Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Пак не се разбираме, ете викаш да си земе за право. Зарем треба да добие дозвола да се побуни ако нешто и' смета? Па мајку му она не отишла на гости таму, тоа е и нејзина куќа веќе. Придонесува за таа куќа, дали материјално или на некој друг начин.
     
    На Pelargonium, flower30, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи и јас кај свекрва ми очекувам почит. Има работи за кои што апсолутно има право да се буни. Ама тоа дека и пречи золвата, не е една од тие работи. Золвата да не треба да се осеќа дека се наметнува во сопствената куќа?
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Нормално дека не, таа е нејзина куќа исто ко што е на брат и'. Муабетот ми беше за снаите, не треба да бидат безгласни букви затоа што живееле у "туѓа" куќа според некои.
     
    На *Amethyst*, Different7 и flawless_ им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.525
    Пол:
    Женски
    Секако дека има право. Само затоа што условите се такви какви што се во моментот не значи дека снаата треба осмех да исцртува на лице цело време.
    Сите ќе си сметаат едни на други во заедница. Ама ако се такви условите, и ако се работи за разбрани луѓе ќе си најдат начин да се прилагодат додека не се створат поинакви/подобри услови.
    Време е да престанеш сите снаи да ги генерализираш и да им лепиш етикета на готованки само оти тебе ти се посреќило. Сериозно престани. Ниту се најдени на улица, ниту се прибрани, ниту се на гости. Снаата има исти права како и секој друг во тој дом од моментот кога и ги отвориле вратите. Како жена на синот, која тој ја избрал да дели постела, да делат заедничко потомство и да се тука во добро и зло, да таа, снаата има право да го нарекува свој дом, секој дом каде што одлучила да го спушти куферот. И золвата има право да доаѓа кога сака де, и тоа е право. Ама ако гледа колку луѓе прават жртва да коегзистираат во тој дом, ќе ја чешнам главата малку дали и уште и јас им требам секојдневно. Па и сами да се родителите, пак ќе размислам дали е во ред при имајќи и друг дом и само оти ми е досадно, да им одам на преспивање нон стоп само зошто таму сум израснала.

    И пред да почнеш пак дека се на готово сакаме, живеам сама со маж ми и ќерка ми во станче под кирија, а можам и јас да одам кај свекор и свекрва кои што се шират во огромен стан, ама вака повеќе ми одговара и плус имам избор. Ако немав ќе одев. И ќе ми сметаа.
    И јас ќерка ми ќе ја учам да е независна од мала, ама животот е непредвидлив. Исто како што не би сакала утреден таму некоја да и оправа какви права има. Исто како што ако еден ден имам син и немаат услови, снаата ниту ќе биде прибрана ниту обесправена, оти таа ќе биде негова избраница, на мажот кој јас хипотетички би го родила, израснала и љубела и најмногу од се би сакала да е среќен.
     
    На GirlRose, Anarchy, grungy и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да се чешнеш по главата слободно дали уште ти им требаш во тој дом. Пошо тебе може така те воспитале твоите. Мене моите ме воспитале дека нема што јас да се чешнам по главата дали им требам во тој дом, пошо не одам кај моите во однос на тоа дали им требам или не туку одам кога ќе посакам. Ама сиромашен народ сме и со тој менталитет сме учени. Во земја кај што секој може да си дозволи да живее под кирија, не мора секој да има свој стан, ама под кирија, ќе ти се изнасмеат на жалопојкиве. Никој не рече снаата да не живее во куќата, ако се договориле да живеат нека живеат. Ама во ниту еден момент да не заборава дека на таа куќа прво имаат право сите деца кои израснале тука, а после таа. Во ниту еден момент да не заборава дека не смее да коментира дека и пречи золвата. Ти ако имаш и син, ќе те прашам дали кога ќе се жени синот ќе ти е сеедно некоја да каже за ќерка ти дека и пречи. Ама пази тешко било, немале услови. Јасно ни е на сите дека немаме услови добри тука, фала што ти ни кажа. Ама ако немаш услови, ќе поќутиш, пошо тоа што немаш услови воопшто не е проблем на золвата
     
    На SummerGirl, An-na и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.813
    ^ е арно, ама и понатаму нема поголемо право на домот синот (заедно со жена и нивни деца) од ќерката.

    Ако е половина нејзино, а треба да биде пошто поинаку е крајно нефер, синот, снаата ќе си поќутат. Не е нивно повеќе од на сестра му.
     
    На An-na, cresa-jagoda, Asparagus и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Е треба да поќутат ама не поќутуваат. Золвата заминала веќе, се мажила, како можела да не биде свесна дека пречи.
    Да имам ќерка и син и така да ги делам, не можам ни да замислам.
     
