1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Morav
     
    На eliesaab и Elenche87 им се допаѓа ова.
  2. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Pa ako e nekoja kako so poznavav ne da te vadi od takt cudo so i tolku izdrzala. Ovaa sto ja znaev najadi se rasturi dodeka se spremi za izleguvanje i ispadni se po doma na snaata da sreduva. Nebare vo hotel ziveat so licna sluginka.. taka da ne ja sudete odma clenkata neznaete sto se doziveala.
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    А кој нормален маж ќе си ја испуди жената и ќерката од дома за сестра?Сигурно има две страни и две гледишта .Две приказни и две вистини.
     
  4. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Можи тој не е нормален. Сторијата има 2 страни.
     
    На eliesaab, Abc07, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    Тука е кавгата за имот, се потенцира дека неа и оставил. Најголемите кавги се за имот. Нема врска растурањето, туку кој колку има и што користи. Снаата мери на брат и сестра.
    Да се ставам во ситуација на золвата, прво нема да дозволам брат ми да ја избрка снаата ради мене. За користење, па тоа би било и мој дом, се додека тие или јас не би нашле решение долгорочно. За растурањето, ете може си е аљкаво детето, ама пак разговор мора и договор. НО,
    не можам да разберам како можел да ја испрати жената. Требал да се спакува и тој со неа кога веќе нема компромис. Најголем виновник е тој.
    Прво јас никогаш не би мерела кој на кого колку оставил, ниту пак ќе дозволам мм да се меша во поделба на имот кај моите. Не смее ни едниот ни другиот, ама од друга страна МАЖ да ме брка каде што сме граделе дом, за сестра/мајка/брат зошто и прднало не ми е нормално дефинитивно. Па со дете уште. Ноу ноу. Не велам дека треба ни сестра му да ја брка туку со мене да се спакува и да идеме кај што има мир.
     
    На poenta, Alita, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.411
    Пол:
    Женски
    Алелуја некој друг да постави прашање оти секогаш јас сум таа што криво сфаќа. Не може да се степаш со нечива сестра и да очекуваш да те подржи братот. Прво и основно како човек си паднал во очите на братот, на што личи тоа, возрасна жена да се кубе за коса со девојка. Второ таа девојка си има родители, тие ќе ја превоспитуваат а не женава. Јас кога живеев во заедница се си чував во собата моја, таму никој не влагаше, таа соба ни ја дале свекор и свекрва таа ја користевме, додека не се реши прашањето кој каде и како
    ќе живее нормално. И ден денес не сум пререкла кој што и колку добил, зошто па ни јас од дома немам добиено којзнае што. Да си погледнеме под нозе па после туѓите работи да ги коментираме. Ако ми дале благодарам, почитувам, ама ако гледам дека нема услови ќе си соберам опашката и надвор. Лошо и од страна на мажот што не си отишол со жената и детето, зошто какви такви тие се, он си ги одбрал, впрочем тој е виновен што дошло до сето тоа, тој ја донел таа жена дома. Не ја бранам золвата, и таа кажала тешки зборови, ама пробувам да ја разберам, и таа наеднаш изгубила комфорт, можеби и револт има кај неа, од кај знаеме може е оставена да спие во кујна/дневна, и се сменила цела рутина... Мора да ја согледаме работата од сите агли, не само снаата пишала и ајде, така е.
     
    На Ordinary, CrazyGirl15, irena.1 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.241
    Колку и да велиме дека трба да се ислушаат и двете страни, сепак во ваков случај немора да слушнеш што ќе каже золвата, зашто нема потреба.
    Виновни се и двете што се испровоцирале до тој степен за да се фатат за коса, ама иницијалната каписла е кај золвата.

    Целава работа ќе била заокружена ако и братот си отишол со семејството кај родителите на жена му, па од таму да се бара некое чаре.
    Вака сега се ствил на два огна да гори-и кај сестра му и кај жена му.

    Иначе, однесувањето на золвата не е ич за оправдување.
    Ако отстапила детска соба, ја отстапила на брат и.
     
