Како тоа некој ја има прирбано? Куче од улица е? Мажот се венчал со неа и ја донел дома, колку услови имаат или немаат, ако им смета на неговите родители ќе си кажат. Неможе сите да штедат и собираат, може ќе требс до 50 год да го прават тоа и до тогаш што? Да не прават деца, да си живеат одделно како дечко и девојка?
@Nevenche26, ама золвата за која што збориме не седи сама, туку со свекрва. И нормално дека поубаво ќе и биде со нејзините родители. И пак доаѓаме до муабетот дека снаата не е вистински дома кога домата е живеење во заедница.
Таа се венчала со синот, ама золвата тука се родила, тука израснала, зошто золвата да оди во куќата на нејзиниот маж, зошто синот не оди во куќата на снаата? Зошто де, ајде кажи ми, какво глупаво правило е тоа, жената да се одсели. Што ја боли золвата дали имале средства или немале?
Да ама не знаеме дали е во заедница или на различе спрат пример и пак е со свекрва и. Да точно е, ама да бидеме реални знаеме каде живееме и како живее поголемиот дел од населението, едноставно двајцс со мали плати или со земјоделие кско во случсјов во нашава државичка ептен тешко да напрат нешто посебно, години би им требало и пак ако сакаат деца, мора одредени години да трпат во заедница или пак да чекаат да створат нешто па после.
А зошто раѓаат по 2-3 деца ако немаат пари? Едно само роди. Или раѓај колку сакаш ама не буни се дека ти пречат други.
Не знам дали по грешка ме цитираше или не си ме разбрала добро ама никаде не реков дека снаата има исто право како и золвата. Не се согласувам со тебе со тоа дека "се тупнува" ама би рекла дека и золвата има исто право како и синот, а снаата е негова жена така што треба да се има почит ама не и дека золвата е одвишок. Инаку, со тоа што реков не ми е јасно тоа дека треба да се бара од родителите - не мислев дека треба да се бара од свекорот/свекрва туку уште помалку од нив. Не ми е јасно како возрасен човек мисли дека има право да бара некој друг да го издржава. А кога веке толку лично ми се обрати како не ми е срам, чисто информативно - од никој ништо не сум барала и благодарејки на тој мој став си имам купено и мој стан, не од свекор и свекрва (сеуште ги немам) па дури ни од мои родители туку само од лично мој труд. И никогаш не сум го разбирала овој наш менталитет дека некој нешто ти е должен да ти обезбеди. А мислам дека никогаш и нема да го разберам
Нема врска тоа, нека оди кој кај сака да живее, така се договориле, прашај ја членката зошто е така. Моја другарка и сестра и си имаат земено мсжи дома, на двс рсзлични спрата и не е ништо страшно. Јас зборам за осет да има золвата и ако толку и се седи таму, некс се помири со ситуацијата дека таму има внуци и тие имаат полно право да си играат и да викаат, а не зошто она покрај свој дом, сака да седи кај мама и тато Исто важи и за золвата. Зошто родила а живее со свекрва и? Нека си направи па нека раѓа, нема да оди кај нејзините зошто и е досадна свекрва и
Те цитирав пошо напиша "Колку има право синот (и снаата), толку има и золвата". Синот и золвата имаат исто право ама не и снаата. Синот може на сестра му да и каже, биди потивка бебето спие, ама снаата да излегува пред него и да и го вика тоа, не нема право. Значи снаата има проблем со золвата дека нејзиното бебе спиело (од снаата бебето), золвата да била потивка. Ако некој треба да се помири тоа е снаата, што има золвата да се помирува, нејзе не и смета ништо, снашката е таа која има проблем Ама золвата од кај знаеш ти дека има проблем некаков? Може убаво и е да си седи со свекрва и. Тоа не значи дека нема право да си доаѓа кај мајка и и татко и. Кога сака и колку сака ќе си доаѓа
Грешно имаш разбрано, золвата е со мало бебе Па членката кажа досадно и било со неа, дури доаѓала кај нив да си го види внучето од што го нема видено. Пак ќе кажам има право, ама треба да има осет дека во една дневна и кујна и вц се толку луѓе. Уште она им фали на куп, нека оди не викам да не оди, ама со осет све
Аха, добро ама тоа не ја менува ситуацијата. Золвата е дома и може да поставува правила. Ако на снаата и смета треба да си бара нејзин дом. Ако снаата сака да пискаат децата, да трчаат без никој да им пререкува, треба да си бара нејзин дом. Таму кај што се на гости ќе си се однесуваат како што ќе им кажат. Убаво пиша погоре некој, золвата може да се разведе еден ден и сосе деца да дојде назад. И има право на тоа. Снаата си бара чаре ако тоа не и се допаѓа
Ама ти ќе разбереш некогаш што значи зборот сопствен дом? Не може на снаата да и смета гужва, некаде каде што е дојдена. Ако некој треба да ја растерети гужвата тоа е снаата.
