Да јасно дека мора да седи и да може да користи раце за да се храни само. Слободно ќе го препорачам овој метод на хранење, ако тие предуслови се исполнети. Исто вака ги ранев моите деца, само не знаев дека е реален метод. Моите деца заради тоа што имаа потреба од дохрана и пред 6-7 месеци, поточно некаде крај на 4-ти почеток на 5-ти месец, кога уште не беа стабилни да седат јас им правев најпрво блендирани (подоцна пасирани) оброци. Преодот не ми отежна ништо во однос на што следеше после тоа. Значи постепено, над 7 месеци немаа проблем да преминат на парчиња, залчиња и сл. Морам да напоменам дека имав многу трпение, ги поддржував сами да јадат, сами да си фатат со приборот. Се чудам од оваа гледна точка колку имав смиреност, трпение и стварно време одвојував за тие работи, за да ги охрабриш, да ги истренираш просто..Имав проблем околу едно, ама и тоа се решава ако си трпелив. Децата на таа возраст не можат долго да задржат внимание и интерес на една активност. Ќе почне само да јаде па штом првично се засити ќе почне да му лета паметот, може ќе пробаше и да стане (син ми беше махер да избега од столчето за хранење и брзо го шутнавме ради негова безбедност ) иако не изело доволно. Тука малку морав да измислам креативни начини да им го задржам вниманието на јадењето. Јадењето во група со други деца исто ми беше од корист, сфатив дека се огледуваат на постарите деца на масата и ги имитираат.
Видоевски е цар. И моите деца ги носев кај него. Дава совети издржани со доказ, т.е базирани на резултати од прегледи и стои најодговорно зад секој од нив. Многу научив од него и не само тоа, туку ми даде чуство на сигурност дека тоа што го правам колку и да е спротивно на советите на бабите и стрините е исправно. Мајчин дом, со сета почит, беа светлосни години зад него и лекарите од таа ординација.
Нормално е бебчето штом малку подобро и подалеку почне да гледа, да сака да гледа наоколу. Легнато ако е цело време на под, на кревет, колку и да му редите играчки над него, нема баш што многу интересно да гледа. Не му се менува глетката. Затоа сакаат да се во раце кај вас после 2-3 месец, бараат стимулација. Ако е исправено, потпрено со грб на вас додека се движите и гледа кон напред, добива перспектива како вашата, се движи и разгледува наоколу. И треба да го правите ова, не гледам зошто не, ако е под некој агол и главата му е колку толку поддржана. Ако го свртите да ви го гледа лицето, за него тоа е истотака добра игра, зошто фацата на мама (или некој близок) е забавна и реагираат на неа. И треба да им се дава да пипнат со рачињата, да фатат и коса и лице и предмети и да им се дозволи да ги брцнат во уста (ако се безбедни нормално). Нема друг начин како да учат најдобро и како да изградат најдобро емотивна врска со мајката. Не ми е за пофалба коментарот на ортопедот дека не ги држел или не ги кренал (како беше) во раце воопшто своите деца. Се надевам дека не го мислел тоа буквално и дека мајката не го правела тоа... Лишувањето од физичкиот контакт (држење, гушкање, милување, зборување) на толку мало бебе, во првите месеци од неговиот живот, носи како последица неможност тоа да изгради добра афективна врска со родителот (attachment), а таа е основа на добриот подоцнежен емотивен и психички развој.
апсолутно со секој збор се согласувам. И ќе надополнам коментар и од Видоевски. Ај ми вика легни ти дома и зјапај цело време у таван, ќе ти биде интересно, не. Исто и за бебето важи
Иста беше ќерка ми, скроз. Никако не сакаше да се сврти од стомак на грб а имаше доволно возраст да треба да го прави. Што не пробав, со играчки на дофат над неа, со моја помош малку као, ама џабе. Буквално ова не го правеше, дури се загрижив. Ама порасна, па и без тоа се друго на време правеше и си прооди, и се беше ок. Тоа со ногата кревање, како стомачни да прави, е уствари дел, поточно почетокот од вртењето од грб на стомак. Си го олеснува така вртењето. Мислам дека и на видеата со вежби за вртење што ги има по интернетов се наведува дека природно така прават за да се свртат.
