Зборувам за секој ден одење, онака за џабе. Нормално дека ќе одиш , ќе однесеш дете таму , да му се радуваат и тие. Ама ваљда не одиш само оти имаш ПРАВО на тоа. И ваљда има услови кај мајка ти да се одделиш во своја соба. Не да седиш цел ден во собата каде одмараат/ ручаат/ спијат брат ти и снаата.Ваљда имаш осет. Детето ти си го вардиш. Не може да Не им се 'дозволи' тие да одморат кога сакаат. Оти нели и брат ти има ПРАВО да има мир во својата куќа, исто толку колку што ти имаш право да одиш таму па макар и 20 дена седела. Едит Сега видов дека мајка ти сама живее. Незнам што се пронајде ти увредена во мојот пост, кога твоево врска си нема со тоа што јас го пишав И ако брат ми нема услови да се оддели и за жал е принуден да живее во две соби со моите, а јас сум успела да си овозможам самостоен живот, треба за инат секој ден да им одам и додатно да им го правам уште помизерен животот? Само зошто имам право на едната соба. Јас Не би можела. Би им платила превоз на моите и би им рекла они да доаѓаат почесто кај мене ( ако пример им е скапо да си обезбедат превоз)
Човек со обврски не оде секој ден кај мама и тато да се разбереме , оде на работа , зема дете од градинка пазарува, обврски до домот, излегува се дружи итн итн ... со родителите се слуша преку телефон и доволно е ..... еднаш неделно ќе оди на кратко да ѓи види и тоа е тоа (ако се поблиску , ако се далеку еднаш во неколку месеци ќе иде на 2 ..3 дена оти од далеку оди ке спие 2 ноќи на пример) инаку ќе оди ако има повод роденден , на ручек еднаш во недела нешто да се помогне и слично деца да однесе да се причуват тоа е тоа ....... И мажот да е на пат ќе си го организирам времето на друг начин сигурно нема кај мајками да одам на 5 дена да се досадувам таму
Абе што не ќе прочитам еј. Која си ти да одредуваш кој каде треба да оди и колку треба да седи? Треба секој да си има посебно живеалиште, а не утре да дочекува свои внучиња во дневната на свекорот и на свекрвата.
Па може да си го земе мажот домазет, нели 21 век, не важат веќе тие правила дека мора невестата мора кај мажот да оди, па таму да им одредува на братот/сестрата колку можат да доаѓаат на гости, ако смее секако, и ако и пречат пошо обично сопствените сестри не пречат и да се 24/7 тука...е сеа за сестра на мажот е друга прича. А во заедница, ако на свекорот и свекрвата не им пречи седењето на ќерката, снаата може или да се прилагоди или да се исели, тоа е реалноста, сепак тие го изградиле тој дом.
Треба, а тие што не се у можност да имаат посебно живеалиште? Па добро мајку му тој син не инвестирал у домот пред да се ожени, не знам вие со какви луѓе живеете ама вакви муабети никаде и од никого неам чуено. Да дочекува внучиња у дневната на свекорот и свекрвата бе ццц, ко тие да се од улица некои собрани.
Види Не дека оправдувам дека снаата треба да "команда" во таа куќа. Нормално нема право да кажува и да се лути кој колку ќе седи на гости. Зборувам од аспект на золва. Јас никогаш не би си дозволила да ја донесам во ситуација жената на брат ми да се чувствува "лошо" од мојата желба да седам по цел ден на гости кај мама. Не од поштовање према снаа ми, не од што сум "многу паметна , добра , или современа". Жал би ми било за брат ми. Ќешки сите да можат да си живеат сами. Една соба, една ! Мирот е све во еден брак.
Да, така е. И не знам кој вложува, а да живее во две соби со свекор и свекрва. Навистина. Да вложувам во нешто што ќе го делам со уште 100 луѓе? Не фала. И јас па сите што ги знам никој не живее во апла заедница баш од овие причини дека после има караници и недоразбирања.
