Мислам дека ја имам, и тоа премногу! Се случувало за работи за кои јас не сум виновна, да се чувствувам виновна. Сама себеси сакам да си врзам шамар тогаш. Треба да почнам оваа мојава да ја раздавам по луѓево, оти некои воопшто и ја немаат!
Оној што е свесен за тежината на своите постапки тој и чувствува грижа на совест и каење. Многумина не се свесни и кај нив нема никакво каење... Тие првите ќе се поправат и кога ќе се поправат нивната совест ќе биде чиста и ќе го препознаат секое лошо дело што ќе го направат а другите ниту се свесни ниту ќе се поправат. Грижата на совест не е лоша. Може создава немир ама ако искрено се покае ќе му биде простено и ќе почувствува мир а нема поубаво чувство од тоа. Како што рекле, нема помека перница од чистата совест, затоа ретко кој мирно спие денес.
Често имам грижа на совест, но не за тоа што им го правам на другите, што е најбитно, туку за она што си го правам себе. Тоа најчесто сѐ погрешни избори, ставање пред разни искушенија, некогаш сум толку деструктувна, арно викаат никој не може толку да ти наштети колку ти самиот. Било што било, не е тоа само причина да се жалиме цело време и да не живееме. Решив и јас конечно да ставам крај на ова самоуништување, ништо добро не ми донесе, но ме освести многу.
Немам грижа на совеста, зошто знам дека се што правам го правам со причина. Ако погрешам знам да се извинам. Знам да кажам прости ми и те молам, знам дека сум се трудела за нешто што требало, ама не испаднало како што треба. Мојата совест е чиста, зошто се трудам да исправам нешто ако погрешам. Не знам на другите луѓе дали им е
Само по потреба немам совест. Кога нешто ми дошло преку глава сум знаела и да ја замолчам совеста да вратам со иста мера. Ама ако не е нешто ни криво, ни должно зошто само јас да правам гревови? После ќе го носам на душа човекот.