Не,овде се збореше за снаа која живее во заедница,во куќа на родителите на нејзиниот сопруг. Золвата има право колку сака да седи во куќата на нејзините родители.
Има право, ама треба и да има осет. Ај објасни како куќата е на свекрвата? И таа е дојдена исто како снаата.
Не секоја свекрва сеуште живее во домот на нејзината свекрва. Пример е мајка ми, моите се земале и самите без ничија помош изградиле своја куќа, патем додека ја градеа многу работи ми беа ускратувани и мене, како и на брат ми, бидејќи не бевме некои богаташи.Потоа пораснав, се вработив и придонесував за таа куќа и јас. Брат ми сега е оженет, и колку тој и неговите деца што имаат право да бидат во татковата куќа, толку право имам и јас сега како немажена золва, исто и кога еден ден ќе се омажам. Не беше постот за мене конкретно, ама дека ме прозва, па да си кажам. А дали е наследство куќата од свекрвата на жената што го пишала постот, или самите свекор и свекрва си спечалиле, тоа не знам.Ама на крајот исто му доаѓа, и братот и сестрата имаат исти права
Еве и да не дала пари свекрвата за куќата,дал свекорот или ја наследил од неговите,човек кој е татко на машко и на женско дете.И двете негови деца имаат право да седат во таа куќа.
А бе и да не е на свекрвата, на свекорот е, а свекорот е татко на золвата. Ако сакаш да си газда на својата куќа, направи си своја или купи си. А не да им појдеш дома и да очекуваш дека золвата треба да пази да не ти го поремети мирот. Золвата тука пораснала, родителите и се тука. Ти можеш да бараш дел од татко ти и мајка ти да ти дадат, не можеш од свекор и свекрва да бараш
Еве јас немам золва немам ни брат ама знам дека кај мајка ми никој не може да ми забрани да одам и колку сакам да седам. Да, сте се омажиле, домот на мажот ви станал и ваш дом ама ако е и дом на свекор и свекрва немате никакво право да се буните ако им дојде керка на гости. Јас имам два сина и керка и тој што ке се дрзне да се буни дека керка ми доаѓа а живее во мојата куќа што со маж ми и децата сме си скратиле од многу работи за да ја направиме ке ја затвори вратата од надвор по брза постапка
Мислам дека @pelegrina цело време алудираше на тоа дека куќата е и на снаата. Сетете се во темата за свекрви и снаи како сите до една сте со мислењето дека тоа е дом и на снаата а тука веќе не било дом тоа на снаата. Според мене, како таа снаа веќе има нов дом така и нејзината мажена золва си има свој дом веќе. И, под дом не подразбирам само на физичка имовина, туку на дом каде што ке се чувствуваш послободно, каде што ке си имаш слобода за некои работи.
Да ама во случајов, золвава не е на гости, седи таму повеќе одколку дома. Знае какви се условите, без разлика што има право да е таму, треба да има нешто што се вика ОСЕТ. А друга работа, јас кога ќе одам кај моите, иако живеат сами, ќе седиме ден два, абе повеќе не ми седи сакам да си одам ДОМА, а можам да замислам како би ми било таму да ми се брат ми и снаа ми сосе деца, а јас со мало бебе. Искрено нема да ми се седи повеќе од еден ден, зошто сакам мир, а и нема да сум себична доколку јас имам свое, а они се таму сите во тие неколку простории. Да чекаме ред сите за бањање во едно вц, па бебето пола куќа ја разбудило на сред ноќ, па неможам да си се испружам во дневна дур спие, зошто внуците пример гледаат тв. Таму не ми е веќе дом, иако вратите ми се секогаш отворени. Си имам дом и знам каде ми е местото поголемиот дел од времето.
Ај жити се посочи кои се тие истите. Јас исто размислувам во двете теми. Нема што да бараш права во куќа каде си на гости и точка. Ако сакаш некој да не ти го ремети мирот, испоти се и купи си сопствена куќа. Или барај од родителите. Ако видиш и во темана за снаи и свекрви, секоја што се жали од свекрвата, сите и велат иселете се од таму, не живејте во заедница. Да сме се сетеле
@Mantub Во таа тема скоро секогаш се бранат снаите и тогаш кога немаат средства да се одвојат. Јас стојам зад тоа дека тоа е дом и на снаата и таа како и другие имаат права во таа куќа.