Многу е себично да кажуваш дека децата од братот т.е. снаата се на гости не во свој дом. Па тоа е нели дом на татко им исто толку и нивен. Разведувањето е вп друг случај, сега не е така.
Со ова наметнување дека е дојдена у секој пост ништо добро не правиш за жените, ако си веќе борец за женски права. Што има врска ако е "дојдена" , тоа не треба да ја потчини за цел живот нели? Све се решава со разговор, ни золвата има поголеми ни снаата има помали права кога ќе се омажи. Почитта е најбитна, а со ова твоево верглање у секој пост дека е дојдена и гостинка у "туѓа" куќа не знам колку би се почитувале будуќи снајки.
@Nevenche26, за мене живеење во заедница стриктно подразбира живеење сите заедно на куп. Значи не на различни спратови, каде постои можност за физичко одделување, туку буквално делење исти простории. И сум екстремно против тоа. Сметам дека снаата нерви ќе си изгуби, и младост, и здравје додека синот ќе си ужива. Затоа, ако постои и најмала можност за тоа, живеење на страна. Ќе се стиснеш, ама мирот што ќе го добиеш со ниедни пари нема да можеш да го купиш додека си во заедница. А заедницата не е само свекор и свекрва, туку тука се и браќата и сестрите на мажот. Не може да се бара од старите да не си ги гледаат другите деца и другите внуци, зошто на снаата и се нарушува комодитетот. А кристално ми е јасно дека на снаата и е нарушен комодитетот. Сите ние разбираме дека на снаите им е тешко, дури неподносливо така да живеат. На снаата реално, гајле и е за золвата и за деверот. Ама тоа е живеење во заедница. Затоа- делење веднаш штом дозволат условите.
Јас се согласувам дека золвата има право да доага оти тоа е нејзин дом ама не се согласувам со тебе дека снаата треба да се множи со нула. Сепак таа е дел од нивната фамилија, веројатно таа жена придонесува за домот и секогаш теретот паѓа на тие што се одлучиле заедно да живеат со старите без разлика дали е син и снаа или пак зет и ќерка. Земи во предвид дека таа жена што се "тупнала" ќе се грижи за нив (најверојатно), ке ги носи по лекари , а и доста е самото тоа што се таму за соживот. Според мене малку е екстремно твоето мислење за снаиве Ама во ред, секој со своето искуство.
Леле за ова размислував дури бев девојка, и со брат ми разговаравме на темава. Дали би ми помогнал доколку во иднина сум разведена, дали би ме примил дури се средам. Фала богу, немам причини засега за развод, ама секогаш треба да разгледаш дополнителни опции... Секогаш велам не знам каква снаа ќе имам. А за тоа каква снаа сум, не знам... досега не сум слушнала од мм некој лош збор или забелешка во однос од сестра му....
Мене па ми е мака од жени кои мислат дека се феминистки, а уствари чекаат нешто на готово. Ако се борци за женски права, треба тие права да ги бараат кај родителите кои препишуваат се на синот, а ќерката ќе се омажи и ќе си замине. А не женски права кај свекор и свекрва со навредување на нивната ќерка, пошо тие ништо не и должат. Ситуацијата е таква каква што е, ако на снашката не и одговара, таа се сели, сигурно не се селат другите. Едно е почит, и јас очекувам свекрва ми да ме почитува, а друго е барање нешто кое не ти следува, како што јас никогаш не сум ни помислила да барам работи кои не ми следуваат во куќата на свекрва ми. Едно е да очекуваш почит, а друго е да знаеш до кај ти е границата.
Како чекаат, ако се ожениле и отишле кај сопругот дома значи на готово чекаат? Ако беше толку лесно ко шо мислите сите ќе имавме по 3 стана и 2 викендици на мавровско езеро. Не може у друга тема да ги браните жените а тука да ги напаѓате најстрашно, решете која улога ќе ја играте.
Kerkata ima pravo kolku i brat i da sedi kaj majka i i tatko i. Toa sto se vo zaednica ne gi pravi da imaat pomali prava. Ako utre se razvede pa neli ke se vrati doma... Imam dve kerki i eden sin ne sakam ni da zamislam utre da se karaat koe na kogo e i zosto e. Da dokolku se ima uslovi sekoj bi sakal da ima barem garsonjera za decata ,no zivotot nikoj nikogas neznae kade ke ne odnese. Zatoa zivotot vo zaednica e kompliciran. Statusot na snaata vo zaednica zavisi od nea samata i od nejziniot soprug.
Јас исто сум зборела во двете теми. Не мислам дека е лесно, ама ако е тешко не значи дека може да си земе за право да и смета золвата која тука се родила, тука пораснала и тука и се родителите. И золвата има женски права да си се чувствува во куќата на нејзините родители дома исто колку брат и, јас нејзините женски права ги бранам.