота и греота е.
    А ти направи некој чекор со кој ќе ги освестиш, дадеш до знаење дека владее неприродна ситуација, а не да и ќутите на таа исфрустрираната, со тоа само си зема замав, арно и е на душата, не плаќа, домче си е, и се тресете, и може да станува само полошо. Оваа сама нема да се освести.
     
    На girl.23, savana, femina90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Фиминки и ситуацијата кај мене не се подобри. Навидум изгледаше така но реално не е. Се започна вака. На еден семеен ручек татко ми не собра сите и како глава на семејството ни објасни многу убаво што и како треба да правиме и да се однесуваме во домот. Сите што одат на работа да остават пари и така да се формира домашниот буџет, бидејќи сега сме скоро 2 семејства, трошоците се зголемуваат за сметки, исхрана, средства за хигиена итн. да не набројувам тука. Некако снаа ми се задума не и изгледаше баш најдобро така бидејќи пола од платата што и останува не и се доволни за шопинг секој месец, нокти и фризури. Тоа се некаде околу 10 000 илјади денари можи и повеќе што и остануваат спрема „платичката“ што ја зема. Потоа значи објасни дека во домот има работа околу ручек, чистење, пуштање на машини (пред тоа во горните постови ви кажав дека не сакаше да слушне за тоа). Во ниту една реченица значи не се кажа сето тоа таа да го работи или само јас или само мајка ми. Да си помагаме колку што можиме сите во склоп на времето и да не ја запоставиме таа работа. Е сега за мене се спомна дека јас студент да гледам пред се да си го завршам факултетот па ако има време околу домашните работи да помогнам. Значи јас не сум исклучена од ништо фукционирам како и пред да дојде таа кај нас. Е сега по некој ден се случува друга работа. Снемува дома тоалетна хартија и кафе и јас кажав со цел да се појди и да се купи било од кој не посочив дека некој друг треба ќе го направев тоа и јас. Мајка ми праша каде се парите што утрото ги оставиле јас реков се кај брат ми и купуваше на снаа ми апчиња ја болеше стомакот. И таа госпоѓата се налути и му дава пари на брат ми зошто јас така да речам. Значи тоа беше еден обичен збор што јас немав намера да ја навредам ништо. Се колнам дека беше така. Ама тука била друга работата таа оставала толку пари дома а јас не и сега со кое право јас така да речам таа веќе немала повеќе од парите демек сите тука ги оставила.( А сето тоа беше резултат на тоа што јас си купив облека т.е мајка ми ми купи и беше кеф на жената бидејќи ги положив сите колоквиуми имала некоја заштеда и сакаше да ме изненади а неа демек ништо а ја викнавме да иди и одби).Јас искрено многу се налутив немав таква намера ни па сакав со нешто да ја навредам низ муабет кажав тоа не беше ништо лошо. Ние и пред да дојде таа така правевме па никој до сега не се налутил или не реагирал така како неа. Заклучив дека е подобро да си ја држам устата затворена од колку да правам каков и да бил муабет со неа или пред неа. Никако не можев да си дојдам при себе зошто така цела вечер сон не ме фати. Наредниот ден ја седнав да зборуваме. Неможев повеќе. Од разговорот заклучив дека таа сака само едно јас што побрзо да се омажам. Ми кажува дека моја работа не било кога нешто се одлучува во семејството, јас да кажам мое мислење ЈОК бидејќи јас не оставам пари и сум била исклучена од сите домашни работи само сум можела да мислам за учењето. Неа и било тешко што кога сум имала за учење се било на неа и едноставно сум се вадела секогаш јас со учењето. А тоа не е така бидејќи мајка ми си готви од вечерта, многу пати се случило ако јас не сум дома сум на факултет или имам за учење да готви после работа, другиот дел јас го правам кога сум слободна ама буквално секогаш и тоа мене не мие тешко туку ми помага да си се научам за во иднина и сега мие многу криво што некогаш сум и викала на мајка ми дека ме тера да го правам тоа. Значи таа се осмелува да ме исклучи мене од семејството на некој начин. Ми кажува дека не сакала да му звонам на брат ми а ние си функционираме така си се слушаме на мобилен и тоа не е ништо страшно според мене тој мие брат јас него сестра некогаш имаш потреба од тоа. Значи јас се очекував од неа само тоа не. Таа нема право мене да ми кажува кој ми се должностите дома и што треба јас да правам дали треба да учам или да работам дома. Јас така тоа го разбрав. Намерата му беше на татко ми да ја вклопие во семејството да се чувствува како дел од него. Да види дека не е лесно да водиш едно домаќинство особено кога се случува во