Бебето ми плаче постојано, дури и кога цица, не знам можеби млекото ми е слабо, мамички дали знаете како да го појачам млекото.. и исто нејќе да пие чајче од цуцла, а претходно пиеше сега наеднаш ја одвикна, му ја давам али не сака, плаче до затајување.. некој совет како пак да го натерам да ја земе цуцлата во уста?
Најверојатно ги преживува настаните од денот. Нормално е за сите бебиња ова. За цуцла пак да фати, само упорност. Секојдневно му ја буткај во устата. Еден ден ќе ја прифати. А си пробала со АД млеко да го нахраниш?
Да не му излегуваат забчиња ,зошто моето беше така и многу мало извади забчиња на 4 месеци ,исто така плачеше и многу тешко можев да го смирам ,не знам колкавко е за да му премачкуваш нешто жлебинките за да му се ладат Чај од хип за доилки што е ,повеќе месо во исхраната,ама најдобро е да пробаш со ад млеко ,испробај повеќе шишиња,моето прифати да пие само од нук шишенце http://www.nuk-usa.com/0-6months/bottle ... ottle.aspx
Unique pravese vaka, I zadovolna bese. Jas pravam so inhalator I sum zadovolna, pocna da gi Malawi shlajmovite
може да му растат заби. ќерка ми се будеше ноќе и плачеше во сон, и се беше поради забите. може и да преживува се што му се случува преку ден. не е ништо страшно.
NoellePage пробав и со ад млеко ама повраќа многу од него, а и за флашичката веќе немам сила да му ја буткам во устата, не ја сака и готово.. многу плаче неможам да го гледам така
Јас ја правев на бебе кое нема ни 40 дена , и ни помогна само бидејќи имаат слаба терморегулација после му давав чајче или водичка да пие да надополни , па после м давав млекце ама ние се дохранувавме не бевме на ексклузивно доење
Не бива не сака да ја земе цуцлата.. а да ја намачкам со нешто за да ја прифати, пробав со мед но не сака, дали можеби некој има вакво искуство да ми каже со што да ја намачкам цуцлата за до го прифати шишенцето и повторно да пие од него како порано
Ма каков мед немој така, знаеш дека е висок арелген и не се дава на деца под една година?! Биди среќна ако немало никаква реација и друг пат умот во глава пред било што да направиш. Ако не ја прифаќа таа цуцла, пробај со оние како брадавица на Чико, Јуник мислам такви користеше. И само упорно. Ако има прифатено лажалка, стави му ја да тргне неколку пати, па после тргни ја и стави му го шишенцето и така х пати дури испие се од шишенцето. Упорност само треба и нерви, а не посегнување по брзи а често опасни алтернативи.
NoellePage за тоа со медот имам слушнато од постари, инаку лажалка цуцла не цица, не знам ќе пробам со тие цуцли како брадавица, ако не сака
Остави ги ти нив и никого осен себе си твојот инстинкт и педијатарот да не слушаш, ама никого. Ниту шеќер ниту мед ниту ништо. Пробај со на Чико цуцлите и само упорна. Малиов мој од почеток фати лажалка, исто и шише, ама оти еееептен ретко го користевме (читај за малку ќе фатев мастит па морав да се одмолзувам и од шишето моето млеко да го давам) ама си средивме работа после и ми го одби шишето, се гади не сака. Ама мора упорно и само упорно, друг избор нема.
Ајде мамички дајте некој совет каков инхалатор да купам.? Никогаш сум немала прилика ни да користам ниту да бидам запознаена со негова употреба ,ама еве за малиот др ми препорача да купам,но стварно немам појма каков ,каква марка . Ако има некој искуство предности, мани, цени на инхалатор нека пише .?