    На eli25, duffi и Alita им се допаѓа ова.
  8. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Да, а треба да ја тинтри сестрата, која патем ја колне неа и неговото дете и врши психичко насилство 5 години?
    Членката не се јави назад, за да ја сфатиме подобро треба повеќе информации да ни каже
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.411
    Пол:
    Женски
    А од кај да знаеме дека не е обратно? Она вика сестрата ги користела нејзините работи, ок не е во ред, никој не вика обратно, ама искрено да ми дојде некој да ме исфрли од соба зошто брат ми донел дома жена и не знае да овозможи услови? Епа извинете. И јас отидов кај мм дома, ама во ниту еден момент не стана муабет да ја извадиме сестра му од соба, неговите бидејќи не створиле на време простор за двајцата сами се тргнаа и спиеа во дневна година дена додека не си заминаа. Не и беше на золва ми право ни тогаш верувам, на 20икусур години да се сели, ама не рече не, но сепак и дозволивме нејзините работи да останат нејзини и собата си ја користеше до крај она. Не е фер да ја бркаме ко да е вишок она. Сите си имаме бубачки, и она и јас, ама никогаш за коса не се фативме, ќе дојдеше ќе ми каже Ми смета тоа и тоа, те молам... Толку беше. Нормално дека возрасни личности треба да разговараат прво а не одма со кавги, клетви, пцости и грабање за коса, тоа од двете страни се бара и очекува.
     
    На Ordinary, Asparagus, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Овде да бидеме реални се највиновни свекорот и свекрвата. Требало да им ги “удрат клоците“ со време на синот и снаата. Девојчињата, т.е. золвите не смее да се сметаат за човек од вишок во сопствените семејства. Или можеби треба, штом дојде снаата да ја избркаме (или промажиме) ќерката. Особено ако таа не работи и им “наштетува“ на братот и снаата (во домот на нејзините родители!).
    Патем и не осудувајте го веднаш сопругот, убаво рекол - оди кај твоите, дури да најдеме решение. Од кај знаеме каква е ситуацијата во семејството на родителите на жената, и какви се односите на мажот со тестот и тештата?
    Јас се надевам, дека си нашле решение и сега се преселуваат.

    Кога живееме во заедница, мора да сме свесни, дека ќе мора да се трпат многу работи. Кога живееме со некого, не е лошо да се ставиме и на негово место. Да размислиме, што ние би правеле да сме на местото на золвата или на снаата?
     
    На bibiiii, Rama, wannaBeMomma и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.411
    Пол:
    Женски
    Апсолутно! Свекрва ми до ден денешен вика, да знаев дека не можам да ви овозможам да живеете сами ќе ви дадев пари за под кирија, немаше да ве малтретирам ич и да ви одолговлекувам, ама стварно кај нас беа 1 година во прашање и се преселија. А за сопругот, извини ама требало да мисли на време, а не кога дошло до скубење за коси.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Точно така и јас се сложувам. Ама таа кажува дека се договориле да им ја одстапи собата, и братот се откажал таму од некој дел за да има каде да живее. Ако не и се свиѓало зошѕо молчела и тероризирала 5 години. Најкриви дефинитивно се родителите. А членката исто се согласувам не требало да се степаат. Ама и од др страна ја разбирам, мене некој да ме тероризира, колне па и детето мое 5 години би изреагирала многу бурно, додуше не со насилство. А, и мажот и е теле.
     
  13. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Зарем решение на проблемот е враќањето дома на снаата? Еми што ако на секоја кавга и снаата си фати ред да си оди дома? Ебате брако, ебате здравата средина за растење дете!
    Ако веќе снаата треба да си оди, не треба сама туку со детето и мажот! Пошто нели и во лошо и во добро!

    По мое проблемот бајаги време бил нерешен, игнориран, оставен сам да се реши... па така прераснал во проблем -причина снаата и золвата да се фатата за коса! По простачко од ова не можело да биде!