месеците да фалат пари за да го поминеш. Дека има поважни работи од правењето на нокти и одењето на фризер и на шопинг. Некогаш тоа оди и во втор план. Од кога ќе имаш деца кога ќе оформиш семејство тие работи не ги правиш често колку што јас гледам по околината. Друго дека и мене мие терет па и се да е на мене како што таа си почна од кога дојде таа е само 4 сати оптеретена на работа а јас еве неможам да престанам со учење 4 месеци од утро до вечер како што иди се е потешко и треба вистина време и концентрација и јас да оправдам тоа што се троши за мене. Не знам каква дрскост од нејзина страна. Јас и реков а ако сте сами како ќе ја гледаш куќата пак мора да готвиш и да чистиш. Не сакам да се споредува со мене. Истото што и да ми става замерки како јас да се мешам секаде. И јас сакам да бидам дел од семејството сигурно јас не наредувам и не се оди по умот мој туку кога правам е така обични муабети јас не сакам некој постојано да ми става замерки. Дом мие и сакам да се чувствувам комотно а не напнато. И гради ме стегаат не знам до каде вака многу се нервирам. Не замислував дека вака ќе биде. И Згора ете на сето тоа јас не земам ни пари ни ништо и што треба јас ништо да не си купувам или само да дремам со устата затворена и да викам амин на се. Ако има вака некаде снаа да прави ве молам да кажете па можеби ќе се согласам дека тоа таа што го мисли е во ред и е исправно. ЈАс исто така не знам како таа го замислувала животот во заедницата. Пред да се мажи додје и виде кој сме каде седиме и што сме. Можеби мислеше дека ќе ја троши цела плата и друг ќе и го бери гајлето како за пари така и за готвење и се. Не знам колку може да е толку без осет. И заклучувам дека јас сметам еве што да правам не знам да учам да сум затворена в соба смета и тоа можеби по некој ден ќе смета и воздухот што го дишам. Многу мие тешко сакам да проочитам ваши мислења според ова јас како да се однесувам во иднина бидејќи не знам навистина :(
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ах бре миличка не ти е лесно и навистина незнам што да те советувам освен да пробаш да ја игнорираш... јас да сум на твое место знам што ќе правев ама сите сме различни и незначи дека она што јас би го направила ќе биде на место.
    али пробај малку да имаш поцврст карактер, како што неа нејзините ја израснале и школувале така треба и твоите да те изгледаат. изгледа дека е некоја размазена што се занесува... и што ќе биде кога ќе се омажиш ќе побара пак твоите да умрат за она да се шири?

    ако разбира брат ти разговарај со него и со твоите родители подобро сите помогнете на почеток нека изнајмат една гарсоњера и да ја видиме госпожата дали ќе биде среќна. и молим те немој да се нервираш тоа се твои родители и твој дом али во еден стан сите заедно нема светла иднина... подобро спречете сега поголеми недорзбирања додека не биде прекасно
     
    На milicka19 и stetoskop им се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637
    Миличка,немој да дозволиш да биде она народната„дојдоа дивите,ги намаваа питомите“.
    На снаа ти нема да и трча „коњот“ уште долго време-гледам дека татко ти се обидел со арно да и обрне внимание на однесувањето,ама некој од прва несфаќа или пак се прави дека не сфаќа.Секој разумен човек почнува прво со добро да обрнува внимание на проблемот,па ако нема резултати се оди со лошо.
    Татко ти е умен човек-те воспитал од сите страни да го гледаш проблемот,ама мислам дека кај брат ти има кардинална грешка во однесувањето кон сопругата му и останатите членови на вашето семејство.
    Вака како што пишуваш дека е по дома,најдобро за сите вас ќе биде да се одделат брат ти и снаата-под кирија.Колку што разбрав и двајцата се вработени па ќе си ја плаќаат киријата.Снаата треба да сфати дека се што лета не се јаде,така и нејзината плата не значи дека треба да заврши по салони.
    Ајде ,ова што го напиша во последниот пост,обиди се да му го кажеш на брат ти ,па нека ја чукне и он главата малку.Не е се во меѓуножјето на жена му,има нешто што се вика мајка,татко,сестра,добри меѓучовечки односи,борба за преживување-финансиска,итн. итн.
    Ќе помине време,дај Боже ќе добие брат ти детенце,па тогаш пак ќе ни пишеш овде на форумот за снаати-само тогаш поинаку ќе биде ,со мало бебе нема да знае главата кај и е снаати и ќе те бара за помош под дрво и камен,ама за тоа потоа.
    Остави ја ,нека се треска ,мисли се омажила и сега го фатила Господ за брада!Бракот не е циркус за една недела,туку нешто повеќе.
