Означи ме кога ми се обраќаш, поферски е Сум живеела и со стари и под кирија, па вака не сум размислувала. А нервите на старите ги зедовте ли предвид? Којзнае што се они претрпеле? Само едната страна на паричката ја гледаме, а таа најчесто е субјективна. За се се потребни двајца
Да, ги зедовме во предвид и нивните нерви. После ги искршивме од ќотек и им ги зедовме парите шо ги вложивме и си заминавме под кирија. После тоа и стан си купивме. Сега сме во супер односи. Ете ти ја и другата страна од паричката. Уште нешто?
Хм, ако рачунаме кирија, од старт е грешка што под кирија е кај свекор и свекрва На децата секако наследството им останува, од таткото нели, ама дали женава раат ќе живее или цел живот ќе биде подстанар... Не верувам дека не знаеш многу такви случаеви, пошто ги има. Троа појќе ги има. Се плаче ако немаш. Некои тие пари по 10 години ги враќаат. Јас не гледам така, што да ти кажам повеќе. Шубе ми е.
не се карајте... Ги земав јас во предвид нивните чувства (не сме живееле заедно)... ама тие знае да не ги земат во предвид моите. Ме рачунаа за безгласна буква и ме третираа како .. не знам како што, ама дефинитивно, мораше да им ги исполнувам очекувањата, затоа што 'длабоко се наведуваа'. А тоа што јас се навредував оти не бев наспана како што треба, затоа што ми го реметат мирот (еден пример само), тоа не се важеше.. пошто во нивни очи: ништо лошо не правеа.. и не им беше јасно зошто сум лута.
Значи, не сакаш да рачунаш дека пари за ќирија треба да се даваат (каде би живееле инаку ако пари за стан свој немаат) не сакаат да вложуваат ништо пошто е туѓо, ама на крај во случај на развод да излезат од бракот обезбедени со живеалиште за да не се на улица
Абе не го реков тоа Јас од старт мислам дека грешат што воопшто толку пари вложуваат во туѓо, гарсоњера ќе купат со тие пари. Не се младите секогаш "жртва"
Многу е лесно за друг да се збори... Да сте на место на старите, на сопственото дете, би му наплатиле ли кирија? Или оно е ваше, нему не, ама снаата ќе си плаќа? Па и сметки. До вчера се се покривало ама сеа снаата сама ја троши струјата па за неа само се плаќа другите на свеќа живеат... Додека е мало, сака соба со спајермен/ХелоуКити или шо знам кај. Важи сине не е проблем. Сака некоја си глупост да закачи сред ѕид. Океј е, мерак му е. Ама снаата коа ќе дојде ако чепне нешто мме ... Оти? Таа така сама дојди у рандом фамилија, ничем изазвана, или некој ја донесе таму?
Не велиш директно ама се што кажуваш води кон тоа. Кажи формула па да те сфатам добро. Како двајца млади (со просечни плати) со само 10 000 евра максимум пример што ги имаат (земале кредит а стигаат само за реновирање на спрат) да си обезбедат живеалиште без да одат под ќирија и во иднина во случај на развод да си ги повратат тие пари? Гарсоњера за тие пари мало морген.
Па не делуваш така, ама ти си знаеш како си постапила. Само другата страна може да каже дали сте биле цивилизирани или не. Никогаш нема да дознаеме
Абе, ако одиме во безобразни екстреми како плаќање кирија кај родител, тогаш и старите нека му плаќаат на оној кој ги води по лекари, им купува лекови, чека редови да им плати сметки, им готви, им чисти, им прави муабет за Тито? Колку беше платата за женичките што чуваат старо лице? 200 евра? Таман колку што би била киријата на младите, така? Комедии.
Со тоа што за почеток, мажов црно на бело ќе има што е негово, а потоа ќе направат договор со кој и таа би била заштитена. И обратно, ако живеат кај нејзините.
