по се изгледа родителите се криви бидејки се владеат по она ,,СИНОТ наш ЕДИНСТВЕН,, и невестата го сватила тоа и на глава им се качила ! Еве и мајка ми таква е ако стане збор за брат ми или невестата ,,ШЕПОТИТ,, да не им згрешит нешто , а мене ми велит ти керко гледај си кај свекрва ти ! види мајката а кога ке и бидит тешко мене ми се јавуват на тел. и ми плачит еее ! Тогаш и викам и јас ,,ете ти го синТИ и снаата нека ти помогнат,, ЈАС си имам свекрва и Ти мене ме тераш да си ја гледам неа ! П.С. родителите се криви ! за мир во куќа и синот на чело се понижуваат до бескрајност !
Спојлер Никогаш немам коментирано на темава,затоа што немам некое искуство или недај боже проблем да споделам.Но,твојов пост ме натера да ти пишам. Прво колку години има снаава? Да ти кажам искрено се однесува крајно детски,разгалено,некултурно,невоспитано,неблагодарно,себично!Бетер е од мало дете,а плус и нејзините како рекле демек не доаѓаме веќе,изгледа цела фамилија се такви лигави. Со вакви на крај неможеш да истераш.Само ќе ти кажам лекот за вакви е ИГНОР!Терај си прај си како тебе што ти е убаво,ти таму си израснала 21 година и сега дошла она па закони,ма немој. Прави како ти чини,учи си,ако можеш помагај и на мајка ти ако ти зброи збори,ако не не,биди мртва ладна и се што ти лежи со (насмевка) кажи си.Продолжи да си бидеш културна и паметна каква што си,и немој да дозволиш да те скара,оддели од брат ти.Биди попаметна од нејзе,и немој да и се нервираш.Ако се лути нека и стои,и ти се лутиш па она те прашала?Немој да и покажеш слабост,немој да и се правдаш таа не оставила простор за такво нешто. А нареден пат кога ќе рече да се мажиш,само насмеј и се и одговории и ти не се секирај,јас кога ќе се мажам моја работа е.И немој да трошиш време да ја анализираш и да се нервираш.
Миличка, најпрво гледај си го факултетот да си го завршиш. Тој нека ти биде прва цел, а потоа гледај на останатите обврски. За тоа што си купила алишта, мајка ти има право колку сака и што сака да ти купи, како на ќерка. Снаата нема право да се меша во твојот однос со твоите родители, ниту во односот со брат ти. Тој ти е брат и не смее таа да ти кажува дали и кога да му се јавуваш на мобилен. Ако таа има некој проблем нека си го расчисти преку маж и`, или во краен случај со мајка ти и татко ти, ама не и тебе да те вмешува. Ти стави ја на игнор, а ако те провоцира врати и кратко и јасно. Не навлегувај во подлабоки караници зошто во иднина и ти ќе се мажиш, ќе си имате дечиња, за да имате убав муабет меѓу вас. Најголемиот `виновник` овде според мене е брат ти, кој премногу и` дозволил, таа го шиша како сака, а тој не знае малку поцврсто да настапи, па ете морал татко ти да посредува. Брат ти како да е подреден и има страв од таа жена. Тој е мост меѓу неа и вас, ама изгледа раскилавен мост.
Искрено прво ви благодарам а второ не очекував дека ќе наидам на голема подршка од вас. Претходно кога постирав многу повеќе бев осудувана од колку што советувана и разбрана во вистинска смисла на зборот. Тежнеам се уште по таа хармонизација во домот како и сите нели? Но тешко со оглед на односите што ги развиваме. Не можам веднаш и да ги обвнинам родителите но можам слободно да кажам дека ДА и тие се дел од ова. Синот се негува како свето нешто како демек еден е и тоа е. А не се свесни кога ќе паднат болни не дај боже некогаш во нивната старост дека тој нивни СИН ќе исчезне едноставно. И пак ќе се обратат кај мене. Онаа со онај ум не знам до каде ќе го води. Едноставно она е перење на мозок. Мислам дека нема некој доволно голем капацитет да го прави сето тоа сама. Сигурна сум и дека мајка и стои зад сето тоа. (Има да ги командаш таму сус да ти играат! ) е со овие зборови како да ја слушам. Потекнува од таква средина на необразовани родители едноставно кажано прости и така да кај нив таму е традиција да не се сака золвата и свекрвата. Џабе и е факултетот и се кога тоа што го учела не знае да го примени. Тешко многу јас го жалам брат ми а не да го напаѓам што налепил на таква што го командува во секој поглед. Како и да е од неа не се бара да стане измеќарка во куќата туку малку да се вклопи но и е тешко оти е мрза скапана други зборови немам јас за неа. Иначе си велам кога тие би седеле на друго место би биле поспокојни и тие и ние. Но не сакаат да слушнат за тоа.