Мооте живеат сами, па се јавувам да прашам дали може да дојдам, а не па кај брат ми. Пред да се омажам, живеев со брат ми, ние сами. Кога се омажив, одев таму само со најава и по потреба, зошто имам работи таму. Од кога се вери тој со снаата, и го дадов мојот клуч неа и јас сум завршила со тој дом. Еден ден ми следува дел, ама тоа не значи дека ќе одам да си седам во мојата стара соба, иако они не ја користат. Јас имам мој дом, брат ми негов, и родителите свој. Секој кај секого се најавува ако сака да дојде, и се знае дека се оди на гости. Во меѓувреме сум спиела кај брат ми кога имало потреба за тоа, ама се јавувам и го прашувам дали може. Да живееше тој со мајка ми, освен на кафе не би ми текнало да се мотам таму. Исто како што не би сакала и мене било кој да ми седи кај мене со денови. Ама има еден момент, тие што прифаќаат да живеат во заедница ќе си имаат вакви проблеми. Јас од моите се одделив со плата од 10 илјади денари. Маж ми исто. Не се парите пречка за да живееш сам со својата фамилија. Ќе живеам во помалку простор, под кирија, ама ќе живеам на свое. Не по пола дневната или кујната со некого да ја делам. А ако се согласиш да делиш нешто, тогаш сите имате еднакво право на тој простор. Како што на снаата може да и дојде било кој и свекрвата не може да и рече зошто дошол, така и снаата не може да рече на свекрвата зошто си има гости, особено не ќерката. А за случајот кој е тема на дискусија, проблемот е во мажот и золвата. Ако таа нема осет, брат и треба да разговара со неа и да постави граници, исто како и со родителите. Ако него не му смета сестра му и внучето да му се тука стално, снаата може што сака да прави, џабе и е. Не дека нема права, него нејзиниот глас не се важи во пошироката фамилија (свекор, свекрва, золва, девер), како што се важи во најблиското семејство (она, маж и и децата)
Хмм... ве читам и ми дојде да ве прашам дали јас сум лоша "золва" што таткоми сака да го подели имотот (куќата на мене и братми)? Инаку живееме сите посебно а и снајка има брат и е со мислењето дека се ќе е на брати ќе било така тиее си одлучуваат до душа тој сам си праи посебно... небитно! Него незнам зошто таткоми не гледа исто во случајов како што би рекол а да бевте 2та машки?... Осет и однос мегу снајка и золва е сосем др а идење кај родители е сосем друго (не ја оправдувам што со денови се забораават кога ќе одат кај родителите но ние ја знаеме едната страна а не и причината зошто повеќе е таму)веројатно не иде од што и текнало да смета на своите внуци брат снаа и родители ? Незнам но ...можеби подобро да се разговара за причината отколку за тоа зошто доаѓа ...да речеме недај боже има проблем у брак и се разведе веројатно прво кај родителите ќе оди и нема да ја избркаат на улица? Но се додека не се разберат зошто е толку Долго е таму ...џабе веземе
Јас сум и снаа и золва. Знам како е кога золвата, нели оти се наоѓа во нејзина куќа, во спратот кој беше само голи блокови, а ние вложивме еден куп пари, се понаша како да е нејзино. Првата прилика кога не бевме дома ја искористи да спие со дечкото на нашата спална, патем купена од моите родители. И секогаш кога има шанса нема каде ми нема претурано по сите можни соби. Ама нели, има она 50% право на таа куќа и дозволено е. Сега е омажена и секој викенд доагаат на гости. Тоа не ми смета, зошто знам дека секој сака да си поседи со родителите. Среќа што сум во странство па не гледам што се сепак се случува. Знам дека пак се качува горе, да во спратот кој го изградиле нејзините ама за кој јас сеуште плаќам кредит. Од друга страна, јас сум и золва, пред да се ожени брат ми, во куќата на моите родители можев да се понашам како и пред да се омажам. Иако знам дека се' што е таму ќе биде поделено на двајцата, јас моментално не живеам таму, и тоа пола што ме следува не ми дава за право јас да им се тупнам, со се' деца, мачиња и кучиња, да седам колку ќе ми се присака и притоа да наметнувам свои правила. Тие си живеат заедно и си имаат воспоставено свој начин на функционирање, а јас кога ќе отидам таму не сум ништо повеќе од гостинка. Таа снаа што дошла во наша куќа, не е најдена на патот, ако моите изградиле куќа во која тие имаат услови да живеат, зошто јас да велам, па нека си го испоти газот и нека створи нешто нејзино ако сака јас и моите деца да и сметаме. Едно е да имаш право на 50% од куќата, друго е да живееш таму, а сосема трето е да ја понижуваш таа што дошла и да се однесуваш како ништо да не се сменило откако брат ти се оженил. Колку и да ти е тешко да признаеш, многу работи се смениле и не само снаата, туку сите треба да имаат почит и треба да се прилагодат на новитр услови.