    Последна измена: 15 мај 2020
    На SummerGirl, An-na и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Да не ги делиш ама ги делиш, еве хипотетички ќерка ти е снаата у случајов. Ако ти се жали дека има проблем со золвата/ свекрвата ќе речеш ќути ќерко и трпи, тоа не е твој дом?
    Јас имам сестра, и реално не сакам утре да биде поттчинета кога ќе се омажи од тие со вакви размислувања.
     
    На GirlRose, BoaVista, BlackNight и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.525
    Пол:
    Женски
    Па богами тоа е тој еготрип менталитет - ја таму сум се родила и можам да одам кога ќе посакам, никој ништо не ми може нек пукнат душманите!! (facepalm) Фала богу го немам и не сум така воспитана. Родителите не се секогаш на изволте и не секогаш се одморни и со план да се дома и само да те чекаат тебе оти о божице на егото, ти може баш тогаш да посакаш да им се тупнеш.

    Тој дом може ќе ми припадне мене, ама тоа не значи дека ја треба да сум толку себична,дда се водам само од моите чувства и да гледам само мене како ми одговара и што ќе ми прдне на ум, и фала богу не сум така воспитана ами имам осет дури и за домот каде што сум израснала.

    Девојката не се пожали на золва и, ниту на старите, се пожали на форум, впрочем човекот не е совршено битие и човечки е некаде да си кажеш што ти смета, па дури и ако не си во право. За тоа се другарки, форум, родители...

    Еве ти оти знаеш кој се што може да си дозволи, оти нели мал е нашиот двор па знаеме се за другите, после ова не знам што поише да се дискутира со тебе. Па еве нека ти биде.
     
    На VDT2906, BoaVista, BlackNight и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Епа ако имаш сестра баш напротив, кажи ми дали ќе ти е Ок жена ти да ти каже, сестра ти ми пречи, во домот кај што сте израснале, дали ќе ти е ОК?
    Едно е да имаш проблем со свекрва и золва, друго е да ти пречат со нивното присуство, и да се прашуваш зошто золвата не си седи дома и, кај мажот, зошто доаѓа кај вас.
    И комшика на кафе кога ми ида, има граници ја почитувам, ме почитува, не значи дека ако е кај мене дојдена можам се да и правам.
    Ама снаата да се дрзнува дека золвата и пречи, и да се прашува зошто не си седи кај маж и, тоа во никој случај.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Епа да де, форум е, место кај што не мора да паѓаш у несвест ако ти реплицира некој.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Золвата доаѓа кај неа дома. Во куќата кај што израснала. А не во куќата на снаата. Золвата ако сака цел ден ќе седи во дневна. Нема снаата зошто да се буни. Нека се потруди да создаде нешто свое со мажот, а не да оди кај свекрвата и после да кука дека и сметала золвата.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai и Mantub им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Амааа...како не ти текнува дека немаат услови.:lol:
    Наместо да се благодарни што некој им ја отворил вратата од својот дом, они ќе кажуваат како член на тоа семејство им пречел.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Тој член не е веќе во семејството, во домот, како сакаш сфати.
     
    На BlackNight и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А бе јасно ми е, за македонски менталитет. Кај нормални родители, на децата секогаш ќе им биде отворена вратата, без разлика дали се женети, мажени, одселени. За некогаш доколку ќерката се разведе, да не чека милост од братот "да ја прибере".
     
    На Dream-Girl, CameliaMiller, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Ќе ги седнам и ќе ги прашам што е проблемот, нема да фаќам страни нормално. Може сестра ми згрешила, може жена ми ништо страшно не е. Зарем има некој безгрешен? Нема никого да потценам пред се'.
     
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    А золвата имала средства и си создала сама палата , ама нека и' стои куќата најзина чиста и празна, она цел ден кај мама ќе си седи у дневна. Ќе руча, кафе ќе пие, ќе моча ќе се*ре....
    Снаата посекако ќе исчисти/измие, или мајка и.

    Осет и од двете страни си треба.
    Што и да се каже друго е сувишно
     
    На BoaVista, LaTama, BlackNight и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    За македонски менталитет, исто и снаата нема право да каже што и смета, пошто нели гостинка е у домот каде се преселила.
     
    На Elena1001, Luna91, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа е се ок, кој рече дека золвата не може да згреши. Јас ти реков и комшика да ми дојде на кафе, морам да ја почитувам.
    Ама збориме за ситуацијата на членката и за други што напишаа дека не им е јасно зошто золвата не се запрашува дали смета кога веќе си има свој дом кај мажот и. Мене не ми е јасно зошто золвата да се доведува во ситуација да се чувствува дека се наметнува на некого во нејзиниот дом.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Пошто има некои луѓе без осет, може золвата да е една од тие па и' прекипело веќе на снаата, нема да дознаеме никогаш. Тоа е мање битно у дискусијава шо ја праиме 2,3 страни веќе.
     
    На *Amethyst* и Nevenche26 им се допаѓа ова.