Мама, тргај количката со време. Го учиш да заспивс со движење, тешко тебе како ќе расте. Легни на спална до него дур се успие ако нејќе у раце
Не знам ни јас како ќе се одвикнеме од количката. Тој многу ја сака по цел ден лежи во неа. Се случува и без движење да заспие некогаш работам нешто во кујна ило диплам алишта, неќна украсував елка и така заспа само гледајќи ме. Ама сака да ме гледа да знае дека сум тука. Во мене заспива само ноќеска кога јаде па ќе го префрлам во креветчето. Не сакам да го научам и до мене да е зошто не прави сега проблем за креветчето и е во друга соба. Насабајле кога станува свесен е дека е сам, лежи по 10-15 мин го гледам на камера не плаче. Ќе видиме со регресијата какви промени ќе има, ама во секој случај јасно ми е дека количката мора да се пензионира.
Zdravo majki, dali ste nosele 2 ipol mesecno bebe vo Ohrid ili Berovo? Sakam da odam na vikend pa se mislam dali e preporaclivo, sakam da slushnam mislenja ☺️
Моето немаше 2 месеци Охрид кога бевме. Преубаво си поминавме. Да одиш да не се мислиш. За Берево сега сакаме за нова година ама се мислам ради ептен ладно што е.
Ако ти е за патувањето,моето на 2м го носевме во Грција на одмор А во однос на надморската висина(Стража,Берово) прашај си педијатар.
Не знам дали негде има тема или напишано подетално за ова, ако има пуштете линк. Ќе ми треба помош околу тоа се што ми е потребно да купам и да имам дома пред да стаса новороденчото, од алиштенца, количка, хигиена итн
Поголемото дете ми беше на таква комбинација и колку што се сеќавам, на 3 часа го хранев. Прво доење секогаш и без исклучок, а после доење давав ад.
Би била проблем надморската висина? А други места кои ги препорачувате во Македонија за со бебе за овој период?
Поздрав мамички.Предмалку приметив кај малата дека на јазикот и се појави како мала раничка,баш ја сликав да ја види педијатарот.Чекам да ми одговори до утре ваљда.Дали сте имале вакво искуство?
Можеби не е соодветната тема ама гледам имате пишувано за свекрви Како само јас си го викам детето, после свекрва исто ѝ вели, јас која песничка ќе ја запеам, после и она истата ѝ ја пее. Што одговарате во тој случај, страшно ме нервира, знам дека се дешава и кај вас. Дури и често знае да каже пример срце на мама, наместо на баба морав да се испукам тука
Сакам на фин начин да ѝ речам нешто, да не биде грубо, а да се освести малку, ама за така не ми текнува како и што. Се чудев кога читав до скоро од други ама ете и кај мене
И се случило и на мајка ми да речи, мајкино дете, место бабино или било што. И се случило и на свекрва да ги пее истите песнички или игри што јас со бебка си ги играм. Некогаш реагирам, некогаш викам нема поента, нема разбирање. На пример јас никогаш не викам во множина за бебе, демек какаме, спиеме, јадеме, освен нели ако стварно не ја ставам во хранилката и јаде заедно со нас. Е па свекрва си зборува во множина за бебе.
Немам идеја искрено. Јас или не кажувам ништо или кажувам директно. Не е дека не се свесни што зборуваат. Не може несакајќи да вика срце на мама.
И мојава му вика СИНЕ на внук и. Секогаш и кажувам син ти е веќе пораснат , тој ти е внук . И ич не ми е гајле , колку пати ќе повтори таа сине ,толку пати ќе и го повторам и јас ова. Многу сака да ми сугерира околу бебето што и како,едвај чека да тргнам на работа па да го гледа таа како знае и умее, ама не дозволувам. Ако и одговара да биде јас како ќе кажам , ќе гледа внуче . Ако не , нема да го гледа и тоа е што е .Сама си го гледам и ако некој треба да му каже СИНЕ, тоа сме јас и сопругот . Срце,злато,пиле на баба веќе е во ред.