Уф ова звучи ко ,,прво е, мора да биде привелигирано'' бар мене така ми изгледа инаку прашај си дали сака алиштенца, или некоја бебешка ствар што ќе и користи, бебефон, хранилка, дубан... ако не сакаш со ситнуријки дда се замараш
Ах не не не... Ние скоро излеговме од Мк. И сега таа почна да праќа колички креветчиња од 500€ ( мислам дека тоа бабите го купуваат) Затоа сакав идеја ...ама сепак фала на мислењата и одвоеното време ( ние овде едвај крпиме крај со крај-нели почеток , та тежок)
Дајте им пари колку мислите и тоа е тоа. Или влези изнакупи алиштенца за бебе и прати им. ХМ С&А имаат одличен избор и ниски цени.
Нема правило кој што купува, посебно па не мора баба да купи количка. Имаш три опции - пари, алишта или некој поголем порадок според вашите можности, пример релаксатор, стерилизатор итн. Ако веќе сака количка од вас, кажи и да избере до цена која ти одговара. Колку подло бе, праќа скапи подароци јер вие сега сте у странство и сте богати...
Не разбрав како праќа??? Ти праќа слики од количка од 500 евра за да и ја купите за поклон ли??? @SunnyGirl2
Леле јас ја разбрав дека они имаат детенце па она им праќа скапи подароци па сега девојчево се осеќа должно дека треба со иста мера да и врати и дека исто треба такви работи да врати, ама... ако ова е точно дека мисли на тоа дека им праќа слики што да и купат сум без зборови Па тоа е толку безобразно и просто што заслужува уште по безобразно однесување од другата страна...
Јaс имaм сериoзен прoблем сo зoлвaтa. Вo брaк сум 5 гoдини и имaме 3 ипoл гoдишнa ќеркичкa. Кoгa се зедoвме сoпругoт сеуште живееше сo сестрa му вo истa сoбa. И кaжa дa си oди вo другa сoбa. Кoгa јaс дoјдoв веднaш видoв декa немa рaбoтите дa бидaт лесни. Тaa се oднесувaше aрoгaнтнo и ништo не рaбoтеше низ дoмa. Ајде сетo тoa вo ред. Мoјoт сoпруг се oткaжa oд дoстa пoдoбaр имoт зa дa и гo дaде нa сестрa му. Дa имa кaде дa живее. И пoпуштaвме нa нејзините бесни испaди. Ни рече декa не требaлo дa се земеме никoгaш. Се трудевме дa игнoрирaме. Се дo пред некoј ден. И кaжaв декa мoите лични рaбoти се мoи и дa не ги кoристи. Збеснa. Ми изнaкaжa декa јaс јa кoристaм нејзинaтa детскa сoбa. Декa сум им гo уништилa семејствoтo. Декa oд мене се тргнaлo нaдoлу. Дa си дoчекaм зa децaтa.... Пaтем јaс oдaм нa рaбoтa, тaa не oди. Кoристи се штo јaс и сoпругoт сме купиле и не ги кoристи рaбoтите сo внимaние туку нa силa. Не чисти не гoтви a пaтем ПРЕМНOГУ рaстурa. И тaкa, се фaтифме зa кoсa... Немa нaзaд. Сoпругoт ми рече дa си oдaм oд куќaтa. Дoдекa дa нaјдеме другo решение дa седaм кaј мaјкa ми. Ете тaкa. Јaс чеснa, пoштенa, рaбoтливa, сo труд влoжен зa дa се живее кaкo чoвек... Oстaнaв пoсрaмoтенa пред светoт пoрaди несoзреaнa личнoст. Алчнa личнoст нa кoјa никoгaш не и дoвoлнo. Пoсле oвa не знaм кaкo ќе прoдoлжaм сo живoтoт и сo брaкoт. Срaмoви и резили се oвa. И дa, јaс сум тaa штo требaше дa зaмине. Јaс сум тaa штo немaлa трпение дa се среди ситуaцијaтa. 5 гoдиниииии! Ни циглa не сме инвестирaле oд нoвa куќa. Кoлку требaше дa пoминaт? И уште кoлку дa јa трпев тaa нaпaст? Рaзoчaрaнa сум oд живoтoт и oд прaведнoстa.