citajki,mislam deka ste vo film deka pridojdenata e sekogas -losata....Vo mojot slucaj ne e taka...So maz mi sum od moite18g.(sega imam 4Zolva mi se omazi1g.pred nas i veruvajte mi do den -denes sekoj den e kaj nas doma.Kerka i porasna(24g.)po cel den e kaj deckoto ,a zolvata kaj nas.Celo vreme i davavme pari za da i go platime nejziniot del od stanot(70m2)vo koj sto ziveeme:jas, maz mi,2sina i svekorot(svekrva mi umre pred10g.)Napravivme fatalna greska sto ne ostavivme crno na belo.Sega go nagovori tatko i da ne ostava nikakov dokument(za da bide stanot pola nejzin po negovata smrt).Inaku e dobro situirana(ima stan,vikendica i dukan),a jas i maz mi stanavme stecajci...Nema nikakvi obziri deka edvaj krpime kraj so kraj.Celo vreme se zatvara so tatko i vo soba.Izleguva samo da se posluzi od jadenjeto sto jas sum go zgotvila.I taka sekoj den....Maz mi e razocaran,se nervira...Ni go upropasti zivotot...Nemame nikakvi sansi da se trgneme na strana..A najmnogu mi e krivo sto nikogas ne sum vlegla vo konflikt so nea.Koga i da pocnela da se zanesuva sum se trgala na strana...Zatoa,dragi moi, ova parce hartija i crniloto vo dusava znaat deka mojata ZOLVA mi e mojot najgolem KOSMAR.Koga ke i gi slusnam cekorite po skali me obliva studenilo...Toa li se domasnite vo kukata????Zar i jas kako snaa nemam pravo na zivot?????Tuka sum 30g. no kukata ne ja osekam kako svoja....I ,jas imam brat i snaa pa veruvajte SIGURNA SUM deka ne sum nicij kosmar....Od precekuvanje na zolvata kaj moite odam nekolku pati vo godinata...a ziveat 15min. od mene...
мажот ти е виновен исто толку колку и свекор от ! ете и јас сум во иста или слична ситуација само што јас немам золва ама имам девер исто како твојата золва ,,несрекно омажен ,,т.е. оженет!
a што е со делот од свекрва та ?можеш ли да најдеш сведоци кои ке потврдат дека вие сте и давале пари на золвата за на суд? и друго не ми е јасно кој го чува свекор ти вие или таа...ако сте вие зошто не направите договор за доживотна издршка...земи понуди на золвата да го чува 24 часа има одма да избега...поздрав
Морав да се вмешам за ситуацијата кај Миличка . Не велам дека и е лесно, ама сепак, ова е само едната страна на муабетот. Другата страна од приказната сигурно звучи мнооогу поинаку. Целава приказна е „снаа ми е себична, од прости родители, дрска, мрзлива, арогантна и ја интересираат само пари“. Прво, да ја интересирале само пари, дали би се омажила за брат ти, оти сама кажуваш дека пари-немате. Второ, веднаш започнуваш со „госпоѓата ќе немала пари за фризер и за нокти и за шопинг...“... Е па сега, госпоѓата работи, млада е и нема деца... ама не смее да посака да оди на фризер? Ако отиде и на депилација избркајте ја бе од дома, недомаќинка! Сакам да кажам, ти кажуваш дека со мајка ти сте биле на шопинг (што е сосема ОК де), ама неа ја обвинуваш затоа што сакала да си купува по нешто од платата која си ја заработува? . Сигурна сум дека приказната има две страни и дека и двете страни се повредени. Многу лесно може да се решат работите-ако се сака. За работењето дома, тешко е да се направи план? На пример, „госпоѓата“ (како што Миличка ја вика иронично) да готви понеделник, среда и сабота (на пример, онака трескам). И да си знае кога што и е обврска. Или на пр. купатилото оваа сабота го риба снаата, следната свекрвата. За перење и сл, ништо полесно. Се купуваат две корпи за алишта, снаата и братот си користат една, другите другата. Снаата (или братот) си пуштаат машина за нив, друггите за себе. Се договара многу лесно „Ќе пушташ ти машина или да пуштам сега јас за нас?