А бе ти стој си колку сакаш, ама морално и законски родителите се должни да ти обезбедат живеалиште, не ти се должни свекрвата и свекорот па уште да коментираш за нивната ќерка. Јас да имав и син и да се женеше и ќерка ми да не може да дојде во куќата која сум ја градела и која е нејзин дом заради некоја која се тупнала? Ако не ти одговара се селиш. Ако немаш средства ич не е мој проблем. Во темата за снаи и свекрви, снаите се бранат кога свекрвата им се тупнува дома, а тие веќе одделени, им се меша во одгледување на дете и слично. Колку коментари има кај што снаата се жали и сите и пишат решението е да се одселите, да не живеете во заедница. Значи џабе превртуваш тука дека сите до една во другата тема сме пишеле поинаку. Ни на крај памет не ми паднало во туѓа куќа да одредувам правила Сопствен дом кога ќе се испотиш и ќе си купиш со сопствени пари дом. А да не може ќерка ми да дојде во куќата која израснала, заради тебе, големи се шансите дека не само што таа ќе дојде туку и ти ќе леташ низ врата. Од мајка ти и татко ти барај, друг не ти е должен да те обезбедува
Жал ми е, ама се дури сте научени на готово да чекате и мислите полно право имате на тоа, вие сте се тупнале кај некого. Кога ќе си купиш твое или ќе добиеш од твоите родители, слободно прави се газда на својот дом. Золвата има далеку поголемо право на домот одколку снаата. Уствари снаата нема ич.
Домот на родителите на мажот не е дом на снаата. Може живее таму, може адресата и да и се води таму ама во случај на развод кој е тој што си оди со куферче и (најчесто) деца под мишка? Во твој дом нема золвата да ти дојде со се деца ако се остави со мажот (освен нели, ако си ептен фин па ти ја поканиш додека да застане на нозе) Не ми се навлегува во тоа колку е тешко или невозможно во Мк да се купи свој стан, ама останува фактот дека кога живееш во заедница, родителите се тие кои кажуваат дали другото дете ќе доаѓа, колку често ќе доаѓа, дали ќе остануваат внуците на спиење итн. Не ви се допаѓа тој аранжман? Барајте друго чаре додека сте помлади. И не заборавајте, сега золвата доаѓа само на гости, ама секогаш постои можност еден ден да дојде за трајно. Со се децата.
И твојот маж ако не е дома претпоставувам дека е во странство па постот на членката, сигурно ке ти биде поубаво и покомотно ке се осеќаш кај мајка ти отколку да седиш дома со свекрвата. Кој дел не е јасен незнам.
Мене па не ми е јасен ни муабетот дека треба да бараш од мајка ти и татко ти... на 20+ години нема што да бараш од никој и никој не му е должен да му обезбедува финансии на возрасен човек. Ако имаат и сакаат да те помогнат арно, ама дека се должно не мислам баш така. Инаку на темава - колку има право синот (и снаата) толку има право и золвата.Освен во ситуации каде што има друг договор пример и купуваат на неа посебен стан па мегусебно се договараат дека куќата останува на братот и снаата.
Мене баш поубаво ќе ми е дома сама, одколку во куќа со еде куп луѓе без никаква комоција кско на пр. децата од брат и да се потивки спиело бебето. Таа комоција кога ја немаш таму, се пакуваш и дома,барем ќе се истушираш на раат кога сакаш. И мм не беше дома 2 месеци син ми сама си го чував, дома, не кај мама и тато, си имам дом, не е должен некој да ме гледа мене дома кај него цел месец. И јас се чудам кој дел не е јасен. Да е сама таму кај што е мажена не е, ако е за помош сигурно и таму има. Имаат сите полно право на таа куќа, синот ја донел снаата дома, не се тупнала нигде сама и золвата има право нс куќата, ама се се сведува на малку осет и емпатија за другите луѓе. Ги знае условите какви се таму.
Не, снаата нема право исто колку и золвата. Снаата е дојдена, гостинка, никој нема обврска да ја прибира. Како не знам и срам не ви е да барате нешто кое не ви следува. Некоја да има повеќе право или исто право на мојата куќа од ќерка ми. Мојата куќа припаѓа само на моите деца. Да слушнам и најневин коментар како ќерка ми и смета на снаата, значи лета во истата секунда. Само во Македонија од пуста сиромаштија снаите очекуваат дека можат да се тупнат. Да дозволам ќерка ми да се чувствува како да се наметнува во нејзиниот сопствен дом заради некоја дојдена? Ни во лудило