Ти реков, ти печали пари и вложувај ги во имот кој не е на твое име. Јас не. Ако давам 50% од парите потребни за реновирање, тоа ке го има и на папир. Во случај да купуваме стан, ако тој дава 70% од парите а јас 30%, истото ке стои на договорот. Не сакам да земам нешто што не ми припаѓа, ама пардон, никад нема да дозволам некој да земе нешто што е мое. Е постои опцијата целиот имот да е на мое име, па двајцата да печалиме пари и таму да ги вложуваме. Тогаш нема да се бунам. Ама, јас да печалам пари а друго име да стои во имотен лист, е тоа нема да се деси. Само затоа што јас сум родена како жена не ме прави неспособна и помалку интелигентна.
Хехе, само не знам од каде го констатираше тоа дека некој те прави неспособна и помалку интелегентна. Ете кај тебе така функционира “јас и ти“, кај нас е “ние“. По твоиве постови имам чувство дека кај тебе секаде има поделба на тоа “јас и тој“, и кој колку заработува, кој колку троши за комуналии, за јадење, за облекување. Јас мислам за да функционира се во еден брак не смее да има поделби на јас и ти туку секаде да биде ние и тогаш ќе нема опасности од разводи.
Од што така размислувале многу жени, по 10-20+ години вложувале во туѓа куќа, за на крај господинот сопруг да ја "брка" оти нели од тате му е куќата, а таа да треба да живее кај нејзините бидејќи останува со ништо, јер за 20 години она и мажот ништо не спечалиле - на хартија Треба да сум ептен глупа и слепо да се дроцнам некаде, да вложувам и свои пари и пари на моите родители, а утре да останам со прст во уста. Не знам кој е тој што може со сигурност да знае што ќе биде 20 години од сега
Сакаш да кажеш дека ако живеете во куќа што сопругот ја наследил од татко му, за време на вашиот брак нема да сакаш воопшто да вложуваш во реновирање на куќата? Бидејќи ако евентуално по 10-20-30 години се разведете куќата останува на сопругот бидејќи не е стекнат имот во бракот? На крај секако таа куќа ќе биде еден ден на вашите деца.
Ова е точно. Се вложува во идната куќа на децата. Јас вложував и вложувам . И голем естета сум и сакам да ми е убаво местото во кое во моментот живеам. Пари се заработуваат и служат за трошење .Резервен живот немам и не можам да сфатам луѓе кои еден клинец не удираат заради тоа што станот не е на нивно име.
Со самото тоа што јас треба да работам и вложувам во туѓ имот, испаѓа дека сум неспособна и релативно наивна. Само уште да се договориме дали дискутираме за средување на дом и вложување на поголеми суми на пари, пример гарнитура од 1000 евра, реновирање на купатило од 2000 евра или делење на секојдневни трошоци, кои чинат 1/3 од плата, или да речеме околу 100 евра месечно по човек.
Наивна и глупа.Тоа е, си признавам. Ни ја не знам со кој памет вложував пошо неаме црно на бело туку само збор и тоа е, сеа ќе си се јадам и ќе си пишувам вака. И премногу криво ми е што избрзавме одма после свадбата и стварно сама си седам и си се чудам кај си бев јас пред една година и со памет и со се и не знам што толку испобрзав со некои животни одлуки ама тоа е, си се тешам сама, си викам ајде не е страшно, пари ќе се спечалат, животот ќе ти пружи поише и тоа гласчето у мене ќе почне да збори да ме потсеќа а ја само го стишувам
Правник не сум, би сакала да знам што вели законот за овие случаи. Ако има меѓу нас правничка која се разбира, убаво би било да ни разјасни. Колку што знам, во случај на развод, сопругата (откако е склучен бракот) ако вложувала во стан или куќа која е на име на сопругот и може да ја докаже инвестицијата (големо реновирање, дигање кат), има право да бара да и се исплати половината од вложеното. Ако инвестирала во имот кој се води на името на свекорот и свекрвата, исто како парите да им ги дала на подарок. Размислете убаво пред да инвестирате во нешто што не е ваше, да не испадне после да се стискате со партнерот под кирија а уште да исплаќате кредит за спратот што сте и го подигнале на свекрвата.
Дискутираме за поголеи вложувања, на пример користите една соба само за вас па нормално е ако дува од прозорците да си ставите нови кои ќе имаат добра изолација, ако паркетот е стар и изгребан да се иструга и лакира, еве и ако си ја користите и кујната да си наместите нова . И нека кошта сето тоа 2-3000евра, не те сватив како тоа мажот ти да вложи 70% а ти 30%, зар заработените пари не ви се заеднички или секој посебно си штеди? Не ожам ама никако даго сварам тоа дека свекорот и свекрвата ќе ве избркаат одкако ќе им го средите станот или куќата? Зар мислите дека тие би им го направиле тоа на својот син? Се замислуваш ли ти во иднина дека можеш даму направиш такво нешто на своето дете. Секако дека секогаш може да се случи тоа ама во стварноста е тоа 1 на 10000 случаи.