“ Толку е лесно. За пари... уште полесно. Сметките на маса, се седнува и се гледа-овој месец за струја дошло толку, за вода толку, за парно толку итн и се гледа колку треба да дадат тие, колку другите (и ова за да не биде на памет, па да не може никој да каже дека не знае). За јадење исто, секој знае колку приближно дава месечно на храна, лесно е да се каже вие толку, ние олку и готово. Оти таа веројатно некогаш помислува дека од тие пари што ги дава од платата, за тебе има да се купи облека (на пр. ) а неа не и останува, па може тоа ја погодува. И пак зборувам на памет, де. И уште една работа, со доаѓањето на уште еден член дома ( не војска луѓе, еден) сигурно не се дуплираат трошоците. Може да се зголемат за нијанса, ама да се толку многу да се покачат... А ако не оди да сте сите заедно, верувајте и нив ќе им е поубаво подалеку. Има супер станови низ Скопје, во помалку атрактивни населби, за 100-110 евра месечно. А да си купи човек мир за 100 евра, тоа е премија! За сите.
Да приказната има и друга страна што ни јас не ја знам. Ако ја знаев доволно ќе седневме и ќе го решевме да тоа на маса. Не се работи демек за пари се омажила и никаде не спомнав дека ние леле немаме пари за грев сме. Туку дека се формира и друго домаќинство кое и тие малку треба да обврнат на трошоците за дома а не само за лични потреби. Оти се направило свадба, се зголемиле сметките повеќе се троши за храна и малку родителите мои се истрошени и плус сум јас студент. Исто и како едно бебе кога ќе се роди навидувам не изгледа така ама трошоците се зголемуваат не дупло за нијанса да ама влијае тоа сепак на џебот ако така изгледа дека е малку. Значи тоа беше за што јас зборував цело време. Никој не забрани дека таа не треба да оди да си купува облека или на фризер или на нокти и не знам било што но не е девојка веќе е жена. Кога јас си купувам алишта истото и таа го прави наредниот ден да не остане покусо. По тоа јас гледам дека и пречи неа. А од тие пари јас не земам за алишта мислам немаш доволно прочитано во претходните постови. Формиран е заеднички фонд на средства секој од својата плата но не цела само дел со цел да се подмират трошоците за храна, хемиски средства, сметките. А од тие пари никој не зема за облека. Значи неа не ја погодува тоа туку помислата дека цела плата не и останува за да купува тоа што ќе и се посака. Како што тоа го правеше на почеток кога дојде. А да седат ами сами мислиш ли дека ќе и остане нешто за да купи? Јас мислам дека не Околу перењето што викаш да имаат посебна корпа ама и тоа не го правеше долг период не си ги пушташе и алиштата да и се перат. Е сега е многу лесно таа да ми каже кој и се моите должности а многу е тешко таа да ги прифати нејзините бидејќи таа е мажена а јас не сум немам никви обврски спрема мажот. Можам само да помогнам кога ќе имам време. А јас никогаш не сум одбила и не сум се пожалила дека мие тешко. Сакав да кажам само дека таа се споредува со мене и гледа колку јас ќе работам и што правам. Едноставно ми води евиденција дали ми останува време слободно дали седам на компјутер и било што. И башка на тоа јас треба секој момент да внимавам да не кажам нешто што неа би ја увредило бидејќи неа и најобичен муабет може да ја вреѓа си го зема тоа како на своја рака. И најглуп муабет да е каде не се спомнува име нејзино таа си мисли дека е за неа. Мене тоа ме нервира што на некаков начин го изгубив мирот и спокојот дома. Постојано е многу напнато се нема слобода никаква. Како едноставно тортура некоја. Јас неможам да издржам така. И вистина не оди така сите да сме заедно кога таа мене ми забранува едноставно јас да се искажам што мислам и како и да било. Значи јас сум тука член во формална смисла. Моето мислење не е