Вие сте 3цата семејство. Тој идиотот што си го зела за маж ако смета дека сестра му треба да остане во станот во кој живеете заедно, треба со вас двете да си излезе, а не он да остане, а вие две надвор.
Мoјoт сoпруг се oткaжa oд дoстa пoдoбaр имoт зa дa и гo дaде нa сестрa му. Дa имa кaде дa живее. Каков имот има золвата и зошто вие да не се отселите таму туку живеете заедно? Инаку маж ти е крив што 5 год не ја средил работата.Мислам дека е најдобро вие да си одите од таму ако сакаш да имаш мир.[/QUOTE]
Можеби и подобро е со детето да одиш некое време кај твоите, да легнат страстите. Ама кога ке дојде, а секако ке те побара ако имате здрави односи маж-жена и детенце, тогаш ти ке ги поставиш правилата. Сега со жешки глави тоа нема да се реши, а се слагам дека за овие 5 години сте требале најмалку една визија да имате каде ке живеете, така во две соби и золвати златна да е, пак нема да имате нормален живот. Поздрав, биди силна се ке се среди, не е крај на светот иако така ти изгледа.
Јас не би седела ни 1 минута ако сум имала таква ситуација со золва, јатрва, снаа, што било, не би ми било природно, каква сака брука и резил нека е. Ниту па сакам дете во таква атмосфера да ми живее. Мажот требало заедно со вас, а не оди ти, оти вака ништо не праите.
Повеке од очигледно е дека сопругот буквално без трошка осет срам и перде без трошка почит и љубов спрема вас двајца па и детето избрал да си одите дома наместо да најде решение или да замине со вас. Што планира вие кај мајка ти со ејјј сопственото дете а он сомсестра му у детска да "решава проблемите" .. Страшно. Не е работава да бира АМА да ве испрати туку така за да остане со неа да решава проблеми ОЧИГЛЕДНО мислам забележуваш колку е саат штом не го ни помислил детето родено а не да го стаи у муабет за да седел со нејзе.. Фаќај парталите најарно.. И чекај .. ако свати нешто од нешто т.е кој му е приоритет и што арно ако не пак арно ама да ме шутира со дете кај мајка за да седи со сестра му не е во ред. Сепак ако се сака ќе се најде решение без ваква долна постапка од негова страна..
цел ден ми е ова у глава, абе жена и дете да избркаш, па која сака да е причината... Да е кавгата само меѓу нив двајца, па они да се скараат.... не бе, она со сестра му се скарала, он неје со дете ја брка! Јас тоа ни на сон не можам да замислам, маж ми од дома да ме избрка и да си остане он со сестра му! Абе раката треба да ја исече да ја остави, вас не! Очигледно тука мажот е крив, нема осет за семејство.
Мажот е најмногу крив, ама крива е и женава што наместо со мажот да ги решава проблемите таа се фатила за коси. Не дозволувам тоа да го гледа детето мое па до таму да дошло. Јас пред се не би дозволила да живеам во таква заедница и детето да ми гледа такви односи ама кога дошло до тоа ќе го седнам мажот и ќе му објаснам, тебе ти е сестра ти разбери се, јас не можам, не сакам да ги користи моите работи и да ми ствара нервози, те молам поразговарај со неа. Цивилизирано скроз. Верувам жената била извадена од такт, се ми е јасно, не сме сите умни во еден миг да резонираме, ама мора малку да се внимава како, каде и колку се кажува.
Ние ја гледаме едната страна на членката како таа е во се нај. Штом сопругот ја испудил сигурно бракот и не им е баш како што треба и нему му дошло преку глава да се кара и раправа со жена му. Која нормална личност би се тепала со золвата