Леонтина и мене ме интересира, па да не лутаме низ темава, еве една посебна, видов дека нема zdravstveni-problemi/inhalator-t15656/
ах мајки јас да се пожалам ... втор пат како ја оставаме малата да ја чуваат баба и и дедо и како е неуспешно втор пат излегуваме на вечера еднаш на годишницата од брак и денес мм денес сакаше да ме изненади со вечера , испланирал се убаво , дојдоа неговите јас малата си ја успав и после излеговме .Таман стасавме во ресторанот ете ги се јавувуаат : Вратете се детево се откорна од плачење неможеме да ја смириме И ајде назад возење ... а не е блиску пола саат има возење и така утепавме еден саат возење , нервоза се наполнив до даска , главата ме фрка уште Детево улиптано од плачење , коа ме виде одма ми се џитна во раце , срце мало мене душава ми се распара си помислив мораше ли баш сеа да искачам , и триста мисли На свекрвами и објаснив што како да прави , и реков ако закенка да не ја дига во раце да и ја даде цуцлата .она прво што направила ја дигнала во раце ај нема врска детево си заспа пак , се смири .... Ова е втор и последен пат да ја оставам
Маченце Ена, мене внука ми уште од мала ми ја оставаат, имаше само 2 месеци прв пат кога ми ја оставија и супер си поминавме. Ако изоставиме дека испаничив дека започна да прди ко неарно бебево и плачеше дури, веројатно стомачето ја болело, па испаничив и и се јавив на сестра ми да си дојдат, а таа ми се изнасмеа. Нејсе, не е лесно да гледаш туѓо дете, јас си знам навистина, поготово мало бебе. Значи се дешавало најлоши мисли да ми дојдат во памет додека ја чувам, но сега е веќе поинаку, се навикнав некако, додуша многу малку се чуваме во последно време. Немој да се разочаруваш и да го направиш детето зависно од тебе, тоа е најлоша варијанта. Неодамна бевме на роденден на малата на колешката, имаше 3-4 мајки чии бебиња имаат по месец до два, сите викаат, не се приврзани многу за нас. Тебе ти е тешко таму, сама си и немаш многу избор, но пробувај прво преку ден, а подоцна и навечер да ја оставаш со друг, за почеток нека биде тоа и сопругот, иди шетај сама малку, или со пријателки ако ги имаш таму. Мораш да го натераш детето да мисли дека не си само ти до него, дека има и други кои се грижат за него. Верувај ми така ќе си помогнеш себе. Тетка ми ја направи истата грешка како тебе, братучед ми беше страшно поврзан со неа па до 1ва средно спиеше со неа на спална, замисли, 2 метра дечко да спие со мајка му на спална, да и ја витка косата цела вечер за да спие, мислам не можам да поверувам, ама ете, успеа се отргна, сега е веќе самостоен, добро и голем е, ама битно успеаа. Мораш да најдеш начин да ја одвоиш на кратко од тебе, мислам на саат два дневно, за да не си имаш маки подоцна кога ќе треба да тргне во градинка и слично. Тоа што свекрва ти вака се испонашала е друг муабет, за срамота стварно, каква баба да не знае дете да заити, но можам да претпоставам, твојата малечка веројатно и не ја познава доволно баба си кога таа не знаела како да ја смири бидејќи плачела бе. Мајка ми колку ја има чувано малата, и покрај тоа што е далеку, кога и да одиме во Валандово се знае, малечката е со мајка ми постојано, сестра ми си излегува, таа си ја чува малата, па како иначе сестра ми ќе ја одбиеше ако не беше мајка ми. Навистина е непотребно сега да ти кажуваме што си треала а што не, ама навистина мораш да си помогнеш самата на себе. А на сопругот кажи му нареден пат да се обиде да ти направи атмосфера дома, барем додека малата не ја запознае добро баба си, или додека мајка ти не дојде на гости, сигурна сум дека таа не би ти се јавила да се вратиш туку би направила се што може да ја смири, такви се нашите баби Македонски
Ах не е толку страшно како што првично мислев , пишав во најголема нервоза Малата во никој случај не ја правам зависна од мене , ја оставам со баба и,тетка и , дедо и да си игра колку толку ..Си спие во своја соба навечер , ретко се буди чим ја легнам ,знае млеко и нанање ама денес Не ја учам со мене да е само ...мада условите се тие проблемот ми беше требаше одма да ни јават дека неможам да ја смират малата и ке се вратевме одма , а не после половина час .. плус има уште 30 мин пат за до дома и нив ги рабирам не се криви што така испаднало ... тоа е се случува детево сеа си спие мирно .и јас се подсмирив и така Ај сум немала среќа со искачањево денес тоа ми е
Маченце, и јас сум сама како тебе и иако буцко мој е релативно мал, сепак колку толку го оставам со баба му и дедо му.Им бевме на гости и го остававме по саат ил два да го чуваат да се навикне на други освен на нас. Свеки и мм имаат некоја посебна аура, абре не може да не ти се мили, а на малиов мој како кец на 10ка му дојде и баба знае да му го најде крајот. Кога тој спие, а таа готви, дедо го наѕира дали е се ок, а ја и мм малку време за себе да издвоиме. Пробај некое време сите заедно поначесто да сте, да се поднавикне поубаво, да се ослободи за да можете на раат да си излезете. И дај и инструкции убави на свеки твоја и нека ги придржува. Ако малиов мој се разбуди а баба му го чувала, цуцето в уста, раче на обравче и заспал пак. Учи ја со сите да седи, иако сме сами повеќето време мора да се снаоѓаме како знаеме и умееме.
Мене ми е мило кога е со други луѓе .да знаете колку би сакала и јас да имам на кој да ја оставам подолго време , ама нема тие се условите Знае да си се заигра со други познати , мирна е и се .. си има и другарка на нејзина возраст Тоа вчера што бидна , што неможеле да ја смират е друго ...овие денови и се почесто се буди дали ради забчиња којзнае И таакааа се случува нели
Мали сме ние сеуште за оставање ( уште малку 40 дена ) а кога ќе се оставаме мислам ќе биде комедија инаку и мене би ме изнервирало во моментот звонење на тел од типот не може да ја смират ,а и не би ја остаила на сите на кои имам можност ....