битно. Но јас сум во куќата на татко ми и му сум и јас дете значи таа тоа не го респектира. А и од друга страна јас кажав дека неќат да слушнат за селење или било што. Тоа е таа скржавоста и себичноста што јас ја кажувам цело време. Решена е да седи и полека на сите да ни го најде патот од колку таа да се занимава сега со реновирања или било што кога е дојдена на се ново и готово. Таа така кажа дека не сака да си одат така нас брат ми ни кажа а тој беше за да одат некаде или под кирија или да си ја прават куќата друга што ја имаме (потребни се мали поправки и реноворање и тоа не за големи пари) но таа не се нафаќа. а моите родители не се во таква состојба сега тоа да го прават напоменав ете дека се правеше свадба се истрошени имаат и студент и тоа е само рекво не знам до кога така. Јас побарав совет и мислење во смисла како е да се замислите на моето место и како вие би постапувале да сте на мое место. Ама очигледно некогаш и сум пишман што ќе поставам проблем тука оти тој целосно не се разгледува туку сите ја бараат другата приказна. Ако постела и другата приказна ќе немало потреба од ова сега тука. Еве и кај проблемот со свекрвите и снаиите сите ги напаѓаат свекрвите а никој не ја знае приказната друга зошто така свекрвата се однесува. Тоа е тоа сепак фала но пред да даваш мсилење пак ќе речам прочитај ги добро мислењата од почеток до крај да видиш за што всушност се работи. Сепак фала
АААААААА,па ете го зајакот кај лежи.Сега ми е јасно,невестата сака вие да си ги соберете алиштата и да одите во таа куќа,а она „душичка“ да си остане во станот. Леле,Миличка,па толку ли не ви текнува дека целата работа е околу станот-вие во куќата(и така еден ден ќе се омажиш),а она и брат ти во станот. Па ова со итроштина сака да ве избрка од дома,демек овие нервози веќе не се трпат и да си заминете во куќата.Само да ти кажам ,и брат ти е во ова игра,знаат што сакаат(Станот)па затоа и дозволува на жена му така да се однесува кон вас. Да сте ми живи и здрави со ваква невеста дома,тешко накрај да излезете со неа.Туку терајте си вие по ваше,а неа ако не и е добро нека отиде во куќата,нека стегне г..от и нека реновира. Млада била ,немала деца,сакала да се дотерува-јас не сум „млада“,имам деца па пак се дотерувам-ама прво сметките ги намируваме по дома па после ако остане за фризер и нокти. Боже,друг ќе ме храни,а јас платата по салони-па тоа го нема ни во таткова куќа ,а не пак кај свекор и свекрва.
Епа тоа е. Ни го покажа патот полека на сите. ЈАс цело време се обидував и пред тоа да го кажам но не бев сфатена добро. Едно ти благодарам што сфаќаш што а друго што имаш разбирање и колку зрело и реално ги гледаш работите. Значи ако останат пари ќе одиш и по салони и секаде а ако не останат не може тоа секој месец. И јас сакам така но неможам секогаш да си дозволам. Во соседството има така двајца млади и кажуваат дека денар не ми останува во месецот од платите а се само двајца, сами живеаат. А снами си брка луксузи секој месец. И тоа е и потоа како јас да не мислам друго нешто кога се ме води на вакви нешта да мислам. Немам спокој и желба за ништо. Постојано се прашувам како понатаму????
Од каде знаеш ти дали и остануваат и колку пари и остануваат нејзе секој месец? Ви ја дава половина плата за храна и сметки? Ви дава. Си тераш ти со факултетот нормално како до сега? Да. Остануваат пари за да одиш на шопинг со мајка ти? Да. Што има ти други сметки да и правиш и да споредуваш други брачни парови и нивните финансии? Ти треба да кажиш дали треба да си дозволи луксуз со нејзините пари или тоа е работа што ја засега неа и мажот и? Или сакате да имате увид во секој нејзин потрошен денар?
