Од прилика за колку пари можам да најдам Монстера во цвеќара? И во каква цвеќара зошто скоро и да немам видено до кај шо имам влезено. О.о Прашвам за Битола.
Љубител сум на цвеќе, за жал во стан немам голем простор, имам само три собни, нема ни голема светлина, ме интересира кои цвеќиња се штетни за дома ?
Е ај здраво Добив подарок фикус гинсенг. Има ли некој искуатво со него ама некој кај кој што ова дрвце трае повеќе време. Некој од искуство да каже некое упатство за нега ...
@f.girl алоето не сака мн вода, зимно време два пати месечно му е доволно ,само светлина и топлина да има @Fillia , помалку вода зимно време и светлина да добива, колку помалку го гледаш толку повеќе ќе те радува @anggell како тоа мислиш штетни,во која смисла?
Zdravo sakam da prasam ako nekoj znae vo sto e problemot nonstop pusta novi livcinja no se mn svitkani i koga ke ispadne novo livce starite se susat kako da pregorouvaat se raboti za drvo na zivotot
Да не го пече сонце? Да не ти е пресадено сега бргу ,па му треба време можеби, или многу вода или пак малку вода, види дали нешто си му сменила од кога почнало така да прави
Па како што гледам тера нови корења, што значи ок е. Само извади ја од оваа украснава и сликни ги корењата внатре. Имаш дупчиња на пластичната внатре?
Дупчиња има само долу на саксијата како што можеш да видиш на сликава, ама некако како многу скапани корења да има... гранкава исушена и овие суви листови дали треба да ги тргнам и како? Фала ти многу
Мели, направи и дупчиња и од страна на саксијата. Така ќе циркулира возух низ корењата и нема да се задржува влага многу. Сувите гранки пресечи ги до доле (зашто гледам скрос се суви). Претпоставувам сега скоро ти е наводнувана затоа и толку е влажно.
Да, да од вчера.. Вода ставам на недела дена по пола чашка, тоа океј е? Ќе те послушам и ќе направам дупчиња од страните па да видиме дали ќе процветаа)) фала многу)
Јас ги потопувам орхидеите, не им ставам од горе вода. Можеш во пластично од павлака кантиче да ставиш вода и да ја ставиш орхидеата во него да си прими онолку колку што и треба вода. Потопувај ја кога ќе станат сиви коренчињата и лесна е саксијата.
Имам неколку кактуси веќе 1 година и чуден феномен ми е дека 2/3 пати неделно ги полевам и до сега супер си се. Летото надвор ми беа во сенка и секој ден ги полевав и премногу пораснаа. Ги препорачувам на сите, од мое искуство прелесни се за одржување. Дали знаете колку се движи цената за бамбуси од парче? И дали имате некаде видено висечки плетени држачи за саксии?
Леле супер. Баш си среќничка. Ова ти е кеики. Во оваа тема Цвеќе имаме зборувано за нив повеќе. Кога ќе пушти доволно големи коренчиња, ќе може да ја префрлиш посебно. Само колку што имам гледано се сече делче од гранката, а кај тебе горе гледам има нешто со листови не можем да дешифрирам што е. Ја имаш третирано со кеики паста или... ? Дојди во другана тема мислам поактивна дека е.
Дааа, има ама само листови без корења и како да пробало од тоа да си искочи цветно гранче ама неуспешно, ми изгледаат како суви :/ од сега ќе пишувам таму тогаш, оваа тема прва ја најдов па тука пишав.. инаку не е третирана орхидејата со ништо, сега прв пат купив ѓубриво за орхидеи и планирам да ги прскам само уште да прочепкам како