Хаха, мислиш нема такви што ќе ги избркаат? Дечко, колку ги знам такви што вложувале, па сега се под кирија бидејќи на свекорот му текнало дека сака мир и да не вика снаата гости. Ама ти дефинитивно не знам каде живееш, па уште се чудиш.
ЈАс не знам каде вие живеете, затоа што еве во моево опкружување од 100-тици куќи кои се градени пред 50-тина години се менуваат веќе 3 генерација и скоро секоја генерација нешто реновира или доградува и никој никого не избркал. напротив познавам многу кои граделе спратови за децата кои сега им се празни бидејќи тие заминале по подобар живот
Да да, на децата ќе биде, а јас на улица потенцијално Убаво што ја наследил, ама лесно може да се направи пишанка дека и јас сум сега сопственик а ако не му чини ни така, секогаш може да ја продаде и заедно да учествуваме во нешто трето. Јас познавам доволно избркани жени или жени кои не можат да се разведат зашто немаат кај да одат, за било кога да помислам дека јас сум попосебна или имуна на нивните судбини. Наивно е да не сум осигурана, многу е наивно. И како што кажав, не знаеш колку од тие бракови опстојуваат од љубов, а колку од безизлезност. Во фамилија глупости сум се изнагледала, не морам ни по комшии да гледам. Веќе биднало. Нема фајде од јадови за минатото. Дотерај го умот на мажот, не може да не знае што да ти каже.
Искрено, не би сакала да се буткам со три генерации во иста куќа и да доградувам,т.е од терасите да правам кујна или дневна. Има многу такви, па караници дека многу гости доаѓаат кај свекрвата, па снаата се дува и лупа врати оти тоа и пречело и слично. Не знам, ама јас така да живеам не би можела. Пре би си имала две собички, ама важно на страна сум.
А што им фали на (пред)брачните договори. Ние имаме потпишано и таман ми е. Во туѓо да вложувам, па и на нерасчистени имотни односи
Ако имотот е на име на свекорот, зошто јас да поправам прозорци од кои дува? Зошто да давам пари за кујна која ке ја користи и свекрвата? Ем вложувам пари, ем моето име не фигурира никаде? Вака да појасниме, јас сум во врска, значи ако купуваме стан, ке купиме со мои и негови пари. И во друг случај, доколку парите ни ги дадат родителите, во договорот ке стои кој од нас, колкав дел од станот има. Хипотетичка ситуација, јас или моите даваме 60000 евра, тој и неговите даваат 20000 евра. Доколку утре треба да се разведеме и да се продаде станот, зошто да земеме иста сума? И обратно, ако тој даде 2/3 а јас 1/3, зошто да земеме по пола? Од друга страна, доколку имотот го купиме додека сме во брак, по автоматизам го делиме на пола. Небитни колкави се платите, и двајцата ке треба да штедиме за да исплаќаме кредит.
Кај нас пошто немаме наследство и како инвеститори се јавуваме двајцата, нема потреба од реално предбрачно договарање (предбрачно градиме секако). На секој грам земја сме двајцата потпишани. И тој, и јас мирни
За да не ти дува кај што живееш и не плаќаш високи сметки,затоа А ако си на посебен наследен спрат ,ке вложиш? Имам роднини кои живеат во наследен имот со прастари прозорци ,мебел,кујна од '66,баш поради истово. Синот го наследил спратот но со стар мебел,сами живеат без свекрва и свекор ,но жената ништо не сакаше да вложи од исти причини. 20 години подоцна живеат на исти спрат ,со исти мебел и прозори врати од пред Христа.Трошат пари на се,а живеат во старудии. Вреди да се помине така животот? Јас мислам не.
Koi predbrachni dogovori ,koga jas vleguvav vo brak od mojata generacija, nikoj nishto na svoe ime nemashe, pa ni jas ni maz mi. Nema potreba za sirotinja Eventualno post- nup. Znam luge koi pri razvod, mozebi ne cela ama pola od vrednosta na stan kupen od starite, na advokati ja dadoa. Zashto ednata strana po slovo na zakon si barashe za imot steknat vo brak da se deli po pola. Vo kojsto taa i nejzinite nishto ne vlozija. Poklon beshe stanot. Dolgi godini sudski nervozi
Тоа го зборувам и јас, ако куќата се гради пред брак или станот се купува пред брак, тогаш на секој папир ке бидеме потпишани и двајцата. Ако едниот од нас покрива поголем дел од сумата, тогаш поголем дел од куќата/ станот ке биде негов на папир, не на жими-мајка. Така, никој нема да биде оштетен. Во твојот случај не сакала жената, ама очигледно и мажот не сакал. Такво водење инает не ми е логично. Доколку спратот е на негово име и живееме сами, а реновирањето се случува по брак, тогаш да, ке вложам. Во случај на развод, јас ке имам право на половина од вложеното во апарати за домаќинство, мебел и сл. Ама да вложувам пари во воздух и утре да постои шанса да останам на улица без ништо, тоа нема да го дозволам.