Во потполност се согласувам со Шкорпионка. Штом и таа дава пари и тоа пола плата, мислам стварно нема смисла да се буните околу финансиите. Што прави со другиот дел од парите? Побогу, па таа работи за нив, мора малку и на себе да си посвети. Јас на родителите на мојот сопруг им давам пари самата, не мора да ми побараат, кога се во криза, без да ги прашам ги собирам сите сметки и ги плаќам, не само затоа што сум дел од семејството, туку зашто се покажаа на дело кога ми беше најпотребно. Како и да е, никогаш никој ме нема ставено на осуденичка клупа да ми одредува „месечно ДДВ“ и искрено, благодарна сум им за тоа. Да би ми спомнале такво нешто, повеќе од сигурно е дека би се навредила и не би виделе ни денар од мене. И да, секако дека негативно би ги сфатила. Самиот пристап го налага тоа. Можеби така таа го сфатила. Друга работа: за куќата. Еве некои форумџики се изјаснија со став за тоа, ама снаата сигурна сум дека го има сфатено обратното. Од каде да знам, можеби таа мисли дека вие со вашето однесување сакате да ги набркате во другата куќа, да си добиете муфте реновирање, а вие да си седите на готово во станот? Јас не мислам така, не ја ни познавам лично, но ете можеби таа така мисли. Трета работа: за животот на братот и снаата си знаат само тие и само тие имаат право во него да се мешаат. Од каде знаеш дека не го сака брат ти? На брат ти, очигледно му е убаво со неа и тоа треба да те радува. Не се чуди што не сака да ти се доближи. Самата велиш дека ти е одбивна. Луѓето го чувствуваат тоа, особено жените. И конечно, доста со тие муабети „придојдена“, „надојдена“...Ми се смачи! Се правиме многу современи, а се' што не ни' е крв не може да ни е семејство, така? Глупости! Таа е дел од семејството и има право да биде дел од сите одлуки донесени во него. Конечно, совет: Обиди се да ја разбереш и нејзината страна и биди потрпелива со неа. Ова ти го велам затоа што самата сакаш да имаш мир и да има хармонија во семејството.
А да им кажете да си се одвојат со храната, мислам навистина....ако мајка ти готви од вечер, истото и снаата нека си прави. И платата нека не ви ја даваат, сите сметки собрани на куп делени на пола. Да, на пола затоа што таа и брат ти се едното потесно семејство, а ти, мајка ти и татко ти другото потесно семејство. Така сите ќе си бидете среќни и задоволни, дури и нека си купат посебен фрижедер, што ќе си купат и зготват ќе си јадат и никој нема да им води сметка каде и на што ги трошат парите. Верувам дека како двајца вработени со две солидни плати ќе можат да си дозволат и месечен маникирски луксуз, а ако не, тогаш само домче ќе си се налакира....но, тоа си е нејзина работа. Друго, поделете си ги и средставта за лична хигиена, нека си купуваат сапуни, шампони, средства за чистење, тоалетна...се`, се` ама буквално се` што му е потребно на едно домаќинство нека си купуваат и нека си го користат, и они че си купуваат и вие. Машини за перење пак секој своето, а за чистење договор, овој викенд едната, другиот другата (снаата и мајка ти)....ти ќе чистиш кога ќе се омажиш, сега мајка ти нека чисти и за тебе (така барем моја свеки викаше). А бе, договор куќа гради, а две а во случајов три жени тешко дека ќе се договорот која да ја замени која, затоа делба, може да функционира и тоа успешно, јас сум жив пример и доказ. А ти Миличка, тебе најважно и најпаметно ќе ти биде да си го гледаш школото, да ја ставиш на игнор и да им предложиш на твоите еве ако не сакаат да си одат од вашиот заеднички дом, тогаш нека ви се подели семејтвото и секој да си се храни, да си мие по себе, да си чисти и да си се шопингосува тогаш кога ќе си посака.....и немој многу многу да се замараш со остатокот од нејзините пари, таа си ги заработува и ако на брат ти не му смета каде и на што ги троши, ти па ич немаш право ниту да се замараш ниту пак да се мешаш.
