Ооо исто сме еве ја секој саат се буди за цицање и тоа со солзи , да излезат од скокот побрзо да биде нови бебиња
Ај девојчиња да ми пише некоја што почнала со дохрана од вас на 4 м со што да почнам здравје за еден месец? Имам препорака од неколку доктори, голем ми е бебуш и мн млеко пие.
Баш те тагнав пред некој ден, те барав да ни пишеш, ми фали да те читам Тука ќе пише некоја кога ќе види, но најдобро е да прашаш и во темата за воведување храна, побрзо таму ќе видат мајките на поголемите бебиња што почнале од 4 месеци.
И јс сум се осеќала така дека немам има денови кога сгегнам и не прска ич и ајде по ад с бебе плаче не сска цице.. Не сска ад а плаче и одма шо викаш во депресија.. И после дали е скок дали период нз ама др ден ко нов е... Која апликација е таа?
The Wonder weeks е апликацијата. Мали се уште од ден на ден ќе менуваат, еве од ноќта на секој саат цица ја дадов на мајка ми да јадам на нејзе и се заврти да цица
Колку месеци сте? Исто можиш ли да предметаш за мене да видам дали сум точна со моите пресметки.. 14 јули термин а родени сме 18 јуни
Мајки бебка ми е исфрлана на лицето и на вратчето, мислам дека ја чеша, се нервира и кога се чеша бетер се воспалува местото. Што да и ставам да и помине побрзо? Спојлер: Бебе
Вчера некако како попразни ги осеќав градиве, ми изгледаше како да не цица малиов доволно и му спремив АД. Па ова моево не знае од цуцла да пие (досега еве трет пат пробувам) ,само така му течи, се дума што да прави со тоа млеко што му е во уста и некако како да не го сакаше. Можеби и не бил гладен, ама со цуцлата чудно се однесуваше, не знае да трга, само така низ уста како да ја џвакаше. А, ако дојде момент да треба стварно да пие од шише јас не знам вака што ќе правиме @babyboy1 i @0ли ве читав за хранилките ама да не вртам пак, може ли линк до тие што ги бендисувавте (или која беше да проверам да ја видам)?
@lavinija28 Ваква ми се допадна, има крем и портокалова. Гледај да не е статичен овој дел тука како на оваа Кај некои тоа е на седиштето, кај други на послужавникот, а послужавникот се мести на повеќе позиции.
@lavinija28 јас се залетав во една изгор скапа а не беше ништо посебно за разлика од оваа оли што ти ја прати освен цената и некои небитни подесувања.. Ја гледав и тото во локо кроко ама само на слика така имам видено, а оли ми објасни зошто не е практична и се премислив и сега незнам и јас дали и каква ќе земам.. Треба деновиве да одиме ск здравје ако појдиме ќе разгледам таму..
А гледам сите имаат таков сигурносен дел, некаде како каиш некаде пластичен. Зошто препорачуваш без фиксиран дел? Неудобен е така?
Ја прочитав @0ли за тој фиксираниот дел дека продавачката и рекла дека може да го притиска на тестисите ама кога ќе размислам и да биде на послужавникот пак стои на истото место и ќе притиска. Да, имаш опција да го тргнеш ама па така колку е безбеден да седи, да не мрда, да не почне да се крева, да станува. Не знам, дали дека мојот е таков пргав, па си мислам сите се такви Како и да е, веројатно е подобро да е на послужавникот не знам, на мојата е фиксиран и не притиска, убаво си седи исправен и да го тргнам послужавникот некако безбедно ми е дека нема да се свлече надоле. Не знам стварно што е попаметно.
Не не, не да е без тој дел туку да не е фиксен. И каиш имаат и таков пластичен дел, мислам дека нема или тоа или тоа, барем јас тие што ги гледав. Продавачката прво ме праша дали е машко и објасна да е тој пластичниот дел на послужавникот, а не на самото седиште фиксирано. Како што ќе расте, ќе му станува тесно и ќе го притиска на тестиси и на курето. А послужавникот има различни позиции и го поместуваш како што ќе расте за да не го набива. @Jana06 Не да го тргнеш, какво тргање. Само го поместуваш послужавникот, си стои тој дел на столчето и тоа меѓу нозе не излегува од столчето само се поместува. И на третото ниво ако го ставиш наназад, не може да се свлече и да падне детето, само ќе има повеќе место. Еве ја разликата. Прво ниво, најблиску до каишот А оваа е на трето ниво Не може да се свлече бидејќи има каиши кај курето, кај рамениците и на половината.
Ист е и мојот, пред некое време му дадов од цуцла молзено мое млеко. Прво не знаеше да влече, ја гризаше цуцлата а млекото во уста не го голташе него насекаде му се растече и си правеше балончиња
@Jana06 Аха сега сфатив, а јас мислев има или едното или другото, само со каиши да се прицврсти детето. Баш ќе разгледам, треба веќе да обезбедам и јас
А Дуника што мислиш кои се побезбедни играчки? Ми дадоа гумени од сестра ми децата што ги користеле, ама јок. Воопшто не му ги дадов, шубе ми е. Му давав текстилни играчки, шушкави книги, топка шарена од чико, меки играчки што се перат машински. Сега има играчки две на копче кои и тие му се здосадија зашто откри нови акробатски вештини кај себеси . Сега го лиже ѓонот од влечките, ногарки од столови. Ако, нека се заима со домашните бактерии
Нели транспортерот Е под агол од 45 степени?! Сега сум збунета. Деловите што одат со количката се: корпа рамна спуштена на 0 степени, транспортер кој се користи и за во кола дури е новороденче за земање, но и за подоцна под 45 и третиот дел е тој кога може постабилно да седи од 6+ и како поголемо дете. Јас транспортерот сѐ уште го користам, зашто на него пишува дека е до 13кг. Тој е под агол од 45 степени и знам дека под тој степен незаседнато бебе може да лежи, односно од 4+. Зборовите на Антоније кога го слушав на Тв, беа: бебе кога треба да почне да се навикнува на цврста храна (4-6 месеци) треба да се става во поткрената положба, и тоа на три места се учи така, во скут кај родител, во хранилка и во количка. Исто така, транспортерот не е мал ако му висат нозете, не смее главата да му излегува од потпората. Јас сѐ уште го возикам по малку во него. А една ми вели ќе се искривел така, транс. бил за до 2 месеца. Како бе до 2?? Нели кога се мали бепчичи се ставаат во таа корпата на 0, а потоа како расте се поткренува. Сигурно нема на 4-5 месеци да го носам легнат во корпата. Што сакаше да каже таа не знам. А да го ставам во големиот дел, ми беше многу рано, уште неседнат, сега е 7 месеци, таман ќе му е тој дел, а транспортерот останува за во кола како седиште. Леле ама ја развлеков, ама не ми е баш јасно ова со степениве. А да одам кај Антоније, далеку ми е, 100 евра ќе ми дојде прегледот.