За црвенило и исфрлања од лиги што користите? Мачкам риластил сабајле и навечер и на фризидерм за лиги преку ден ама никако да се смири од риластилот ептен малку пошто тој му е за дерматитот ама пак е црвен на брадата и околу устата. Цел ден е со раце во уста и лиги на сите страни на 1 саат лигавки менуваме. Што препорачувате?
Биодерма имаш пробано? Поинтезивно да мачкаш хидрадантна или најдобро во аптека прашај во зегин стално ги консултирам до сега што ми дале функционирало било креми било шампони
На малово под мишка во напорите кожичката раздразнете дури кога избришав протече течност прозирна. Што да му ставам, а секогаш кога бањам гледам да е суво?
Моето многу се поти под пазуви и стапалата. Пантенол пробај мачкај. И гледај да е суво да не се случајно поти и товоето.
Дали некоја мајка имала ситуација бебе по препорака на педијатар да се носи на Максило за врзано јазиче да се сецни, да нема проблем во говор во иднина. Со оглед на ситуацијава баш тој дел е кај нас направен ковид центар и морам да одложувам. До кога се одложува најмногу и дали сте ги носеле воопшто..
Консултирај се со педијатарот. Која доза Д витамин ја даваш? Интензивно потење некогаш е знак за дефицит на Д.
Рано е бе, греотка ги боли. Јас да имам женско не би му сигурно на 4ти месец... И што се тие благоец не знам што помалку ги болело, како да не. Исто боли, ама баш не верувам во овие глупости..
Подобро тапкај со сува тертра или памучно крпче, не пребришувај да не ја иритираш дополнително кожата. Бепантен би требало да помогне за црвенилото, пробај со тоа, поефтина варијанта ти е од другите креми. Кај нас многу помогна таа крема за црвенило од бебешките акни.
Кога се породив педијатрите од Чаир ми рекоа да го носиме да го сецнат со напомена дека нема да може да фати града и да има проблем со јадење. Воопшто тој проблем го нема. Веќе 3+++ е и ја има дуплирано тежината. Се консултирав со други педијатри ми рекоа да го видат пак после 6 месец, може и да не треба. Треба да се следи бебето. ММ имал исто така, него не го сецнале и нема никаков проблем.
Да и јас знам што имаат , ама немало потреба од интервенцијаи немаат никаков проблем ниту со зборење ниту со јадење. И нас не исплашија дека ќе мора да одиме а моево исто 3+++ и сега ќе си ја дуплира тежината воопшто негледам дека има проблем околу тоа
Јас поминав низ истото со првото бебе немаше проблем со цицање но пожелно било да се сецни на 4м, 2 секунди работа беше проследено со плачење но и помина брзо.
Мајки детево после третиот скок воопшто не ми спие дење, ќе заспие 20мин и се буди, исклучиво во количка ми спие на кревет нема шанси око да склопи. Незнам што му стана од дете што спише бар саат времр некад саатипол сеа ич. Нормално е?