Некако не си ми во право. Како можеш да споредуваш со други,кога не знаеш што е точно?Нити за снаа ти можеш да кажеш која цифра ја зема,еве јас на пример само на вереникот и мајка ми ја имам кажано точната цифра.Ме прашуваат ама нема потреба никој друг да знае.На вереникот родителите само претпоставуваат колку зема.Лупаат 500 евра зошто работи во голема фирма ама се лажат. Девојката-снаа ти,спрема муабетот твој е сосема ок.Навистина ти си студираш и гледај си го тоа,а за друго не се замарај.И двете страни имаат приказна.Може и нејзе и се чини дека сте вие против неа?И нејзе не и е лесно со луѓе кои да речеме не е блиска,др фамилија,непознати нешта итн...збунета е сигурно....така да остави простор и гледај си за тебе. Еве јас од скоро се верив,и навистина не ми стигаат пари за мене а не пак за таму да давам.Седам под кирија во Ск,и пари не стигаат,и воопшто не осеќам грижа на совест што не давам таму.Едвај можам на моите дома да им пуштам а не пак на нив,кои се финсиски бааги помоќни.Па почнаа да помагаат по малку и они.... Ајде сега за мене Јас со золва ми не сум којзнае колку блиска,за 2 недели и она ќе прави веридба ,едвај чека да си замине од дома.Се изреволтирав јас малку па и се потскарав со нив,зошто цело време чекаа кога ќе биде сестрата на вереникот нејзин слободна -оти е од друг град,за да дојдат да ја побараат,,а знаеа дека јас една недела ќе бидам надвор од државата,и баш тогаш кога нема да бидам во Мкд ја закажаа бе веридбата!!! Има шанси одењето да се одложи-инаку службено треба да сум отсутна,но ако се одложи ме фаќа инает да не отидам......коментарот нејзин беше-ееее,голема работа,па кога ќе се вратиш од пат,ќе ни дојдеш на ручек,важно брат ми ќе биде тука Е се напнав навистина..........
Ели, тоа е навистина непочитување кон тебе. Како која си ти - не си битен фактор, па да мораш да бидеш на веридбата. Навистина погрешно од нејзина страна, ама и од страна на родителите кои не знаат/не сакаат да ја поучат. Таа треба на тебе да гледа како сестра, а не како на снаа. Мој совет - оди си на службениот пат, гледај си ја работата, а потоа појди и` на честито, но сепак на вереникот мораш да му дадеш до знаење дека нејзината/нивната постапка те навредила! За парите, јас додека работев повеќе пари им давав дома на моите, затоа што заглавија со многу трошоци и понемаат, додека од кај партнерот беа многу побогати, ама секогаш ме фаќаа за гуша зошто праќам пари дома, да заборавам на дома и такви муабети (кои ги правеше свекрвата со подршка од золвата). (да назначам дека тогашната плата ми беше многу ниска). Мое мислење е дека кога невестата работи, треба со мажот да се договори како ќе ги распределуваат парите. А, ако некое од семејствата е посиромашно, хумано е да му се помогнува со некој денар. И за тоа што и колку троши невестата, не треба мешање. Ние сме млади, сите сакаме на работа или за излегување да изгледаме средено, убаво, дотерано, а сето тоа кошта пари. Во однос на ова, Миличка, имај другарски однос со снаата, гледај си го школото и остави на твоите нека се `плеткаат` со неа, не се замарај многу околу неа.
Ја цитирам само заради реченицата која ми е повод за ова што ќе го напишам. Зошто мислите дека снаата одма треба да те гледа како сестра или ти неа??? Од каде тоа правило побогу?? Па не ти е крвно сродство. Почит, да. Култура , да. Ама јас да сакам некого како сестра не можам бе. И јас сум золва, имам снаа од прв братучед кој го викам брат зашто сум единица и тој навистина ми е како брат. Ја почитувам, не се согласувам секогаш со неа, ама не реагирам на секоја нејзина постапка како да е крај на светот. Не ја сакам како сестра, ја почитувам како жена на братучед ми и како мајка на моите две ангелчиња, внуци кои си ги обожавам. Поената ми беше, за сите снаи и золви, не се трудете да поставувате од старт однос за кој нема темел. За едната да ја засака другата како сестра треба многу време да помине, да се создадат такви услови да се запознаат карактери. Помали очекувања, помали разочарувања. Можеби сум сурова, но тоа е драги мои реалноста.
Напишав да ја ГЛЕДА, а не да ја САКА како сестра! Затоа што уште од почетокот повеќето се делат: оваа е свекривата, оваа е золва-болва, оваа е снајката......итн....И имаме определена претстава за тие улоги. Уште од почетокот треба да се трудиме да се почитуваме и сакаме. Кога можеш некоја другарка да ја сакаш како сестра, зошто да не можиш сестрата на мажот да ја гледаш како блиска? А, ако некој си ги покажи роговите и не заслужува ништо, е тогаш ќе се тргниш настрана. Со сила убавина не бидува. Нена, Спојлер ова го практикував и јас. На сестра му гледав како на моја сестра. Јас ја засакав многу. Се жртвував за неа како за најдобра другарка. Ама на крај увидов дека само ме искористува и ме омаловажува. Тогаш ја откачив скроз.