    Да не растегнувам тука,не се нервирај ,поразговарај си со брат ти,твоите нема да бидат никогаш против тебе,не се сметај за терет во домот-тоа е твој дом.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Стетоскоп убаво ја кажа првата реченица, дојде диво истера питомо. Нашла па зашла! Видела и знаела за кого и каде се мажи. Нејзиното е или да се прилагоди или нека си оди на страна да живее. Нема никакво право таа тебе да те брка од домот твој и на твоите родители. Знаете лошо е што останало во некоја квази традиција кога доаѓа снаата се што е имот да си присвојува иако не учествувала со ништо. Само затоа што мажот наводно е наследник .... Е не! Веќе не е така. Колку е синот толку и ќерката има право на сопственост. Таа ако не и е по ќејф да живее со вас нека излезе нека си создава сама свој дом па таму ќе си биде газдарица и своја на своето. Тука е должна да се прилагодува и да придонесува колку може. Денес младиве се научиле дека ако дома ги мазнеле треба и таму кај што се мажат да ги мазнат, а немаат грам почит. :fubar: Се повеќе вакви "арни" снаи има, готованки и командантки. Ама се е до домашно воспитување, култура и осет. Само што и маживе се тешки мекушци па не знаат да се постават како треба.
    Ич да не ја ставаш на памет, гледај си учењето ... ослободи се дома, игнорирај ја ... таа нека мисли што треба да прави.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.941
    Пол:
    Женски
    Е од вакви снаи како на Миличка ми е преку глава. Нема да се повторувам, убаво ти кажаа стетоскоп и џули77 само јас едно ќе додадам. Ни под разно немој да се нервираш. Ама ни под разно. Седнете со брат ти некаде надвор на кафе и обасни му што е работата. Јас сваќам дека саката да им помогнете, да заштедат да не одат под кирија ама очигледно ќе мора да си одат, ако сака брат ти да си ги зачува родителите и сестра му. Не верувам дека и на мајка ти и е лесно кога те гледа како се нервираш. Немој да мислиш дека не приметува. Само молчи за добро во куќа. Друга работа е што мислам дека таа дотичната си го има направено планот да го лапне станот и да биде лежи лебу да те јадам. тебе да те омажи, после ти да ги гледаш твоите а таа да се шири и да се прави газдарица. А ти нема да се откажеш ни од учење, немој да си и изигравала измеќарка сучајно. Ти си си дома исто како што е брат ти и таа. Море повеќе од неа. Ако толку сака да е газдраица, нека и овозможат нејзините мама и тате дека и купат стан па нека јаде гурабии. Само игнорирај, терај си како што си си терала до сега. Нема зашто да се нербираш. Нека се нервира она. Ајде среќно.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Епа не и е по кеф ни да седи ни да си оди. Факт е тоа. Па ај сега ќе ги бараме мааните на сите па тие да си замиант таа да остани сама да се шири. Кој и да е ќе си помисли така. Мислам разбирате се е до парите. Така воопшто нема да и остануваат ако се сами а сега и останува повеќе од пола платата. Значи со ништо не е оптеретена. Ама таа традицијата веќе не се трпи. Не е како некогаш сите во една соба и така ќе го тераме животот. Има каде да се оди само тие не сакаат како ќе почнувала сега од ново а тука било се наместено. Тие се нејзините зборови. Нема некоја клима да речам. Таа прво не си го сака мажот па за да не почитува нас останатите. Јас така би рекла. Нема некаква радост не знам дали ме разбирате, како млад брачен пар да мисли на иднината со поинакво светло. Се е врз материјална база. Ама си сметаме едноставно еден со друг се сеќава тоа. Не сум јас целосно идеална ама ете не знам не ми влезе под кожа па да ја гледам и јас поинаку. Некако мие одбивна поради се вака што прави. Неможам да го сменам тоа и во себе. Не е човек што можеш да му допреш во срцето и да внесеш љубов. И самата таа е во себе затворена и како со чутената си ја реди целата работа. Не сум можеби и јас во право ама ете сум таков карактер сакам да ги разгледам проблемите на секаков можен начин ако може да се решат. Сакав да си бидиме како сестри. Таа не даде никаков простор јас да и се доближам а се обидов неколку пати. И затоа се јас што ќе кажам и смета. Таа едноставно мене не ме смета за член тука. Неколку пати ви кажав во претходните постови на смеа на шала ми велеше да се мажам. И тоа не се трпеше оти и стана секојдневие па и пред други луѓе. Иначе прв брачен пар што не размислува сами да седат. Замислете го тоа. А се е од себичноста и скржавоста. Болат паричките и тоа како. Јас не знам како ја воспитале од дома и како воопшто и тие со неа живееле ако онака постојано им