    Золвата оти не се изјаснила дека не ја дава собата уште од самиот старт? Што отпосле кука? Требало на брат и да му се изјасни - не ми е по ќејф да ја напуштам собата заради тебе и жена ти. Од овде ќе биле работите на јасно па братото и снаата ќе си барале друго решение, друго место за живеење па така снаата никогаш немало да слушне такви обвинувања - дека се тргнало наопаку од кога таа дошла. Оти да бидеме искрени никоја од нас нема да биде среќна да го слушне тоа за себе.
    Друго ... снао што си запнала да чистиш по золвати! Нередот што го прави она си го прави дома! Штом не ти се чисти по неа тогаш остави, не чисти! Дома си е золвата и затоа опуштено си се понаша. Може таква си била одсекогаш. Не велам дека е во ред да растура се и да не средува(и мене би ме нервирало) , ама сигурно си е со мисла дека си е во својот дом па како сака така си прави!

    И пак на едно се сведува. Проблемите настануваат од сам почеток на заедничкото живеење, сакаме добри да бидеме и премолчуваме ситуации кои прераснуваат во проблеми. Се формираат семејства без да се разгледаат условите на живеење и финансиските примања. Се одлучува на живеење во заедница без да се размисли на последиците!
     
    На bibiiii, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.241
    Колку што разбрав од постот на жената , золвата ја отстапила собата а за сметка на тоа и бил препишан поголем дел од имотот

    Зошто кога се делел имотот не кажала дека не сака ништо и дека си ја сака собата ?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Зошто бе криви родителите.
    Ако толку имаат, душа ли да дадат. Куќата е таа, толкава е сите треба да се адаптираат. И тој што дошол (снаата) затоа што не е натрапник, туку тоа и е дом и тука е ради мажот. И домашните( золва,маж) затоа што имаат нов ЧЛЕН ВО СЕМЕЈСТВОТО кој треба да се прифати и адаптира.
    А на кој не му чини бујрум нека си изгради или купи повеќе од тоа што направиле родителите. Ако не може , епа ќе си поќутува и прави компромиси. Ова за сите страни важи. Зошто сите се полнолетни. Ако не, ко рогови во вреќа ќе живеат.
    Едно, две родителите криви за полнолетни личности.
     
    На eli25, SevenHeaven, snegulkata и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Иренче и јас сум за тоа секој на своето. Ама во овој случај ете снаата дошла во тој дом. Е зошто чутеле сите и дошле до овој степен? Ете се поделиле како што се поделиле, ама родителите (ако во овој случај ги има, пак ке кажам нема многу информации) гледаат дека под СВОЈОТ ПОКРИВ ова се случува зошто не реагираат? Ти да имаш ете една куќа (толку имаш, толку ќе дадеш, нормално ако не се во можност младите за свое) имаш син и ќерка, ќе ги поделиш еднакво, или ете по нивна желба и договор, кој како сака и што, и сега синот да донесе снаа, а ќеркава како во погорниов случај да не чисти, се иживлјава, крева уѕбуни, колне....
    Што тогаш?
    Јас сум имала ваков случај, и вервите воопшто не ми беше сеедно, ко ќе се вратев од на работа, и гледав лом насекаде, ни раговор ни ништо, само тензии, бунења, трескање врати, да се слуша до надвор.
     
    На tina2018 и irena.1 им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    У право си, многу малку е пишано, плус само едната страна од приказната ја знаеме нели.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Золва ми исто ми земаше облека , ден денес има своја соба тука , иако се пресели со свекрва ми да живее во друга куќа . Никогаш не сме се фатиле за коса . Размазана е , ама има осет девојчето . Кога пиеме кафе заедно јас ако го правам , таа мие чаши . Кога е кај нас ,спие во својата соба . Ни ја отстапи многу пати до сега и збор нема кажано . Спиела и во дневна , и со баба и , ама не рекла " сте ми ја зеле собата " . Ми сметаше порано што ми земаше облека , и што расфрлаше по дома , ама сега не си земам при срце . Како ќе остави , така ќе најде . Ниту и чепкам , ниту ми чепка.
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Izabelcee

    Izabelcee Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ај помош дечки! Имам золва одделени сме не живееме заедно .. значи женава после работа доага обавезно да го види внукот тоа е се ок но еве пример вчера ми дојдоаа другарки од мало и место раат муабет нормално и она е тука !!! Дајте некое чаре вечер ќе ми дојде старосватицата како да ја тргнам да не дојде да можам раат муабет да направам???
     
    На SunnyGirl2, Independiente и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.106
    Пол:
    Женски
    Клуч на врата. Нема друго решение.