Што мислиш под -заштитена? Да и се вратат парите што ги вложила? Ок, се сложувам, само треба да се земе во предвид и тоа дека материјални ствари со тек на време губат на вредност, заради користење нормално. После 10тина години ќе имаат вредност отприлика пола од почетната. Оти тука читам -оставена на улица, па логички мислиш дека некој очекува другиот стан да му купи.
!!!Екипо ај кој кај сака нек си лепе плочи па нек си ги крши после од коа ќе замине. И ламинат нек извади ако сака. Вие вратете се на темава ,,снаи и золви''
Абе жени, жени. Свекор ми зборуваше по народот дека немал пари од што ни го правил спрато кој ние го правевме со парите од свадбата, парите од работењето во странство и кредитот кој сега го враќаме. И плус зборува по народот дека ќе ни ги врател парите што сме ги вложиле (која иронија) за да сме оделе под кирија. Да ми беше родител немаше да простам и уште првиот пат би си заминала, ама ете маж ми му прости, родител му е нели? Не ми е јасно само со кој мозок зборуваш дека ќе ги избркаш синот и трудната снаа 2 недели пред пораѓај. И сега ќе се праве дека многу ми го сака детето. Ха ха. Извинете за офтопик
Точно е дека не знаеме ниту каде ќе сме за 20 години ниту какви ќе сме и што ќе успееме/не успееме и како всушност ќе размислуваме и живееме. Точно е дека се се менува и дека има низ светот тешки стории и не самп туку и во своја околина Ама јас сакам да верувам иако можеби е наивно и детски ама убаво е односно љубовно и пријателски да не речам братски дека сме доволно процениле за кого се мажиме/жениме со кого чекориме низ животот. И сакам пред се да ја ставам љубовта и заедницата во нашиот брак односно почитта наша отколку да бројам квадрати и евра. Точно ма најточно е дека од љубов не се живее ама сакам да верувам дека знаеме со кого сме во животот. Золвата моја една е и златна ми е рака би ставила за неа во оган. Ако утре и притреба нешто знае каде да не бара и вратата ќе и е секогаш отворена што верувам дека и за неа значи истото. Лесно е човек да се отера у пм ама тешко е да одржиш пријателство така да кажам да бидеш човек. Јас така размислувам.
Не знам зошто предбрачниот го сведувате само на имотот. Ние во него со посебни ставки уредивме и работи околу децата на пример. Договор е. Што сакаш да е уредено во него, адвокат ќе состави. Уредивме и околу наследениот имот и оној кој допрва би се наследувал, опции за договор ехехееее. Во глобала, намерата беше да уредиме се како понатака идните деца не би биле оштетени на никој начин (во случај на развод, смрт, болест, или др причини). Се беше во договор на нас двајцата. Иначе не. Немам намера да се разведувам ниту самоубивам. Човекот покрај мене го сакам колку што не може повеќе. Никогаш не ми паѓало на памет да бројам клинци што сум ги потрошила во соба за своја удобност. И пред брак двајцата инвестиравме во стан кој што не е ниту наш, туку го рентаме. Ама за своја удобност, и за да ни биде пријатно место за живеење, и двајцата вложивме во одредени ствари. Ниту ни паднало на памет да делиме на проценти, како тоа да може да се пресмета. Може едниот инвестирал повеќе директно во купувањето на имотот. Другиот инвестирал повеќе во ентериерот, во одржувањето, во креирањето. Затоа не може да биде -ти толку даде, -ама јас вака направив. На крајот се се сведува колку ние сме дале и колку ние сме направиле.
Да откако ќе го добие мажот имотот односно наследството може да ја стави и жената како сопственик. Затоа постои проценител кој ја проценува вредноста на имотот и потоа се плаќа данок на таа сума. Кога би дошло до развод повторно ќе си го проценат имотот и така и жената ќе добие надомест за тоа што го вложувала. Тешки се овие имотни правни работи и поради нив настануваат многу проблеми. Темава од золви отиде далеку, да се отвори тема за имотни проблеми, ќе биде пополна и од снаи и свекрви