Повеќе си личам со золва ми од колку со брат ми сите нѐ мислат дека сме сестри.... Интересни ни се комшииве сите ме мислат дека сум золва ми, која инаку е омажена, и ми се обраќаат со нејзиното имеинаку супер се согласуваме и ми е чудно ако не се видиме или чуеме во денот ... Секогаш сум за тоа да си ги почитуваме браќата и сестрите и нашите и на нашите партнери зашто од нив немаме поблиски во животот
Убаво пишано баш од страна на снаа, у пракса кај нас обично жените пред време имаат предрасуди во себе па обично или од мравка слон праат или разбираат многу работи како уствари им одговара а не како е вистината ама се задоени со фразата дека не можело да се сака да се почитува и да се живее со золва снаа свекрва и слично ама не е така уствари вистината е таа јас велам тешко е човек да успее да живее со некого да се сака да се помага да се почитува а многу е лесно да испревртува човек разни работи само и само во своја корист.. На денешницава ретки сме што уствари се почитуваме со блиската фамилија а не треба да е така..
Сретнав случај каде золвата се има многу лично со бивша љубовница на сопругот од снаата ,па кажете во ред ли е ова ,вие би дозволиле ли такво нешто ,торелирале или животот е таков па ?
па да речеме незнам би го сметале ли како,,предавство,, од золвата или се ок нек се имаат они,све за љубавЈас искрено би се налутила и со други очи би ја гледала золвата и се разбира зависи и колку се блиски а да и забрани не треба и не може
Какво црно предавство, па прво мажот е предавникот, што има другите да ми бидат “верни“? Ако тој не може мене верен да ми биде, со сестра му ќе ја оправам работата?
па тоа најправа си,ипак он со неа спиел ни го срушил домот ја уништил љубовта која се заколнал пред Бога да ја чува до смртта...како и да е,не би посакала да имам таков брак
Имаше овде еден случај каде золвата намерно ја канеше бившата на брат и само за да ја нервира снаата и да прави кавга. Демек сакала да ги смири. Е сега не знам дали му била љубовница, не е ни битно.
тоа бетер ,значи во некои случаи грозно однесување од золви има .А овој случај опстана бракот но заради децата вика жената ,сигурно не и е лесно
Seto toa e namerno storeno od strana na zolvata, i pritoa ljubovnica, a ne bivsa devojka...znaci dodeka bile.vo brak......ccc ogromno nepocituvanje sprema snaata . Jas vakva kaj mene ne bi ja primila na prag i zbor ne bi i zbornala, a glupakot ako tolku ja saka sestra si nek si ostane so nea i ljubovnicata.
Не те сфатив, дали прашуваш за бивша девојка од сопругот или жена која му била швалерка? Ако се однесува за бивша девојка сериозно нема да ми биде гајле со кого се дружи золвата. Нејзина работа, се додека не почне да прави некои сплетки или проблеми тогаш поразлично реагирам. А ако се однесува за швалерка, не би останала со човек кој ме изневерил на било кој начин така да нема да има потреба да размислувам на темава.
жена која му била швалерка мила,го растурила браков иако он можеби имал и други но главна причина за распад на тој брак била таа жена.Инаку јас би сакала да ме сака золвата и јас нејзе
Јас мислев зборуваш за бивша жена. Со швалерка и мене би ми сметало, ама ако е бидена бивша жена на маж ми и тие две се бидени блиски не ми смета да си имаат контакт и после тоа.
Во ред е разбрав, затоа и пишав дека не би останала во таков брак и воопшто не би ми било гајле со кого се дружи золвата, нејзино право. Не сум мажена ама сум имала потенцијални золви и сум стоела на дистанца со сите, што на крај ми се покажало како сосема правилно. Не сакам зближувања и глумење другарство со никого, посебно онаму каде што нема простор за тоа. Ниту сакам да им се мешам, ниту да ми се мешаат. Понапред имав една потенцијална золвичка, тука некаде бевме со годините и неверојатно се согласувавме за многу работи, мислев дека ми е пријатно во нејзино друштво. Потоа се испостави дека девојката е болно љубоморна и цело време ме гледа со презир и омраза, едноставно и пречеше тоа што брат и минува повеќе време со мене и не ја расправа толку ко порано. Од тогаш се повлеков, ниту се замарам ниту сакам да ме замараат.
Золва ми сеуште чека иселеничка за Германија и веќе 10месеци е со нас, точно е дека од раѓање на внукот е со нас и сеуште не можам да разберам како прави 100комбинации за да остане овде а 11годишниот син што го нема видено 10месеци скоро и го занемарува. Вика јас многу го сакам детето и не можам без него ама не знам како ќе го остаам внук ми, не можам без него. Ма кај ќе го остаиш, на туѓинци ли? И викам ма се е тоа ок од старт си со него ама има ли бре помило од свое дете, 10месеци го немаш видено, мораш појака да бидеш да се бориш да го видиш поскоро. Да вика, ја си го сакам син ми ама не можам без внук ми, не можам тука да го остаам. А мене па ме фаќа таа мајчинска паника и посесивност што некој така коа збори ко да мислам утре ќе дојде и ќе ми го земе. Башка и што претходно у брак, пола брак со неа живеев и со нејзиното дете и веќе сум презаситена од неа плус што е и алкохоличар и што пие апчиња за депресија и уште посесивноста кон детето мое не знам... верувам дека теткинската љубов е најсилна ама нејзиниот начин на којшто ми го кажува тоа ме тера да бидам попосесивна
И јас сум тетка, и ги сакам моите внуци најмногу на свет, и премногу сум приврзана за нив, ама никогаш не се ставам на место како да им сум мајка, а голем дел од денот го поминувам со нив, немам мои деца, но гарантирам дека кога ќе имам еден ден, сеуште и секогаш ќе ги сакам внуците многу, но моите деца ќе ми бидат приоритет. Ова што го кажуваш не е баш нормално и природно, но не и замерувај на золвата, и сама кажуваш дека е алкохоличар, плус и во депресија, ми делува дека во твоето дете наоѓа некаква утеха, приврзана е премногу за него и лошо се чувствува со фактот дека ќе го остави, не е свесна дека е само тетка на внуче од брат и дека таму некаде ја чека сопственото дете......не станувај посесивна и ти, ништо не ти може, па побогу не ќе ти го земе детето, не се нервирај ќе си замине кога тогаш, нели ионака веќе чека да и стигне визата.
Можеби бидејќи долго го нема видено своето дете поради тоа толку се има приврзано за твоето, воопшто не гледам ништо лошо во тоа што е приврзана, тетка му е. Ако е во депресија не значи дека е луда или дека ќе ти го земе детето, немаш простор за паника и зошто да си посесивна.