Последниве 3 дена пиштиме вриштиме пред спиење а незнам зошто 3+ м сме Преку ден е супер, весела, игра, се смее... Ама заспивањето хорор, а прелесно заспиваше. И се буди на секој час мислам ноќе и со плачење Ај мислев да не се грчеви и дадов сирупче, пак исто.. Ај да не и е жешко, ладно менував, пак исто.. Мерев и темп дури да не е настината, ништо нема.. Незнам што се случи, од бебе што прелесно заспиваше. Колку што гледам скок да е не верувам, треба да ни е поминат веќе Или заб ако и расти евентуално.. појма немам ама ќе се збудалам ако продолжи вака
Mojata taka znae da pravi ako e prevozbudena denta,obicno ako sedela so mnogu novi nepoznati luge ili na novo mesto bila i nokta valjda procesiraat sto gi znam. Bi trebalo da pomine nabrzo
Istoo I nie poslednive denovi sme taka.Denski mnogu malku dremki I kemkanje za vo race ako ja legnis placi.Navecer potesko zaspiva za razlika od prethodno I se budi vo tekot na nokta so placenje I nekako ko pomalku da bara da cica I Jas gledav da ne e skok ama bas ovaa nedela ne e od 15 mislam bese
Здраво мајки ми треба совет. Малата за две недели ќе влезе во 5 месец. Не сака да лежи на стомак и на страна, само на грб. Упорно ја ставам, но плаче и сама се врти на грб. Педијатарот ни рече да ја ставам што повеќе на стомак бидејќи позади и е сплескано главчето. Дали некоја се соочила со истото?
Ние сме 2++ и главчето ни е сплескано назад. Постојано си спие на грб и главчето не го врти при спиење на страна. Дали на оваа возраст треба да спие со главчето на страна? И чаре за главчето?
Мајки бебето ми е скоро 2 мес навечер многу плаче неможам да ја смирам со ништо не сака ни града ама буквално на цел глас вчера плачеше без пррстан 2 саата сигурно душичка жално дали може да се грчеви а да не ги стега нозете како да знам бевме пррд некој ден на педијатар се беше во ред целата сум како под стрес исплашена знам не фреба треба да се смирам ама неможам
Мојот еден месец поголем е, ама ист е. Последниве 2 дена борби водиме дури да заспие навечер. Штом заспие не се буди, ама ми требаат 3 сати за да заспијам убаво. Исто и јас температура мерам ама нема, таман си е. Јас се мислам да почнам покасно да го успивам, дали му е рано вака. Ама така ќе ни се изгуби редот во сите дремки, незнам што да правам.. Можи период, ќе помини. Само нас што ќе ни обели косата хахха..
Дури лежи на стомак да превлекуваш внимание со играчки дали имаш пробано. Исто можи на перниче прво да пробаш да биди малце поткрената. Ќе гледа поубаво околу и можи ќе сака. Јас секогаш гледам да спие на грб од раѓање. Моето е поголемо и сега сам се врти на страна. Главчето ќе се среди, има време.
Има апликација по неа се гледа. Ја немам јас, но има таква тема можи таму да прочиташ. https://forum.femina.mk/threads/Скок-во-развој-кај-бебињата.20528/
Незнам баш овие дена не сме излезени никаде, само со домашниве е само таткоми дојде на гости, ама сепак и него го знае Ете исто за спиењето. За цицање исто си бара, ама со заспивањево незнам што се случува. Ни грчеви кога имаше не беше вака. Јас синоќа пробав подоцна и уште полошо направив, одвај во 22:30 заспа.. а секогаш околу 19:30 си заспива. Синоќа пиштење, вриштење.. и да, и редот ноќта ни се поремети за цицање.. Тоа ќе помини, само може нема да ми обели косава, ама ќе ми падни цела како што почна со паѓање
@Oneo да на грб, но главчето не го врти настрана кога спие, туку е цело време со лицето нагоре, а лежи на тилот. Нормално е? И уште нешто да прашам.... на газето и нанапред има осип некој што одблизу ако загледаш како подзасушени црвенила се. Пред 2 недели сменив пелени. Ми предложија Мустела 123 за пеленска регија. Ок е?
@Naatashka123 @Oneo мамички и ние со спиење сме катастрофа последните 3 дена. Синоќа бебе ми заспа во 01h па стануваше да цица па додека да заспие помина повеќе од пола саат и во 06h se разбуди наспијана пак заспа во 7 и 30, и на нога сме станати од 8h а и преку ден многу малку ми спиеше вчера. Заспива во раци и само што ја оставам веднаш се буди. Еве и денес исто си продолжува со спење само во раци и не може да се занесе убаво во сон, цело време мрда,отвара очи. Немаме сеуште ред со спење,може уште е рано за ред да фати денес полни 6 недели,а се мислам да не е во скок во развој,и во темата ќе пиша некој да ми каже. А јас сум уморна и не можам ништо друго да фатам само во раци сака. Малку да се пожалам да ми олесни