Ама зашто бе да ја гледа како сестра!!! Еве споредуваш со другарки, колку време ти требаше да ги гледаш и да ги осеќаш блиски како сестри?? Колку ситуации придоенеле да заслужат?? А девојакава ти е нова во животот, она му е жена на брат ти и ти сега ОП одма како сестра да ја гледам. Е треба да салужи бе. Ќе ја почитувам како сестра на брат ми ама некое појако чувтсво ќе треба да заслужи богами.
ЕЕЕЕЕЕ полека малку застанете! Го набљудувате проблемот секогаш од аспект на снаа затоа што и вие сте така и не сакате нешто слично да ве снајде или било што. Значи јас не посочив дека сакам да си одат прво тоа. Не кажав некоја цифра баш најточна но кажав приближно и што е повеќе од точно. Значи сум имала сигурна информација за да постирам тука можеби таа ми кажала како претпоставивте дека јас не знам ете? И вистина ми кажа и тоа сама уште на почеток не за некои фалби или дека јас по секоја цена сакав да знаам но ете ми кажа. Не идите веднаш на пребрзи одлуки и претпоставки. Но не навлегуваме во тоа значи се врти проблемот во друга насока. Ако почниме пак да ги делиме машините, фрижидерите, корпите за алишта како што вие посочувате така ќе нема место да се сместиме доволно дуплирајќи ги стварите. Јас само едно заклучив од нејзиниот однос и тоа не го менувам па како сакате потоа коментирајте. Дека таа си замислуваше кога дојде целата плата да биде во неа да си ја троши за себе (што и неормално нели повеќето од вас тоа го посочија), да не готви, да не си пушта машини, да си седи на компјутер и што е најдобро јас побрзо да се омажам, мајка ми и татко ми да се иселат и ред други работи, таа да остане да се шири сама а до тогаш други да и го берат гајлето. И сега вие на тоа како ќе реагирате ќе го оправдате? Така таа се однесува за јас да помислам така. А споредив со други млади затоа што таа е реалноста денеска може многу ретко да останат пари на страна а не секогаш на оваа скапотија. Е сега одиме од аспект на снаата. Јас во претходните постови мислам дека посочив оти и неа не и е лесно е во нова средина, многу малку време беа во врска, тие двајца не си ги научија доволно карактерите не па ние нејзинот или таа нашите. Но тоа не значи дека таа треба да остане пасивна во секој поглед. Знам дека е млада тоа не го порекнувам и јас сакам да имам средена коса и нокти и да носам различна облека секој ден. Но секогаш не им остануваат пари на моите за тоа. Можеби кога ќе се вработам ќе можам да си го дозволам тоа не викам не. А што прочитав кај свекрвите и снаите проблем дека снаата имала нокти и за да не и се кршат не работела ништо дома и ја напаѓа свекрвата како да е таа крива. И тоа во ред е според вас? Значи други работи се кога сме девојки други кога сме мажени. Мислам тоа треба еднаш да се разграничи. Ете поголем дел од вас сте во брак и седите посебно одвоени и немате некаков посолиден пристап кон ова. На сите вие тоа дека постои друга приказна и дека сепак јас од една страна треба да си ја гледам мојата работа а од друга страна пак ме напаѓате зошто така. Е сега можеби кога ќе се омажам ќе сфатам и јас некој работи. И еве сега почнувам да сфаќам. Еве кога одам кај дечко ми јас гледам дека е многу тешко да си во друга куќа и со еден куп луѓе кои секој за себе си е своја приказна. Мразам кога го фаворизираат брат му кога на неговата девојка и се обврнува повеќе внимание него мене. (оти е без еден родител). И тоа го имав постваено во проблем. Значи јас не знам што да правам и се прашувам многу пати каде грешам јас? Дали само како појава создавам одбивност или не знам. Или пак така е дојдено времето. Бидејќи порано јас не обврнував внимание на тие работи. Со заклучок сум дека никоја свекрва нема да ме сака како мајка ми тоа е факт ни па јас неа ќе ја сакам. Истото и со снаи и золви и јатрви. Колку и да воспоставуваш некој однос нема да наликува на сестрински. Јас ќе бидам таму придојдена, некоја ќе биде исто кај мене така и сето врз база на традиција никој со никого нема да се сака. И тоа е живот според вас? Според мене не. И колку и да бегаме во различни куќи пак треба да се гледаме со нив. Тоа е неизбежно.