Чим барал дел, значи признато било. Што направила госпоѓава за да не се испочитува договорот кој го имала.. не знам...
Се испомешавме на темава. Ама еве нека инвестирала 5 илјади во плочки и мебел и тракатанци.Па после20 години тие нема да чинат.Ги инвестирала за сопствен комодитет,па нека пропаднат после 20 години. Налет и плочки и се ,ако дошло до развод ке му ја мислм што сум купила корнизи за завеси пред 20 години и ке барам како инвестиција....
Тоа дете не може да добие исто колку другите, пошто не е дете на двајцата. Нивните три деца, од на мајка страна добиваат секое по третина, од на татко страна, секое по четвртина. Ако хипотетички се' било поделено на пола при развод зборам. Она што ќе припадне на таткото се дели на четири (пошто има четири деца) а тоа на мајката на три дела.
Да ти кажам Косми, барем две од другаркиве, по 10-15 000 + евра вложија во куќи (катови) на свекор. Па сега...
Можеби се само 5 години поминати.. можеби и само една... А и да не се.. 20 години си инвестирал во нешто.. и не ти важи??? Не само бракот што ти се распаднал, ами и домот.. практично бездомник и без сопруг остануваш преку ноќ... Не бива... Ако нема клазула дека е исклучиво правило за нивни деца (на сопругот и сопругата), и тоа како му следува и на другово.. Ама како што реков: Му следува 4тина од половината на мажот..
Добро де нека се и 15 000 ,па што сега.Не е крај на свет. Ке си живеат во убаво,ново наместено по вкус со гарнитури,кујни какви сакаат.Па сега колку тераат толку.Пари се заработуваат,мебел ионака се менува,што од потреба,што од мерак. Не се плаче по такви инвестиции.
Ќиријa дa плaќa кoлку ќе јa фaти? Плус утре aкo не мoже тaa плoчките дa ги земе, нa децaтa ќе oстaнaт. А пoд ќиријa ни плoчки зa децaтa немa дa имa.
Тој што давал, веројатно давал на љубовницата и на детето тие 10 год, значи скришно од заеднички финансии, не сметам дека дете кое го криел толку години до последните месеци кога се зборело за развод треба да добие било што, сега ако му е признаето, има мајка и татко нека му мислат од оваа точка натаму за иднината. Тие секако не се венчани сега, не верувам дека и детето е признаето. Ама до моментот за развод ако се договориле се досега стекнато да остават на нивните заеднички деца, за кои работеле и печалеле, фирмата која ја подигнале да се подели на нивните деца, после тоа нему да му текне(а веројатно на швалерката и текнало) дека сака дел од фирмата која патем последните години се разработи, да биде за тоа скришно дете. Како и да е гадна и заебна ситуација беше, во која е тешко да се одлучи кој е прав. Јас ги знам децата, близу ми се на години, не сакат сега да слушнат за татково, ради сетиот стрес и нервоза на мајка им. А го знм и ова дете и стварно е океј и тоа, не ме одминува, доаѓа на порта д го гали кучето и секако јас не го одбегнувам. Ама госпоѓава толку работи измисли дека ние сме биле другарки и први комшивки, сме се гледале преку еден ден на кафе, за да ги скара мајка ми и деугарка и, јасно ми е за каква особа се работи и јас на исто место би постапила како жената. Него многу забегавме од темава ќе не бришат. Поентата е, мисли си на време, оти еден ден може да не биде што е мое е и твое.
Ако е станот негов наследен..не важи да му го земеш ни после 20 год. Најбитното отишло,за мебелот во домот мање више. Или еве ке го земеш мебелот ако толку значи,ако не ке остане се за деца.
Ќе остане, за некогаш во иднина.. ама сега, ќе мора да се снаоѓаат со детето.. да живеете од воздух и да живеете на воздух! Затоа што мајката е со нив, нејзе ја гледаат како страда, и со нејзиното можат да се идентификуваат. Од друга страна, затоа што не знаеле дали татко им исто страдал, со него не можат да се идентификуваат, па го гледаат како villain, кој само правел зло! Ова е класично користење деца при развод.
Wild не се мали деца за да ги користат, возрасни се, едната дури со години живее во странство, другата во Ск, не дека повеќе биле со мајка им. Тие секако живееа заедно до разводот, ама веројатно сознанието за тоа што го правел со години довело до таква одбивност кон него. Не знам и јас би се чувствувала исто, би ја изгубила сета почит за него. Не дека нема да го сакам ама нема да ми е сеедно.
Тајно дете е веќе предавство, не изневерување туку предавство кон фамилијата тесна . Веројатно пд грижа на совест ако он уопште имал се слижил на три да се дели, па му текнало и на 4-тото. Нели и Арнолд Шварценегер така тајно дете со куќната помошничка има. Па се откри. Е сега и оно ќе си бара, оти има што да бара. Ама и жена му е од Кенеди. Ова ко Династија.
Ајде вака малце јас со хормоните до плафон да си кажам (малку и на шала) ако во куќа во која што живееме со мм а е на име на свекорот, ние вложуваме, реновираме, доградуваме, (со нивна согласност и поддршка, во договор како што и реновираме дома во моментов) ако утре не избркаат на улица (без причина) и никако да не можеме да се разбереме што и како ние сме вложиле, нема да ги земам плочките, стиропорот, цевките од парно и слично, но и ништо нема да ме спречи да земам токмакот и плочки и зидови, и фасада и се што сме вложиле да го направам крш.
Не се хормоните, и ние бевме во таква ситуација и мм го даде истиот предлог Среќа ни ги вратија парите од вложеното
Види мајката... еве и другата страна на паричката .... Беј! не давам повеќе мислења, оти има многу различни параметри за разгледување.. ... и секоја приказна е различна... еве:
Многу ми сте јаки кога се правите паметни. Ако беше за кирија, ќе одевме под кирија кај шо ќе немаше потреба да реновираме. На подобра локација, со подобри услови без некој тоа да ни го извади низ нос. Да не зборам која мака е реновирање. Настрана парите, ама заебанции со мајстори, време и куп други планирани и непланирани нервози. И да, тоа не може да се врати.
Не.. се согласив и со тебе и со нејзе... Тоа баш ми беше муабетот, дека не можеме да знаеме се' за сечија приказна и нема да коментирам, оти во се' може некој да се најде навреден... и со право.. Нема универзално правило. Секој за себе ќе треба да си одлучи каков брак ќе има и како ќе ги реши имотно-правните прашања во домот.. Само тоа..