Ама исто така би било лудо ти и жена ти да се буните ако доаѓа кај твоите родители, под услов со нив да живеете нели. Немаш ти како брат нели, а со тебе и жена, деца, куче, маче, поголемо право од сестра ти да бидеш таму.
Јас не одредувам , туку обврските кои ги имам не го дозволуват тоа .... еве одиме на работа , деца во градинка , ги земаме , потоа пазариме, одиме дома обврски по дома , излегуваме во парк , шетаме , се дружиме , и денот поминал ...... еднаш во неделата одиме кај моите родители и тоа е тоа се слушаме телефонски и така
Баш ми е драго што немам ни брат ни сестра. Да не можам да си ја видам мајка ми затоа што во куќата во која сум пораснала се деселила снаа па да не и сметам? Ако и сметам нека засука ракави и нека си спечали свој дом. Ако сакам и по 3 месеци ќе седам на гости. Тоа е дом на родителите. Ако тие имаат против гости, тоа е веќе друго.
Добро , ти немаш време. Јас конкретно имам. Да живеевме во исти град со мајка ми ќе и одев буквално секој ден, по 2-3 ч сигурно ќе седев. Секоја петта вечер ќе спиев кај неа ( мм кога е дежурен). Ќе си тепав досада таму , кај неа. Ама ова под услов брат ми да Не живее таму. Ако живееше таму Не би ни помислила такви егзибиции да си правам. Јас на тие золви се чудам, каприцните Оние , со ПРАВОТО на една соба и пола купатило
И јас на тие золви се чудам, замисли си умислиле дека имаат право на пола од имотот од нивните родители...ццц, кога си се знае дека се останува на братот.
Имаат право на 50%. Пола купатило, или купатило ипол, друга дискусија е Јас золва не сум, ама мајка ми е, и доби 50% од се'. Она ќар од тие 50% нема, ама јас и сестра ми имаме.
Ако се сака, се може. Ама полесно е да се тупнеш кај свекор и свекрва отколку да спечалиш нешто свое. Не се согледува реалната ситуација пред брак и затоа се кука насекаде. Јас сум се мачела за да дојдам до нешто свое и да ми дојде снаата да ми наметнува правила, мало сутра. Колку што е домот на синот, толку е и на ќерката. Ама кај нас уште ги има оние сфаќања дека золвата нема што да бара кај братот откако ќе се омажи.
Апсолутно СЕ ЗНАЕ дека се дели на половина. @CameliaMiller и јас одамна добив 50% од на моите имотот. Ама за среќа имаа што да поделат. Да немаа ќе го чекав брат ми да може да ми го исплати износот за едната соба и полата купатило. Ништо немаше да ми значи да можам да одам таму секој ден оти имам право, а тој грејниот жчки да бљува оти нема услови да се осамостои. Верувам и ти би постапила исто
Абе види, синовите на свекрва ми, посебно девер ми, и' префрлаат на свекрва ми што се откажала од свое наследство. Оти па они се измачија, а братучедите на готово добија Јас не сум толку пожртвувана и искрено, себична сум. Прво за себе гледам. Иако мајка ми има 50%, тоа е сепак една куќа, иако баба ми не живее во заедница. Посебни влезови итн. Сепак, не ми паднало на памет да прашам дали јас, може колава моја, им смета на вујко ми. Во мое одам. Ако им смета нека гледаат на друга страна. Ми сметаат и мене многу работи, но нема шанса ни да префрлам ни да искоментирам. А осет во МОЕ, друг нема што да ми бара. Во нивните 50% само со најава или покана одам.