се лути како сега овде. Неможам ни со брат ми да разговарам се обидов неколку пати и тоа многу убаво да му објаснам само тој си ја брани неа. Јас сакав да му укажам дека не е добро таа така да се однесува. Како мисли да гради иднина. Во кавги и расправии. Си разговарав со родителите и ги замолив ништо да не преземаат како ништо да не сум и кажала и им реков јас ќе најдам начин како да се справам со неа. И еве како почнав. Здраво како си и толку е. Гледам времето да го минувам занимавајќи се со други работи. Што можам помагам значи од неа не се бара ништо. Мајка ми си готви од вечер и тоа е. Да видиме како ќе реагира на тоа. Не зборувам ништо каде нејзиното име и од брат ми се спомнува. Значи како да не ги гледам воопшто како да не постојат. И незнам дали е тоа добро или не ама изгледа ќе биде оти друг начин не знам како да најдам. Тешко и е од една страна ја разбирам еве зошто. Се омажи без да имаат некоја долга врска. Како прво тие многу малку време имаа доволно да се запознаат. Доволно не ни ги знае карактерите ни пак ние неа. Не знаеме што ја навредува, што и смета итн. Истото и таа за нас. Значи и да имало нешто што ми сметало кај неа јас сум замижувала ни на крај памет пример да ја навредам а таа сосема спротивното мене ме измаршира како јас да и сум сосетка или гостинка. И врз база на тоа сето таа не прави никакви напори да ни се доближи. Во исхраната долго време пребарува. Значи цела исхрна ние треба да ја смениме за таа да се прилагоди. А не готви еве нешто за ние да се прилагодиме. Малку и смешно. Еве јас вака би разбрала кога одиме во друго семејство неможиме сите 4-5 да ги прилагодуваме спрема нас туку ние да се прилагодиме спрема нив а така и тие ќе се прилагодат спрема нас како нов член и само така ќе не прифатат. А ние на секаков можен начин гледаме да и угодиме се со цел да не се лути. Од ништо не била покусо. За невеста си доби се што и следува. Па јас не се смешав тука или да се налутам нешто. А на против таа се меша еве кога јас купувам нешто се лути и одма ја вика мајка и и неа да и купи како до тука да е дојдено. Да не си зема плата држи место тоа или да не и се купило воопшто ич неа ама вака не знам не држи место никако. Па и уште сум и крива што брат и не идел. Јас кога имам за учење кога има гости се поздравувам само и му кажувам луѓе извинете ме јас имам за учење седете си или сум изморена одам да си легнам. Еднаш се случи тоа кога беа брат и јас имав наредниот ден колоквиум и се повлеков во соба да учам. Па тие и рекле дека јас бегам и не иделе кај нас повеќе никогаш. Тоа не е точно тие си идат тука кога имаат време. Си оди и тој на факултет си има дома работа и многу ретко идат исто и мајка и. Подалеку сме и тие со брат ми повеќе одат оти се послободни. И денов кога ова ми го кажува вечерта идат брат и значи муабетот нема врска. Тие не идат за мене. Идат пред се прво кај неа. Па сега јас ако сум тука сум ако не што да правам. Значи се и со намера и цел мене да ме обвини и нагрди за јас да и играм сус пред неа. Замислете како мие. Обвинета истовремено и навредена без причина. И после золвите не чинат. Снаите се тие што чинат. Ви благодарам пред се за разбирањето тоа и го побарав па се надевам ќе се подобри нешто во иднина ќе пишам ако тоа се случи.
     
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637
    А мори Миличке ,името ти е такво па и ти мори душичке, те читам и гледам колку голема желба имаш за среден и среќен живот во семејството.
    Ајде ,смени се малку,сте пробале со арно -не оди ,ајде сега не и молчете веќе сите на снаата туку отворете уста и покажете и кој е „придојден“ ,а кој е„ староседелец“ во домот.
    Па ако мора твоите да „преќутуваат“(што немора и нетреба ) па ти бе душо отвори уста и бори се .Немој да и молчиш на паразитката,немој да дозволиш да ти ја скрши „кичмата“ ,па да ти гледа сеир одстрана.Допрва во животот ќе имаш вистински причини за нервоза,а снаата и нејзината „Замислена висост“,што би рекол мм сметај ги за п..кин дим.
    Удри едно трескање со вратите по дома,собери друштво до 2 во полноќ со галама,расфрлај алишта по дневна соба па чекај ја да ти префрли нешто.
    А ,да сум јас на твоето место, мами.ето нејзино,има да си ги собере парталите за 2 часа.
    Само овој памет што го имам сега да го имав кога се мажев пред 15 години поинаку ќе правев тогаш.Само никогаш не е доцна за ништо ,треба човек само да си ги знае своите права и обврски и никогаш да не се подгазува себеси за доброто на некој друг.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.