Исто така и јас, и ги осеќам цревцата како работат кога ја ставам раката на мешето. Инслу во право си мила. Не дочекав до утре па отидовме до Скопје каде се породив кај Марина и ми кажа дека се грчевите и дека не мора да се витка па да значи грчеви. Вика дека накај 2 ипол месеци треба да е подобро со дигестивниот систем на бебиња кои имаат многу грчеви. Нурс харвеј сируп и еспумисан ми кажа да си давам како до сега... за плачот едноставно напиша на дијагноза дека имам бебе со карактер и темперамент. Да не знаеш дали да се смееш или плакаш
Кликаш Спојлер, ја ставаш сликата меѓу заградите и кликни да ти се прикаже целосна. Едит: Ме мрзеше со скриншот, па цитирав мислење на Даст
Спојлер Мајки, ве молам за мислење. Месец ипол е бебе и до сега со кожата немаше проблем. Синоќа на лицето имаше како брунчиња ситни, а денес гледам малце му се згуснаа на лицето, а има и на градите и рамењата. Претпоставувам дека се нормални бебешки акни и кожата се чисти, но од друга страна нели е доцна за ова? Нели Многу порано се појавуваат тие? Не сум сменила прашок и се што носи е испеглано. Викендов бевме на викендица 3 дена, таму на дрва се грееме, па си мислам дали е можно да му е од промена на средина, од ‘прашина’ од дрвата.. вечерва после бањање не го намачкав ништо, нека подише кожата, па ќе видам утре како ќе биде. Ако не се подобри, ќе го носам на лекар, ама до тогаш ако има некоја мајка што и е познато ова да ме посоветува. Фала ви
Женски бебката има многу плунка. Цело време прави балончиња и ми се подзадавува. Од што може да се лачи повеќе плунка? Јазичето има бели наслаги, можно е да и е од тоа? 2 месеци сме, на доење сме само..
Пиши на педијатар најбрзо што можеш за да бидеш мирна. Моето исто месец ипол кога беше имаше слични и пиеше антибиотик, мачкавме еозин, белогент и канестен.
Мајки бебе е старо 8 дена и сме на ад млеко. на моето не му е доволно 30мл млеко како што пишува на кутијата. Вчера му дадов 50 мл и ги испи без проблем и без да поврати. Е сега сакам да прашам дали е штетно ако наместо на 3 сати му дадам да пие на 2? Не пие секогаш по 40 мл некогаш пие и по 20мл и затоа бара побрзо од тие препорачани 3 саати. Што да правам? Имаше негде прочитав ако му давам побрзо пд тие 3 саати ад млеко можам да му го проширам желудничето и искрено се исплашив.Бевето е со тежина 3800гр. Совет?
Мојот од болница кога излеговме пиеше по 45мл.на 3 часа. Е сега ома ден и на 2 плачи или на 2 и пол и му давам па го пие без проблем. А ако плачи а не е гладен не пие. Мислам да му зголемиш. Секако ако испие помалце ке бара да пие побрзо пд 3 часа
Мене ми кажа педијатар да почнам со сода да го чистам јазичето (растворена во млака вода и со газичка), па ако нема промена нистатин да земам. Најверојатно од тоа се прави толку плунка..
Давај му колку што му се пие, ако му скратиш или му даваш ти кога сакаш а не тоа ко ќе бара, ќе си имаш плачки и нервози дома..Јас од ко го префрлив на Ад давам колку што му се пие и колку што сака и тоа никогаш не е како што пишува на кутијата
Бевме кај педијатар. Одма праша ‘татко му има брада? Ова му е од бацување со брада’ а татко му баш баш има брада вика нека го гушка и нека го бацува по главчето кај што има коса. Пренежна му е кожата, одма реагира. Денес веќе е подобар секако, до утре верувам ќе му се изгуби. Секако татко му нема да го бацува веќе по лицето Жал ми е веќе.. цела бременост сама на прегледи, пораѓај сама, бебе пак скоро сама гледам. Не ми е тешко, само ми е многу многу криво Знам дека сите скоро периодов им е ваков, па си олеснувам на душичката пошто знам дека ќе ме разберете
Би му давале ли да испие колку што сака на бебе што повраќа? Ја гледам дека сака уште да пие, но подле секој оброк бљуцка, некогаш и повеќе од бљуцкање :/ педијатарот ми вели дека не смеам повеќе, а скоро секогаш сме со плачење после оброк
По описот мислам дека треба да си ја читнеш темава https://forum.femina.mk/threads/Соор-Инфекција-на-усната-празнина.21181/