Нема човек кој што никогаш не почуствувал грижа на совеста. Имам почувствувано баш за некои непотребни работи и додека не се извинам и не ја поправам грешката немам мир.
Грижа на совест да скоро секој ден па и за безвезни ситуации... Но во моментот кога ќе почуствувам внатрешен мир за нешто што сум го направила,а мислам дека е погрешно, па и да речеме се смирувам... А ако не го достигнам тој внатрешен мир,па не само со денови и со месеци знам да се јадам за тоа... Затоа подобро свесно размислување пред да постапиш на одреден начин,па да не осетиш грижа на совеста да те јаде... Иако често полесно да се каже отколку да се направи
Ме мачи и мене понекогаш совеста. Па не сум до толку светица. Се случило сум направила некогаш нешто за што сум зажалила. Ама уште еднаш, НИКАКО.
Многу често имам грижа на совест. Се трудам да го променам тоа но некако не ми оди баш најдобро, особено во последно време.
Секако дека имам грижа на совеста.Не ми биле сите постапки совршени и безгрешни.Нити па имам илузии дека ќе ми бидат.Најмногу што можам е да правам напор да сум подобра личност кон себеси и кон другите и да сум во пакт со мојата совест да бидеме сурово искрени взаемно.Дури и кога има причини и повод да се избегне тоа и да се ужива повеќе под закрилата на утешните одбранбени механизми,меѓутоа тоа е фолс ефект и долгорочно може да донесе само некое заболување.Затоа го отфрлам од старт.Суровата искреност е секогаш мојот избор-единствениот. Има моменти кога свесно правам нешто со што не се гордеам пр.грубо отфрлање на некои досадни луѓе за да понатаму не ми пречи нивното присуство,потоа ме гризе совеста ако сум претерала,ама некои постапки ми се неопходни за понатаму да имам поголем мир.Понекогаш и несвесно правам грешки што секако не ми е честа појава бидејќи тонам во анализи на постапките и мислите,сепак ми се случува да речам нешто без намера да повредам некого па сепак некој да биде погоден или да се најде засегнат од реченото итн. Дури и при најмногу внимавање се случува нешто со што ќе сум во судир со себеси и ќе ја навлечам грижата на совеста.Не е толку страшно нејзиното јавување,страшно е да се остане слеп и глув за неа и да не се корегира постапката.Па,сепак грешки сме,луѓе правиме упс, обратно луѓе сме,правиме грешки. Меѓутоа и не секогаш сум свесна како да ја исправам ајде условно да речам грешката и да се ослободам од товарот на грижата на совеста.Некогаш тоа е посложено отколку што на прв поглед изгледа и не е доволно само едно „извини„ и ваква фацка . А има и контрадикторност понекогаш кај мене она што по дифолт треба да ми предизвика грижа на совест кај луѓето да не ми предизвикува ама ни милиграм од неа,а пак да ја имам за нешто за што пак ретко кој би ја имал.Ова повеќе ми доаѓа оттаму што голем дел наши реакции се сметаат такаречи за условни и создаваат образец на однесување кој е посакуван,а јас некако не сум многу по обрасциве, па не сум кучето на Павлов да лачам плунка поради палењето на сијаличката .Но,си имам јас моја сијаличка на чие палење и гасење си реагирам.Бидејќи на крајот на краиштата,ако не сум во хармонија со себеси џабе ми е цело одобрување од заедницата.
Мојава совест е активна 24/7, постојано нешто ме мачи, иако длабоко во себе знам дека не е се моја вина. Многу се нервирам што е вака!
Ако нешто ме убие тогаш тоа дефинитивно ќе биде мојата совест. Понекогаш толку ми смета што за секоја ситница после размислувам со денови дали сум постапила добро или лошо а и ден денеска ме гризе совеста поради некој ненамерни работи кои сум ги направила многу одамна...
И за најмали работи ме гризе совеста и неможам да спијам мирно се додека не го поправам тоа што сум го згрешила. Често се обвинувам себеси за некои работи за кои знам дека не сум виновна. Кога имам грижа на совест се чувствувам стегнато и неможам да не мислам на тоа.
Луѓе со чиста совест има ми се чини само по шпански серии. Мојава засега мака не видела, ама си знае да ме штрекне одвреме-навреме Инаку, кога ме гризе совест си имам мака голема затоа што само на тоа мислам и дур не ја исправам грешката што го предизвикала ова гризење на совеста или дур не се извинам, не престанува да ме прогонува. И ДА, сметам дека има денес луѓе кои имаат совест. Човечки е да се верува, нели?
Ама нема човек кој повеќето од својот живот, ако не и сиот свој живот има своја грижа на совест. И мене таа совест не ми дава мира. Ете некогаш знам да бидам лоша, да повредам и навредам, па потоа дома да се преколнувам и каам, ама повеќе нема враќање. Не можеш да го вратиш кажаниот збор .
совеста е пострашна и од најлошата вистина.. психички те јаде,не ти дава мира.. многу гадно и непријатно чуство..
Понекогаш ме гризе совеста и си викам да не му го хакнев фб на бившиот можеби сега ќе останевме уште пријатели. За друго не се каам и имам чиста совест, два пати размислувам пред да направам некои работи
Таа грижа на совест ја имам за се и секогаш! На пример, ако сторам нешто што е забрането, совеста ме гризе.. Ако на пример не научам нешто пред испрашување, а свесна сум дека ја сум на ред, совеста ме гриза ЗАШТО порано не ми текнало?! и така.. ова само примери инаку совест си има секој, зависи кај кој колку, а и зависи човекот што прави во неговиот живот за да ја добие таа совест
Ми работи совеста многу. Дури некогаш и за мали работи за кои не е потребна грижа мене ме јаде, ме стега... Уфф...грозно чувство!
.. .....со гордост можам да кажам дека имам совест и чиста е до сега.... . ..не сум убиец,крадец,не сум лажовка,никогаш не мислам или правам лошо на никого.ако можам да помогнам ок,а ако не можам си кажвам,не држам никој во заблуда со лажни ветувања,реална сум.......
Совеста е составен дел од нас е сега повеќеосетливите луѓе по карактер вечно имаат совест секој ден нешто ги мачи,а оние кој имаат чврст карактер и стојат позади своите одлуки поретко онака баш кога имаат добра причина за тоа,иако сакам да бидам од вторите луѓе,но не јас сум осетлива и доста емотивна и мојата совест работи 24/7 едноставно зад секој мој збор решение или одлука совеста работи и неми дава мир некако навечер сите кога спијат јас мора два сати да се вртам по креветот е сега зошто реков вака да не го навредив да не ми се налути и ред други безврска работи мене ми се на совест и претежно внимавам на своите зборови за подобар сон а камо ли за нешто поделикатно тука има и цели ноќи не преспани.
Совест? Ма дајте, секој има некоја совест, не може нешто да е толку чисто јбг. Од крај до карј мора нешто да се најде да ти ги закачи камењата на срце, сега дали на совеста ќе ти тежат мали, големи или ситни камења твој е одлуката! Живот!